четврток, 25, јуни 2009

Калчо Меркато

Уште по завршетокот на сезоната и последниот натпревар со Виола започна трансфер периодот во Милан.
Прв кој си замина беше Анчелоти,а веднаш потоа беше претставен Леонардо како негов наследник.Во меѓувреме следеше веста која ми го разубави денот,месецот неделата...веќе погодувате дека за заминувањето на Пумата :)

Потоа следеа не толку добрите вести,односно заминувањата на Кака и Гуркуф и завршетокот на соработката со Бекам,Матиони,Сендерос и Шевченко.
Следеше сагата со Цисоко(која сеуште трае)и незнам како веќе да ја наречам скржавоста на нашата управа,конкретните контакти со Џеко(со кој веќе се погрижени личните детали) и нешто што е последно односно купувањето на останатите 50% од сопственоста на Абате.
Игнасио добро го познаваме,откако беше шетан по Емполи,Сампдорија,Торино и каде уште не се враќа во Милан.Има само 22 години и игра претежно како десно крило,но не би се изненадил ако е и прилагоден на десната бековска позиција.
Од она што останува да се направи со играчкиот кадар во останатиот дел од летото е:
Ослободување од Калач,Фавали и Одо,како и Кардачио и Виудез кој најверојатно ќе бидат пратени на позајмица.
А кога станува збор за доаѓање јас би бил задоволен со комлетирање на трансферот на Али Цисоко како и пристигнување на Сантакроче или Мексес,Хернандес или опциoнално друг играч зависно од доаѓањето на Џеко кој ни е приритет и Џеко или Хунтелар(мада ја би го преферирал Клас пошо ми е меѓу омилените играчи : )

Со овие потези би добиле еден добро избалансирал тим од искусни играчи или така попознати шампињони печурки и млади играчи кој допрва ќе се докажуваат.

Тоа е сега за сега.Очекуваме и се надеваме на доаѓање барем на Џеко во наредните неколку дена.



FORZA MILAN!!!

вторник, 16, јуни 2009

Сума сумарум на сезоната,Малдини,Кака...

Заврши уште една сезона.Нема да анализирам поединечно натпревари само ќе ги изнесам главните причини поради заврши како што заврши сезонава:
-неконстантност во играта и резултатите
-големиот број на повреди во текот на целата сезона
-неколку утнати тактики на Карлето.
Се на се,реално гледано краен дострел мислам дека би ни било 2рото место :)
За уефа купот нема многу што да се зборува нели? :)
Оваа сезона ќе биде одбележана како најтурбулентна во последно време.Анчелоти,Малдини,Кака......Емерсон xD се се тоа личности без кои неможел да се замисли Милан во последно време.
-На Карло веќе му беше време да продолжи понатака и му благодариме за се што направи за Милан(а доста направи)
-За Малдини не се потребни зборови.Од сега па натака црна дупка ќе има на секој натпревар се додека не се навикнам да го гледам Милан без него.
-За Кака и повеќе е од доволно е кажано,можеби(да повторам можеби) е најдобро што си замина за двете страни.
-Емерсон xD Ххх треба да го поставиме кондиционен тренер типот специјализација за спринт :Р
-И воедно фала на Бекс за убавите 5 месеци и уште поубавите прикажани партии.

Но сега одиме кон нов почеток.Леонардо,Тиаго Силва,Али Сисоњо(или како бог да му е името)и ред други кој ќе следат ќе бидат симболи кој ќе му дадат сосем нов изглед на Милан и нова димензија во играта.

Не запираме овде,каде завршува една ера...започнува друга....

FORZA MILAN!!!

вторник, 9, јуни 2009

PAOLO MALDINI

недела, 24, мај 2009

ADDIO A MALDINI-IL CAPITANO




Тешко ми беше да го започнам овој пост...затоа и прашав ако некој од другите сака да напише нешто за нашиот Kапитен бидејќи ова не е како секој привју,анализа или шпекулант пост.Затоа што нема доволно зборови за да се опише Неговата големина ќе ве оставам со ова видео(превземено од Reborned):
http://www.youtube.com/watch?v=yi6mItqY-LU&feature=player_embedded
(nejke da se zakaci videoto ako znaete momci pomagajte : )

Сликите доволно кажаа...титулите си зборат сами за себе...а 900те натпревари се завидна бројка за која можат само да сонуваат мнозинството од фудблери.Но Паоло не беше само фудбалер,Tој беше(и сеуште е)амбасадор на фудбалската игра,мирот и љубовта низ целиот свет.(на Неговата капитенска лента пишува УНИЦЕФ-доволно кажано)?

Од 20 Јануари 1985 Удине до 16 Мај 2009 повторно Удине:

646 натпревари во Серија А
174 натпревари во Лигата на Шампиони,Купот на Уефа и тн.
126 натпревари за Италијанската репрезентација...900 натпревари се на се
7 скудета
5 титули од 8 финалиња во Лигата на Шампиони
5 Европски купа
3 Светски Клубски купа
5 Супер Купа на Италија
1 Куп на Италија....
13 Интернационално трофеи....вкупно 26 трофеи во 24 години
Најбрз гол во историја на на финале на Лига на Шампиони во Истанбул 2005 во 53тата секунда
единствен татко и син заедно со Чезаре кои
гои подигнале скапоцениот трофеј како капитени(на еден ист тим
се разбира)....

Запрепастувачки бројки кои само Тој може да ги поседува...Што понатака и како без Него?Останува на нашата управа да одлучи...едно е(скоро)сигурно дека Паоло не сака да биде тренер.
-Последна вест е дека Б и Г му дале рок до 6 јули на Малдини да се предомисли и да остане барем уште една сезона...но и без тоа Tој останува...ЛЕГЕНДА!



FORZA IL CAPITANO!!!FORZA IL GRANDE MILAN!!!

сабота, 16, мај 2009

Le petite Zidane пред крстопат


Го нарекуваат токму така и за сите оние кои го следеа оваа сезона нема никакви негодувања! Момчето кое не доби адекватна шанса во Милан 2 години по ред за само неколку меча во позајмицата во Франција покажа дека станува збор за еден од најголемите надежи на светскиот фудбал и мала копија на Зизу! Сличен стил на игра, одличен шут од далечина, бавен со топката но со одличен дриблинг, го користи телото за штитење на топката, постигнува еден куп голови во финишот од натпреварите, одлично асистира и изведува слободни удари а има и одличен удар со глава! Звучи како Зизу нели? Моментите на брилијантност (какви што ги имаше неколку сезонава како во дресот на Бордо така и во дресот на репрезентацијата) само додаваат на тежина и вредност на овој (во последно време постојан) епитет на Гуркуф! И се’ дотука е идеално. Но Милан толку не веруваше во него што во позајмицата на Бордо (која беше добар потег за да се здобие со самодоверба) вметна и клаузула од 15 милиони евра за целосен откуп на Гуркуф, сума која по овие игри и по заинтересираноста на тимови како Барса, Реал, Баерн и сл. делува смешно! Сепак, според последните изјави од Лорен Блан (прославениот дефанзивец а сегашен тренер на Бордо) Гуркуф сака да се врати во Милан! Тоа е единствената опција со која Милан би можел да се „спаси“ од таа извонредно глупа клаузула и да го врати момчето во своите редови (а потоа и ако се реши на продажба ќе добие двојно од таа сума). Ако ова е вистина, ако Гуркуф по таква фантастична сезона во која неговиот тим го освои купот, се наоѓа на чекор од освојување на титулата во Франција и влезе во стартните 11 на Франција (каде што има улога на лидер) и обезбеди свое место за СП 2010, реши да се врати во Милан каде што го чека таков тренер и многу фудбалери кои конкурираат за неговата позиција... тоа покажува дека има карактер, огромна самодоверба и желба да покаже дека има квалитет за на големата сцена! Ако тоа навистина се случи, капа долу мајсторе!!!
Сепак неговото евентуално враќање во Милан и неговата минутажа би била во опасност од една единствена причина. Велат, понекогаш сликата вреди илјада зборови...

недела, 10, мај 2009

МИЛАН-ЈУВЕНТУС


Вториот најпосакуван меч во сезоната,и вистинското дерби во Италија помеѓу двете
најтрофејни италијански екипи ни доаѓа во вистински момент!Борбата за втората позиција и воедно престижот ќе бидат главниот мотив и на двете екипи да атакуваат на победа.
Со таа победа ќе им избегаме 7 бода и со сигурност ќе си го обезбедиме 2рото место,додека пак Јуве со победа ќе ни се доближи на само 1 бод негатива.Ништо чудно и реми да видиме,но јас сакам да видам интересен натпревар каде што Јуве би ни парирале едно 40ина минути и после да ги напуниме : ) ама се бива,така да не прогнозирам многу многу.

И Јуве слично како и нас имаат големи проблеми со повредите а и богами ова коло со суспензиите на Недвед и Мелберг.

Кај нас се враќа Рино Гатузо!Можеби не од стартот но сигурно ќе добие шанса во овој натпревар.

Дида,Калач,Перучи
Антонини,Замброта,Матиони,Сендерос,Малдини,Фавали,Јанкуловски,
Бекам,Амброзини,Пирло,Фламини,Гатузо,Сидорф
Кака,Роналдињо
Пато,Инзаги,Шевченко

Чекаме само прес-конференција пред натпреварот и да можеме да ги чуеме дилемите на Карло околу составот кој мислам дека би изгледал вака:

Калач/Дида
Замброта,Малдини,Фавали,Јанкуловски
Бекам,Пирло,Гатузо/Амброзини
Кака
Инзаги,Пато

Се зависи дали ќе бидат здрави и прави Дида и Рино,и дали ќе сака пак да си експериментира Карло со Фламс како десен бек :)
Очекувам и сакам победа!Ако ништо друго барем достојно од ова дерби да се опрости нашиот капитен.



FORZA IL GRANDE MILAN !!!

недела, 26, април 2009

МИЛАН-ПАЛЕРМО 3-0


Победа!4та по ред!Несметајќи го ремито со Наполи на гости,имаме серија од 6 победи каде што дадовме дури 19 гола и примивме само 2!
Во одлична серија сме нема што,но обично по некоја ваква серија следи некое реми и некој пораз и со оглед на распоредот до крајот не би се изненадил ако се случи тоа.

Али тоа е тоа,не се предаваме уште одма иако очекувам дека од следните 5 натпревари ќе има барем 1 пораз и 1 нерешен резултат што и не е така лошо ако се погледне дека гостуваме во Сицилија кај Катанија,играме со Јуве,Удинезе,Рома и Виола.


Дида 7.0 Онака...без работа : )

Фламини 7.0 Заради трудот и трчањето,пак изигра добро како десен бек.

Малдини 7.0 Капитенски без работа

Фавалињо 7.0 Се врати Фавалињо!Јупиии :)

Замброта 7.0 Замбро си е Замбро :)

Пирло 7.0 Имаше доста простор за игра,и забележав мал напредок во последните неколку натпревари во неговата игра.

Бекам 7.0 и Бекс изигра како што знае и се гледаше дека се чуваше при крајот.

Амброзини 7.0 Учествуваше во акцијата за вториот гол и повторно изигра добро.

Сидорф 7.0 Дека сум расположен,иначе 6.5 ќе беше :Р

Кака 8.5 2 гола(од пенал)ама сепак потсеќа на своите најдобри денови посебно кога го мина Балзаерти а овој при тоа го фаулираше за вториот пенал.

Инзаги 8.0 Еден гол и 2 офсајда кои ствааарнооо не беа офсајд,ама јбг нејќат уште еден хет-трик од Пипо изглеа другите :Р


По рeмито на Јуве со Реџина осамени сме на второто место но со само 2 бода пред Бианконерите.Добро е што играме со нив на Сан Сиро и со победа дефинитивно ќе си го обезбедиме второто место :)


FORZA MILAN!!!