Translate

Saturday, 18 December 2010

Ладно време но топли срца!

Одиме во финалето од 2010 година. Крајот на годината ја пречекуваме од одлични позиции, број 1 во Калчото и пласман во следната рунда во ЛШ.
Иако и годинава имаме проблеми со повредени фудбалери (додуша многу помалку од комшиите) сепак се покажа зрелоста на екипата и (по подолго време) долгата клупа. На ова мора да се потенцира и успехот на Макс Алегри кој успеа да ги ревитализира некои фудбалери од старата гарда за кои никој не веруваше дека можат повторно да бидат препородени. Значи како резиме засега на тимот се’ му оди како по конец. Згора на се’ Галијани во најновата изјава ни „сее“ бодлики со тоа што вели дека е можно во Јануари Милан да се засили на ПОВЕЌЕ ролји во тимот а не само во офанзива?!
Се надеваме дека 2010 година ќе ја заокружиме со најмалку 6 бода предност пред вториот во Калчото. За тоа да се оствари ни треба уште една победа во последниот натпревар за оваа година.
А таму се соочуваме на Свети Сиро против Рома. Тим со кој сезони наназад имаме најдобри односи во споредба со сите останати големи екипи во Италија а и незнам зошто ама мене лично Росела Сенси ми е фаца. Тим кој индиректно ни помогна да имаме фантастичен фото финиш во летниот преоден рок со тоа што го ангажираше Бориело, сите знаеме што се случи после тоа нели?
Токму Бориело ќе биде во центарот на вниманието на Сан Сиро, барем во екипата на гостите.
Кај нас се чини исто како во последните неколку натпревари, Макс има само една дилема, Боа или Сидорф. Се’ останато е веќе познато. Сепак како и многу натпревари наназад, воопшто не се сомневам дека која и да биде одлуката на Алегри, таа ќе биде вистинската.
Епа дечки одиме на нова победа... а што друго?

П.С Сите сакаат да ги гледаат Марадона и Златан





И за крај на овој колаж:

15 comments:

ReBorned said...

Во самиот финиш од видеото типот му вели: Овојпат однесувај се добро, одиш во Милан!
На што Касано одговара: Ќе бидам добар, ветувам! :)))))

The Last Mohican said...

Јас малце го скратив видеото во димензии за да не излегува од рамката на текстот :)

Иначе, ма колку и да е генијален како фудбалер Касано, неговото однесување било проблем во сите клубови каде што настапувал до сега, а искрено не верувам дека ќе се промени во Милан. Мислам дека е непотебно неговото ангажирање, зошто Милан има одличен напад и без него.

ReBorned said...

А за сликата со Златан?
7 души има околу него, ете зошто тешко се игра во Италија фудбал, ете зошто тешко се постигнуваат голови.

Ultra red and black said...

Закон е ова со Златан :))
И јас го мислам истото Дињо си е Дињо и си го сакам повеке па што сака нека биде,дека ќе бидеме посилни без Касано тешко, ма зависи уствари ако више е одлучено да се зима он јас би рекол лоан до крајот на сезоната за да видиме како ќе се покаже.

FORZA MILAN !!!

Navigator said...

баш така Mohican! јас го кажав моето мислење за Cassano, иако тоа не значи дека нема да му посакам добредојде кога договорот ќе се официјализара..
јас лично, не се палам многу на новите изјави на ќелавкото, но сепак убаво е да се прочита таква работа..
за вечер, нема многу што да се кажи..за да се заврши оваа полусезона во стилот во кој се одвиваше, ќе треба да се вложи екстра напор..Roma е доста непријатна екипа, цврста, без многу ѕвезди, но со исклучително воигран тим..единствено Vucinic (повреда) и Cassetti (настинка) нема да бидат во составот на гостите, што е доста добра вест, иако стара, со оглед на нашата бавна одбрана..сепак, тука е Menez, кој најверојатно ќе биди најголемата опасност, заедно со нашиот Borriello..и назад се доста јаки со тројца силни стопери, што му дава комотен избор на Ranieri..нашата шанса ќе биди да ја искористиме слабоста на нивната десна бековска позиција и евентуалното неиграње на штотуку опоравениот Julio Sergio..
Milan е фаворит вечерва, што поради домашниот терен, што поради лидерската позиција..ако се оствари 12тата победа, тоа ќе биди крај на полусезоната од соништата и што со години ја чекавме..

Navigator said...

повиканите:
Abbiati, Amelia, Abate, Antonini, Bonera, Montelongo, Nesta, Oddo, Yepes, Ambrosini, Boateng, Gattuso, Merkel, Pirlo, Seedorf, Strasser, Ibrahimovic, Robinho, Ronaldinho.
Giocatori indisponibili: Papastathopoulos, Thiago Silva, Onyewu, Zambrotta, Flamini, Inzaghi, Pato.

мојот тим:
Abbiati
Abate--Bonera--Nesta--Luca
Rino(Strasser)--Pirlo--Ambro
Il principe
Binho--Ibra

вашите?

FORZA MILAN!!!

Ultra red and black said...

Со оглед на изборот кој го имаме и јас би почнал со тој тим,се зависи дали Гатузо ќе биде спремен а јас мислам дека ќе биде.
Добро е што повторно ќе имаме 2ца примаверовци на клупа.
Отсуството на Вучинич е одлична вест но неиграњето на Тиаго ги изедначува работите.
Сепак,Тоти,Менез и Марко Ван Бориело не се воопшто за потценување.
Мечевите со Рома секогаш биле интересни за гледање, а мене лично римјаните ми се после Милан омилен тим за гледање во Италија,пред се ради нивната игра.
Да одиме на зимување со стил

FORZA MILAN !!!

Navigator said...

LE FORMAZIONI UFFICIALI:

MILAN: Abbiati; Abate, Nesta, Bonera, Antonini; Gattuso, Ambrosini, Pirlo; Boateng; Ibrahimovic, Robinho.
ROMA: Doni; Burdisso, Mexes, Juan, Riise; Brighi, De Rossi, Simplicio; Menez; Borriello, Adriano.

ANDIAMO RAGAZZI!!!

ReBorned said...

Ајде момци одиме на победа!
Тоти на клупа а?

Navigator said...

Totti на клупа, Adriano на терен :)

ReBorned said...

И двајцата, Бориело и Адриано се тешкаши, значи Раниери оди напред со сила. Тука треба посебно да внимава Бонера да не изгуби дуел на физикус со некој од гостинските напаѓачи.

Navigator said...

тоа сакав да кажам, во нападот се тешки и бавни, што е добро за нашите дефанзивци..далеку подобро е вака, отколку противникот да има мали и брзи напаѓачи, особено крилни..ама за Milan ништо не е проблем, така да одиме на распуст со +9! :)

ReBorned said...

Паднавме по повредата на Пирло

Navigator said...

не е само тоа..тој што влезе на местото на Pirlo, беше невиден flop..јас не се сеќавам на толку очајна игра на Seedorf..а и Allegri има свој удел во поразот..кога беше очигледно дека екипата ништо не игра, околу 60та минута, не ја направи измената со Dinho..првата измена ја прави во 86та минута! имам кажано и порано дека тоа му е маана, што се потврдува во секој меч каде нема да постигнеме гол во прво полувреме..не дека тогаш ги прави измените рано, само што не се забележува или поминува неискоментирано..и Ibra си имаше два зицера..и така...
се на се, не заслуживме да изгубиме, ама ни да победиме..само ми е криво што дечкото со идиотски изглед ни даде (ако можи да се речи ни даде) гол и се израдува како некој да го малтреритал во Milan со години..
многу, многу фрустрирачки за крај!

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Целосно си во право. Сидорф имаше повеќе погрешни додавања отколку прецизни. Кога на тоа ќе се додадат и недефинираните обиди за шут...