Translate

Wednesday 24 November 2010

Top of our game

Таму сме сега, но и таму треба да останеме.
Ибра ефектот масивно се осеќа, 11 гола во 17 натпревари...уфф не се сеќавам кога некој имал таков ефект во последниве години(освен пипо кога цути напролет се разбира).
Но Ибра е повеќе од голови, тој е борба за позиција, јадење ќотек од метро и девеесет волови и сеуште стоење на нозе....едноставно Ибра е се она што ни фалеше во нападот и токму затоа во секоја формација и со секој партнер во нападот се усогласува.
Никогаш до сега не ми било толку мило што згрешив за еден играч,а и за Робињо ќе да згрешив.Полека но сигурно почнува да ја учи играта на Милан и серија а воопшто.
Но она што ми е најдраго што го глеам тоа е независноста на Милан,престанавме да зависиме од акциите започнати од Пирло, од пробивите и центаршутевите на Дињо по левата страна, од головите на Пато...тоа покажува зрелост, зрелост која многу ни фалеше.
Следат гостувања кај Сампдорија и Болоња,а ќе ги пречекаме Бреша и Рома,натпреварот со Ајакс не го споменувам бидејќи е тотално неважен, и јас да бев Масимилиано ќе направев една комбинација од резерви и играчи од младинскиот погон - нешто што ќе го направи натпреварот многу поинтересен.Од овие 4 натпревари јас ќе бидам задоволен и со 10 од можни 12 бода со кои мислам дека ќе останеме на врвот и по зимската пауза која ќе треба да ја искористиме паметно ако сакаме да ја зачуваме пол позицијата.



FORZA MILAN !!!


а да.... и овие Киево многу јаки бе !!

Monday 22 November 2010

CAPOLISTA!!!


Тоа е еден од моите омилени зборови во италијанскиот, особено кога е искористен во правилен контекст..тоа е баш оваа ситуација, кога capolista е оној кој заслужува да биде или едноставно нашиот Milan..и чудно е што при ваков развој на настаните, кога ние треба да бидиме презадоволни од игрите и резултатите на клубот кој го обожаваме, блогот е понеактивен од кога било..за ваква битна утакмица како онаа вчерашната немаше ни еден единствен коментар, а камо ли пост..во коло кога нашите ја зголемија разликата пред другите и кога најголемиот душман доживеа срамен пораз, блогов е најтивок и личи како да е наменет на Splinter..
се надевам дека повеќето од вас ја гледаа утакмицата во саботата..тие што ја гледаа, видоа еден јак Milan, компактен, одлично тактички поставен..побрз од тоа што сме навикнале да го гледаме, пред се, благодарение на разиграниот Robinho, кој е желен за докажување, ама и на Flams поради тоа што не ја задржува топката во средината, туку одма ја проследува до напаѓачите..јас сум за враќање на Pirlo во стартната постава, ама кога тој и Seedorf играат заедно од почеток играта е многу многу побавна..за Ibra секоја чест за мајсторијата при голот вреден три бода..меѓутоа дефинитивно се осеќа дека е преморен, а за жал нема кој да го смени..до кога ќе издржи вака, ке видиме..и уште огромно браво за Кичо, имаше неколку одлични одбрани за враќање во формата што ја имаше на почетокот на сезоната..
треба да бидиме презадоволни од расплетот на сезоната досега..во супер позиција сме по една третина од првенството, на шест бода од најблискиот сериозен ривал Juve, а гнасите се во огромна криза и заостануваат девет бода..следува незгодното гостување во Genoa, кај Sampdoria, а со евентуална победа во сабота, ќе можиме да здивниме и со полесен распоред да ја дочекаме новата година на врвот..пред тоа уште во Вторник, уште едно гостување кај Auxerre, за потврда на прогресот во втората фаза..
очекувам поголемо ангажирање на сите на блогот, најпрво за мечот во ЛШ, оти момците редовно не радуваат и заслужува овој официјален блог да биди многу поактивен..

FORZA CAMPIONI!!!

Sunday 14 November 2010

UNA VITTORIA GRANDISSIMA!!!


Има ли подобро чувство од ова???
Splinter е на колена, шампионот е на поразен..се наѕира новиот, комшијата, поголемиот, нашиот MILAN! Милано е повторно црвено-црн! Каква утакмица...
нерамноправна секако, меѓутоа грешката не ја бараме во друг..грешката е во незрелоста, во неискуството, а тоа доведе да го добиеме заслуженото на потешкиот начин..очигледно, можиме и така..не беше убаво, ниту опуштено, ама свирчето на Tagliavento ме направи најсреќниот на светот..и тоа на двапати, и во петтата и во деведесет и петтата..имаше сила и желба, ама имаше и памет, уствари многу памет..најмногу, секако на клупата, кај Allegri и Tassotti за без грешка да ја завршат нивната работа..а играчите... ХЕРОИТЕ НА МИЛАНО, во нивната најдобра партија години наназад, некои од нив дури непрепознатливо добри и препородени..ма прави шампиони..
е сега дури неможи никој да не запри..Prince решил во интерес на клубот, да го отстапи својот прекар на целата екипа..сега целиот Milan е TRAIN WITHOUT BRAKES!!

BRAVO CAMPIONI, FORZA MILAN!!!

Saturday 13 November 2010

DERBY DELLA MADONNINA - primo parte!!!


Го викаат дерби на Милано, јас го викам битка за Милано..има ли за некој од нас побитен натпревар од овој? има ли за некој printerista пострашен натпревар од овој? се сомневам...
Цела година го чекаме денот кога еден мизерен тим, полн со гниди, ќе проба да му се спротистави на великанот..оној што им служи како пример, како вечна инспирација..се трудат да го достигнат успехот, реномето, незнаат што е слава, ниту што е престиж..успеаа да блеснат еднаш, за сега да ги снема, а ќе ги нема уште долго..се додека не се случи пак некое „местење“, па да им поклонат титула(и)..затоа се најомразените низ Италија, поим за анти-фудбал, а пред да им стигне пакетот титули беа најисмејуваниот тим..сега имаат поинаков статус дефинитивно, оти сега претставуваат феномен..сите се трудат, ама никој да објасни како Splinter станал европски шампион..ама тоа ти е, чуда се случуваат...
Утре, по 175ти пат во Serie A, на ист терен ќе истрчаат градските ривали..секогаш интересно да се види кој ќе владее со градот неколку месеци, мада се знае кој е вечниот владетел..немојте да очекувате убава атмосфера, со оглед на домаќинот..ниту пак чист стадион после утакмицата :)
Специфика на првиот дел од овогодинешното дерби ќе бидат големиот број повреди на двете страни..за среќа, поголемиот дел на противничката страна..ќе фалат битни играчи, а нив ќе им фали и добар тренер..ми се чини Milan ќе мора да ги искористи конфузноста и стравот кај Benitez и на тактички план да го добие мечот..Allegri има капацитет за тоа, па ќе остане на играчите да го вратат она што самите го губат последните три натпревари..ние подолго време ќе ги немаме Pato и Pippo, а за утре нема да биде достапен ни Odu, така што остануваме со двајца напаѓачи..пирова беше победата над Palermo, не остави со проретчен напад..во вакви услови, не очекувам формација 4-3-3, па да не остане ниту еден напаѓач на клупа..најверојатно Dinho ќе биди тој џокер од клупа..уште поверојатно ќе добиеме една веќе позната за нас формација – дијамантот на Carlo, со тоа што Pirlo и Rino би си ги задржале тогашните позиции, Ambro би играл малку полево, а Seedorf понапред на trequartista (само за Васе )..малерот не прати, па сега кога ја комплетиравме одбраната, се растури нападот..
Без оглед, утре Milan игра против најомразениот противник и мотивот несомнено е огромен..кој и да е на терен, сигурно ќе го даде максимумот..одамна не сме почустувале ваква реална шампионска прилика, па редно е да ја искористиме..со победа и +6 од гнасите, тешко дека некој ќе можи ментално да не скрши..ах, колку добро изгледа победа над Printer… нема што, убаво е да се види градот обоен во црвено и црно и тоа цел!

ANDIAMO RAGAZZI!!! MILANO SIAMO NOI, SOLO NOI!!!

Wednesday 10 November 2010

AC MILAN vs. U.S. Citta di PALERMO


Продолжуваме понатаму со уште еден тежок натпревар, со уште една незгодна екипа..овојпат доста посилна од последниот противник..сега веќе, Palermo е состав со доста солидни поединци, што можат да им ги пореметат плановите на големите екипи..бидејќи Milan се вбројува меѓу нив, пред екипата на Allegri стои пречка која по секоја цена треба да биди прескокната..и поради задржување на добриот учинокот сезонава, а уште повеќе заради кревање на моралот во пресрет на Дербито..можда ќе ви изгледа како излитен муабет, ама јас навистина денес ич не се секирам за мечот в Недела..далеку побитно сега е како да се разбие Palermo вечерва на San Siro..по тоа што го изјавуваше Massimo вчера, ми изгледа како да го има рецептот за нови три бода..ме радува што не се откажува од своите принципи и начини на водење на екипата, без оглед на проблемите во ростерот..човекот ми делува стално ведар и мислам дека тој е најголемата причина за атмосферата која моментално владее..оптимизам има и кај навивачите, барем оние што кои јас контактирам (но не и на блогов) во смисла дека годинава, со пренасочување на фокусот од ЛШ кон првенството, конечно можиме да се радуваме на Скудетото..за разлика од ЛШ каде има пар страшни екипи, јас сум убеден дека во Италија сме најдобри и заслужуваме трофеј!
во однос на проблемите и составот за вечер, засега единствено се познати повиканите: Abbiati, Amelia, Antonini, Jankulovski, Nesta, Papastathopoulos, Thiago Silva, Yepes, Abate, Ambrosini, Boateng, Flamini, Pirlo, Seedorf, Ibrahimovic, Inzaghi, Pato, Robinho, Ronaldinho.
Од нив се знае дека Luca се враќа на местото на Zambro, кој е повреден заедно со Bonera и Oddo, КРВ си ја одлежа суспензијата, ама сега Rino е дисциплински аут..во одбраната ТЅ и Nesta се сигурни, а позициите во средниот ред се отворени..исто и во нападот, освен сигурното место на Ibra..
јас трите бода би ги освоил со... :)
Abbiati
Abate--TS--Nesta--Luca
Ambro--Pirlo--Prince
Pato--Dinho
Ibra

вечерва го напаѓаме врвот!! FORZA MILAN!!!

Sunday 7 November 2010

AS BARI vs. AC MILAN priview



Rino си е во право, a Pippo си е легенда и ние тоа го знаеме, него како ние денес да извлечиме три бода од San Nicola..после супер тежок дуел со Real, ама и мотивирани после, слободно можам да речам, дебалкот на Splinter, а во пресрет на Derby della Capitale, нашите треба да најдат начин да го вратат второто место и притисокот врз неприродниот лидер..Bari и не е некоја екипа од која треба да се има страв, ама теренот е жежок, како што е и низ целиот југ..работата е што таму веќе бевме еднаш, и тоа против значајно посилна екипа, па ги добивме трите бода..и тогаш беше натпревар после коло во ЛШ, а и тогаш беше после утакмица со Real..само што сега имаме покомплицирана работа со повредените играчи..комплетната одбрана е со повреди, а и Pirlo и KPB ги нема..нема да стартува ни Pato, а Yepes ќе дебитира на првенствена утакмица..ова значи дека ќе биди доста тешко без креативност во составот да се добие она што се посакува..екипата изгледа повеќе како со сила составена и без многу шмек..во секој случај ќе го разбериме Massimo оти на него е всушност најголемиот товар и негови се главоболките во ваквите ситуации..ние само можиме да си ја гледам утакмицата на нет, на ТВ да си оди Roma-Lazio и само да се надеваме дека индивидуалните потези на нашите ѕвезди ќе ни го донесат полниот плен..ова се екипите што ќе ги спротистават Ventura и Allegri...

BARI: Gillet; Belmonte, Masiello, Rossi, Parisi; Alvarez, Almiron, Donati, Pulzetti; Kutuzov, Barreto.

MILAN: Abbiati; Abate, Nesta, Yepes, Zambrotta; Gattuso, Ambrosini, Flamini; Seedorf; Ibrahimovic, Robinho.

FORZA MILAN!!!

Wednesday 3 November 2010

Night Of Champions

Супертешкашите Милан и Мадридски Реал ги вркстуваат копјата и нивните 16 титули вечерва на Сан Сиро во Милано.
Поразот од првиот дуел немора да значи ништо туку само бледо издание на вистинката сила на Милан.Овојпат го имаме Абијати на гол,се враќа и Силва како и Роналдињо.
За нас нема многу калкулации, се освен победа е неуспех со оглед на фактот дека Реал има дури 5 бода повеќе од нас, а Амстердамците ни дишат во врат.



Abbiati
Zambrotta,Nesta,T.Silva,Antonini
Gattuso,Pirlo,Boateng/Seedorf
Pato,Ibrahimovic,Robino/Ronaldinho


Очигледни се двете дилеми кои ги имам јас околу составот, но сигурен сум дека Алегри веќе ги има разрешено и знае кој кога ќе игра.
Спремни сме за уште една фудбалска класика на Сан Сиро, да му покажеме на Жозе и неговите милиони дека тимскиот дух и пожртвуваноста се посилни од група надувани супеѕвезди.






FORZA MILAN !!!