Translate

Monday, 13 February 2012

COPPA DEI CAMPIONI!




Доаѓа она највозбудливото, лигата на шампионите. Време е да покажеме од што сме правени и да вратиме за она што се случуваше во 2008 год. Wenger вели дека ќе го повторат резултатот од 2008 но порака за него, Калач веќе не е на голот на Milan! И покрај сите повреди и проблеми мораме да покажеме карактер, пожртвуваност и глад за успех! Тоа е формулата за успех!
Од повредените најверојатно во тимот ќе го имаме на располагање дечково:



И тоа веројатно од самиот почеток!

Најголем товар во тимот против Arsenal ќе треба да издржат момциве:



За Златан веќе не може да има оправдувања! Од една страна многу не' задолжи со глупоста и неиграњето во лигата во најтешкиот период од сезоната а од друга страна целосно одморен дочекува елиминациски дуел од ЛШ каде што МОРА да покаже дека знае да игра фудбал и надвор од Италија! Дека е фудбалер за вистински, големи, европски натпреварувања!

Исто така многу товар ќе падне на двата наши бекови! Посебно со оглед на фактот дека огромен дел (да не речам сите) од акциите на пулените на Wenger одат преку двете крила Gervinho и Walcott! Покрај Abate на RB јас лично би го играл Mesbah на LB кој физички е поцврст фудбалер а и покажа последниот натпревар дека знае одлично да одигра во дефанзива (спаси сигурен гол и немаше ниту една грешка во текот на целиот меч).
Значи сума-сумарум, мора целиот тим да функционира како единка, фудбалерите да се покриваат еден со друг, да помагаат еден на друг! Само со таков пристап можеме да ги елиминираме англичаните!
Многу ќе биде важно и дали ќе им дозволиме да го наметнат нивниот брз стил на игра кој нам не ни одговара! Сигурен сум дека ние пак ќе продолжиме со фудбал кој се базира на задржување на поседот на топката во сопствените нозе но ќе биде интересно да видиме колку и брзите и физички одлично спремните фудбалери на Arsenal ќе ни го дозволат тоа!
Во нашиот тим има неколку непознаници:

1. GK - Иако Abbiati е стартер, сепак има проблеми со повреда а и Amelia одигра фантастично на дуелот против Udinese и е еден од најзаслужните за нашето останување во игра до самиот крај и победа!

2. LB - Во игра се Antonini и Zambrotta (кој доколку остане фит се чини ќе биде првата опција) но јас лично би го преферирал Mesbah (поради веќе наброените причини).

3. MRC - Ако во средниот ред се сигурни позициите на MVB и Nocerino а има најави дека Boateng ќе стартува на AMC останува празна таа десна позиција во средниот ред. Има неколку опции, јас лично би стартувал со Urby кој на последниот натпревар одигра на неколку пати одлично во дефанзива а директно кумуваше и на двата наши гола (посебно вториот кој беше фантастична асистенција до Maxi Lopez).

4. SS - или втор напаѓач, оној кој ќе започне покрај Zlatan. Во игра се Robinho, Maxi (кој рака на срце не би бил компатибилен со Zlatan) и веројатно Pato кој се враќа во игра (незнам колку би бил физички спремен за старт) но јас би почнал со најмалото, најпалавото, Stephan El Shaarawy. Момчето кое стрпливо ја чекаше својата шанса, одби да оди на позајмица и брилјира кога конечно стапна на теренот. Веќе има постигнато 4 гола и 5 асистенции! За да ги постигне тие 4 гола му беа потребни точно 714 минути! Многу од тие минути беа влегување во игра после 85та минута! За илустрација за 4те гола на Pato сезонава му беа потребни точно 806 минути! Најголем дел од тие минути се стартер позиции на Pato.
Со Stephan El Shaarawy добиваме фудбалер кој знае да врзе акција со соиграчите (за разлика од Pato), знае да постигне гол (за разлика од Binho) и е доволно брз и експлозивен за да комбинира со Zlatan (за разлика од Maxi Lopez). Згора на се од сите претходно наведени напаѓачи трча најмногу, врши притисок на противничките дефанзивци а не ретко сме го виделе и на позиција на RB каде му помага на Abate!

Значи графички прикажано моите лични преференци би изгледале вака:



Тоа е тоа момци! Одиме силно, машки од самиот старт! Одиме на победа!

FORZA MILAN!!

24 comments:

Anonymous said...

Аххх....пост за Лигата на Шампиони фалеше ова :)
Вакви големи дуели ни (беа) се специјалност.
Враќањето на некој од клучните фудбалери доаѓа во вистински момент.
Сега за сега Мексес и Месбах одлично се вклопуваат во првите 11, СЕС92 - феномен за кој допрва ќе чуе Европа.
Се слагаме околу составот и ќе се воздржам од плукањето на Урби (пред се зошто немам добра основа за тоа).

Се знае на што треба да се пази кај нив, на Робин Ван Порцелан ако Тиаго му влезе онака машки во првите неколку дуели мислам дека Робинот нема да има смелост да писне понатака, но останува да го видиме тоа на натпреварот.
Ибрахимович МОРА да даде се од себе, МОРА да го носи тимот на грб ако сака да докаже дека е играч за големи натпреварувања, играч за големи натпревари.

П.С. Би било поинтересно сега да ги имаме колегите од "ривалскиот" блог на Арсенал, пред се за да се вжешти малце дискусијата да добие на интензитет и секако да има малце буцкање :)

FORZA MILAN!!!

CurvaSud_Milan said...

И ја би го преферирал Месбах како стартен лев бек, иако искрено мислам дека не е на ниво да биде стартер во еден Милан, но за жал во моментов е подобар од сите што може да застанат на таа позиција, ако ништо друго за разлика од Антонини и Замброта примарна нога му е левата, за чудо!

Исто мислам дека треба и мора да почне Ел Шарави, Макси не е компатибилен напаѓач со Ибра, Пато е свежо вратен и сигурен сум дека нема да улета во прв тим, а Бињо заслужува клупа, и тоа одма, сега, од овој натпревар!

Емануелсон не е мој фаворит, а и покрај одличната асистенцијата, т.е. пас за отворање контра против Удинезе сеуште мислам и ќе мислам дека дечкото нема особени квалитети, поседува од се по нешто, и на крај кога ќе собереш и одземеш не поседува ништо! Ни шутнал некогаш опасно, ни асистенции гледаме често, ни пак дефанзива знае нешто, а имаше доволно настапи за да се издвои барем по било што. Јас би стартувал со Сидорф, едина пречка би ми била неговата физичка подготвеност со оглед на годините и темпото среда-недела, друго ништо.

Останато е горе доле сигурно, освен можеби голманската позиција на која кој и да застане не е никаков проблем, и секако неизвесноста дали ќе игра Боа, ако не игра ќе се прават други комбинаторики.

Во секој случај мислам дека еден ваков Арсенал, раштиман, крпен, прекрпуван, цела сезона топло ладно мораме да го добиме, ние сме шампионите на Италија, ние сме Милан!

Navigator said...

1. CL fever... непроценливо!

2. footballuser.com бил ептен добра алатка во пишувањето на постови :)

3. За нив - крпениот Arsenal е крајно непредвидлив. Ако има се дозволи да играат, може лошо да поминеме. Сепак, мислам дека Allegri убаво знае дека треба да притисне од старт за лесен двомеч. А не мислев дека Wenger е толку очаен за да го регистирира Henry за само еден единствен меч. Gervinho и Mertesacker нема да бидат во комбинација за првиот меч, што ги прави Abate и Ibra да се чувствуваат покомотни.

4. За нас - Моето мислење за SES и изборот во нападот веќе го кажав. Враќањето на Boa ќе реши многу работи, а покрај MVB и Nocerino јас би го играл и Ambro едни добри 60-65 минути. Цврстината во средниот ред ќе биде еден од одлучувачките фактори во овој двомеч. Во одбрана мојот избор би бил: Nini-Mexes-TS-Abate. Момци, немојте да заборавате дека Mesbah, колку и да пружа добри партии во Калчото, нема апсолутно никакво искуство во Европа. Abbiati или Amelia, за мене моментално е сеедно.

ЈАС ОЧЕКУВАМ СПЕКТАКЛ!!
FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Барем засега, Стефан делува и како многу приземјено момче. Агентор вели дека момчето е презадоволно од периодот во кој се наоѓа и на прашањето дали очекува да игра проти Арсенал одговара дека е подготвен да седи на клупа но и е подготвен да даде свој придонес ако тоа биде побарано од него.
Интересно, еден италијански новинар вели дека Стефан го потсетува на некој микс меѓу Инзаги, Шевченко и Кака?!!

ReBorned said...

Само нека работи напорно и нека стои подалеку од новинарите и Барбара Берлускони...

CurvaSud_Milan said...

и ќе стане новиот идол на навивачите, за разлика од некој...

Anonymous said...

Епа или СЕС92 многу ги гледал Милан од 04-06 или Шева,Пипо и Кака биле дел од некоја Бунга Бунга парти на која присуствувала и мајката на Шарави :)

troj4e said...

боатенг не бил во можност за цели 90 мин.алегри го изјавил тоа.значи ќе биде сличен составот како со Удинезе едно полувреме.да се надеваме дека и тие добро ќе изиграат

ReBorned said...

Troj4e незнам дали со тебе разговарав на Твитер синоќа за да ни се придружиш или не, во секој случај Добредојде :-).
Кој и да игра ќе биде многу тешко. Реално не сме во формљта од пред неколку месеци и се мачиме на секој следен натпревар. Од друга страна и Арсенал игра топло-ладно па ова е двомеч во кој сè може да се случи!
Се надевам и дека позитивна улога ќе одигра спортската дрскост поради раната ланска елиминација и дека сите се решени годинава да одиграме многу подобро, да стигнеме подалеку!
Forza Milan!!

ReBorned said...

Pellegatti вели дека само Abbiati се опоравил навреме за старт, Boateng, Pato и Nesta сите не се доволно фит и сите на клупата! Seedorf на AMC.

ReBorned said...

@Urby28: On our way to San Siro.. Milan - Arsenal 20.45

Navigator said...

Мислам дека е редно да пружиме нов спектакл во ЛШ. Milan беше екипа позната по успесите во купските натпреварувања и сега ни фали тоа време. Ни фали оти 3 години испаѓаме рано, уште во првата нокаут фаза. Јас сум оптимист во пресрет на двомечот и знам дека ќе го надиграме Arsenal. Сепак ќе ни треба и малку среќа.

Знам дека не е во фокусот, ама нешто многу битно се случува во моментов. Дуелот Parma-Juve! Сега е 72ра минута и резултатот е 0-0. Може многу да значи овој натпревар...

FORZA MILAN!!! FORZA PARMA!!!

Navigator said...

Браво за Parma! Издржаа до крај, резултатот остана 0-0. Уште сме на врвот, сега со бод предност и натпревар повеќе. Ајде да се концентрираме сега на Arsenal...

MILAN - Abbiati, Abate, Thiago Silva, Mexes, Antonini, Nocerino, Van Bommel, Seedorf, Boateng, Robinho, Ibrahimovic.

Panchina: Amelia, Pato, Nesta, Ambrosini, Bonera, Emanuelson, El Shaarawy.

Tribuna: Mesbah e Maxi Lopez

ARSENAL - Szczesny, Sagna, Vermaelen, Koscielny, Gibbs, Song, Arteta, Rosicky, Walcott, Ramsey, Van Persie.

Navigator said...

Одлично, одлично, одлично!!

Anonymous said...

Какво играчиште е овок Боатенг, скоро никогаш не е гледач веднаш се чуствува нековото враќање на теренот и тоа осетно!!
П.С. Кој е со мене дека ако Месба беше наместо Нини во шансата пред гол ќе изреагираше подобро?

Navigator said...

Совршено, совршено, совршено!!

Navigator said...

П.С. Кој е со мене дека ако не беше Pato во последната акција, ќе пукнеше петарда? :)

ReBorned said...

Незнам од каде да почнам! Незнам!! Ама знам дека ова останува вечно во мојаа колекција (снимано со Max TV на Канал 5 HD)!

Kole.22 said...

Ми го направија денов!!
Немам никакви забелешки, за никој.
4-0 иако можеше да биде 5,6,7.
пс: ReBorned, на MaxTv има USB порт кој никако да укапирам која му е функцијата, а сигурно не е за џабе стаено.. мала помош?
Моменти за уживање.
Grande MILAN

ReBorned said...

Коле на макс тв не работи УСБ поради заштита на авторски права (нивен одговор)

Мора да напоменеме уште една работа: вистинска лекција за Венгер од страна на Алегри. Од првиот до последниот судиски свиреж! Арсенал не се виде, Арсенал не постоеше, јас очекував тие да ни вршат нам пресинг но ситуацијата беше обратна! Арсенал беше немоќен и само ја враќаа топката кон централните дефанзивци а тие во немоќ ја шутираа напред, без идеја! Тоа беше лесно освоена топка за нас и пак се исто од почеток. Го немаше Волкот, го немаше Ремзи, го немаше Ван Перси... го немаше Венгер!

Anonymous said...

Го немаше Арсенал!!

Anonymous said...

Коле во право е Ри, тоа усб портот е само за украс не постои таков начин на вадење на она што си го снимил баш поради тие авторски права на пример си нарачаш филм некој ептен нов или серија од ХБО и после сакаш да ја снимиш и да ја ставиш на нет и да вадиш пари од тоа.

CurvaSud_Milan said...

Тргна возот од Милано на прошетка низ Европа :) ...со поопширна анализа покасно во текот на денот :)

Rachael said...

Тргна возот од Милано на прошетка низ Европа :) ...со поопширна анализа покасно во текот на денот :)