Translate

Tuesday, 14 December 2010

GRANDE Silvio Berlusconi !!!

22 comments:

kiko_pato said...

Ова е мојот прв пост :) каков и да е , и иако е само клип сакав да скршам мразот да ставам и јас нешто... а да и клипов ми буди многу емоции , многу пати го имам гледано и пак кога го гледам се наежувам... многу убави работи се случија од како Милан е во сопственост на шефот Силвио, и уште се случуваат и се надевам уште долго ќе се случуваат и Милан дека и понатаму ќе остане во сопственост на Силвио, или во иднина на неговиот син Берлускони.

kiko_pato said...

т.е. Пјер Силвио Берлускони... :))

Navigator said...

не сум сигурен дека се разбравме околу коментарот што го напишав вчера..мислев на поддршката за Berlu во политичка смисла, заради гласањето на доверба на неговата влада..беше вчера низ вестите..Владе мора да знај што зборувам :)
инаку за клипов, го имам гледано еднаш, но секогаш е добро да се види ваков клип повторно..незнам за вас, ама јас додека го гледав, цело време мислев на тоа кои моменти од оваа сезона ќе бидат додадени во клипот, после новото Скудето годинава..и секако, коментарите за новите одлични потези на B&G со ангажирањето на засилувањата кои го променија духот и ликот на екипата..
во секој случај, честитки за првиот пост и да ти се множат :)

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

честитки за primavera тимот за пласманот во полуфиналето од Купот..беше извесно дека ќе го добијат двомечот со Cittadella после победата на гости со 2:0, ама денес е заверен прогресот со убедливи 5:2..стрелци за младите rossoneri беа: Ganz(2), Gaeta(2) и Fossati..одлично надоврзување на серијата добри партии во првенството каде напредуваат кон врвот, после доста лошиот старт..можда знаете, ама да спомнам дека моментално се наоѓаат на 6тото место во конкуренција на 14 екипи, со 20 бода од 12 меча, заостанувајќи 7 бода зад првиот Varese..

FORZA PRIMAVERA, FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Касано ДА или НЕ...?

Navigator said...

јас мислам НЕ!

Anonymous said...

Зш да не

ReBorned said...

Навигатор гледај вака на работата: Дињо или Касано Оти по се изгледа баш таква е дилемаѕа и изборот. И дајте малку доскусија, зошто да и зошто не?

Anonymous said...

Клипот си гази,а богами и Силвио,инаку нашиот Хорхе деновиве ќе оствари средба со Капо ди тути капи.
Навигатор продолжувај да ни даваш апдејт за младинците :)
Искрено јас не верувам дека Дињо ќе си оди уште во Јануари, и токму поради тоа не верувам дека Касано ќе дојде, некако поверојатно ми е дека ќе оди кај комшиите,тоа ќе личи на нив(Пандев)а нема да личи што ќе земат италијанец :)

Navigator said...

не, заради атмосферата..видовме и се уверувме дека Cassano неможи да созрее и секогаш прави проблеми..
кога конечно сите го видоа како нов лидер на италијанската репрезентација, а во меѓувреме еден од најдобрите играчи во првенството со константно добри игри, па ако сакате и како жртва на принципиелниот Lippi при изборот за WC10, тој расипа се, си го сруши кредибилитетот по којзнае кој пат..непостои средина во која се има вклопено, клуб во кој нема направено проблеми, тренер или претседател со кој се нема скарано..
зошто Milan или Allegri или Berlusconi би биле исклучок?? зошто Milan би ризикувал расипување на одличната атмосфера што владее моментално?? зошто Milan би купувал SS (second striker), кога ги имаме Pato, Robinho и Dinho, а не Matri, Tevez или Paloschi кои се класични центарфори??
нас дефинитивно повеќе ни треба играч кој ќе го замени Ibra, а тоа незнам колку можи да го направи Fantantonio..знаете и Pato колку време нема играно како истурен напаѓач..што ако Ibra треба да паузира макар еден меч? видовте како поминавме против Ajax кога играме со неприродни шпицови..
затоа, јас сум ПРОТИВ CASSANO!

уште нешто: убеден сум дека Dinho не оди никаде во Јануари, така што со оглед на враќањето на Ale за месец и пол, можи да поминиме и без офанзивна аквизиција..за разлика од тоа, мислам дека треба да дебатираме каков дефанзивец треба да се купи!

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Касано е меч со две остри краеви.Не се знае што може да се очекува од него.Што и да речеме за него ќе згрешиме така да ако веќе се во план да го зимаат да се молиме да испадне се како што треба.И за Ибра го викавме истото сите имавме недоумици а подоцна се покажа сосем обратното.
Во моментов повеќе ни треба CF апсолутно, но Дињо ако планира да си оди мора да се најде замена за него.Мислам и дека ќе се вклопи во системот Касано без проблем може да игра и како AMF па мислам дека и CF може да игра но нема да биде тоа што го бараме ние.Да си го земеме Санта Круз ја викам он лоан за до крајот на сезонава, а ако Дињо си оди обавезно да дојде Касано или Гансо.
За дефанзивец мора да се земе Давид Луиз ако е тоа можно.Факт е дека Неста и 50 год да има ќе игра прва постава а Силва и со едната нога скршена пак ќе игра, така да дали ќе прифати да седи на клупа незнам.Дефинитивно може да го замени Неста.
И кажете што мислите за утре? Кој ќе ни бидат противници? Јас би типувал на 3 екипи: Chelsea,Tottenham,Shalke......


FORZA MILAN

Navigator said...

За една битна работа што остана неспоменета на блогов... незнам дали знаете дека денес Milan слави 111 години од формирањето..немам намера да пишувам што значи ваков јубелеј, а уште помалку што е направено за тој период..како што е ред, фамилијата Berlusconi денес го посети Milanello, за раководството, стручниот штаб и играчите да си го честитаат роденденот и да си посакаат уште многу заеднички успеси..момците ветиле победа против Roma во Сабота како најдобра честитка за претседателот и воедно за заокружување на годината..

BUON COMPLEANNO MILAN!!!

ReBorned said...

Доколку Рино не успее да се опорави навреме за со Рома Алегри размислува да го уфрли Страсер директно во стартните 11.
P.S Околу темата која сам ја наметнав... ако се прашувам јас лично, подобро ваков Касано отколку ваков Дињо. Роналдињо не се замара со ништо (или толку може) така што тоа што Касано има незгоден карактер не го прави Дињо светец. Тој можеби не прави проблеми во соблекувалната но секоја втора ноќ е по дискотеки. Ваков незаинтересиран, дезориентиран и флегматичен Роналдињо... повеќе го сакам Касано. И околу карактерот и дали Милан би бил исклучок... колку и да звучи ова егоистично и нарцисоидно, МИЛАН Е ИСКЛУЧОК!!
И тоа се покажало многупати во минатото. И самиот Пипо изјави дека верува дека фудбалери како Балотели и Касано ќе се средат ментално во Милан. И самиот тој изјави дека кога дошол во Милан учел од Ил Капитано и Костакурта. Милан е институција, Милан е храм на хармонијата. Доколку си „страно“ тело, организмот те исфрла надвор! Така било така и ќе биде.
Незнам дали знаете но и ден денес пред секое т.н „бомбастично“ засилување со незгоден карактер се прашуваат фудбалерите во соблекувалната дали сметаат дека тој фудбалер би бил од корист за тимот. Кога Касано си замина од Реал имаше гласање во соблекувалната на Милан за него. Тогаш сенаторите го одбија! Го одбија заради неговиот карактер. Сега... незнам можеби ќе биде поинаку.
Јас сум за да пробаме посебно (повторно ќе повторам) со ваков Дињо.
Forza Milan!!!

ReBorned said...

Извадок од интервју на Принц - Боа:

“If I could ask for one more thing it would be to wake up tomorrow morning and have a contract with Milan,” he added. “I want Milan to be the team of my life. I think about that a lot because I know what I can give to this team. I am aware of my capabilities and I’ll prove to everyone that I deserve to stay here.”

ReBorned said...

И уште една интересна изјава од Амброзини за Алегри:

Allegri is a hybrid, says Ambrosini

Massimo Ambrosini believes one of the reasons Max Allegri has enjoyed such success at Milan is because he is a little like Carlo Ancelotti and Fabio Capello.

Interviewed in La Gazzetta dello Sport, Ambrosini said: “Max is a mix of one person and another. He is less rigid than Capello and knows how to joke like Carlo but when he needs to make himself heard he is like Fabio.”

Anonymous said...

Ри треба да се потсетиш колку шанси доби оваа сезона "ваквиот" дињо,нешто слично како првата сезона кога беше донесен кога се до фебруари едвај го имаше видено теренот Дињо.
Иначе Навигатор, не беше 18 декември датумот?се мислам тој ден беше...
За муабетот со касано ќе се повлечам пошто и едните и другите сте во право, а ние ќе знаеме као ке ќе се покаже Касано кога ќе го видиме во црвено црн дрес.
И да не очекувајте хоум-сик тевез да биде нешто понеброблематичен.
Некој убаво рече, нас ни треба класична замена за Ибра.

Navigator said...

Од Dinho знаеме што можиме да добиеме, дури и ваков, а со Cassano одиме на слепо..можда ќе го добиеме најдобриот играч во втората полусезона, ама можиме да добиеме и тепачка, раздор, кавга со управата...
јас не би ризикувал, особено сега кога веќе конечно имаме тим за Скудето..останувам на ставот дека Dinho не оди никаде после Нова Година и дека моментално најпотребен ни е дефанзивец (читај David Luiz)..
што се однесува до Prince, нездраво би било да не се понуди сумата за откуп на неговиот договор, само што мислам дека тоа ќе се направи после првиот неуспех и испаѓањето на тимот од некое од натпреварувањата, нормално, ако го има..ако не, најверојатно ќе го чекаме крајот на сезоната за тоа, како екстра успех на B&G..

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

инаку Ultra, денес е денот :)

La storia continua!!

Anonymous said...

Mi dispiace :)

La storia infinita

Navigator said...

TOTALHATE HOTSPURS!!!!!!
одиме во четврт-финале!! :)

FORZA CAMPIONI!!!

Navigator said...

тоа погоре беше првичниот излив на емоции :)
сепак, го мислам тоа што го напишав претходно..дефинитивно добивме добар противник, еден од најпосакуваните, заедно со Schalke и Shakhtar..избегнавме многу посилни екипи и треба да бидиме задоволни со тоа..јас сум убеден во прогресот во четврт-финалето!
инаку ждрепката помина во стилот на неколкте минатогодишни..со 2-3 супер силни пресметки и неколку незанимиливи, ама и неизвесни..најтешко од првопласираните ќе им биди на Barca, Real и Bayern, кои ги извлекоа Arsenal, Lyon и Printer..уште одма ќе гледаме реприза на финалето и репризи на минатогодишните осмина-финални натпревари..
настрана од тоа, работата со Cassano се повеќе добива на интензитет, така што после последниот натпревар годинава, најверојатно ќе добиеме и нов играч..
очекувајте нов пост денес, освен ако има некој нешто готово, ќе треба да ме извести!

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Тотенхем е екипа за респект и (годинава) многу повеќе од тоа. Сепак, Тотенхем е најслаб баш онаму каде што ние сме најјаки, во одбраната (или во нападот ако гледаме од страната на Милан).
Бејл најверојатно ќе биде неутрализиран со маркирање на повеќе фудбалери (Гатузо ќе помага на Абате и сл.) а не конкретно чуван од човек. Ако Бејл и Модриќ се запрат се запира и Тотенхем... а потоа Златан, Бињо и Але стапуваат на сцена!
Forza Milan!!