Translate
Saturday, 18 February 2012
Натпревар на дебитанти
По извонредниот натпревар против Arsenal се враќаме на домашните обврски. Натпревар во домашната лига против неатрактивен противник после меч во лигата на шампионите е секогаш опасно! Мотивацијата не е на исто ниво и тоа може да чини многу! Затоа Max предупредува дека мора да се игра максимално ангажирано, мотивирано и внимателно против Чезена. А таа е токму таква екипа, екипа која иако се наоѓа во долниот дел од табелата успеа во јануарскиот преоден рок да состави еден одличен тандем во навалната линија, Mutu - Iaquinta. Токму тие двајца заедно со Parolo (огромен фан на Milan) зад нив ќе бидат главната опасност за нашата задна линија и за Abbiati. Посебно ако се знае дека кога помисливме дека конечно се консолидираа редовите по повредите, доаѓаат нови! Mexes ќе биде во аут за овој меч а фудбалерот кој треба да го замени, Nesta е повторно во аут! Исто како Pato и Boateng кои не се доволно фит! Тоа покажува опасност!
Abbiati, Amelia, Piscitelli, Thiago Silva, Antonini, Mesbah, Abate, Bonera, Ely, Zambrotta, Yepes, Ambrosini, Cristante, Muntari, Nocerino, Van Bommel, Emanuelson, El Shaarawy , Inzaghi, Maxi Lopez, Robinho.
Како што можете да забележите најверојатно ќе го гледаме Bonera покрај TS на CB против Mutu и Iaquinta што може да биде екстремно незгодно! Yepes по неколку месеци повторно се враќа во конкуренција но не верувам дека ќе добие директно старт. Десно е сигурен Abate а лево Mesbah има предност пред Antonini. Во средината ќе стартува Ambrosini заедно со Urby и Nocerino а четвртиот во средниот ред ќе биде БУМ, директно ќе дебитира од самиот старт Muntari! Напред уште еден БУМ, дебитантски старт на Maxi покрај еден од SES92 и Robinho (Стефан е во блага предност). Значи ќе имаме ден на дебитанти но 3 бода се единствената опција! Се чини единствената дилема во средниот ред е кој од Urby и Muntari ќе започне на AMC а кој во средниот ред.
Сето она претходно споменато графички би изгледало вака:
Одиме внимателно но на крилјата од фантастичната победа во ЛШ! Да го продолжиме моментумот!
FORZA MILAN!!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
72 comments:
Уште една вест за одбележување е што ќе се инсталира синтетичка трева на Сан Сиро со цел да се подобрат условите за игра и да се намалат повредите (кои реално се преголеми сезонава)!
Алелуја!
Вакви утакмици знаат да бидат пејн ин ди ес, додади го тоа на фактот мала дефанзивно настроена екипа+солиден напаѓачки тандем и ете ти проблеми.
Составот е тој, мада јас да бев на местото на Макс ќе ставев еден од Бињо/Пато веднаш на стартот, а ако имаме неповолен резултат до 50та минута веднаш треба некој од овие двајца да биде уфрлен зошто не ни останаа уште многу бодови за расфрлање до крајот на сезоната.
Ај да видиме што ќе покаже популарниот "Суљо"
А зошто Ibra не игра???????? Се повреди во средата?? Да играше тој ќе ги згазевме, сега вака не знам баш... Уствари сега си имаме друг најјак играч. Robinho даде два гола и сега тој ни е во најјаките играчи. За Pato едно уаааа, нема врска тој. Тренерот исто ни е најјак и после утакмицата со Arsenal на овие од Cesena сигурно им е страв. Форцааааа!!
П.С. Админи пишете дали ќе игра Boateng, дали ќе ја даваат на Телма и со кои дресови ќе играме. Ако се црвено-црните сигурно победуваме!!!!!
<3 Milan!! позззз
I made my say, my friends... :)
Ultra тебе ќе те тепам јас! Зошто јас го пишувам постот? За да се чита...
Pato е во аут поради тоа што не е доволно фит!
Што е ралика помеѓу Скопско и Интер?
Скопско го полнат во Скопска пивара, а Интер низ цела Италија.
еве и потсетување на времето кога Мунтари рушеше рекорди во калчото носејќи го дресот на Интер, уживајте :)
http://www.youtube.com/watch?v=bOXDqeosDvg
п.с. Пато има врска, со Барбара :)
Boateng за жал е можно да го пропушти и Juventus :( Нова повреда на мускулот :(
Гол и две асистенции, Андреа Пирло
Упс....
Еднаш сретнав мнооогу первезна девојка, ја однесов дома и само што влеговме се сврте, се соблече гола и ми рече: -Понижи ме !!! И јас и дадов да облече дрес од F.C Internazionale!
Има една многу тазе песничка на српски поврзана со последните 3 неуспеха на нашите комшии :)
А Ибра изгледа ептен го наљутил Сторари, ги скрши од ќотек Пепе и Кваљарела :)))
Marco Motta, играчот на Juve, кој е позајмен во Catania, по некоја случајност во рок од 15 минути, на нерешен резултат добива два жолти картони и Juve во продолжението на мечот лесно стигнува со победа. Никогаш нема да се сменат значи!
Не ми е јасно што толку се радуваат умрентус на секој гол, конте ко мајмун скока ко да освоиле титула..
Следна година ни групи нема да пројдат во лш.. Ах да не им е Пирло ко муви без глави ке се шлаат по терен.
Што се однесува до нашиов ценет тим, некој погоре го склопил веќе, би требало да ги плеснеме највеќе поради циркузите што се случуваа лани на ова грдо стадионче..
п.с. А што е со кладионицава некој опасен малер ме бие, цел ден сумиран во Клиперс (ја имав 1), кој гледал знае што зборам..Денес мора да лапаме
И јас се заклав на Клиперси!
Гледавме гледавме, што да гледаме траги-комедија :)
Kratka pjesmica o interu.
Probali smo pobjediti Lecce,
Od sebe napravili smeće.
Milito je čak pokušo i sam,
A Miccoli rekao:"e, ne dam".
Ranieri nas doveo u Rim,
Da ispadnemo gost fin.
Kući nam Novara došla,
Sa tri boda kući je ošla.
Bologna, pa zar i ti,
A šta ću, ajmo nula tri ! !
Ќе биде незгодно ако мора да излезе некој од средниот ред. На клупа единствен фудбалер од средината на теренот е MVB. Добро... и Antonini, тој е универзалец :)
Нека се вклучат Телма на второ полувреме!
Мунтари и УРБИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ
Ај кажете дека Урби не беше мен оф д меч! 8-)
Уште некоја критика и ќе се забетонира во првиот тим! :) ги наслушнал очигледно критиките од неколкумина момци страсни навивачи на Милан од Македонија, и решил да промени многу нешта, очигледен беше демантот за шутот :))
Одлично момци! Баш колку што ни требаше. Јас сум многу задоволен. Мило ми е за тројцата стрелци им требаа голови во моментов, а посебно ми е мило за Abate кој по изминатиот лош период, фаќа добар ритам и игра две солидни утакмици. Едино ми е криво за SES и неговата шанса. Може и не треба да бидеме толку нежни со него и треба да признаеме дека едноставно мораше да постигне гол. Се на се, заслужено се враќаме на врвот :)
Изигравме феноменално! Не знам дали ние бевме толку супериорни или фенерџииве беа толку неорганизирани,неусогласени, или пак едноставно се дупки. Прво полувреме гас до даска (12 шута кон гол за 45 мин) а во втора половина разбирливо падна мотивацијата(што не значи дека паднавме во играта,туку само штедевме сили).
Како и да е, ме радува рутината.
Играме се подобро и подобро, се чини дека ако поголемиот дел од тимот е здрав имаме сили за сите фронтови, што не беше случај задњи години. Момците само нека продолжат да бидат гладни за успех и се ке си дојде на место.
Честитки за Урби,нека се множат,што сум сигурен дека конечно го наштелува шутот и следат голови во низа.
Пак не ми е по мерка Пипо што влегува во 90+, но тука сум немоќен. Човекот имаше на располагање минута и пол и бараше топки кон него. LEGEND
Каква желба, пожртвуваност, доминација па каде беше сево ова предтоа? Браво за резервиве, мислам дека да се направи една математика освен Робињо и Т.Силва другиве за џабе дојдоа кај нас :)
Пошто се изнамачив обидувајќи се последниве 15ина минути да линкувам коментари мора вака.
Секогаш ти го дава она добро чуство кога ќе го видиш ова
http://storm.elxx.net/quintrix/pato.gif
+
Урби на Twitter:
Great game today.. Happy with my goal.. finally.. Now back to Milano..
+
Робињо на Twitter: Среќен 70ти роденден Ѕамбротааа ахахахах
http://yfrog.com/od3k1bdj
Binho си ја врати самодовербата и сега повторно е онај стар добар идиот :)
Знаете за Филипо, Самуел и Алис?
Прво беше ова http://t.co/F7lINvHG па 2 дена потоа беше ова. Треба превод? #MilanFansMkd http://t.co/WOHAlJQI
:)) Во тек сум, а имаше и од фан на Јуве банер во стил, Филипо или смени школо или смени тим, мада што стварно незнам дали ги фатило амнезија или сакаат да ги фати амнезија пошо и они кутрите до пред нецела година неможеа да сврзат две победи по ред, но нејсе...
апдејт, најдов евтина авионска карта на релација Софија-Милано, повратна околу 160 евра, се попалив да одам на Милан-Јуве, но опет старата болка, борба за карти, продажба онлајн само за члено итн. дрн дрн јариња, any help?!
членови*
Likewise....
Брат нема хелп, од моето скромно знање да ти кажам:
1.Мн кеш треба да одвоиш
2.Треба да имаш барем еден пријател во Италија(Милано)
По 2 последователни операции на коленото Марек Марко Јанкуловски ќе ја заврши кариерата. Forza Marek! http://t.co/7lHECM5y #MilanFansMkd
Збогум Марек!! 07ма не се заборава, перформансите во ЛШ, и волејот во Супер Купот на Европа против Севиља :)
Arrividerci Grande Marek!!
Као му се обраќаме, коа да мислиме дека не чита човекот и има акаунт на блогер и како притајно да очекуваме да ни пише :)
Јанко ѕвериште.
Едно време Папилон правеа добра понуда: директен превоз Скопје-Милано, билет за на Сан Сиро, тура во и околу стадионот, прошетки околки Piazza Duomo, 2-3 дена сместување, за пристојна цена. Но изгледа престанаа ваквите понуди.
За вакви настани во секое време би издвоил од заштедата
Понудата ти е топ друже. Дај две такви за мене! :)
Тие беа со бус, а со бус и без пари карта за утакмицата да ми дадат не се качувам на толкава дестинација, два пати во животов имам гледано таков сличен филм и веруј ми не сакам по трет пат. Но добро што ме потсети за Папилон ќе се јавам сеа да прашам дали едино може само карта за натпреварот преку нив да се купи, мада што не верувам, но да си ја пробам среќата, авион има утре и во петок за Милано, парите сум решен дека би ги потрошил и би напраил се да се најдам во сабота на Сан Сиро, само таа болка со картата незнам како да ја преболиме, барем за идна сезона! Како се вади cuore rossonero card? Има ли некој инфо, може ли од тука да се пушти апликација и да се извади? Па барем за идна сезона да напраиме едно патување!
По кратко гуглање го најдов ова:
The cuore rossonero card goes on sale before the start of the season. It closes around september (I'm not too sure if it closes before the first game of the season or if sales remain open for a few games).
In general once it closes that is it. However this season's cuore rossonero sales were way down. Something like a drop from 45,000 to 22,000. Not too sure of exact figures. As the figures were so low they reopened sales for the second half of the season. However this finished on 15th Jan so you just missed out.
To answer your question - yes you can buy a cuore rossonero if living abroad. I'm leaving in Ireland and I got mine through www.mpestero.com In my experience they have always been reliable. They only charge approx €10, if even that, on top of the actual cuore rossonero price so it's quite reasonalbe. I also got a ticket for Milan-Man Utd and Inter-Milan on Sunday from them (but only because I have a cuore rossonero).
Интересно, само што јас досега не сум сретнал повик за апликации и вадење ваква карта, сепак следната сезона ќе треба да се прати и да се аплицира за вакво нешто, во случајов со Јуве ако имав ваква карта ќе можев да си купам карта on line, само што ќе требаше порано да далувам а не 5 дена пред утакмица затоа што сега може само на билетара да се купи. Како и да е, интерсна информација за сите, имајте си ја во предвид, со тоа што информацијава е напишана на 21.01.2010, така да може да има и некои промени, ќе гуглам повеќе ако најдам нешто ново ќе пренесам.
Ајде ајде иди таму да не претставиш на трибина со новото знаме од миланфанс мкд што го напраифме :))
хаххахха не без заебанција дај се од себе стигни до Милано па после со Господ напред, па импресии да ни пренесеш :)
Одморот ми почнува од 08.03 и ми поремети и присуство на историските 4-0 пред некој ден а и дуел со Јуве. Затоа здравје боже, ако доаѓам за СК може да Ве сретнам Вас и да ви стиснам рака (ако имате желба и време).
Ама јас сум ПРЕСРЕЌЕН што дуелот се игра во Сабота наместо во Недела, ЌЕ ГО ГЛЕДАМ НА ТВ!!!
Само остави контакт број (слика :)) и ќе средиме другар.
Јас сум за :)
Сакам само да го споменам оној момент кога на тикет ќе го фатиш Кавани да даде гол и на друг ќе погодиш точен резултат 3:1 а се наоѓаат некој рандом идиоти како Чарлтон и Квинс Парк (Шкотска 2) што ти ја усеруваат вечерта :)
Ultra, те молам не отворај кладилница како тема за дискусија. Уште имам кошмари од викендов. Ме боли кога ќе ми текне дека бев многу блиску до 4.500 евра :( Atletico Madrid ми го загорчи животот...
Ри, јас би сакал да се запознаеме кога ќе доаѓаш накај Скопје. Ако се погоди и game time да изгледаме една заедно, уште подобро. Инаку ти од Гевгелија беше?
Сè уште сум :-)
Или ако сакате илустративно, во моментов сум на буквално на 15 метри од граничниот премин Богородица на границата со Грција :-) Има неколку камиони ама брзо се минува границата :-)
Или за да те разберат скопјаниве подобро, на 50км од Солун! Ахх тој шопинг... :) Нејсе, не сум те прашал кое годиште си. Ми изгледаш вака генерациски близок. За другите горе-доле знам, а јас имам 23.
Thiago Silva по годините или Kevin Prince Boateng по бројот на дресот, како милуваш :-)
27+33... имаш 60 години???
Се шалам не сум ни ја толку глуп xD
Него нешто многу ми се зближивте вие двајца асл плс.... :P
T. Silva: "If we're active and aggressive, and play with a 1000 km/h like Allegri wants us to, then we can beat anyone."
60 години?? Старец! Не сакам да се запознаеме :)
А ти Драгане нешо љубоморен си? :)
Не ама се осеќам....запоставено.....
:Р
Може ја да ви кажам нешто? На ПЕС 6ката го креирав тимот на Милан од сеа со сите нови играчи со се првиот и вториот дрес џамови и газам со тимот и тврдам дека ако ни се здрави сите играчи и ние ќе газиме :D
П.С. Имаме проблеми со џи мејлот и ќе се потпишувам вака анонимно.
http://acmilan-mk.com/milan/spekulacii/4461-pato-za-kaka
http://acmilan-mk.com/milan/vesti/4451-super-pipo-go-odigra-i-200-natprevar-za-milan
Fan Klub Na AC Milan
Масимо Амбросини поради тоа што синоќа доби жолт картон (втор по ред) нема да може да настапи на реваншот со Арсенал во Лондон
11 people like this.
Мартин Стојоски toooo !
ILiya DaskaLooskii sucur imalo gospod !!! :D :D :D
Dusko Koleski bravos da daj gospo da se povredi cela sezona da ne se vrati
Ахахаххахаххахаххах да дај господ хахахаххахахаххаха
Еден фрапантно добар податок кој уште еднаш фантастично добро го отсликува стилот на игра кој го преферира Алегри и начинот на кој тој сака неговиот тим да игра.
Милан има дури 17 фудбалери кои имаат постигнато гол сезонава. Тоа се речиси цели два тима! Тоа покажува дека играме разновиден, тотален фудбал во кој секој доаѓа во позиција да постигне гол. 17 фудбалери постигнале гол од вкупно 28 кои добиле шанса сезонава. Оние кои не постигнале гол се фудбалери кои речиси и не играле (со ретки исклучоци).
Оние 10 фудбалери кои се уште немаат постигнато гол сезонава се:
Abate(20), Van Bommel (19), Antonini (12), Bonera (11), Mexes (8), Inzaghi (5), Taiwo (4, веќе премина во QPR), Mesbah (4), Gattuso (1) and Merkel (1).
Во заграда се бројот на одиграни натпревари (и покрај тоа што најголем дел беа ревијални минути).
Дечки има ли директен лет Скопје-Милано, не само за утакмицава во сабота туку општо зборам. И ако има која би била цената?
Добар податок... Кажува многу работи...
Од Италија, само до Рим има директен...најдобра опција за Милано како што кажав е преку Софија со Wizz Air, т.е. најефтина, за најдобра незнам.
Банот за 3 натпревар на Златан потврден,нема да игра против Јуве во меч на сезоната!Да беше било кој друг противник ќе играше #MilanFansMkd
Тоа е тоа, гледаме напред ќе се крстиме во Пато и Бињо :)
Ultra
Уффф интервјуто:
Sacchi: "I convinced Gullit and Van Basten by telling them that 5 organised players would beat 10 disorganised ones, and I proved it."
I took 5 players: Galli in goal, Tassotti, Maldini, Costacurta and Baresi. They had 10 players: Gullit, Van Basten, Rijkaard, Virdis, Evani, Ancelotti, Colombo, Donadoni, Lantignotti and Mannari.
They had 15 minutes to score against my 5 players. The only rule was that if we won possession or they lost the ball then they had to start over from 10 metres inside their own half. I did this all the time and they never scored. Not once."
Baresi: "It's not just about being fast as a individual, but as a team. At Milan we reached a level where we were like 1 man moving in line, at the right time, in all directions.
In training at Milan we used to start playing 1 vs. 1, then 2 vs. 2, then 4 vs. 6 and in the end 4 vs. 8. Playing 4 vs. 8 taught us how to stop the opposition and it forced them to play the long ball."
Sacchi: "Football is born in the brain, not in the body. Michelangelo said he painted with his mind, not with his hands."
Sacchi: "That's why you need intelligent players. That was our philosophy at Milan. I didn't want solo artists; I wanted an orchestra."
Sacchi: "The greatest compliment I received was when people said my football was like music."
najeftina varijanta za milano e solun milano,ili skopje venezia so dopolnitelen prevoz ,iam drugarka so studira tamu provereno info od tuka se rezerviraat bileti samo so porano toa poeftini se naogjaat, inace go sledam blogov redovno zrel rossoner sum i ednistveno tuka ima asalni diskusii za milan na makedonski ;) pozdrav pa ako ne smeta ke vi gi zbogatuvam statiive so po nekoe komentarce
Добредојде Аце и се надеваме дека нема да останеш само на читање, ќе ни дозволиш и ние да прочитаме нешто од тебе :)
Benvenuto Alesandro ;)
И јас ја имам истата информација. Најдобро до Milano се стигнува преку Солун. Не е најефтино, ама е регуларен лет и можеш било кога да патуваш. Ова преку Venezia е најефтино, ама знаете дека не секогаш се наоѓа карта ако ти треба да скоро. Ако си го планирал патувањето, тоа е најдобра опција.
Леле ни тргна новиов проект регрутирај член, регрутирај уште еден член :)
Само ти биди тука Аце па како што сме почнале прераснуваме у озбилна организација :)
за арно нека е :)
нова реклама на Nike,се појавуваат рино,аква,мелиса сата и јавно декларираниот росонер коби брајант :)
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=GVpHzPCXGNg
Post a Comment