После секоја голема победа во вакво мега дерби како минатиот викенд и
смирувањето на страстите, доаѓа онаа мисла дека тие три бода можат да не значат
многу ако не се продолжи победничката серија. И како по правило, барем за нас,
после сите вакви победи, следува екипа од категоријата најнезгодни. Catania не
е голем клуб, ама им прави сериозни проблеми на големите, особено дома. По
седум натпревари на Massimino, имаат пет победи, а во нив и она демолирање на Lazio со 4-0. Единствено загубија од Juventus во оној срамен меч полн со нерегуларности
и одиграа 0-0 со уште еден конкурент за Скудетото - Napoli. И сега не
знам како и колку ќе биде сметан Milan за изразит фаворит, кога до пред 4 дена тоа беше екипата на која и се
предвидуваше пораз на ваквите гостувања. Не ми е поентата да полемизирам во
врска со многуте експрертски ставови околу судбината на клубот, туку како
импулсот од дербито ќе влијае на нашите играчи. Дали ќе ги мотивира или ќе ги
оптовари тој успех против Juve.
Berlusconi продолжува со засилениот ангажман околу клубот и
деновиве. Може да зборуваме што сакаме за управата, ама сепак, овој потег е
вистински. Стариот почуствува дека доколку не се превземе нешто, сезонава нема
да личи на ништо и сега се почесто е со играчите и персоналот. Мора да признаеме
дека тоа значи за клубот, дека влева и сигурност и надеж. На крајот на
краиштата, мене ми изгледаат сосема искрени изјавите на Max и момците дека посветеноста на Berlo е критична за оваа група луѓе што до пред
сезона-две се нарекуваше "фамилија". Присуството на главниот, секако
дека носи и малку нервози кај Allegri заради неговата желба да се меша во работата што не е негова. Денеска
Max имаше една интересна изјава каде вели дека на B му се допаѓа таа 4-3-3 формација, но тој повеќе
би преферирал 4-3-let's see what happens :) Дали тоа ќе го препишете на неговата
нерешителност и несигурност во одлуките сезонава или на изборот на напаѓачи што
му се на располагање, оставам на вас.
Нашата ситуација е скоро јасна после пресот на Max денес. Откри најголем дел од стартерите,
формацијата и дилемите во пресрет на мечот. Иако го тестираше двоецот Mexes-Acerbi денес на тренинг, кажа дека не е сигурен
кој ќе му прави друштво на Mexes утревечер. Во однос на одбраната, Abate не е спремен и го чува за во вторник против Zenit, исто како и Antonini, а De Sciglio ќе добие шанса да го повтори перфектниот
перформанс од дербито. Лево, нормално, Constant. Abbiati не е помеѓу повиканите заради проблемот со грбот
што изгледа не бил само истегнување. Во средината сигурен стартер е NDJ, заедно со Montolivo. Ambro сеуште се опоравува и со него нема да се ризикува на Сицилија. SES е
стартер на LW, а Binho скоро сигурно
на RW. Дилемите остануваат на
левата страна во средината, со Noce како прв избор и во зависност од поставеноста во навалната линија, дали ќе
стартува Boateng или Pazzini. Max кажа дека и Urby и Bojan се во одлична состојба, ама веројатно нема да добијат шанса од старт. Еден
дел од пресот посвети на Pato и Montolivo. За патката
кажа дека сеуште е во неговите планови и се надева дека нема да замине во
Јануари. Зборуваше за неговиот потенцијал, нешто што е слушнато милион пати и
сите го знаеме, но во што се помалку веруваме заради проклетството што го
прати. Потенцијалот на Monti
пак, се однесува на таа лидерска улога што по случајност или не, му се
наметнува, но и се бара од него, очигледно. Соиграчите го гледаат како
предводник во отсуство на првиот капитен, а тоа го потврдува дури и Berlusconi. Утревечер повторно ќе биде капитенската
лента!
Catania е стар и голем должник. Catania е екипата која на некој начин не чинеше
Скудето. Ќе ве потсетам дека последниот меч со Catania, лани пролетта,
значеше почеток на овој лош период кој трае до денес. Мечот беше помеѓу двата
натпревари со Barcelona, ни скинаа
два планирани бода, Juve се
доближи на еден бод негатива и оттогаш тонеме се повеќе и повеќе. Не постои
подобар противник за да се разбие оваа аура која не опкружува. Почнавме со
најважните, со Juve, да
продолжиме со Catania, па кај
и да е ќе плати и Barca :)
Одиме по победа на Сицилија момци!
P.S. Без паника, ако е во Петок, Макпетрол ќе дава пренос ;)
FORZA MILAN!!!
37 comments:
Ѕирнете и ова: https://twitter.com/Altaqui/status/274143892264337409/photo/1
Монтоливо како поради својот карактер и квалитет, така и со амин од Берлу, полека но сигурно станува стожерот на тимот, пред се во однос на стабилноста во средниот ред и аурата која со себе ја носи актуелниот репрезентативец на Италија. Воопшто нема да биде чудно доколку догодина токму тој стане перманентен прв капитен на клубот.
Сите параметри мене ме водат кон победа утре. Веројатно ова е последниот воз за фаќање приклучок со евро - местата. Со евентуална победа утревечер ќе бидеме на само 5 бода од местата што водат во Евро куповите а тоа е веќе друга приказна! Како што реков, верувам и очекувам победа, не навивачки туку трезвено.
Уште еден интересен податок, најпрвин Ел Шарави спомна пред некој ден во интервју а еве и Алегри потврди. Стефан Ел Шарави е единствениот фудбалер во клубот кој сè уште верува во титула и ќе продолжи да верува се додека за тоа постојат математички шанси! Тоа зборува за гладта и за срцето на малото! Шлаг на тортата, Стефан вети дека доколку се случи некое чудо и Милан ја освои титулата, тој ќе се стриже и ќе ја отстрани mohawk фризурата од себе :)
http://www.football-italia.net/27865/prandelli-el-shaarawy-modern-striker
hahahhahaha
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=f3bkZxeowjo
"We have some players who want to leave, not many, and others who we had already sold but who didn't accept the offers because they like it here at Milan
Adriano Galliani
Најверојатно Ачерби ќе биде единствената промена од оној состав со Јуве, а можеби и Запата да улета наместо него во последен момент.
Накај 0-2 ме влече утакмицава.
Amelia, De Sciglio, Mexes, Acerbi, Constant, Montolivo, De Jong, Nocerino, Robinho, Boateng, El Shaarawy
Ваков флоп од штопер како Acerbi не сме имале од времето на Senderos. Тој барем беше на позајмица. Настрана кривицата за голот, не можам да го гледам како се влечи како некој мрсул. Zapata за него е Stam! И замислете овој труп имаше повик за репрезентација пред некој месец.
Boateng, своја приказна, тажна нормално... Негова измена со Pazzo и Binho со Urby, евентуално Bojan оти ништо не правиме.
Истото го помислив, Ацерби на клупата со улога на 4 дефанзивец ок, да му ја доверам одбраната нему, никако!
Се загрева Бојан.
P.S На едно ливче ја чекам само Милан за 3.300 а на друго ја имам Х2 за да ја чекам уште Lakers вечер за 1.500.
Ајде Ри ќе си лапа парички :D
Едноставно мораше да влезе еден од овие шутеви, а последниве натпревари го гледаме како повеќе асистира него што шутира.
Иначе ви текнува на голот на Робињо кој ја помина гол линијата минатата година? мене ми текна во истиот момент кога го даде голот од офсајд Ел Шарави.
Треба сега потоп да им направиме тоа заслужуваат циганиве!
Ако не победиме, никој не ни е крив! Мораме до 3 гол, вака не е сигурно!
Робињо аут Пацини ин да ги докрајчи.
ЗБЕСНАВ кога Робињо го промаши тоа! Буквално почнав да мавам замислени боксови во воздух а пред очите ми се стемни!
МОРАВМЕ многу претходно да го затвориме мечот со трет погодок!
Уф вториот гол на малото! Истото она што го зборував за него по доаѓањето од Серија Б и тие голови на јутуб кои ги даваше токму вака, огромно ефе во подалечниот агол и најчесто статива гол!
Невиден relief осетив по голот на Боатенг, и заради водството но и поради тоа што дојде од Боатенг! Онака имаш момент, FINALLY!! ...Се надевав дека тоа ќе биде неговата пресвртница на формата но дојде оној глуп црвен доделен од тотално изгубениот Орсато! Сепак има натпревар со Зенит кој може да му послужи да го повтори сето она што го изигра во второто полувреме и да одржи континуитет и се надевам дека без разлика што е директен црвен казната нема да биде повеќе од еден натпревар! Имаме убава мини серија, нека продолжи! FORZA MILAN!
А Робињо?! Приказна за себе!
Добра победа, во добар момент се наоѓаме да го искористиме најдобро што можеме треба!
Габриел,Кармона и Ганц во стартен состав против Зенит во вторник!
Исто како и Фламини и некои други играчи кои немаат значителна минутажа.
Кристанте да не го заборавиме.
Па и редно време беше од БоаТенг нешто вакво. Иако првото полувреме не навестуваше нешто такво од него, но секојпат беше најмалку удвојуван, а тоа што не знае да се однесува како класичен шпиц покажа дека често беше надмудрен во офсајд. Навистина одличен погодок, а тоа што повеке ме израдува е што после тоа, не се радуваше премногу и отиде кај нашите навивачи, како да се извинуваше за сите претходни партии. Убав гест. Орсато мораше да го исече, гнида.
Монти и Ачерби беа неочекувано слаби, а една работа не ми е јасна само, како Робињо ги изигра цели 90мин и зошто не беше заменет порано?
Мораше,мораше порано да се затвори мечот. Како да игравме игра на жица, еден кикс или подлизнување на влажниот терен ке значеше 2:2 и тогаш вината ке беше на страната на Алегри, без сомнение.
Две дијаметрално спротивни полувремиња со навистина смешно судење, на двете страни. Но научивме дека ваков Милан треба да помине и преку тоа.
ФОРЦА МИЛАН
MORATTI: "Berlusconi is back in the market searching for big names. Maybe he'll candidate himself again (as president of Italy)"
Заборавив да ве прашам вчера а ме интересира што мислите: Nocerino намерно одеше на прекршок за вториот жолт карт или случајно се случи? Јас ја гледав снимката и поприлично сум сигурен дека го почека противникот и го погоди тајмингот за додавањето. И не само тоа, после фаулот, Yepes и Monti мислам дека беше одма тргнаа да бараат жолт картон, буквално како договорени. Ако е како што мислам, секоја чест за рефлексите на Noce :) Ама од друга страна, таков договор за изнудување на втор жолт картон е добар знак за немоќ.
Фаулот беше за втор жолт картон и тука нема никакви дилеми. Што било пред тоа и после тоа не е важно, Nocerino не изглуми туку доби удар во ногата ПО додавање на топката. Тоа е фаул за жолт картон.
Мора да вовеведеме Примавера виџет или штотизнам јас на блогов :)
6-1 го прегазиле Сасуоло, хет трик на Ганц за 23 минути 2 гола на Кингсли Боатенг и еден за Кристанте.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=OvL6uxhkitU
@Re, Картонот е повеќе од заслужен, нема збор, прашањето ми беше дали Nocerino одеше на фаул за втор жолт, затоа што така изгледа, или не.
@Ultras, И јас го помислив истото после мечот вчера, а и ми се врти идејата веќе некое време. Работата е што нема посебен виџет за primavera. Уствари има, ист како овој со табелата и распоредот за Serie A, ама има некој проблем и наместо да ти ја покажува табелата кај што е Milan, ја покажува само табелата А. Нели има girone A, B и C, Milan е во B, а виџетот ја покажува A што и да избереш. А ако не е тој виџет, не знам како би изгледал некој друг. Ете дајте идеја, што да има во него. Табела, резултати, последен натпревар, видео, најава?? Се се прави, со тоа што ако е спремен виџет би изгледал полично за око, ако го правиме ние можда ќе изгледам малку аматерски. Во секој случај, давајте идеи, ќе се договориме како да изгледа и ќе го направиме.
Алиеви на Инзаги победиле 3-1 против Удинезе. Ако успеете да најдете хајлајтс, споделете.
@Re, Картонот е повеќе од заслужен, нема збор, прашањето ми беше дали Nocerino одеше на фаул за втор жолт, затоа што така изгледа, или не.
@Ultras, И јас го помислив истото после мечот вчера, а и ми се врти идејата веќе некое време. Работата е што нема посебен виџет за primavera. Уствари има, ист како овој со табелата и распоредот за Serie A, ама има некој проблем и наместо да ти ја покажува табелата кај што е Milan, ја покажува само табелата А. Нели има girone A, B и C, Milan е во B, а виџетот ја покажува A што и да избереш. А ако не е тој виџет, не знам како би изгледал некој друг. Ете дајте идеја, што да има во него. Табела, резултати, последен натпревар, видео, најава?? Се се прави, со тоа што ако е спремен виџет би изгледал полично за око, ако го правиме ние можда ќе изгледам малку аматерски. Во секој случај, давајте идеи, ќе се договориме како да изгледа и ќе го направиме.
Еве на soccerway додале нов виџет со резултати од еден клуб што ќе си го одбереш. Имаш results и fuxtures, ама нема табела. Тој проблем со табелите на primavera првенството останува, не го покажува girone-то на Milan.
Епа кога не сакате да се сретнеме на еден муабет и да размениме идеи, што да Ви правам :) #трололо.
Удар под појас :)
Кристанте и Петања повикани за натпреварот со Зенит.
Braida watched the Ajax-PSV match from the stands yesterday. He was following: Ricardo van Rhijn, Siem de Jong, Strootman and L. Narsingh
Steaua Bucharest's president: "Milan have made an official offer of €7m for Vlad Chiricheș, but we want €10m."
Толку ли е добар тој Романецот? никогаш го немам гледано, што се случи со Деде од Бразил, наводната замена за Т.Силва.
Пупу скраја да е ако случајно пак застраниме од победничкиве стази еве кај треба „гневот“ да го насочиме ;)
http://www.tumblr.com/tagged/valentina-allegri
Неможам, премногу ми личи на него! :D
На ова мислеше ? http://www.soccerway.com/national/italy/campionato-nazionale-primavera/20122013/girone-b/
И ај види дали може некако ова да се искористи:
http://www.transfermarkt.co.uk/en/primavera-b/startseite/wettbewerb_ITJ2.html
Да, на тоа мислев, ама проблемот е во виџетот. Влези овде прво http://widgets.soccerway.com/
Одбери competitions widget и на следниот чекор бираш натпреварување и омилена екипа. Ти го одбираш Milan, ама не го покажува girone B, туку останува girone A, кој било тим да го избереш. Тоа е проблемот.
А сега ќе видам што може да се направи од другава табела
Кој е ко нас сеа си имаме табела и резултати од Примаверата :D
Ако нема кандидат можно е да пишам нешто вечер најкасно до утре сабајле.
Post a Comment