Translate

Sunday 24 May 2015

Најава: Милан - Торино!


По победата над Рома сите сакавме да ја завршиме сезоната достојно со неколку победи во низа но за тоа да не се случи по којзнае кој пат бевме спречени од Сасуоло или може да се каже Берарди и со тоа може да ја заокружиме една од најмизерните сезони во последните 15 години. На последниот меч на Сан Сиро ни гостува незгодниот Торино и против него ќе бркаме победа и 3 бода за играчите да им се одолжат на сите оние кои денес ќе бидат на стадионот и сите оние кои цела сезона ги следеа иако во ниеден случај не го заслужија тоа.


На клупата по критиките на Берлускони околу некористењето на млади играчи од страна на Инзаги сега имаме 6 играчи од Примаверата меѓу кои е и Мастур па се надевам дека барем двајца од нив би добиле некоја пристојна минутажа за да видиме до каде сме со нивниот развој.

Вечерва после повредата Ел Шарави ќе настапи од првата минута а кај Инзаги постои и дилема околу левата бековска позиција а тоа е дали да стартува со Бокети или со младиот Фелицоли. Да се прашувам јас Фелицоли ќе стартуваше сигурно.

Сега збор-два околу некои работи кои не се во врска со натпреварот но вреди да се спомнат. Прво, најверојатно првиот трансфер на Милан за новата сезона е Хозе Маури од Парма за 3-4 милиона евра и е најавуван како огромен талент за кои беа заинтересирани повеќе клубови но тој го сакал само Милан. Второ и најверојатно најбитно за сите нас е Карло Анчелоти. Во текот на неделава имаше многу шпекулации околу неговото враќање но свое обраќање до јавноста имаше и Берлускони кој изјави дека доколку Анчелоти го раскине договорот со Реал тој тогаш со сигурност ќе дојде пак назад во Милан.

Дали ова е некоја игра од Берлускони или не останува да видиме но вреди да се спомне дека Анчелоти после вчерашниот натпревар се огласи и даде до знаење дека доколку не продолжи со Реал тогаш ќе си земе една година одмор.


Дали Берлускони и Галијани ќе успеат да го предомислат со тоа што ќе му презентираат проект што нема да може да го одбие останува да видиме но наше е да се надеваме дека ќе биде така бидејќи тоа највеќе му оди во полза на Милан. Трето и последно е дека претседателот на Емполи на вечера со Галијани му потврдил дека Сапонара по одличните игри останува во нивна сопственост со тоа што тие ќе си го искористат правото на откуп кое изнесува 4.5 милиони евра.

ФОРЦА МИЛААААААААААН!

1 comment:

Unknown said...

Амбициозно почна летово.
Ама Кондогбија го одбра проектот на Интер, Мартинез на Атлетико, Бартолачи Рома.
И во меѓувреме кога Јуве го напуштаат можеби 2ца од 3цата најважни играчи Пирло и Тевез они без проблем ги носат Кедира и Манџукиќ.
Сапонара го продаваме за 4м, и сега пола Италија е го бара
Капак на ова е дека од сите работи ние се обидуваме да му најдеме нов клуб на Рами.
Не Бонера,Запата ,Мексес, Мунтари, Закардо, Агаци туку на едниот од двајцата добри дефанзивци што ги имаме.
Крај.