Translate

Saturday, 13 November 2010

DERBY DELLA MADONNINA - primo parte!!!


Го викаат дерби на Милано, јас го викам битка за Милано..има ли за некој од нас побитен натпревар од овој? има ли за некој printerista пострашен натпревар од овој? се сомневам...
Цела година го чекаме денот кога еден мизерен тим, полн со гниди, ќе проба да му се спротистави на великанот..оној што им служи како пример, како вечна инспирација..се трудат да го достигнат успехот, реномето, незнаат што е слава, ниту што е престиж..успеаа да блеснат еднаш, за сега да ги снема, а ќе ги нема уште долго..се додека не се случи пак некое „местење“, па да им поклонат титула(и)..затоа се најомразените низ Италија, поим за анти-фудбал, а пред да им стигне пакетот титули беа најисмејуваниот тим..сега имаат поинаков статус дефинитивно, оти сега претставуваат феномен..сите се трудат, ама никој да објасни како Splinter станал европски шампион..ама тоа ти е, чуда се случуваат...
Утре, по 175ти пат во Serie A, на ист терен ќе истрчаат градските ривали..секогаш интересно да се види кој ќе владее со градот неколку месеци, мада се знае кој е вечниот владетел..немојте да очекувате убава атмосфера, со оглед на домаќинот..ниту пак чист стадион после утакмицата :)
Специфика на првиот дел од овогодинешното дерби ќе бидат големиот број повреди на двете страни..за среќа, поголемиот дел на противничката страна..ќе фалат битни играчи, а нив ќе им фали и добар тренер..ми се чини Milan ќе мора да ги искористи конфузноста и стравот кај Benitez и на тактички план да го добие мечот..Allegri има капацитет за тоа, па ќе остане на играчите да го вратат она што самите го губат последните три натпревари..ние подолго време ќе ги немаме Pato и Pippo, а за утре нема да биде достапен ни Odu, така што остануваме со двајца напаѓачи..пирова беше победата над Palermo, не остави со проретчен напад..во вакви услови, не очекувам формација 4-3-3, па да не остане ниту еден напаѓач на клупа..најверојатно Dinho ќе биди тој џокер од клупа..уште поверојатно ќе добиеме една веќе позната за нас формација – дијамантот на Carlo, со тоа што Pirlo и Rino би си ги задржале тогашните позиции, Ambro би играл малку полево, а Seedorf понапред на trequartista (само за Васе )..малерот не прати, па сега кога ја комплетиравме одбраната, се растури нападот..
Без оглед, утре Milan игра против најомразениот противник и мотивот несомнено е огромен..кој и да е на терен, сигурно ќе го даде максимумот..одамна не сме почустувале ваква реална шампионска прилика, па редно е да ја искористиме..со победа и +6 од гнасите, тешко дека некој ќе можи ментално да не скрши..ах, колку добро изгледа победа над Printer… нема што, убаво е да се види градот обоен во црвено и црно и тоа цел!

ANDIAMO RAGAZZI!!! MILANO SIAMO NOI, SOLO NOI!!!

12 comments:

Navigator said...

http://www.youtube.com/watch?v=_whaQm6aUUU&feature=player_embedded#!
а ова за мотивација плус...

Anonymous said...

Добар пост, добро загревање :)
Омилен дел пред дербито ми се сите оние претпоставки,навраќање на минатото и сл.
Се на се нема да згрешам ако кажам дека имаме предност затоа што само Пато и Пипо ги нема од првиот состав а кај интер ситуацијата е сосема друга.Е сега психолошката предност е кај нив бидејќи растетерени се од секаков притисок и зошто ги добија последните 3 дербија.


Абијати
Замброта,Неста,Т.Силва,Антонини
Гатузо,Пирло,Боатенг
Сидорф
Ибрахимович,Робињо

Според мене вака треба да се почне.Тимот кој победува не се менува а и сите овие играчи се во форма(освен пирло имам недоумица дали амбро треба да почне пред него).
Негде прочитав дека дињо ке почне прес робињо-нешто што воопшто не ми се свиѓа затоа што тоа ќе значи подефанзивна формација,премногѕ форсирање на високи топки до осамениот ибра...сценарио кое веќе сме го виделе.
Исто така и незнам колкѕ паметна идеја би била ѕште едно дерби за абате,видовме што се случи минатата година...
Сигурно знаете од кого највеќе треба да се плашиме,да бев јас Алегри ќе му го ставев неста/силва фластер на ето и плус гатузо или боатенг да трчка околу него.
Треба да ги погледнеме слабостите на интер: Матераци - се очекува тој да почне и да игра остро против ибра бидејќи тие двајца имаат минато.Но колку минути од тоа остро темпо може да изржи касапот кој нема играно фудбал подолго време ќе видиме.
Едвај чекам да дојде 20:45

FORZA MILAN !!!

Navigator said...

Слабостите на Printer се овие: збунетиот тренер, закржлавениот напад, лошата атмосфера, исповредената одбрана и Sneijder..јас мислам дека тоа треба да го искористиме на неколку начини..За Benitez нека мисли Massimo и тактичката битка сигурен сум дека ќе ја добиеме..голема предност ќе биде неиграњето на двајца стандардни дефанзивци..и затоа не смееме да играме со Ibra осамен напред..треба да игра Robinho во секој случај..Sneijder е преморен, па ако го чува Ambro или Rino, ќе биди бескорисен..е сега, најголемата опасност ќе доаѓа од Etо, а тој игра како left winger, што значи дека нашиот десен бек ќе треба да го брка нон-стоп..тоа НЕМОЖИ да го прави Zambro..јас и покрај неискуството би го уфрлил Abate оти можи да трча и да брка 120 минути..сетете се само на двомечот со Real..на која утакмица Ronaldo имаше повеќе простор и шанси??
во подобра позиција сме од гнасите и треба да победиме вечерва, да избегаме на +6 и полесно да дишиме..

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Моменталната форма на ето е доволна за цел нивни закржлавен напад,милито се враќа полека полека а да не го потцениме пандев како минатата сезона.
Интересно видување за абате но е најважно Ибрахимович и Робињо да почнат.

FORZA MILAN !!!

Anonymous said...

И да...
Радо би ги примил сите честитки околу освојувањето на шампионската тиула во Ф1 од страна на Фетел :)

ReBorned said...

Немам цела недела интернет (мигрирам од еден во друг провајдер) па од мене само едно FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

INTER: Castellazzi; Cordoba, Lucio, Materazzi, Chivu;
Zanetti, Stankovic, Obi; Sneijder; Eto'o,
Milito.

MILAN: Abbiati; Abate, Nesta, Thiago Silva,
Zambrotta; Gattuso, Ambrosini, Flamini; Seedorf; Ibrahimovic, Robinho.


Ова се почетните состави.Без многу изненадувања победнички тим не се менува.Само имам една забелешка а тоа е неиграњето на БОА.Мислам дека Гатузо требаше на клупа да остане затоа што Пирло нема да игра освен Сидорф нема кој да ја креигра играта а БОА е добар техничар знае да го прави тоа освен тепањето.Се надевам дека Ибра нема да се изгуби затоа што има навика да се губи на големи утакмици а од Робињо очекувам душата да ја остави на теренот како и секогаш.Средниот ред е многу подвижен и уиграни се иако не се креативни но имаме доста шампиони во составот кој може да ја направат разликата.Ни недостига многу Пато, Пипо е исто битен за тимот и тоа многу но мердите имаат еден тон повредени и играаат со еден младинец во тимот така да треба да се искористи таа страна.
Не би се сложил со тоа дека не се под притисок.Сите се под притисок почнувајќи од Перо плескавичарот се до Милито и Снајдер затоа што нема резултати нема игра како лани а ние сме значително појачани и сме во добра серија на резултати и мислам дека поинаку ќе се понашаат бидејќи за прв пат по долго ввреме тие не бркаат нас на табелата.
Како и да е очекувам победа па ако може и со поголема разлика а ако не задоволен сум само со 3 бода.

FORZA MILAN inter merda

Navigator said...

јас сум презадоволен од составот на merda..подефанзивна формација на мочкото Benitez..Etо и Milito се единствени напаѓачи, што значи нема да има крила..ќе видите дека тоа ќе се покажи како решавачко..и секако тоа што го нема Julio Cesar..незадоволен сум што не игра Pirlo, ќе ни фали дефинитивно плејмејкер..ама што, е тука е, одиме на победа секогаш..

FOOOOOORZA MILAAAAAN!!!

Navigator said...

VAI IVRAAAAAAA!!!

Anonymous said...

Ајде сега нека му свират хаахахахахахахаха сам ги тепа одлична игра само да издржат така и да дадат уште некој гол


FORZA MILAN

Navigator said...

аууу каква доминација!!
KPB на местото на Rino уште на полувреме..несмееме да ризикуваме човек помалку, оти Rino очигледно неможи доволно да се исконтролира :) сега кога имаме водство, ја повлекувам мојата желба за играње на Pirlo..нема збор дека со тројца неуморни трчачи, ја неутрализиравме играта на гнасите..одлично дечки, одлично!

FORZA RAGAZZI!!!

Anonymous said...

Comme sempre inizo stagione....

Оу јеа :)

Lets stay cool

Мои пораки за побрзо закрепнување на матераци...... НОТ!!

FORZA MILAN !!!