Translate

Sunday, 7 November 2010

AS BARI vs. AC MILAN priview



Rino си е во право, a Pippo си е легенда и ние тоа го знаеме, него како ние денес да извлечиме три бода од San Nicola..после супер тежок дуел со Real, ама и мотивирани после, слободно можам да речам, дебалкот на Splinter, а во пресрет на Derby della Capitale, нашите треба да најдат начин да го вратат второто место и притисокот врз неприродниот лидер..Bari и не е некоја екипа од која треба да се има страв, ама теренот е жежок, како што е и низ целиот југ..работата е што таму веќе бевме еднаш, и тоа против значајно посилна екипа, па ги добивме трите бода..и тогаш беше натпревар после коло во ЛШ, а и тогаш беше после утакмица со Real..само што сега имаме покомплицирана работа со повредените играчи..комплетната одбрана е со повреди, а и Pirlo и KPB ги нема..нема да стартува ни Pato, а Yepes ќе дебитира на првенствена утакмица..ова значи дека ќе биди доста тешко без креативност во составот да се добие она што се посакува..екипата изгледа повеќе како со сила составена и без многу шмек..во секој случај ќе го разбериме Massimo оти на него е всушност најголемиот товар и негови се главоболките во ваквите ситуации..ние само можиме да си ја гледам утакмицата на нет, на ТВ да си оди Roma-Lazio и само да се надеваме дека индивидуалните потези на нашите ѕвезди ќе ни го донесат полниот плен..ова се екипите што ќе ги спротистават Ventura и Allegri...

BARI: Gillet; Belmonte, Masiello, Rossi, Parisi; Alvarez, Almiron, Donati, Pulzetti; Kutuzov, Barreto.

MILAN: Abbiati; Abate, Nesta, Yepes, Zambrotta; Gattuso, Ambrosini, Flamini; Seedorf; Ibrahimovic, Robinho.

FORZA MILAN!!!

11 comments:

Anonymous said...

Вака гледано со 3ца првотимци само стартуваме : )
ааа стрим некој?

Navigator said...

http://cdn.emiteya.com/player/pirlotvonline6.php

супер враќање на Ambro во првои состав :) честитки!

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

due a zero!!
flamini !

Navigator said...

честитки и за него по истиот повод :)

Navigator said...

Robinho слободно сам нека си побара измена

ReBorned said...

Робињо можеше комотно да си постигне хет трик ама...
Сепак, треба да бидеме реални и да признаеме дека од друга страна со него во тимот имаме поголема динамика, побрза игра па и се редат повеќе шанси (тоа што тој не ги користи своите е друга тема на разговор)

Anonymous said...

Тим составен насила без креативци но искреираа многу повеќе шанси отколку кога играат другите, чудно.Супер игра иако се мачевме на крајот но тоа е само поради неискористените шанси на Бињо и Ибра.Ме радува фактот што Амбро и Фламс постигнаа гол, а особено Фламини кој што може толку многу да пружи на тимот освен тепање и сечење на противничките акции.Со овие играчи се овозможи подинамична игра и пресинг уште на нивна половина така и паднаа првите 2 гола,добра тактика денеска на Масимо.Одиме кон поход на врвот.
Среда Милан - Палермо на Сан Сиро, во живо на Телма и се надевам сигурна победа на нашите миленици - подобро сценарио неможе да има :)

FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA

Navigator said...

стварно е чудно како вака искомбинираниот состав успеа да изгради толку надмоќна игра..сепак ако зборуваме за добра или лоша игра треба да се земи во предвид дека Bari не е екипа од која треба да се стравува и дека тоа не е истата незгодна екипа од лани..мислам дека со кој било состав да излезеше Massimo вчера, според играта на противникот, мечот требаше да заврши во наша полза..и раниот гол е уште една причина за таквиот тек на настаните..сме играле и против послаби и позатворени екипи, ама кога нема ран гол или добра реализација, често утакмицата станувала мачење..
за Robinho кажав што имав и сепак мислам дека Dinho е подобар избор и на AMR и AMC..единствено кога го немаме Pato во состав или кога тој игра млитаво неопходен ни е Bihno..
за Ambro и Flams огромно браво не само поради головите, туку за се што направија средината да биди потполно наша..нарочито за Flams за трпението толку многу време да биди резерва..десеткуваната одбрана одигра солидно со пар грешки баш кај головите..и Кичо ми изгледаше опуштен, можеше да реагира подобро барем кај вториот гол..
јас во постот реков дека најбитно е да се добијат трите бода од San Nicola и ништо друго..сега ги имаме, а пак не чека претешка недела..прво со Palermo, па недела (се надевам на собиранка) со Merda..

дотогаш, росонерски поздрав... FORZA MILAN!!!

Navigator said...

кај сте бе росонери? ајде активирајте се, тешка недела е пред нас..нарочито мојата колоквиумска... :)

FORZA GRANDE MILAN!!!

Anonymous said...

Богами и моја колоквиумска.
МОра да прајме собиранка за со интер еј,регрутирајте луѓе уште сега :)

Masonipgp said...

Вака гледано со 3ца првотимци само стартуваме : ) ааа стрим некој?