Translate

Wednesday, 24 November 2010

Top of our game

Таму сме сега, но и таму треба да останеме.
Ибра ефектот масивно се осеќа, 11 гола во 17 натпревари...уфф не се сеќавам кога некој имал таков ефект во последниве години(освен пипо кога цути напролет се разбира).
Но Ибра е повеќе од голови, тој е борба за позиција, јадење ќотек од метро и девеесет волови и сеуште стоење на нозе....едноставно Ибра е се она што ни фалеше во нападот и токму затоа во секоја формација и со секој партнер во нападот се усогласува.
Никогаш до сега не ми било толку мило што згрешив за еден играч,а и за Робињо ќе да згрешив.Полека но сигурно почнува да ја учи играта на Милан и серија а воопшто.
Но она што ми е најдраго што го глеам тоа е независноста на Милан,престанавме да зависиме од акциите започнати од Пирло, од пробивите и центаршутевите на Дињо по левата страна, од головите на Пато...тоа покажува зрелост, зрелост која многу ни фалеше.
Следат гостувања кај Сампдорија и Болоња,а ќе ги пречекаме Бреша и Рома,натпреварот со Ајакс не го споменувам бидејќи е тотално неважен, и јас да бев Масимилиано ќе направев една комбинација од резерви и играчи од младинскиот погон - нешто што ќе го направи натпреварот многу поинтересен.Од овие 4 натпревари јас ќе бидам задоволен и со 10 од можни 12 бода со кои мислам дека ќе останеме на врвот и по зимската пауза која ќе треба да ја искористиме паметно ако сакаме да ја зачуваме пол позицијата.



FORZA MILAN !!!


а да.... и овие Киево многу јаки бе !!

11 comments:

Ultra red and black said...

Mi dispiace, нешто ме зеза компјутерот и неможам да прикачам слика.

Vase_AC Milan said...

FORZA MILAN

kiko_pato said...

ако не се и нај јаки Киево :D

Ultra red and black said...

Пелисие' ftw !

Navigator said...

се ми се чини дека ќе биди многу незгодно патување во Genoa..три години без победа на Marassi, кажува дека теренот на Samp не им е омилен на нашите..екипата на противникот е доста силна, ама добро за нас е што имаат голгетерска криза..немаа постигнато гол цели три утакмици, за конечно против Lecce да погодат и да победат..најверојатно тоа е последица на неиграњето на Cassano, за кој верувам дека не е толку малоумен во Јануари да се пресели кај гнасите..ама ги имаат Pazzini, Marilungo, Poli, Palombo и уште многу други добри играчи кои знаат да замрсат сметки на фаворитите..
повиканите, а и составот можиме да го претпоставиме:
Abbiati, Amelia, Roma, Bonera, Jankulovski, Nesta, Papastathopoulos, Thiago Silva, Zambrotta, Yepes, Abate, Ambrosini, Boateng, Flamini, Gattuso, Seedorf, Strasser, Ibrahimovic, Robinho, Ronaldinho.
Giocatori indisponibili: Antonini, Oddo, Pirlo, Inzaghi, Pato.

моите 11 се истите од вторникот!

FORZA MILAN!!!

Vase_AC Milan said...

Не сум толку загрижен за утакмицата утре.Како прво сезонава е сосем друга приказна, пристапот кон играта.Ако имате забележано на секоја прес конференција пред натпреварот Алегри ја нагласува важноста на утакмицата без разлика со кој играме,мислам дека таков менталитет немаме видено одамна во Милан.Како второ сме на врвот со причина и од гостувањаата имаме 4 победи од 6.Сите играчи знаат што сакаат, во форма се, формацијата е "насилничка" со 3цата во средина така да не гледам причина за двоумење.Силно верувам дека ќе освоиме 3 бода.
Составот ќе биде тој што е во изминативе 5-6 утакмици само можно е да дојде до мала измена т.е. Дињо да игра на местото на Бињо.Алегри знае најдобро а доколку сум јас би го ставил сепак Бињо.Да го издржиме и ова гостување па после полесно ќе се дише.
Се кбалификувавме и во следната фаза во ЛШ честитки и за тоа на момците кои одиграа многу добро и зрело во вторникот.Одиме на 3 бода и одржување на разликата а ако може и зголемување пред Лацио и мердалари

FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA

Navigator said...

BRAVO BINHO!!! FORZA CAMPIONI!!!

ReBorned said...

Заслуживме победа ама тоа е тоа, одиме понатаму. Бињо одигра ѕверски!

Navigator said...

мислев дека претходната утакмица Binho одигра најдобро што може, ама се излажав..денес беше на ниво на најдобрите светски играчи..штета за пропуштената победа оти ќе се ја зголемевме предноста пред другите, ама што е, тука е..одиме да ја растуриме Brescia наредната недела..а утре секако, со цело срце сите за Parma :)

FORZA CAMPIONI!!!

ReBorned said...

Виола веќе си ја заврши работата ;)

Vase_AC Milan said...

Добро бива ли сите што играат против нас кукавички да играат.Воа е неправедно веќе.Ама ако и така си ги крцнуеме и бегаме 100 бода.Колку сакаат и шо сакаат нека праат другите бадијала е,сега со 7 дена до утакмицата со бреша има душата да им ја извадиме.Сите пододморени свежи ќе има петарди.Браво за Бињо а Алегри сака да изиграва Гестапо, требаше порано да го пушти Дињо ама у секој случај ние сме си пак на врвот.....

FORZA MILAN CAMPIONI