Translate

Wednesday 29 December 2010

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЧЛЕНСТВОТО!


Го барав mohican деновиве за прво со него, како админ да се консултирам, а сега откако прифати да ве извстам и вас..пред некој ден го отворив фејсбук профилот на фан клубот на милан македонија..таму видов дека спремаат отварање на блог и стоеше линк на профилот..контакирав со еден од одржувачите и му понудив соработка во име на блогов..ги прашав дали се заинтересирани, наместо да отвараат нов блог, да го користиме овој, да го одржуваме заедно и со тоа да ја зголемиме активноста и популарноста..битна работа ми беше тоа што дечките се сериозни и не се деца од по 12-13 години оти знаете што повлекува тоа, какво ниво на муабет..нашиот админ прифати, момците од фан-клубот (кој btw од пред некое време одржуваат и сајт acmilan-mk.com) прифатија, деновиве ќе добијат авторизација, линкот на блогот е закачен на профилот на ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН на фејсбук..го направив ова најпрво за зголемување на активноста, за ново членство, ама и за да нема повеќе активни блогови со истата тематика..вака, имате и сајт, имате и блог..сајтот си го одржуваат дечките и објавуваат по десетина статии на ден, ама на блогов ќе постираме сите, нормално со коориднација претходна, само што динамиката на објавување ќе се разликува, затоа што ова е место за дикусија, коментари..за да не доаѓа до бркање со постовите, се договорив во никој случај да нема повеќе од еден пост дневно, за да можи секој да си искоментира за тековните новости..
се надевам дека ќе ја прифатите новоста, пак ќе речам во интерес на развивање на блогот..можда требаше да ве консултирам и вас, ама со дечките се договорив одма и само што почекав на Mohican да даде зелено светло..некаде од нова година, планирано е да почни соработката поинтензивно..ако имате некои прашања, слободно прашате и искоментирајте нешто да знам како го оценувате ова..

FORZA MILAN!!!

Sunday 19 December 2010

AC Milan 0 - 1 AS Roma

Тоа е момци, лоша фризура и несреќен гол :)

Saturday 18 December 2010

Ладно време но топли срца!

Одиме во финалето од 2010 година. Крајот на годината ја пречекуваме од одлични позиции, број 1 во Калчото и пласман во следната рунда во ЛШ.
Иако и годинава имаме проблеми со повредени фудбалери (додуша многу помалку од комшиите) сепак се покажа зрелоста на екипата и (по подолго време) долгата клупа. На ова мора да се потенцира и успехот на Макс Алегри кој успеа да ги ревитализира некои фудбалери од старата гарда за кои никој не веруваше дека можат повторно да бидат препородени. Значи како резиме засега на тимот се’ му оди како по конец. Згора на се’ Галијани во најновата изјава ни „сее“ бодлики со тоа што вели дека е можно во Јануари Милан да се засили на ПОВЕЌЕ ролји во тимот а не само во офанзива?!
Се надеваме дека 2010 година ќе ја заокружиме со најмалку 6 бода предност пред вториот во Калчото. За тоа да се оствари ни треба уште една победа во последниот натпревар за оваа година.
А таму се соочуваме на Свети Сиро против Рома. Тим со кој сезони наназад имаме најдобри односи во споредба со сите останати големи екипи во Италија а и незнам зошто ама мене лично Росела Сенси ми е фаца. Тим кој индиректно ни помогна да имаме фантастичен фото финиш во летниот преоден рок со тоа што го ангажираше Бориело, сите знаеме што се случи после тоа нели?
Токму Бориело ќе биде во центарот на вниманието на Сан Сиро, барем во екипата на гостите.
Кај нас се чини исто како во последните неколку натпревари, Макс има само една дилема, Боа или Сидорф. Се’ останато е веќе познато. Сепак како и многу натпревари наназад, воопшто не се сомневам дека која и да биде одлуката на Алегри, таа ќе биде вистинската.
Епа дечки одиме на нова победа... а што друго?

П.С Сите сакаат да ги гледаат Марадона и Златан





И за крај на овој колаж:

Friday 10 December 2010

ASSALTO A BOLOGNA, CON THIAGO E FLAMS NEL COURE!!!

Помеѓу сите овие лоши вести деновиве, екипата, а и ние треба да најдеме простор за размислување на следниот предизвик, оној во Недела на Renato dall'Ara..најверојатно никој не ја знае точната дијагноза на повредите и колку тие ќе ги оддалечат нашите миленици од теренот, а сепак и покрај шокот тимот има императив пред себе за колку-толку да се задржи позитивната атмосфера што владееше се до вчера..момците треба да се издигнат над проблемите, да им препуштат на лекарите и на управата да ја завршат својата работа на најдобар начин, а тоа што тие го знаат најдобро да го презентираат уште еднаш..
со една победа над Bologna би се смениле многу работи и верувам дека во Millanelo се свесни за тоа, но било како поинаков исход би ја продлабочил кризата (не толку резултатска, колку психичка)..и не дека сме немале вакви повреди и порано..неможи да биди посвеж примерот на Pippo, ниту дека помалку ни е жал и сме загрижени за Flamini, ама тенката и неконзистента одбрана го прави толку страшно долгото отсуство на ТЅ..деновиве ќе прочитаме милион варијанти за должината на опоравувањето, ќе се изначитаме и шпекулации за трансфери во Јануари..нас најдраго секако, ќе ни биди ако управата го промени официјалниот став дека во преодниот рок ќе се купува само напаѓач и ако евентуално го реализира транферот на David Luiz, што е сон на секој фан..
во секој случај, ни останува да чекаме comunicato ufficiale, па потоа да правиме пресметки..ептен ми се допаѓа што на блогов не читам коментари каде се црни, пцуе и колни Allegri за тоа што не ги одмарал некои од првотимците, како што има на многу други форуми, а тоа зборува за вашата навивачка зрелост и познавање на приликите во клубот..
тие што ќе излезат на терен во Недела, нека одиграат за Thiago, за Flams, за Pippo, за Pato, за сите rossoneri, за Скудето!!

P.S. За повиканите, казнетите, можните состави, резултатот и се друго потесно поврзано со мечот, во коментарите на постот.

уште еднаш... STARE INSIEME RAGAZZI!!! FORZA MILAN!!!

Tuesday 7 December 2010

GROUP STAGE - CHECK!!!


Уште една важна задача е сработена, зад нас е групната фаза на ЛШ..тоа што се подразбираше е остварено, пласманот во осмина-финалето е реализиран уште во минатот коло..останува уште еден дуел со Ajax, за нас само за престиж, за гостите нешто побитен..во мечот кој спојува два многу трофејни и реномирани клуба, во мечот кој спојува единаесет титули во најзначајното натпреварување во Европа, ќе се судрат нашите миленици со најдоброто од Амстердам..за гостите кои сеуште не го потврдиле третото место и настапот во UEFA League, на хартија ова е пресуден натпревар..ама ако се знае дека Auxerre утревечер игра со Real во Madrid и дека Ajax има бод предност, јасно е дека во групата веќе се е решено..тоа незначи дека Milan го сфаќа дуелот несериозно, впрочем тоа е омиленото натпреварување на претседателот и секогаш потенцирано како приоритетно..а и не се малку 800.000 евра што се доделуваат за секоја победа :)
И самиот Allegri во изјавите во пресрет на натпреварот, изјавува дека ќе бара од играчите да се оди на победа..отрки неколку од своите одлуки за изгледот на тимот што ќе истрча утревечер на San Siro..дефинитивно Rino, Abbiati и Zambro ќе одмараат, а Ibra ќе биди на клупа..во нападот најверојатно ќе се најдат Robinho и Dinho, но само ако gaucho е целосно опоравен од малата повреда..тоа значи дека Amelia ќе ја добри својата втора утакмица во ЛШ, а во одбраната ќе се врати  Luca..можно е Yepes да биди стартер оти Sandro го нема, Pirlo пак ќе е во стартерите, најверојатно и Flams..има и двајца младинци повикани, Merkel и Verdi..ова е целосната листа:
PORTIERI: Amelia, Roma; DIFENSORI: Abate, Antonini, Bonera, Jankulovski, Papasthatopoulos, Thiago Silva, Yepes; CENTROCAMPISTI: Ambrosini, Boateng, Flamini, Merkel, Pirlo, Seedorf, Strasser; ATTACCANTI: Ibrahimovic, Robinho, Ronaldinho, Verdi.

Битно е да се спомни и дека Ajax доаѓа без прв тренер, по оставката на Jol..jас очекувам убаво затворање на првата фаза, со победа секако..според играчите што ги спрема Massimo за мечот, ми се чини дека ќе се игра самба пред корнер знаменцето, по можност на неколку пати :) со прогнозите за формацијата и резултатот, повелете тука...

FORZA MILAN!!!

Sunday 5 December 2010

За промена или не

По долго време поминато во пасивен однос кон блогот и кон се сто се случува на неговите страни, решив да направам мала промена и освежување во дизајнот. Бидејќи немав со кого да се консултирам за изгледот и за тоа дали треба промена воопшто, решив да одиграм на прва и да ја направам промената, со тоа што сите оние кои се дел од овој блог, нормално ќе можат да кажат дали им се допаѓа вака и дали да се врати стариот layout или да продолжиме со овој. Однапред се извинувам за изненадувањето што ќе биде предизвикано од оваа промена, ама сепак е со најдобра намера. Чекам коментари и не штедете зборови на критики или пофалби.

Милан - Бреша, 3 - 0

Friday 3 December 2010

15ma GIORNATA!!!


Поминаа цели четиринаесет кола од првенството во најдобрата сезона на нашиот клуб изминатаите 6-7 години..петнаесетиот checkpoint го проаѓаме први, оставајќи ги најголемите конкуренти (Juve, Splinter, Roma) релативно далеку, на 6, 7 и 8 поени..на почетокот, малкумина беа тие што вака го замислуваа изгледот на табелата..сепак, ние уживаме во добрата игра и во победите и факт е дека не сме се осеќале вака моќно во изминатиот период..мене ми мириса на скудето и тоа го кажувам насекаде од пред неколку недели, без размислување кој како ќе ме разбери..доминацијата што момците ја воспоставуваат на најголем број на натпреварите и неконзистентноста на главните ривали, ми го даваат тоа право..јас сум свесен дека има многу до Мај и дека навидум мали работи можат да ја променат ситуацијата, меѓутоа ако главните две работи, менталната спрема и атмосферата, останат на вакво ниво, успехот ќе биди неминовен..видовме дека ростерот на екипата е доволно широк и длабок, за повредите на клучни играчи да неможат да не извадат од колосек..верувајте и запазете дека, се додека Galliani е секојдневно во весниците, без разлика какви се тоа изјави и колку држат место, атмосферата во клубот е одлична и тоа е знак дека на Milan му оди..запазете го тоа...
За два дена, во Сабота вечер на гости ни доаѓа промовираната Brescia..дефинитивно не е екипа од која треба да се стравува..со само двајца надпросечни играчи, треба да послужи како поправач на гол-разлика..и знам дека сега некој одма ќе се присети на нивното реми со гнасите на истиот стадион, ама јас би ве прашал: сензација ли е Brescia да одигра нерешено со Printer? нормално дека не, скоро се на исто ниво..одново добриот Caracciolo, кој ги повторува солидните игри од Palermo од пред 4-5 години и новопечениот репрезентативец, со ужасно деби - Sandro Diamanti не смее да бидат доволно опасни за Milan да има проблеми..повредени има, суспендирани не, така да познати се кандидатите за стартни 11..списокот со повиканите сеуште не е објавен, ама можиме да претпоставиме кој се ќе биди таму..утакмицата ја суди за нас познатиот и одличен судија Gervasoni..
неделава која остана неискоментирана на блогов донесе доста интересни работи, што директно и индиректно го засегаат клубот..можда најбитна за нас беше веста за Патката, која вели дека ако се оди по планот, после Нова Година, пак ќе биди на располагање на Allegri..од друга страна, за празниците можно е да добиеме уште едно офанзивно засилување..најсериозни кандидати се "нашиот" Matri и уште "понашиот" Balotelli..натаму, бомбастично беше и најавувањето на штрајкот на играчите, закажан за наредното коло, поради несогласувањето помеѓу челниците на лигата и асоцијацијата на играчите при обновувањето на колктивниот договор, така што најверојатно и ние ќе останиме ускратени од calcio задоволството за една недела..друга битна информација за екипата беше добивањето на противникот во Coppa Italia, а тоа е екипата на Bari..мора да се напомени дека ждрепката е исклучително добра, па се до финалето неможи да се сретниме со Roma, Juve, Printer, Lazio, Genoa, Napoli... најсериозни протвници во нашата поливина ќе бидат Samp и Fio..абе милина... :)
во вака лоша недела за италијанскиот фудбал, надополнета со испаѓањето на Juve, Palermo и Sampdoria до UEFA League, а најверојатно и на Napoli, повеќе од симболична ќе биди една голема победа во Сабота..ќе биди тоа уште едно докажување на големината, на зрелоста и на сериозноста пак да се застани на тронот и да се донесат работите на свое место..одвај го чекам натпреварот, знам и вие, оти сакам да гледам убав фудбал, шампионска екипа и конечно среќни лица на San Siro..

RITORNIAMO LA GLORIA!!! FORZA CAMPIONI!!!