Translate

Wednesday, 29 December 2010

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЧЛЕНСТВОТО!


Го барав mohican деновиве за прво со него, како админ да се консултирам, а сега откако прифати да ве извстам и вас..пред некој ден го отворив фејсбук профилот на фан клубот на милан македонија..таму видов дека спремаат отварање на блог и стоеше линк на профилот..контакирав со еден од одржувачите и му понудив соработка во име на блогов..ги прашав дали се заинтересирани, наместо да отвараат нов блог, да го користиме овој, да го одржуваме заедно и со тоа да ја зголемиме активноста и популарноста..битна работа ми беше тоа што дечките се сериозни и не се деца од по 12-13 години оти знаете што повлекува тоа, какво ниво на муабет..нашиот админ прифати, момците од фан-клубот (кој btw од пред некое време одржуваат и сајт acmilan-mk.com) прифатија, деновиве ќе добијат авторизација, линкот на блогот е закачен на профилот на ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН на фејсбук..го направив ова најпрво за зголемување на активноста, за ново членство, ама и за да нема повеќе активни блогови со истата тематика..вака, имате и сајт, имате и блог..сајтот си го одржуваат дечките и објавуваат по десетина статии на ден, ама на блогов ќе постираме сите, нормално со коориднација претходна, само што динамиката на објавување ќе се разликува, затоа што ова е место за дикусија, коментари..за да не доаѓа до бркање со постовите, се договорив во никој случај да нема повеќе од еден пост дневно, за да можи секој да си искоментира за тековните новости..
се надевам дека ќе ја прифатите новоста, пак ќе речам во интерес на развивање на блогот..можда требаше да ве консултирам и вас, ама со дечките се договорив одма и само што почекав на Mohican да даде зелено светло..некаде од нова година, планирано е да почни соработката поинтензивно..ако имате некои прашања, слободно прашате и искоментирајте нешто да знам како го оценувате ова..

FORZA MILAN!!!

16 comments:

CurvaSud_Milan said...

Odlicno sto si potegnal inicijativa i si im ja ponudil taa moznost. Jas uste koga se formirase fan klubot pred otprilika 7-8 meseci mu ponudiv sorabotka na glavniot administrator so nasiot blog. Togas on se zablagodari na ponudata, no rece deka ima idea da napravi web strana i deka ne mu odgovara ideata so blogot. Zatoa sto i ne izleze nisto i nemase fakticki sto da ve informiram, ne napisav nisto tuka.

Sega e odlicno sto koga izleze ideata da se formira blog si reagiral na vreme i si go ponudil nasiot blog. Toa e odlicna moznost za sirenje na blogot i vo odnos na sodrzini vo odnos na clenovi.

CurvaSud_Milan said...

...iako malce ke ja izgubime 'intimnosta' na nasa potesna debata okolu nasiot milan, sepak se vo interes na sirenje i ekspanzija na blogot. :)

The Last Mohican said...

Не сме се разбрале. Јас никогаш не сум имал идеја да правам веб страна. Секогаш сум бил за тоа да си го терам блогот онолку колку што ми дозволува времето. Веб страна е посериозна работа која бара време, посветување, дизајн, редовно постирање текстови и така натака. А јас на блогот се уклучувам 2-3 пати во неделата, а постови пишувам едвај еднаш месечно :) да не сте вие да го збогатувате со содржини и дискусии, досега овој блог ќе скапеше во архивите на некој од серверите на blogger.com :))
Јас секако се радувам на секоја нова соработка и сите добронамерни и не толку добронамерни фанови на Милан се добредојдени на страните на овој блог.

CurvaSud_Milan said...

Ne be druze pogresno se razbirame. Jas mu ponudiv na glavniot administrator sto e na fan klubot na Milan Makedonija na facebook da sorabotuvame, t.e. zaednicki da go redizajnirame i zaednicki da pocneme da go ureduvame so sodrzini ovoj blog. On togas odbi i rece deka saka da pravi web strana kako sto i bidna. No sega gledam deka pokraj web stranata sakaat i blog da ima i Ivan na vreme im go ponudil nasiot blog, ostanatoto e istorija. :)))

The Last Mohican said...

аааа, така може веќе... ја па си викам, кога јас сум зборел дека сакам веб страна да правам :))))

Navigator said...

добро е, се разбравте :)
другите??
неофицијално се договорив оние трансфер новости или занимливости, дневни апдејти на вестите склопени во еден пост углавно, значи велам усглавно да ги постираат новите дечки..значи ништо не е поделено во однос на активностите, се ќе се договара, ќе се координираме за постирањето..
и дајте ми мислење за враќање на навиката за пост-меч оценување на нашите играчи..јас искрено незнам колку ќе можам да го правам тоа, а и во принцип повеќе сакам пре-меч постови, ама ако постои заинтересираност, би сакал да ја обновиме таа практика..

FORZA MILAN!!!

The Last Mohican said...

Конечно успеав да најдам и една табела која веке ја ставив на блог, каде што Милан е болдиран и да се надеваме дека до крај на сезона ќе остане таму каде што е моментално - на врвот на табелата :)

Navigator said...

одлично! во наредна прилика додај ги линковите кон acmilan-mk.com и facebook групата на ФАН КЛУБ НА АЦ МИЛАН..моја желба е и додавање на последен и следен натпревар, ама ако имаш можност и знаење :)

ReBorned said...

Јас морам да кажам дека на почетокот на отворањето на тој фејсбук профил имав еден куршслус со дел од администраторите и тоа пред се’ поради тоа што на неколку пати ми го бришеа линкот од овој блог во мои добронамерни коментари на нивниот профил. Еднаш дури и му дадов screen shot на коментарот за да покажам што бришат. Сепак после некое време се смири топката и сега сум на некој Stand by, пратам но не коментирам. Инаку тогаш кога бев бришен моите коментари беа во иста насока во која сега оделе размислувањата на Иван. Јас сметав дека со „нашиот“ блог и „нивниот“ профил во корелација, можеме сите заедно да добиеме повеќе, повеќе на размислувања, повеќе на коментари, повеќе на дружење.
Тогаш не бев сфатен, се радувам што сега е поинаку.
Од мене имаш едно ДА :)
P.S Сметам дека не треба да се избрзува со авторизации на сите страни, првично треба да добијат авторизации лицата со кои е остварен контактот а потоа преку коментарите на постовите ќе се издвојат сами оние кои би требало да пишуваат постови во иднина.

ReBorned said...

И уште нешто.
Малце ни го кикснале линкот на facebook профилот :)

Navigator said...

не е згрешен, туку тесен е просторот и не го собира целиот линк..ми укажа на тоа сношти дечкото што го поставуваше..инаку Ри, и јас порано имав недоразбирња со некои од одржувачите на профилот, ама сега налетав на далеку посериозни луѓе, од кои со еден сум во постојан контакт..дечкото се вика Панче, од Прилеп е, има 32 години, што пак ќе повторам оти значи дека си имаме работа или подобро речено соработка со поозбилни фанови..
во врска со авторизациите, мејлот на Mohican е пратен кај Панче, а тој ми рече дека засега ќе побара авторизација за двајца членови, за него и за оној што почнал да го прави тој нивен нов блог..инаку Панче ме извести дека сепак повеќе ќе биди ангажиран околу сајтот и поретко ќе постира тука..засега останува договорот за интензивирање на соработката после Нова Година..
не очекувам никакви проблеми или несериозност од причина што откако разговаравме првпат и почетно се договоривме, креирањето на тој блог одма престана..инаку за два дена направија доста околу неговата афирмација..каква беше нивната замисла можите да проверите на линков - acmilanmk.blog.com

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Епа Панче и компанија... Добредојдовте :)

kiko_pato said...

ахам... иначе ако се сеќавате јас ви го предложив овоа пред неколку месеци ама вие го одбивте, ама како што кажавте тогаш изгледа неозбилни луѓе раководеле со тоа а сега се далеку по сериозни... прифаќам секако и ја и се надевам дека се ќе биде организирано и конечно ќе живне малце блгов, па може понатаму да правиме муабет и за станување на официјални тоа што го имаме планирано уште многу од дамна да му дојде време да се оствари :) поздрав момци



FORZA MILAN!

Anonymous said...

Одлично е ова за блогот.Да се зголеми активноста да се вклучат нови членови да има повеќе дискусија и теми за разговор.Не дека не ни беше добро и вака но секогаш треба да се оди напред и секако за доброто на Милан.СУпер иницијатива ќе го прославиме блогов :))))
Воедно сакам да ви ја честитам новата година вас сегашните членови на блогов исто така и на цела росоњерска јавност и да ви посакам повеќе среќа здравје и успеси во новата и секако Милан да остане на врвот до крајот и да се радуваме конечно на титула.

FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA

ReBorned said...

Ц ц ц никој нема... сите се на токсикологија...

CurvaSud_Milan said...

Е ај добро утро :) Нека ви е среќна новата година на секое поле и секако да се радуваме барем на скудетото како за почеток, за повеќе ќе се договориме. :))