Translate

Tuesday, 7 December 2010

GROUP STAGE - CHECK!!!


Уште една важна задача е сработена, зад нас е групната фаза на ЛШ..тоа што се подразбираше е остварено, пласманот во осмина-финалето е реализиран уште во минатот коло..останува уште еден дуел со Ajax, за нас само за престиж, за гостите нешто побитен..во мечот кој спојува два многу трофејни и реномирани клуба, во мечот кој спојува единаесет титули во најзначајното натпреварување во Европа, ќе се судрат нашите миленици со најдоброто од Амстердам..за гостите кои сеуште не го потврдиле третото место и настапот во UEFA League, на хартија ова е пресуден натпревар..ама ако се знае дека Auxerre утревечер игра со Real во Madrid и дека Ajax има бод предност, јасно е дека во групата веќе се е решено..тоа незначи дека Milan го сфаќа дуелот несериозно, впрочем тоа е омиленото натпреварување на претседателот и секогаш потенцирано како приоритетно..а и не се малку 800.000 евра што се доделуваат за секоја победа :)
И самиот Allegri во изјавите во пресрет на натпреварот, изјавува дека ќе бара од играчите да се оди на победа..отрки неколку од своите одлуки за изгледот на тимот што ќе истрча утревечер на San Siro..дефинитивно Rino, Abbiati и Zambro ќе одмараат, а Ibra ќе биди на клупа..во нападот најверојатно ќе се најдат Robinho и Dinho, но само ако gaucho е целосно опоравен од малата повреда..тоа значи дека Amelia ќе ја добри својата втора утакмица во ЛШ, а во одбраната ќе се врати  Luca..можно е Yepes да биди стартер оти Sandro го нема, Pirlo пак ќе е во стартерите, најверојатно и Flams..има и двајца младинци повикани, Merkel и Verdi..ова е целосната листа:
PORTIERI: Amelia, Roma; DIFENSORI: Abate, Antonini, Bonera, Jankulovski, Papasthatopoulos, Thiago Silva, Yepes; CENTROCAMPISTI: Ambrosini, Boateng, Flamini, Merkel, Pirlo, Seedorf, Strasser; ATTACCANTI: Ibrahimovic, Robinho, Ronaldinho, Verdi.

Битно е да се спомни и дека Ajax доаѓа без прв тренер, по оставката на Jol..jас очекувам убаво затворање на првата фаза, со победа секако..според играчите што ги спрема Massimo за мечот, ми се чини дека ќе се игра самба пред корнер знаменцето, по можност на неколку пати :) со прогнозите за формацијата и резултатот, повелете тука...

FORZA MILAN!!!

10 comments:

Ultra red and black said...

Мх мх мх мх....ех шо сакам комбинирани составчиња за вакви утакмици :D

Амелиа
Бонера,Т.Силва,Јепес,Јанкуловски
Абате,Пирло,Фламини,Боатенг
Робињо,Роналдињо

Со оглед на фактот дека само 1/2ца младинци ќе добијат шанса јас би преферирал тоа да е Верди :)

FORZA MILAN !!!

ReBorned said...

Друже многу чекираш во последно време (на мое задоволство). Дињо ќе стартува и мислам дека тој ќе го реши мечот. Се надевам на некоја минута на Меркел и посебно на Верди (мојот непребол).
Forza Milan!

Navigator said...

Ри, немој да се задоволуваш со чекирањето досега, допрва претстојат "најк знакчињата" :)
мојот состав за утре би изгледал вака:
Amelia
Abate--TS--Yepes--Luca
Flams--Pirlo--Ambro
Seedorf
Binho--Dinho

резултат - 2:0 (Binho,Dinho)
измени - Papa, Merkel, KPB
публика - 22.000 :)

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Amelia, Bonera, Yepes, Thiago Silva, Antonini, Ambrosini, Pirlo, Flamini, Seedorf, Robinho, Ronaldinho.

Vase_AC Milan said...

Мојот состав за вечерва би изгледал вака:

Amelia
Abate,TS(Papa HT),Yepes,Anto
Flamini,Pirlo,BOA
Seedorf(Merkel 80')
Dinho,Binho(Verdi 73')

Ама мерак ќе ми биде вака ако се случи вечер и се разбира 3те бода кај нас.На goal.com гледав еден коментар дека Милан имало големи шанси да изгуби против Ајах и така убаво си се изнасмеав.Значи откај играме дома згора на тоа потценети сме од екипа без тренер и со играчи кои не се ни колку младинците добри (кога ќе ми текне Mido будалата дека игра).Така да мислам дека дефинитивно ќе се игра самба вечерва а може и да се направи некоја имитација од страна на Дињо :D:D

FORZA MILAN SIEMPRE CON TE

Navigator said...

FORMAZIONI UFFICIALI:
MILAN: Amelia; Bonera, Yepes, Thiago Silva, Antonini; Flamini, Pirlo, Ambrosini; Seedorf; Robinho, Ronaldinho.
AJAX: Stekelenburg; Van Der Wiel, Alderweireld, Vertonghen, Emanuelson; Enoh, Eriksen, De Zeeuw; Suarez, De Jong, Sulejmani.

ANDIAMO RAGAZZI!!!

ReBorned said...

Страсер и Меркел на клупата, Вердињо го нема :(

ReBorned said...

Ајде момци. Подобро да се лизнеме вечерва отколку викендов (патем речено нема да има штрајк, се договорија значи ќе има натпревари викендов).
Одиме понатаму.
Forza Milan!!!

Navigator said...

Дефинитивно не очекувавме ваков резултат, ама што е, тука е..видовме дека Milan можи многу повеќе, откако го примивме првиот гол, а уште повеќе после вториот гол..имаше пад на играта на почетокот на второто полувреме, баш кога ги примивме двата гола..одбраната според мене не одигра на ниво, меѓутоа тоа и го очекувава со оглед на изборот на играчите..средниот ред беше најдобриот дел од екипата, додека нападот, се до примениот гол го немаше никаде, со исклучок на две-три шанси при крајот на првиот дел..Amelia е убедливо најмалерозниот наш играч..на двапати е стартер во ЛШ и на двапати тимот губи..ама да не се разбериме погрешно, голманот не е крив за ниту за еден гол..
штета за него, штета за цела екипа..си ја расипаа серијата без пораз, ама затоа тука е Bologna за почеток на нова..не тука, туку на Renato dall'Ara, а таму одиме и ние за продолжување на доминацијата во калчото, за мене приоритетното натпреварување!

FORZA CAMPIONI!!!

The Last Mohican said...

Ајде не е страшно. Донекаде и очекуван резултат ако се земе предвид дека Милан е веќе во наредна фаза, без шанси за прво место во група, а на Ајакс му требаше победа за да се забетонира на трето место и да продолжи во Лига Европа.