Translate

Saturday, 11 February 2012

LE ZEBETTE vs. I CAMPIONI D'ITALIA preview!!!

     
     Во најтешкиот период во послените две сезони, во фаза со екстремно тешки натпревари набиени во 25-30 дена и многу други пропратни негативни настани, еден од најмалку посакуваните противници е екипата на Udinese. И тоа Udinese на Friuli. За мене лично, ова гостување, после она кај Palermo, е најнезгодното. Дури полошо и од гостувањата кај најголемите ривали во Италија. Но во моментов не можеме и не смееме да си дозволиме да размислуваме за тежината не секој меч поединечно. Распоредот е немилосрден, а уште повеќе следните противници. Очајно ни треба победа без никакви калкулации, враќење на формата и на успесите на кои не навикнаа нашите момци последната година и пол. Трите бода од мечот утре ќе значат многу за самодовербата на екипата, за атмосферата и внатрешниот мир. Излезот од лошата серија мора да започне утре, без оглед на се. Тешко ќе биде без Ibra, без Sandro и со драстично ослабениот среден ред, но победата е императив и секој друг резултат ќе ја направи ситуацијата уште посложена. Не ме охрабрува интересниот факт кој вели дека без Ibra во тимот имаме дури и подобар скор отколку со него, ама ме охрабрува прогресот на SES92. Ќе биде ова за него златна шанса и доколку ја искористи, веројатно е свесен дека може да си го заработи епитетот "спасоносен" уште на 19 години.  
     Момци, јасно ни е на сите што значи овој меч утре и затоа нема да должам со најавата. Само ќе го копирам списокот на повиканите играчи и уште еднаш силно ќе речам: ANDIAMO CAMPIONI!

Amelia, Roma, Piscitelli (51), Abate, Antonini, Bonera, Mesbah, Mexes, Thiago Silva, Zambrotta, Ambrosini, Emanuelson, Nocerino, Seedorf, Cristante (34), Innocenti (35), El Shaarawy, Inzaghi, Maxi Lopez, Robinho.

FORZA MILAN!!!

21 comments:

ReBorned said...

Ајде бре, ти го читав постот уште додека го пишуваше :-)
Можно е на десен бек да стартува Бонера а напред да стартува Макси за Бињо да биде посвеж за ЛШ. Мене лично повеќе ми се допаѓа кога Урби и Сидорф би ги замениле позициите, Сидорф милион пати полажа дека е 10 пати поефективен во среден ред отколку на АМС (или е 10 пати понеефективен на АМС, како милувате). Несомнено тоа е проблемот, средниот ред кој е очаен и со повреди и со свежина и со (не) квалитет. А таму се најјаки Арсенал, на пример!
ТС треба да му се залепи на Ди Натале кој сезонава не знае да промаши а нашиот блед среден ред ќе треба да се одбрани од неколкуте незгодни фудбалери во спротивниот табор. Удинезе игра многу слична игра како Наполи (формациски, речиси идентична) што значи многу работа ќе има и за нашите бекови посебно оној кој ќе го брка суперсоничниот Армеро!
Напред очекувам нова добра партија од Стефан иако реално е многу тешко за такви фудбалери да се покажат во најдобро светло кога останатите во тимот се статични и бледи во играта со топка.
Сè на се, не очекува тежок, неизвесен и добар натпревар. Се надевам дека со победа ќе го кренеме нивото на самодоверба токму навреме, пред ЛШ.
Forza Milan!!

Navigator said...

Ри, бавно пишувам зашто знам дека бавно читате :)
Инаку си во право за споредбата со формациската поставеност на Udinese и Napoli, со тоа што овие имаат еден исклучително опасен напаѓач, додека наполитанците имаат дури тројца. Одбраната не им е којзнае колку цврста, ама за чудо не примаат многу голови, за разлика од лани на пример. Giudolin ја има можеби најчудната формација во лигата. Игра со некоја модиификација на 3-6-1 во одбрана и со 3-5-1-1 во напад. Според мене, најтежок играч за чување најверојатно ќе биде тој втор напаѓач (Abdi, Torje, Floro Flores...) што брзо ќе се додава во трансформцијата од дефанзива во офанзива. MVB има многу широка задача во креирањето на играта со ваков среден ред и едноставно не може премногу да помага во одбраната. На Nocerino очигледно му се допаѓаат головите и игра доста истурен за еден везњак. Seedorf ретко игра одбрана, така што јас би играл со Ambro на MRC со што ќе добиеме човек плус во одбраната. Mexes ми се допаѓа кога го гледам на терен, ама сепак не можам да го споредам со тоа што Nesta лани го даваше во одбраната. Mesbah би било добро да стартува, иако Nini беше одличен против Juve (првиот гол не беше негова вина, а и нафрли за вториот). Bonera е стара тужна прича и не ми се коментира ништо за него. Едино знам дека Armero ќе биде најсреќен доколку Max се одлучи за добриот стар DB на десен бек.

А кажете ми колку е квотата за 2ка? Се ми се чини дека ќе дадат преку 2.2, што е одлична шанса да се дојде до свеж кеш :)

ReBorned said...

Флоро Флорес е со тешка повреда од скоро ако не се лажам. МВБ не игра оти има жолти. И Удинезе во одбраната го имаат еден од трите најдобри дефанзивци во лигата а и Хандановиќ е голман, тој дефанзивен пристап не е случаен.

Anonymous said...

Ама краток пост, па ова е спојка на моите последни два :)
И не е битен квантитетот мислам се разбираме :)
Ри, сигурен си дека сакаш да му го препуштиш Армеро на Бонера?
Не дека не се радувам на прогресот на СЕС92, ама ви го оставам тоа на вас јас ќе се фокусирам на критиките кон Урби еве на пример :)

ReBorned said...

Не реков дека сакам да му го препуштам Армеро, реков дека МИСЛАМ дека таква ќе биде одлуката. Има разлика. Абате е далеку побрз и веројатно ќе се снајде подобро против Армеро но да бидеме реални Абате беше многу лош на последните неколку средби.
Bologna - Juventus е одложена.

Kole.22 said...

Реално, резултатите на Удинезе се бајаги подобри од нивната игра.. Но што е тука е, а тоа што е тука не треба да не радува премногу.
Единствено што повеќе ме плаши од играњето на Антонини или Бонера е Антонини+Бонера.Абате мислам дека ке го одмара и оваа, да одмори малце прво на психички план од многу слабите игри во задње време и да се спреми за да го крка Волкот за некој ден.Нема многу да преудицирам само се надевам дека Алегри ке го извади најдоброто од сегашниов состав. Али највеќе ке се изнервирам вечер кога ке видам дека ке го стави Пипо во 87ма минута.. некако болно ми е секоја утакмица правење измени во 90+ и ајде сега ја спасуваме утакмицата..
Урби нека го збрца таму по крило, зошо ке го изедат на центар.. Би било интересено во секој случај да се видат Макси и Eл Шарави заедно на терен..
Не знам зошто ама ми мириса на masterpiece на Кларенс :)
Magico Milan, VINCI PER NOI!!

ReBorned said...

Ти ја чувствувам болката за Antonini - Bonera :)
Имаш право дека Алегри многу се влечка со измените но не верувам дека би го ставил Пипо (не се мирисаат).
Сидорф на AMC е премногу статичен, бавен и не може да дојде до израз неговото чувство за пас. На последниот натпревар кога го преместија од AMC на MC во второто полувреме веднаш се почувствува дека е покорисен за тимот. И јас не го сакам Урби на АМС но немаме друг избор (иако Урби знае да повлече лево и десно со што отвара место за другите во тимот).
Многу тежок натпревар, за поени и психолошки. Нов неуспех ќе не растргне внатрешно во тимот а веќе за 3 дена ќе имаме елиминациски натпревар од ЛШ!
Успех (без Златан) ќе не доведе во блага еуфорија и зголемување на самодовербата!
Незнам како го класифицирате евентуалното реми? Реми на гости со Удинезе не е лош резултат но во сегашната ситуација на табелата, не може да се смета за успех.

Navigator said...

Да, заборавив на суспензијата на MVB. Уште полошо... Инаку Floro Flores е во комбинација за мечов, ама не очекувам да стартува. Најверојатно таму ќе почне романецот Torje кој беше прв SS се до повредата пред еден месец, ама гледам дека полека се враќа. Тоа момче знае да биде многу незгодно, а ние тешко браниме мали и брзи играчи. Нешто како Giaccherini во Средата.
Реми против Udinese во Udine секогаш е примано со благо разочарување во зависност од ситуацијата. Сепак, овојпат ќе има многу посериозни последици.

ReBorned said...

Изгледа сепак ќе одиме со побрза варијанта по бековите (Abate + Mesbah).
Напред се уште конкурираат 3 шпица за 2 места.
Во овој момент се отворија вратите на Friuli.
P.S Primavera води против Modena со 4-0 на Viareggio.

ReBorned said...

OFFICIAL "XI" VS UDINESE (4-3-1-2): Amelia_Abate-Mexes-T. Silva-Mesbah_Emanuelson-Ambrosini-Nocerino_Seedorf_El Shaarawy-Robinho

CurvaSud_Milan said...

очај...неколку деца полека но сигурно најавуваат кандидатури за напуштање на тимот на лето. Ме интересира од кај избаци Бранко податок дека Емануелсон е на трансфер листа?

ReBorned said...

Освен Mesbah сите се изгубени на теренот. Ама Abate е посебна приказна!

CurvaSud_Milan said...

Мои фаворити за напуштање на тимот од овие 11 ако ме прашате ми се Емануелсон и Робињо на врвот на листата и без разлика како ќе изиграат до крај, затоа што нормално ова мислење не ми е само од оваа утакмица, потоа Кларенс и Амбро да бидат дел само и само "ревијални" да не речам тим куп натпревари, а Абате ќе мора да докаже и пред фановите и пред Алегри дека ова е само лоша моментална форма, во секој друг случај не заслужува да биде прв избор за десен бек во Милан. ...а да, и Месбах би го стаил на лицитација, без разлика што дојде пред 20 дена. Толку за актуелниве 11, за останите во друга прилика ќе поднесам извештај :)

Navigator said...

конечно измена!

Anonymous said...

Бранко ги има информациие ;)
Утакмицава ме потсеќа на дебито на Макси против Челзи во ЛШ кога ја сврте со гол и асистенција(Ето)

Navigator said...

Бранче не можеше да причека судијата да досвири крај :/ Којзнае колку му е криво...

CurvaSud_Milan said...

Бранче се одјави со брзина на светлината по последниот свиреж :)))

ReBorned said...

Максииииииии + Стефааааааннннн!!!
Дали забележавте од кој агол ја заврте Стефан при вториот гол?
Баш затоа Стефан е поопасен кога игра на левата страна од 2 напаѓачи. Знае одлично да отвори со шут со внатрешно ефе! Таков беше и голот против Новара а таков беше и шутот при првиот гол кој го даде Макси!
Незаслужена но многу слатка победа! Forza Milan!!!

Navigator said...

Инаку на Udinese им сме први :) Ама изгледа не им се допадна првото искуство :)

CurvaSud_Milan said...

Реално, очајни бевме, но мораме да победуваме и кога сме очајни и од нигде никаде да извлечеме победи, јасно дека неможе 38 меча да се одиграат без освилации, против Лацио од очај неуспеавме, денес успеавме, ова не смее да трае уште долго и оваа победа мора да го крене моралот, а моралот да го крене кбжвалитетот на играта. Се радувам за Шарави и Макси, тагувам што години наназад неможеме да најдеме лев бек што одговара на потребите на Милан, Месбах е ок, но дефанзивно, офанзивно не радува и затоа е само ок и ништо повеќе. Но ајде, за тоа понатака, битно извлековме 3 бода, извлековме победа пред важен дуел па да се надеваме дека ова е пресвртен момент за екипата по лошиот низ на резултати!
FORZA MILAN!

CurvaSud_Milan said...

и од тел. сум, затоа се и тие смешни печатни грешки кои сега ги видов :)