Translate

Sunday 5 December 2010

За промена или не

По долго време поминато во пасивен однос кон блогот и кон се сто се случува на неговите страни, решив да направам мала промена и освежување во дизајнот. Бидејќи немав со кого да се консултирам за изгледот и за тоа дали треба промена воопшто, решив да одиграм на прва и да ја направам промената, со тоа што сите оние кои се дел од овој блог, нормално ќе можат да кажат дали им се допаѓа вака и дали да се врати стариот layout или да продолжиме со овој. Однапред се извинувам за изненадувањето што ќе биде предизвикано од оваа промена, ама сепак е со најдобра намера. Чекам коментари и не штедете зборови на критики или пофалби.

7 comments:

Vase_AC Milan said...

Братче супер е променава.Само позитивни коментари за дизајнот и очекуваме пресврт во активноста на блогов :)))

FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA

Navigator said...

добродојде назад Mohican! ми се допаѓа промената, уствари се е подобро од стариот изглед на блогот..е сега, јас имам неколку предлози...
прво, добро ќе биди ако можиш да им дадеш овластување на сите што се активни на блогот за пишување на постови: Васе, Кико, Росонеро и незнам уште кој има друг..
второ, ме интересира дали и ние можиме да поставуваме видеа или само ти како администратор и ако можиме, да ми објасниш како..
трето, ако си во можност, десниот дел би било добро да се освежи и да се отстранат старите работи, како: видеата, „новостите“, janko's shared items, некои од линковите кон блогови што не се активни итн..
од друга страна, предлагам да се постави моментална табела од првенството, последен и нареден натпревар, новости од goal.com, некоја анкета, линк кон некои од следниве блогови од регионот -
http://acm1989.bloger.hr/
http://acmilan-bih.blogspot.com/
http://www.acmilan-serbia.com/
http://acmilan-montenegro.blogspot.com/
...и сето тоа доколку си во можност и знаеш како, оти јас и не се разбирам многу од блогерство..дали тие новини ќе треба да одржуваат или автоматски се обновуваат, дали си ти во можност да ги одржуваш или можи некој од нас, што не сме админи..има доста работа за редизајнирање тука, а баш сега барав по нет и гледам дека нема ниеден активен, велам активен македонски блог на Milan..се' се тоа некои групи на facebook и толку..а и овие регионални блогови не се од типот на овој, оти повеќе изгледаат како информативни сајтови, каде секој ден се пишуваат по неколку постови, а притоа нема коментари..едноставно немаат членство, за разлика од овде..
чекам да видиш што можи да се направи и да не известиш..

росонерски поздрав, FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Мислев дека сум на погрешно место
:))))
Секоја промена беше и е добредојдена да се разбие монотонијата, сега останува се досредат оние детали од десна страна како последните информации за Анчелоти и Шева на пример :))
Мохикан ќе те замолам почесто да навратуваш со цел да се среди блогот, ќе го исконтактирам владе пошо он едно време викаше дека има луѓе што се разбираат во овие работи.

Navigator said...

инаку сега прочепкав, па видов како се поставувале видеа, така да одсега ќе имаме постови со highlights после сејок натпревар..еве си земам одговорност

Navigator said...

Mohican, во разгледувањето на опциите на bloger, на грешка сам се отстранив од списокот на овластени за пишување на постови, така да ќе треба и мене одново да ми дадеш дозвола :)
и те молам поскоро оти имав во план утре да пишувам пост за мечот со Ajax

The Last Mohican said...

Ќе се потрудам се ова да го направам што поскоро... одстранување на неактивни линкови, дотерување на десната страна од блогот и додавањето на линковите што ги предложи Навигатор. Сите што сакаат да пишуваат постови ќе треба да ми ги пратат e-mail адресите, зошто тоа е единствен начин за да ви дадам авторизација за пишување. Мојот mail e: thelastmohican.j@gmail.com. Ако ми ги пратите меиловите до кај три ипол денеска, уште одма ке ве додадам, ако не, тогаш после 12 вечерва, затоа што сум втора смена на работа и немам интернет :)

ReBorned said...

Дечките мора да добијат авторизација за пишување!
Јас се враќам во „натпреварувачки“ ритам после едномесечната апстиненција од интернет поради еден наш познат провајдер. Сепак, расчистив со нив и сега со нови сили во нови победи.
Блогот делува освежен, ме радува фактот што Мохикан во последните неколку дена напиша повеќе коментари отколку во една година наназад. Одиме напред.
Ciao Ragazzi!