Translate

Friday, 3 December 2010

15ma GIORNATA!!!


Поминаа цели четиринаесет кола од првенството во најдобрата сезона на нашиот клуб изминатаите 6-7 години..петнаесетиот checkpoint го проаѓаме први, оставајќи ги најголемите конкуренти (Juve, Splinter, Roma) релативно далеку, на 6, 7 и 8 поени..на почетокот, малкумина беа тие што вака го замислуваа изгледот на табелата..сепак, ние уживаме во добрата игра и во победите и факт е дека не сме се осеќале вака моќно во изминатиот период..мене ми мириса на скудето и тоа го кажувам насекаде од пред неколку недели, без размислување кој како ќе ме разбери..доминацијата што момците ја воспоставуваат на најголем број на натпреварите и неконзистентноста на главните ривали, ми го даваат тоа право..јас сум свесен дека има многу до Мај и дека навидум мали работи можат да ја променат ситуацијата, меѓутоа ако главните две работи, менталната спрема и атмосферата, останат на вакво ниво, успехот ќе биди неминовен..видовме дека ростерот на екипата е доволно широк и длабок, за повредите на клучни играчи да неможат да не извадат од колосек..верувајте и запазете дека, се додека Galliani е секојдневно во весниците, без разлика какви се тоа изјави и колку држат место, атмосферата во клубот е одлична и тоа е знак дека на Milan му оди..запазете го тоа...
За два дена, во Сабота вечер на гости ни доаѓа промовираната Brescia..дефинитивно не е екипа од која треба да се стравува..со само двајца надпросечни играчи, треба да послужи како поправач на гол-разлика..и знам дека сега некој одма ќе се присети на нивното реми со гнасите на истиот стадион, ама јас би ве прашал: сензација ли е Brescia да одигра нерешено со Printer? нормално дека не, скоро се на исто ниво..одново добриот Caracciolo, кој ги повторува солидните игри од Palermo од пред 4-5 години и новопечениот репрезентативец, со ужасно деби - Sandro Diamanti не смее да бидат доволно опасни за Milan да има проблеми..повредени има, суспендирани не, така да познати се кандидатите за стартни 11..списокот со повиканите сеуште не е објавен, ама можиме да претпоставиме кој се ќе биди таму..утакмицата ја суди за нас познатиот и одличен судија Gervasoni..
неделава која остана неискоментирана на блогов донесе доста интересни работи, што директно и индиректно го засегаат клубот..можда најбитна за нас беше веста за Патката, која вели дека ако се оди по планот, после Нова Година, пак ќе биди на располагање на Allegri..од друга страна, за празниците можно е да добиеме уште едно офанзивно засилување..најсериозни кандидати се "нашиот" Matri и уште "понашиот" Balotelli..натаму, бомбастично беше и најавувањето на штрајкот на играчите, закажан за наредното коло, поради несогласувањето помеѓу челниците на лигата и асоцијацијата на играчите при обновувањето на колктивниот договор, така што најверојатно и ние ќе останиме ускратени од calcio задоволството за една недела..друга битна информација за екипата беше добивањето на противникот во Coppa Italia, а тоа е екипата на Bari..мора да се напомени дека ждрепката е исклучително добра, па се до финалето неможи да се сретниме со Roma, Juve, Printer, Lazio, Genoa, Napoli... најсериозни протвници во нашата поливина ќе бидат Samp и Fio..абе милина... :)
во вака лоша недела за италијанскиот фудбал, надополнета со испаѓањето на Juve, Palermo и Sampdoria до UEFA League, а најверојатно и на Napoli, повеќе од симболична ќе биди една голема победа во Сабота..ќе биди тоа уште едно докажување на големината, на зрелоста и на сериозноста пак да се застани на тронот и да се донесат работите на свое место..одвај го чекам натпреварот, знам и вие, оти сакам да гледам убав фудбал, шампионска екипа и конечно среќни лица на San Siro..

RITORNIAMO LA GLORIA!!! FORZA CAMPIONI!!!

14 comments:

Anonymous said...

Многу добро би било Матри да дојде.Евентуално Санта Круз кој исто така се поврзува со нас.Дефинитивно се работи на нешто затоа што постојано Галиани е во весниците и на интернет и постојано несака ни да негира ни да потврди доаѓање на нов играч зимово.Јас би бил задоволен и Берета од младинците да биде во прв состав, мотив ми даваат неговите солидни игри против Лион и пред се Арсенал летоска.Мора да се напомене дека немаме право да го пропуштиме Давид Луиз од Бенфика.И самиот Алегри на прес кажа дека еден од "нашите деца" ќе биде замена за Пипо па сега видете на кој мисли: Матри,Палоши,Берета,Ганц .........


FORZA MILAN VINCEREMO IL TRICOLORE

Anonymous said...

Verdi......
Да бев јас Галијани ќе барав некој постар искусен играч кој може да се земе ефтино или уште подобро на позајмица.Искрено сега да ни го дадат Креспо ќе бидам најсреќен на свет!но тој сака преостанатите денови да ги помине во игра а не на клупа : )
Едно е сигурно кој и напаѓач да дојде треба да биде достапен да игра во европа-нешто што Галијани го спомена и што всушност го стеснува кругот на засилувања(така да балотели во јануари не,на лето можеби :)
А постов е мераци, баш онака да ти стави насмевка на лицето имаме одличен распоред како во Серија а така и во купот мене ми мириса на двојна круна,затоа што е срамота да не бидеме во финале барем со екипи кога екипи како виола и самп кој се на средина на табела ни се најсериоизни противници.
Јас искрено едвај го чекам мечот со Бари уф какво составче имам во глава за тој меч :)

FORZA MILAN !!!

Navigator said...

фала ти Ultra за комплиментот за постот и секако, твој е тој за со Bari :)
инаку, нема да се сложам со вас ни за Crespo, ни за Santa Cruz..па нели е редно да престанеме со купување на старци и да го следиме новиот тренд кој почна летово..да продолжиме да ја подмаладуваме екипата, искуство има доволно..за мене сепак Matri и Balo се најсериозни кандидати, а Paloschi би бил идеално засилување, ама тој трансфер во Јануари е само научна фантастика..и нормално, веќе од поодамна имаме зборувано за David Luiz и каква прилика е тоа..
кога сме кај младинците, пак сум разочаран од Massimo..за утре, за таква утакмица, од нив повикан е само Merkel!?
почнав да мислам дека тоа уствари не зависи во целост од тренерот..видете го само примерот на Ancelotti..додека беше тука, беше истата приказна како и сега, а откако се пресели во Chelsea, нема куп-уткамица или некоја помалку важна да нема 2-3 млади таленти во составот..дали е тоа некаков притисок од управата или лоша политика на клубот, незнам...
ова се повиканите 20:
Abbiati, Amelia, Abate, Antonini, Bonera, Nesta, Papastathopoulos, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes, Ambrosini, Boateng, Flamini, Gattuso, Merkel (52), Pirlo, Seedorf, Ibrahimovic, Robinho, Ronaldinho.

Giocatori indisponibili: Inzaghi, Pato.
Non convocati: Jankulovski, Montelongo, Oddo, Onyewu, Strasser, Oduamadi.

Одиме на еден-во-еден победа, ај да не речам на 4+ победа :)

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

и само за да биди појасна ждрепката за натпреварите во купот:
Napoli
Bologna

Inter
Genoa

Roma
Lazio

Juventus
Catania
___________________________________
Palermo
Chievo

Parma
Fiorentina

Milan
Bari

Sampdoria
Udinese

Anonymous said...

Абе иван да ама колку може да придонесе веднаш до тимот еден од младинците со она што би ни го донел креспо на пример е неспоредливо.
Не дека не сакам Палоши да биде вратен, пошо ако се иде според планот на лето си оди Дињо доаѓа Балотели тогаш нападот ќе ни биде најмлад и најдобар во Серија А :)
Би сакал да чујам што има владе да каже околу ова....ама он е зафатен со нешто друго деновиве :)

Anonymous said...

Иначеее се молам само Удинезе да не помине и да не ни се падне,лошо поминавме со нив минатата година...

Navigator said...

зошто да неможи Matri на пример да придонеси повеќе од Crespo? па Matri игра во првата постава на Cagliari година и пол..поточно, цела ланска сезона бил стартер, на сите 38 утакмици!
има 26 години, не е неискусен, играл за нас, играл и за Allegri..а дали Crespo на овие години ќе можи да изигра цел натпревар во висок ритам? пази, зборуваме за ритамот на игра на Milan, а не на Parma..замисли Ibra да мора да паузира ради било која причина, па да треба Crespo да одигра цел натпревар против Roma да речиме, каде треба да решаваш утакмица, ама и да помагаш на екипата од нападите на противникот..
а и за Udinese нема да се сложам со тебе :) сепак мислам дека Samp, со или без Cassano, е поквалитетна и поопасна од нив..
ама за едно сигурно ќе се сложиме сите... големо браво за Lazio денес и честитки за Splinter, посебно за Rafa :D

FORZA CAMPIONI!!!

Anonymous said...

Е сеа прашањето што ми го постави постави го пак со пипо наместо креспо :))
Но треба да размислиме...
ако нападот наредната сезона ни изгледа вака:

Ибрахимович
Пато
Робињо
Балотели

тогаш незнам колку ќе сака 26 годишниот он фајр Матри да биде 5ти напаѓач :)


А како мерачки си се смешкам после вечерашнава утакмица..... мх мх мх мх

Navigator said...

ако го ставам Pippo на местото на Crespo, ќе треба и Roma да ја сменам со Real, па да ти одговорам дека ЌЕ ЈА РЕШИ :)
а околу Matri јас зборував за трансфер на полусезона..се знае дека нема смисла при ваков напад да се купува прво Balo, па да се договара Matri..зборуваме за барање на решение што ни се наметна со двете повреди..да ги немавме тие проблеми, сега јас и ти ќе расправавме за David Luiz и кај да го славиме Скудетото :)

INTER MERDA, FORZA MILAN!!!

Navigator said...

Dinho и Pirlo на клупа или на терен?? сакам да слушнам мислење на сите...

Anonymous said...

Ама иван, пак останува истото колку ќе сака Матри да биде 5ти напаѓач во тимот без разлика дали ќе дојде Балотели(кој се степал со брат му на принсе на тренинг)или не.

Anonymous said...

Е сега...ако некој ме прашува мене вечер Милан би почнал со:

Абиати
Абате,Неста,Т.Силва,Антонини
Фламини,Боатенг,Амброзини
Сидорф,Роналдињо
Ибрахимович

-Пирло,Гатузо и Робињо не треба да се ризикуваат за вакви натпревари.
-Дињо треба да почне конечно да почне натпревар.
-Ако се оди според план и водиме 3-0 до 60та минута веднаш да излезе Ибра и да добие заслужен одмор,Робињо на негово место.
-70та мин. Сидорф <-> Меркел

И Милан - Бреша 4:0

Ибра
Ибра
Роналдињо
Меркел

Милан 33 бода чао

Navigator said...

јас сум за овие 11:

Abbiati
Abate--Nesta--TS--Zambro
Rino--Pirlo--Ambro
Seedorf--Dinho
Ibra

со напомена дека Seedorf не би играл како крило, туку нешто поназад од Dinho..а за резултатот, ништо чудно и петарда да падни :) јас би одел и со 5:0!

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Сите коцки ни се поклопуваат.Само вака да продолжиме.Матри и Давид Луиз зимово а налето може сите да ги бркаат за да дое Балотели.Дињо ако не сака да седи слободен е, Пипо ако неможе да се созееме (чисто сумјам).....Матри ако дое на позајмица само уште поубаво.Ама пак се накако изгледа како научна фантастика па затоа би преминал на мечот со Ајакс - аууууууууу каков состав имам смислено :D:D

FORZA MILAN INTER MERDALARI