Translate

Friday, 24 February 2012

Калење на титулата на Сан Сиро!



Утревечер ќе се сретнат двата најдобри тимови сезонава во Серија А. Лидерот на табелата против тимот кој има само 1 бод помалку, 1 натпревар помалку, без пораз но со запрепастувачки голем број на нерешени натпревари.
Натпревар кој може но и веројатно нема да ја реши битката за титулата. Се уште има многу до крајот, период во кој се' може да се случи. Сепак, евентуалната победа на било кој од двата тима ќе значи многу пред се' на психолошки план а богами и на бодовната разлика (доколку победат гостите).
Милан во овој натпревар влегува повеќе или помалку исто како и во сите претходни натпревари оваа сезона, со 10тина повредени фудбалери. Згора на се' ќе биде и без Златан на кој вчера му беше потврден и третиот натпревар од суспензијата, значи и дефинитивно го пропушта дербито на сезоната. Тоа што сите објективни познавачи на фудбалските прилики во Италија признаваат дека тој 3 натпревар од суспензијата на Златан е смешен, изјавите на поранешни фудбалери на ЈУВЕНТУС кои велат дека Златан мораше да присуствува на овој натпревар како и моето лично мислење дека доколку овој натпревар Милан го играше против било кој друг тим во Серија А, суспензијата на Златан ќе беше укината и тој ќе се најдеше на теренот... се илузорни! Златан нема да игра и ние ЌЕ покажеме и без него зошто сме најдобриот тим во Серија А!
Покрај Златан ќе отсуствува уште една извонредно важна карика за нашиот стил на игра, Kevin Prince Boateng! Во аут се наоѓа и природната замена на Златан, Maxi Lopez исто како и Aquilani (за кој се очекуваше дека ќе се врати навреме но воопшто не е во тимот) како и Seedorf. Поодамна на листата на повредени се наоѓаат и Flamini, Gatusso, Cassano, Merkel...
Затоа во тимот се враќа Alexandre Pato кој од болница ќе влета директно во стартните 11 (немаме друг избор) и да се надеваме дека ќе успее да влезе во ритам без притоа да се врати назад во болница! Покрај него ќе застане Binho а зад нив Urby.
Милан ќе има најголеми проблеми во средниот ред, како на теренот така и на клупата. Запрепастувачки е податокот дека најверојатно на клупата ќе имаме само еден единствен фудбалер од средниот ред (Ambrosini) без разлика дали ќе ни треба промена во ритамот на игра во средниот ред за одбрана, напад или недај боже повреда!
Напред Urby би требало да игра нетрадиционален AMC, т.е полушпиц кој би доаѓал од крило и би влечел на кај крило со што ќе се развлекува одбраната на Јуве составена од 3 дефанзивци и со тоа ќе се отвара простор за Binho и особено Pato.
Се чини клучот на натпреварот ќе биде во двајца односно 3 фудбалери. Дуелот кој треба да го даде евентуалниот победник е Andrea Pirlo - Marc Van Bomel. Од начинот на кој Van Bomel ќе успее да се справи со Pirlo и со неговите топки во вертикала во голема мера ќе зависи и начинот на кој ќе игра Јувентус во напад. На MVB би требало да му помага и Muntari посебно кога Pirlo, притиснат од маркирањето на MVB ќе се обиде да се врати поназад за да има простор за долги топки. Тука треба да стапи на сцена Muntari кој физички е поспремен и поголем тркач од MVB па треба да продолжи онаму каде што ќе застане неговиот колега, да продолжи со константниот притисок врз Pirlo! Доколку се успее во тоа, работата (барем во дефанзива) во голема мера ќе биде завршена. Напред верувам дека ќе успееме да ги отвориме барем еднаш иако сме без Златан во тимот. Ако Pato сака барем за момент да замолчи многу усти, нема подобар момент од овој!






Нека гори Сан Сиро!



Forza Milan!!

Saturday, 18 February 2012

Натпревар на дебитанти



По извонредниот натпревар против Arsenal се враќаме на домашните обврски. Натпревар во домашната лига против неатрактивен противник после меч во лигата на шампионите е секогаш опасно! Мотивацијата не е на исто ниво и тоа може да чини многу! Затоа Max предупредува дека мора да се игра максимално ангажирано, мотивирано и внимателно против Чезена. А таа е токму таква екипа, екипа која иако се наоѓа во долниот дел од табелата успеа во јануарскиот преоден рок да состави еден одличен тандем во навалната линија, Mutu - Iaquinta. Токму тие двајца заедно со Parolo (огромен фан на Milan) зад нив ќе бидат главната опасност за нашата задна линија и за Abbiati. Посебно ако се знае дека кога помисливме дека конечно се консолидираа редовите по повредите, доаѓаат нови! Mexes ќе биде во аут за овој меч а фудбалерот кој треба да го замени, Nesta е повторно во аут! Исто како Pato и Boateng кои не се доволно фит! Тоа покажува опасност!

Abbiati, Amelia, Piscitelli, Thiago Silva, Antonini, Mesbah, Abate, Bonera, Ely, Zambrotta, Yepes, Ambrosini, Cristante, Muntari, Nocerino, Van Bommel, Emanuelson, El Shaarawy , Inzaghi, Maxi Lopez, Robinho.

Како што можете да забележите најверојатно ќе го гледаме Bonera покрај TS на CB против Mutu и Iaquinta што може да биде екстремно незгодно! Yepes по неколку месеци повторно се враќа во конкуренција но не верувам дека ќе добие директно старт. Десно е сигурен Abate а лево Mesbah има предност пред Antonini. Во средината ќе стартува Ambrosini заедно со Urby и Nocerino а четвртиот во средниот ред ќе биде БУМ, директно ќе дебитира од самиот старт Muntari! Напред уште еден БУМ, дебитантски старт на Maxi покрај еден од SES92 и Robinho (Стефан е во блага предност). Значи ќе имаме ден на дебитанти но 3 бода се единствената опција! Се чини единствената дилема во средниот ред е кој од Urby и Muntari ќе започне на AMC а кој во средниот ред.

Сето она претходно споменато графички би изгледало вака:



Одиме внимателно но на крилјата од фантастичната победа во ЛШ! Да го продолжиме моментумот!

FORZA MILAN!!

Monday, 13 February 2012

COPPA DEI CAMPIONI!




Доаѓа она највозбудливото, лигата на шампионите. Време е да покажеме од што сме правени и да вратиме за она што се случуваше во 2008 год. Wenger вели дека ќе го повторат резултатот од 2008 но порака за него, Калач веќе не е на голот на Milan! И покрај сите повреди и проблеми мораме да покажеме карактер, пожртвуваност и глад за успех! Тоа е формулата за успех!
Од повредените најверојатно во тимот ќе го имаме на располагање дечково:



И тоа веројатно од самиот почеток!

Најголем товар во тимот против Arsenal ќе треба да издржат момциве:



За Златан веќе не може да има оправдувања! Од една страна многу не' задолжи со глупоста и неиграњето во лигата во најтешкиот период од сезоната а од друга страна целосно одморен дочекува елиминациски дуел од ЛШ каде што МОРА да покаже дека знае да игра фудбал и надвор од Италија! Дека е фудбалер за вистински, големи, европски натпреварувања!

Исто така многу товар ќе падне на двата наши бекови! Посебно со оглед на фактот дека огромен дел (да не речам сите) од акциите на пулените на Wenger одат преку двете крила Gervinho и Walcott! Покрај Abate на RB јас лично би го играл Mesbah на LB кој физички е поцврст фудбалер а и покажа последниот натпревар дека знае одлично да одигра во дефанзива (спаси сигурен гол и немаше ниту една грешка во текот на целиот меч).
Значи сума-сумарум, мора целиот тим да функционира како единка, фудбалерите да се покриваат еден со друг, да помагаат еден на друг! Само со таков пристап можеме да ги елиминираме англичаните!
Многу ќе биде важно и дали ќе им дозволиме да го наметнат нивниот брз стил на игра кој нам не ни одговара! Сигурен сум дека ние пак ќе продолжиме со фудбал кој се базира на задржување на поседот на топката во сопствените нозе но ќе биде интересно да видиме колку и брзите и физички одлично спремните фудбалери на Arsenal ќе ни го дозволат тоа!
Во нашиот тим има неколку непознаници:

1. GK - Иако Abbiati е стартер, сепак има проблеми со повреда а и Amelia одигра фантастично на дуелот против Udinese и е еден од најзаслужните за нашето останување во игра до самиот крај и победа!

2. LB - Во игра се Antonini и Zambrotta (кој доколку остане фит се чини ќе биде првата опција) но јас лично би го преферирал Mesbah (поради веќе наброените причини).

3. MRC - Ако во средниот ред се сигурни позициите на MVB и Nocerino а има најави дека Boateng ќе стартува на AMC останува празна таа десна позиција во средниот ред. Има неколку опции, јас лично би стартувал со Urby кој на последниот натпревар одигра на неколку пати одлично во дефанзива а директно кумуваше и на двата наши гола (посебно вториот кој беше фантастична асистенција до Maxi Lopez).

4. SS - или втор напаѓач, оној кој ќе започне покрај Zlatan. Во игра се Robinho, Maxi (кој рака на срце не би бил компатибилен со Zlatan) и веројатно Pato кој се враќа во игра (незнам колку би бил физички спремен за старт) но јас би почнал со најмалото, најпалавото, Stephan El Shaarawy. Момчето кое стрпливо ја чекаше својата шанса, одби да оди на позајмица и брилјира кога конечно стапна на теренот. Веќе има постигнато 4 гола и 5 асистенции! За да ги постигне тие 4 гола му беа потребни точно 714 минути! Многу од тие минути беа влегување во игра после 85та минута! За илустрација за 4те гола на Pato сезонава му беа потребни точно 806 минути! Најголем дел од тие минути се стартер позиции на Pato.
Со Stephan El Shaarawy добиваме фудбалер кој знае да врзе акција со соиграчите (за разлика од Pato), знае да постигне гол (за разлика од Binho) и е доволно брз и експлозивен за да комбинира со Zlatan (за разлика од Maxi Lopez). Згора на се од сите претходно наведени напаѓачи трча најмногу, врши притисок на противничките дефанзивци а не ретко сме го виделе и на позиција на RB каде му помага на Abate!

Значи графички прикажано моите лични преференци би изгледале вака:



Тоа е тоа момци! Одиме силно, машки од самиот старт! Одиме на победа!

FORZA MILAN!!

Saturday, 11 February 2012

LE ZEBETTE vs. I CAMPIONI D'ITALIA preview!!!

     
     Во најтешкиот период во послените две сезони, во фаза со екстремно тешки натпревари набиени во 25-30 дена и многу други пропратни негативни настани, еден од најмалку посакуваните противници е екипата на Udinese. И тоа Udinese на Friuli. За мене лично, ова гостување, после она кај Palermo, е најнезгодното. Дури полошо и од гостувањата кај најголемите ривали во Италија. Но во моментов не можеме и не смееме да си дозволиме да размислуваме за тежината не секој меч поединечно. Распоредот е немилосрден, а уште повеќе следните противници. Очајно ни треба победа без никакви калкулации, враќење на формата и на успесите на кои не навикнаа нашите момци последната година и пол. Трите бода од мечот утре ќе значат многу за самодовербата на екипата, за атмосферата и внатрешниот мир. Излезот од лошата серија мора да започне утре, без оглед на се. Тешко ќе биде без Ibra, без Sandro и со драстично ослабениот среден ред, но победата е императив и секој друг резултат ќе ја направи ситуацијата уште посложена. Не ме охрабрува интересниот факт кој вели дека без Ibra во тимот имаме дури и подобар скор отколку со него, ама ме охрабрува прогресот на SES92. Ќе биде ова за него златна шанса и доколку ја искористи, веројатно е свесен дека може да си го заработи епитетот "спасоносен" уште на 19 години.  
     Момци, јасно ни е на сите што значи овој меч утре и затоа нема да должам со најавата. Само ќе го копирам списокот на повиканите играчи и уште еднаш силно ќе речам: ANDIAMO CAMPIONI!

Amelia, Roma, Piscitelli (51), Abate, Antonini, Bonera, Mesbah, Mexes, Thiago Silva, Zambrotta, Ambrosini, Emanuelson, Nocerino, Seedorf, Cristante (34), Innocenti (35), El Shaarawy, Inzaghi, Maxi Lopez, Robinho.

FORZA MILAN!!!

Wednesday, 8 February 2012

Како да се победи непобедениот?



Јуве одамна не биле во оваа ситуација, но не се они толку добри колку што изгледаат, само пофокусирани, поспремни и дефинитиво посреќни.
Конте може да си бира со која тим може да игра, со која формација со кој напаѓач додека пак Алегри е лимитиран на некој 15ина играчи.

Amelia, Roma
Abate, Antonini, Bonera, Mesbah, Mexes, Thiago Silva, Zambrotta
Ambrosini, Cristante (34), Emanuelson, Seedorf, Van Bommel
El Shaarawy, Ibrahimovic, Inzaghi, Maxi Lopez, Robinho.


Amelia
Abate,Mexes,Thiago Silva,Mesbah
Ambrosini,Van,Bommel,Emmanuelson
Seedorf
Ibrahimovic,El Shaarawy




Да прогнозирам да не прогнозирам, и Ѕамбро е во игра за лев бек негде прочитав дека Месба може да почне и во средина со оглед на фактот дека имаме само 4ипол играчи во средината.
На друго место па прочитав дека Макс сака да почне со Ибра и Макси Лопез??
Како и да е, сакам момците максимално да се фокусираат и посветат на натпреварот посебно Ибра кој има многу да се искупува, ни треба сигурна победа од барем 2:0 за да сме во игра и за натпреварот нагости инаку маф ни е работа.
Јас си кажав ако веќе почнуваме да губиме чекор во првенството да се фокусираме на Купот и ЛШ бидејќи се играат по 2 натпревари до елиминација систем дома гости (систем со кој во ерата на Анчелоти бевме нумеро уно) бидејќи со 2 солидни изданија може да се прогресира понатаму, додека пак лигата бара константност малце киксови и среќа.









FORZA MILAN !!!

Sunday, 5 February 2012

AC Milan - Napoli Preview


Со мали измени направени од моја страна (кои најверојатно ќе бидат применети) вака би требало изгледа стартниот состав. Работите се многу изменети од првиот натпревар на Сан Паоло, ние сеуште не бевме воиграни и влезени во ритам а сега работите се драстично сменети.
Проблеми со повреди колку сакаш, здравствениот билтен никако да се подобри тоа од што најмногу се плашевме се случи/случува.

Бидејќи малку ми се спие ќе го скратам постов мада и нема многу многу што да се збори, победа (убедлива) добро ќе дојде и ако ништо друго ќе одржиме чекор со Јуве на кои би ги ставил сите пари дека утре лесно ќе ја победи својата помала сестра.


FORZA MILAN !!!


Wednesday, 1 February 2012

Lazio - Milan

После преодниот рок кој за нас сликовито изгледаше вака:

Се враќаме на обврските на (деновиве) белиот терен. Синоќа на нашите конкуренти за титула им беше одложен натпреварот во гости против Парма (рака на срце, со право) поради невозможни услови за игра. Денес уште 2 натпревари од Калчото ќе бидат одложени поради истите причини (Bologna vs Fiorentina, Catania vs Siena). Барем засега, дербито на Олимпико ќе се игра! Сепак, Галијани поднесол барање до федерацијата да се одложи следниот дуел кој Милан го игра на домашен терен против Наполи поради тоа што во моментов теренот на Сан Сиро е буквално замрзнат а прогнозите зборуваат дека викендов температурата ќе биде -10 во терминот за одигрување на натпреварот (слични услови со тие на Enio Tardini од синоќа).Но за тоа, потоа.
Се насочуваме на дербито на Олимпико. Веќе еднаш ги добивме на Сан Сиро пред неколку дена. Тогаш двете екипи беа со мешан состав, Лацио стартуваше со повеќе првотимци. Но сега може да биде поинаку, особено на терен на противникот. Незнам колку ќе ни дозволат и условите на теренот да ја наметнеме нашата игра со многу голем посед на топката, но во тоа ќе се обидат:



Со можни промени во последен момент на позиција лев бек или MRC.
Честитки за Binho кој вечерва ќе го има својот јубилеен, 50 натпревар во светиот дрес! Ти посакуваме да не го промашиш она што не може да се промаши! Толку. :)
Со победа избиваме на чело на првенствената табела поради тоа што Јуве не го одигра својот меч!
Како и секогаш, одиме на победа! Forza Milan!!!