Со мали измени направени од моја страна (кои најверојатно ќе бидат применети) вака би требало изгледа стартниот состав. Работите се многу изменети од првиот натпревар на Сан Паоло, ние сеуште не бевме воиграни и влезени во ритам а сега работите се драстично сменети.
Проблеми со повреди колку сакаш, здравствениот билтен никако да се подобри тоа од што најмногу се плашевме се случи/случува.
Бидејќи малку ми се спие ќе го скратам постов мада и нема многу многу што да се збори, победа (убедлива) добро ќе дојде и ако ништо друго ќе одржиме чекор со Јуве на кои би ги ставил сите пари дека утре лесно ќе ја победи својата помала сестра.
FORZA
20 comments:
На лев бек ќе стартува Antonini а има дилема меѓу Ambrosini и Urby за на MRC како и Seedorf кој ќе влета во стартните 11 на местото на SES92 и ќе игра AMC.
Баш како што мислев дека ќе биде:
MILAN: Abbiati, Abate, Mexes, Thiago Silva, Antonini, Emanuelson, Van Bommel, Nocerino, Seedorf, Ibrahimovic, Robinho.
ќе оди на Телма?
Мати нешто вода Бранко, ги спомна и 2 најверојанто едната ќе оди пренос а ќе се вклучуваат на головите на другата. И Милан и Рома-Интер не беа првично закажани во овој термин :)
Мислам дека Милан ќе оди пренос а Рома-Интер со голови...
Очајни сме!
ич не ми се бендисува текот на утакмицата дечки. жалам што морам да констатирам дека вака не игра еден шампион. а тешкото штотуку почнува...
победа, било каква и ќе бидам пресреќен! а се ми се чини дека ќе падне гол од пенал. за нас, се разбира :)
Златан повторно има февруарско ПМС! Ѓубре!
Zlatan ја донесе, тој и ќе ја однесе титулата
3 натпревари се минимум а распоредот е страшен
2 натпревари
Среќа не ги ставив сите пари на Јуве.
Колово смрди на местенки.
Ќе се кршат копјата дали Златан ќе биде суспендиран 2 (Удинезе и Чезена) или 3 (+ ЈУВЕ) натпревари.
Мора да се разбудиме! Боатенг и Алберто фалат премногу во средината, Емануелсон неможе да донесе ништо иновативно во таму, а Робињо... незнам што да искоментирам а да не бидам премногу груб, човекот неможе да реализира од позиции од кои на пример Пелисие или Флоро Флорес ќе искинат мрежи! Тоа е недозволиво, да не зборам дека нема идеа што да направи кога ќе ја прими топката, Ибра колку и да е глупак со потегот што го направи он е единствениот кој може да донесе и направи нешто креативно напред. Ако одржиме иста разлика после Удинезе и Чезена до дуелот со Јуве ќе биде одлично, а потоа све е во наши раце! МОРА ДА СЕ РАЗБУДИМЕ! FORZA MILAN!
Мала исправка, не е баш cè во наши раце и да остане иста разликата. Тие имаат натпревар помалку (во гости со Парма)! Тоа лесно можевме да го анулираме денес!
Јасно јасно, знам дека имаат натпревар помалку, но сепак, победа во директниот дуел и враќање на -1 во најлоша ситуација е одлично. Во наши раце е да се вратиме на -1, да го анулираме оној пораз од лацио, а потоа психолошкиот момент по победа над директниот конкурент и притисокот што ќе се створи со самото тоа што ќе бидеме на само минус еден е одличен момент за комплетен пресврт. Како и да е, сето ова е што би било кога би било, одиме сега на удинезе, а и одиме на дисциплинска за Ибра и чекаме дали ќе го гледаме со Јуве, или он ќе ги гледа колегите со Јуве.
Шрврц, 3 утакмици.
Јуве ќе го пропушти, само што незнам дали Јуве во купот или во лигата тука ми се створи мене една дилема.
И сеа не дека го барана или оправдувам ама ви текнува Ван Бомел и Диаз што правеа? само за споредба да кажам...
и да смееме да се жалиме така?
Официјално е 3? На работа сум, немам читано. Купит не важи значи во првенството е третата со јуве. Сега ќе има жалба а после веројатно (?) ќе се намали на 2?
Да официјално 3 утакмици, жалба најверојатно ќе има се со цел за да игра на тој толку важен натпревар со Јувентус на Сан Сиро.
Пак ќе повторам, тоа не е лидер! Во тимот само Тиаго Силва покажува вистинско лидерство! Тука некаде е и Ван Бомел.
Ibra може да биде само статистички лидер во тимот. Тој никогаш нема да биде вистински капитен на некоја екипа. Моја процена е дека жалбата ќе се одбие, со образложение дека овој инцидент не му е прв и се повторува. И секогаш го прави истото: се глупира кога тој не е директно вмешан во прекинот. Удира криејќи се позади соиграч како пичица, па и се надева дека никој нема да види, божем се игра во 72' и мечот се снима со 2 камери. Дури и помошникот да не видеше, тој ќе ја добиеше истата казна. И со право! Ваков потег се казнува со три меча суспензија или повеќе. Зошто дисциплинска би ја намалила казната? За по 3 месеци пак да се случи истото? Не верувам дека моќта и реномето на клубот може да му помогне овојпат.
Post a Comment