Translate

Wednesday, 10 November 2010

AC MILAN vs. U.S. Citta di PALERMO


Продолжуваме понатаму со уште еден тежок натпревар, со уште една незгодна екипа..овојпат доста посилна од последниот противник..сега веќе, Palermo е состав со доста солидни поединци, што можат да им ги пореметат плановите на големите екипи..бидејќи Milan се вбројува меѓу нив, пред екипата на Allegri стои пречка која по секоја цена треба да биди прескокната..и поради задржување на добриот учинокот сезонава, а уште повеќе заради кревање на моралот во пресрет на Дербито..можда ќе ви изгледа како излитен муабет, ама јас навистина денес ич не се секирам за мечот в Недела..далеку побитно сега е како да се разбие Palermo вечерва на San Siro..по тоа што го изјавуваше Massimo вчера, ми изгледа како да го има рецептот за нови три бода..ме радува што не се откажува од своите принципи и начини на водење на екипата, без оглед на проблемите во ростерот..човекот ми делува стално ведар и мислам дека тој е најголемата причина за атмосферата која моментално владее..оптимизам има и кај навивачите, барем оние што кои јас контактирам (но не и на блогов) во смисла дека годинава, со пренасочување на фокусот од ЛШ кон првенството, конечно можиме да се радуваме на Скудетото..за разлика од ЛШ каде има пар страшни екипи, јас сум убеден дека во Италија сме најдобри и заслужуваме трофеј!
во однос на проблемите и составот за вечер, засега единствено се познати повиканите: Abbiati, Amelia, Antonini, Jankulovski, Nesta, Papastathopoulos, Thiago Silva, Yepes, Abate, Ambrosini, Boateng, Flamini, Pirlo, Seedorf, Ibrahimovic, Inzaghi, Pato, Robinho, Ronaldinho.
Од нив се знае дека Luca се враќа на местото на Zambro, кој е повреден заедно со Bonera и Oddo, КРВ си ја одлежа суспензијата, ама сега Rino е дисциплински аут..во одбраната ТЅ и Nesta се сигурни, а позициите во средниот ред се отворени..исто и во нападот, освен сигурното место на Ibra..
јас трите бода би ги освоил со... :)
Abbiati
Abate--TS--Nesta--Luca
Ambro--Pirlo--Prince
Pato--Dinho
Ibra

вечерва го напаѓаме врвот!! FORZA MILAN!!!

6 comments:

Ultra red and black said...

Интересен став околу дербито...не сум размислувал така до сега но ако ни донесе титула нека му биде :)
Палермо се ептен незгодни,немаме и некој позитивен скор против ни ву задње време,но дома играме и милан сме така да нема изговори.
Се слагаме околу составот : )

FORZA MILAN !!!

Navigator said...

LE FORMAZIONI UFFICIALI:
Milan: Abbiati; Abate, Yepes, Thiago Silva, Antonini; Flamini, Ambrosini, Boateng; Seedorf; Ibrahimovic, Pato.

Palermo: Sirigu; Cassani, Munoz, Bovo, Balzaretti; Migliaccio, Bacinovic, Nocerino; Pastore, Ilicic; Pinilla.

Значи Massimo пак оди со истата формација како и против Bari со 4-3-1-2, со Seedorf како trequatrista..пак го нема Pirlo и пак Yepes е стартер..ако, само и резултатот нека е како против Bari

FORZA RAGAZZI!!!

Ultra red and black said...

Колово не можеше повеќе да ни годи но да не се залетуваме,да ги оставиме сите калкулации и можности настрана и да се фокусираме на неделниот натпревар.
FORZA MILAN !!!

Navigator said...

http://www.goal.com/en/news/2377/top-10/2010/11/12/2210509/top-10-things-to-expect-from-inter-v-milan

прочитајте ве молам колку добар пост, се отепав од смеење..нека биди загревање за утрешниот пост

FORZA MILAN!!!

Ultra red and black said...

Број 3 карло карганезе и маикон смешки :)))

Vase_AC Milan said...

Тоа со Самуел дека ќе го чува Пипо во болница е најсмешно хахахахаха
Многу голема победа остваривме со Палермо и сега само треба да го одржуваме водството.
Пато и Пипо за жал нема да ги гледаме долго време.Пато веке уште на млади си создаде хронична повреда или поточно некој му создаде.Незнам што ќе правиме со него а и повредата на Пипо треба да внесе од Примаверата некој значи стандардно да биде во екипа и да добива тек тук по некоја шанса.
Ме загрижува и фактот дека немаме добиено дерби натпревар сезонава но во оваа утакмица не се важни таквите фактори.Според мене подобро да игра без Пирло и да ја задржи формацијата која ја игравме со Палермо и Бари пред се, со Фламини Амбро и Боа а Сидорф како trequarista (колку го обожавам изразов,колку е само оригинален итаљански :D:D) а напагачи Ибра и Бињо.Пред се овие играчи и формација ни донесоа каков таков континуитет и на последните 2 меча дадовме 6 гола.
Многу солидно изигра Јепес со Бари не толку но со Палермо беше одличен, верувам поради тоа што партнер му беше ТС во одбраната па затоа имаше поголема слобода бидејќи со Неста не беше толку агресивен и не излегуваше понапред за да ги "пречекува" топките за напаѓачите.Би го играл него пред Папа и пред Бонера сигурно.
У недела да ги згазиме мердите


FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA