Translate

Tuesday, 4 December 2012

Champions League: Group Stage Final Fixture AC Milan vs Zenit St. Petersburg


Кога во топлата летна вечер на 30ти Август се влечеше ждребот, многумина мислеа дека токму овој дуел ќе биде решавачки за тоа кој ќе ја освои не така слабата група Ц.
Но 3 месеци подоцна фудбалот уште еднаш ни покажа зошто е еден од најнеизвесните спортови каде што големи нешта може да се случат во краток временски период, период во кој Милан сега гледа на Зенит како еден спаринг партнер, додека пак Русите ќе се обидат на еден чесен и достоинствен начин да ја завршат овогодинешната одисеја во ЛШ, со надеж дека напролет истата може да продолжи во најмасовното Европско клубско натпреварување.
По серијата од 3 победи во серија (конечно можам да го кажам ова!!) тимот може малку полабаво да гледа на овој дуел со оглед на неговата важност. Но така не мисли нашиот тренер, кој вели дека ќе излезе најсилниот расположлив состав во моментов со цел да оствари победа која добро би ни дошла за да се развлече таа победничка серија.
Галијани искрено, кратко и јасно кажа: "Важно е да победиме поради моментот во кој се наоѓаме, но и поради парите кои ќе ги добиеме при евентуален триумф".
Еве ја и листата со повикани играчи (20) :

Abbiati, Amelia, Gabriel, 
Acerbi, De Sciglio, Mesbah, Yepes, Zapata, 
Ambrosini, Boateng, Cristante (n.36), De Jong, Emanuelson, Flamini, Nocerino, 
Bojan, El Shaarawy, Pazzini, Petagna (n.37), Robinho.

Абијати тренираше нормално со остатокот од тимот, додека пак на Монтоливо и Констант им е даден заслужен одмор. Абате и Антонини иако тренираат со тимот сеуште не се спремни за старт. Мексес е суспендиран, додека пак сагата околу Пато доби свое ново продолжение: Макс најави дека нема да биде во составот ниту против Торино во недела поради минатото со повреди кои го мачат и дека нема намера да избрзува со него. Но на нас упатените навивачи ни е повеќе од јасно дека ова е еден вид воспитна од страна на управата за изјавата која ја даде Патињо по натпреварот во Белгија.
Кристанте и Петања се единствените повикани од Примаверата која одсега ќе можеме да ја следиме и на нашиот ценет блог благодарение на Навигаторот и неговата упорност :)
Брајан минатата година против Плзен во натпревар сличен како овој доби некоја минута играње додека пак за Петања ова е прво вакво искуство. Вреди и да се спомене дека покрај Кристанте, Де Шиљо беше другиот младинец кој заигра во Чешка тогаш. а гледајќи една година подоцна каде се наоѓа истиот можеме само да му посакаме иста судбина и на Кристанте.


Ова е очекуваниот тим со тоа што ќе се одлучува утре дали Абијати ќе го започне натпреварот (според мене нема да има дилеми и Марко е стартер).
Во одбраната се повикани само 5 играчи и најискусниот од нив, шефот Јепес најверојатно ќе се чува за в недела, додека пак Ачерби и Запата ќе сакаат да се истакнат и да докажат дека можеме да сметаме на нив. Месбах изигра 50ина минути за младите изминатиот викенд и со оглед на тоа што Анте сеуште не е спремен за старт, а на Кевин му треба одмор нормално е да се очекува Џамиел да почне кога веќе е на тој список на ЛШ.
Средината и нападот ми делуваат баш онака како што треба, спој на играчи кои во последно време не беа стартери и овие минути ќе им бидат многу значајни и секако Боатенг кој ќе биде суспендиран на наредните 2 натпревара во Серија А против Торино и Пескара.
Очекувам и се надевам на победа, но и на солидна минутажа на нашите 2 бисера од клупа како и прво сефте (какво такво) за Габриел.

FORZA MILAN !!!

37 comments:

Ultras Milano said...

-Тренерот на голманите Марко Ландучи беше присутен на натпреварот Болоња-Аталанта со цел да го скаутира 25 годишниот голман на Сино-Црните од Бергамо.
-Робињо во интервју вели дека неможе да каже дека ќе си замине од Милан, но дека ова е фудбал и се е можно.На листата тимови кои се заинтересирани за него се приклучи и Сао Паоло, додека пак Нејмар вели дека баш би сакал Робсон да се врати во Сантос и да бидат соиграчи. Милан гледа да се ослободи од неговата голема плата + има муабети дека на раководните луѓе им е преку глава од просечниот финишинг на Бразилецот.

Значи сега за сега најинтересни теми:
Пато,Робињо,нов голман.
Имам некое чуство дека некој од двајцава Бразилци (а лесно може да се случи и двајцата) да заминат уште зимово со тоа што едниот од нив, најверојатно Пато ќе биде испратен на позамица. А за ова да се случи тогаш треба да таксаме барем еден квалитетен напаѓач.
Впрочем сите најави укажуваат на тоа дека назиме ќе си заминат 2-5 играчи за со цел да се растерети квантитативно екипата и со евентуално 1-2 засилувања да добиеме на квалитет.
Траоре и Месбах се најблиску до излезната врата како и Дидац на кој очигледно многу нема да се смета.
Тука може да се приклучат и Страсер,Валоти и Кармона кои би заминале на позајмици.
Тешко дека сега би си заминал Боа, пред се затоа што сеуште има кредит кај управата а и ќе треба некоја доста солена понуда да дојде за да се оствари тоа.

Околу голманите...
Се шушка дека и Габриел не покажал доволно на тренинзите и дека ќе се испрати негде на позајмица со цел да стекне континиутет, мада натпреварот против Реџина во купот е совршена шанса да го видиме ова младо момче колку знае и умее.
Скоро сигурно е дека Кичо на крајот од сезоната си заминува а дали ќе биде целосно повлекување и приклучување на стручниот штаб како тренер на голманите, или пак некоја кратка авантура во екипи од средината на табелата од Италија и Шпанија ќе покаже времето.
Скаутирањето на Консиљи е потег кој со сигурност ни укажува дека Милан бара нов голман, и покрај Перин тука се спомнува и Рафаел Кабрал како дел од наводниот премин на Робињо во Сантос, пред се поради тоа што Милан би барал околу 10ина милиони за играчот а Сантос не е спремен да плати таква сума.
Се поврзува и Андерсон од истиот тим со Милан но сега за сега тоа е се само новинарски муабети и моја фантазија.

Ultras Milano said...

Доста теми за муабет ви отворив, сакам да се разбие една голема дискусија и сакам сите да учествуваме во неа, до утре очекувам да биде полн со коментари постов.
Поздрав момци :)

ReBorned said...

Не знам на какви супстанци бил синоќа Ultras ама ми се допаѓаат. Конечно и еден пристојно посодржаен пост од него, по подолго време :) Нека продолжи во ист стил.

Околу мечот, бев скептик за евентуален триумф до вчера, дури и коментирав дека ќе ги избегнам на ливче ама после неколку прочитани изјави на Алегри и Галијани, како и шпекулацииите за првите 11, уверен сум дека тимот ќе оди на нова победа и верувам дека ќе стигне до неа. Тимот е повеќе од пристоен, фудбалери кои во последните неколку натпревари не се во прв план (Урби, Бојан, Пацини, Амброзини) и Боатенг кој е логично да игра поради тоа што потоа ќе паузира во првенството. Сепак, мала забелешка од моја страна. Повеќе од сигурно е дека во Јануари клубот повторно ќе се обиде да се ослободи од Месбах. Паралелно со тоа, не гледам причина зошто токму тој да игра кога долгорочно не сметаме на неговите услуги. Втората работа која не ми се допаѓа е играњето на Де Јонг. Нема причина да го играме и него, особено што веќе е етаблиран во првиот тим, игра неколку натпревари во серија и треба да добие заслужен одмор. Околу местото на Месбах, еве одлична шанса да го пробаме Урби на таа лева бековска позиција од самиот старт! Ќе знаеме дали и во иднина можеме да сметаме на него на таа позиција. Од друга страна, на местото на Де Јонг би можел да добие директен старт, Кристанте. Играјки покрај капитенот на клубот би можело да биде од непроценливо искуство!
Останатиот дел од тимот е добар и очекуван. Очекувам нова добра игра и очекувам нова победа.
P.S Не сакам вечерва воопшто да го видам El Shaarawy на теренот, дури и ако губиме! Мора да добие заслужен одмор и свежи ми се трагите од ситуацијата со Тиаго Силва! Не, благодарам!

Navigator said...

Види го бе пишувал во 5 сабајле! :) И тоа мастерпис! Браво Драганчо, браво :)
За натпреварот: Ми се бендисува составот, ми се бендисува што Bojan е планиран во стартен состав, затоа што некако најмногу ми е криво за него. Почна да игра одлично и без некоја особена причина беше седнат на клупа повторно. Тоа ќе значи многу за него. Исто се надевам и за Urby. Ќе биде штета што веројатно ќе биде изоставен на сметка на Boa и неговата суспензија. Не се сложувам со сликата во најавата околу изборот за лев бек. Max кажа дека го спрема Luca за денес, ама за жал не е спремен. Тоа го прави Mesbah единствен избор вечерва. Не ми се допаѓа и форсирањето на Flamini, едноставно, мислам дека нема што повеќе да докажува дечкото, доби еден куп шанси, пак истиот труп е. Од овие играчи, Noce, SES, Binho, Yepes и NDJ скоро сигурно нема да добијат настап. Според тоа, очекувам измените да бидат усмерени кон двајцата младинци и веројатно Urby. Ама сето тоа зависи од резултатот и текот на натпреварот. Во одбраната уште една шанса за Acerbi, а една од ретките за Zapata. Убава прилика да се видат и двајцата во ваков меч, против силен противник, а без огромно резултатско оптоварување. Како што Ри рече дека не сака да го види SES ниедна минута на терен, јас истото се надевав дека ќе се случи и со De Sciglio, ама еве за жал ни Abate не е во повиканите. На голот почнува Amelia, сигурно.
Вакви натпревари нема многу во една сезона и се одлична прилика од многу аспекти. Ова е идеална прилика за еден тренер, без да му се завиди за ништо, а да може да испробува што ќе му текне и тоа против екипа за секаква почит. Јас, нормално, се надевам и очекувам победа. Сепак, не можеме да очекуваме и кај Zenit којзнае колкав мотив, желба и залагање. Одиме на победа, четврта по ред!

Navigator said...

Имаше една статија пред некој ден околу можните потези на клубот за обезбедување на голманската позиција. Најспоменуван е Consigli, што е добра опција за мене. Искусен во домашната лига, подолго време е меѓу најдобрите голмани во Калчото, огромен стаж во U-21, само 25 години. Го споменуваат и Sirigu, веројатно затоа што PSG на лето ќе бара врвен голман. Од италијаниве, за мене најдобра опција е Marchetti, ама со него некако приказната за трансфер ми е најтешка. Прво, тој веќе не брани во мал клуб кој не може да одолее на понуда на Milan. Второ, претседател на неговата екипа е Lotito. Трето, кога имавме можност да го купиме, додека беше во Cagliari, не го направивме тоа и покрај потенцијалното влијание на бившиот негов тренер Max да издејствува подобар пазар за клубот. Во последно време се зборува и за Perin, кој реално е премногу млад за прв голман за ваква екипа. Најголемиот проблем за него е играњето во клуб кој многу извесно ќе испадне и во клуб со најлоша одбрана во првенството. Тоа може да влијае негативно и на неговата самодоверба и на неговото реноме и цена.
Marchetti и Consigli не би чинеле повеќе од 5.5 до 6 милиони, а Sirigu околу 11 милиони.
Најинтересна од сите за мене беше опцијата за носење на Lloris, по само една сезона во Tottenham и искористување на неговата лоша сезона за намалување на цената. Ако Lyon летово бараше 20, а доби 19 милиони за него, сега неговата цена е околу 13 милиони + незадоволството на раководството на клубот + Tottenham има уште тројца други голмани, меѓу кои и Gomez (рака на срце, двајца од нив се со 39 (Cudicini) и 41 година (Friedel)).

ReBorned said...

Лорис е одлична (и најдобра) варијанта ама мислам дека ќе почне да брани во континуитет во Тотенхем, ова е само период плус зошто би го продавале кога сите други опции им се близу или над 40тата?
Марчети е завршена приказна, Сиригу воопшто не сакам да го видам во Милан па најверојатна пристојна варијанта е Консиљи. Било кој од него и Перин, задоволен сум. Останува и Рафаел Кабрал како опција.

Navigator said...

Уште околу напаѓачите... Досега не верував, ама се повеќе се уверувам дека еден од дуото Pato-Binho си оди во Јануари, за жал, барем за мене. Мислам дека доколку се договори трансфер на Pato, ќе се атакува на шпиц, да кажеме Llorente. Ако замине Binho, можно е да се активираме по некој SS или CAM од типот на Snejider. Мене ми е многу интересна одлуката околу младите напаѓачи. Најавата на Berlo дека планира развирање на младинскиот погон на ниво на Barca, цело тоа подмладување на тимот те тера да размилсуваш што ќе се случува со неколку ептен талентирани напаѓачи што чекаат било каква шанса во првиот состав. Сакам да ја видам одлуката дали Niang ќе добие шанса или ќе биде експресно вратен во Франција. Дали Ganz и Petagna може толку брзо да бидат префрлени меѓу првотимците. Дали Comi ќе ја има судбината на еден куп наши деца кои заминале на позајмица и никогаш не се вратиле во клубот. Дали конечно Paloschi ќе одигра сезона во матичниот клуб. На крајот на краиштата, дали било кој од овие производи на нашата школа ќе има предност пред некои сомнителни трансфери од типот на Pazzini.

ace1899 said...

За голманската позиција пропуштивме доста добри трансфери како Маркети што го спомнавте или Рене Адлер кој отиде со истечен договор без оштета во Хамбургер, а е статистички мислам еден од двајцата голмани со најмногу интервенции во Европа. Ја би идел на нешто италијанско за голман и сите набројани ми фаќаат око со тоа што да не заборавиме Шарави го има посочено Перин како негов најдобар другар во едно интервју.
Веќе на големо се пишува дека ќе се атакува на Бало уште во јануари за да се комплетира италијанскиот напад во Милан - што многу ме бендисува.За да се направи простор и кадарен и финансиски тие што ги набројавте сигурно напуштаат но некаде се спомена дека Ачерби исто така се спрема за продажба(не позајмица) - наводно во клубот не се задоволни нешто слично како што се шушка(ше)и за Мексес. Се вртат имиња како Лусио,Рами од Валенсија,Пападопулос за стоперската позиција што за мене мислам дека е ПРИОРИТЕТ зимава и не треба да се штеди пари да се земе барем еден квалитетен стопер.
Ќе видиме како ќе се развиваат работите ,а еве у меѓувреме ѕирнете на кого све скоро му истекува договор на една мн јака страна со фудбалска датабаза со filter search ..Личи како football manager да црпат инфо од тука(ќе идам ќе го купам више не чекам крак)

http://www.transfermarkt.co.uk/en/suche/detailsuchespieler/suche.html?searchId=2815

ReBorned said...

Petagna ќе биде на клупата а Cristante, не. Глупости! Мора и двајцата да бидат барем на клупата во ваков меч!

ReBorned said...

Ако навистина на клупата има само 6 фудбалери а Petagna и Cristante се на трибините, ќе збеснам!

ReBorned said...

УЕФА се поправи и го додаде и името на Petagna на клупата.

Navigator said...

Момци ако не ви е проблем, пишете по некој коментар, заглавив во воз и веројатно нема да стигнам да гледам

CurvaSud_Milan said...

Знаев, значи знаев! Во истиот момент кога Фламини ја направи онаа непромислена глупава грешка на 40тина метри од голот првиот коментар во себе ми беше е вака се примаат голови! И би гол! Па добро до кога сами ќе си даваме голови, без разлика што акцијата се развиваше уште можеби цела минута после тоа, но се тргна од таму! Фламини пријателе, фала и чао.

CurvaSud_Milan said...

За малце ќе се извадеше, ќе го искритикувам уште малку па можеби ќе прочита нешто на полувреме :D

ReBorned said...

Игравме одлично, постепено притисокот го зголемувавме и бев убеден дека е само прашање на време кога ќе ја видиме топката во нивниот гол. Штета што примивме наивен гол, освен тоа Зенит немаше некоја посериозна шанса (само уште еден шут над голот).
Ми недостига Constant, сериозно :)
De Sciglio е уживање за очи! Не знам како успева да ги вади сите тие центаршутеви но секој негов центаршут е одличен, секој негов потег е одличен! Фантастично добро ја перцепира секоја ситуација и секогаш знае дали да оди на дриблинг, дали да оди на центаршут, да додава паралелно кон средината, да додава во вертикала напред, длабочинска топка или пак да се обиде со ниска топка на првата статива. Браво момче! И покрај тоа што на спротивната страна е фудбалски ограничениот Mesbah па сите акции одат од нашата десна страна, Zenit го знае тоа но нема решение. Дури и во моментите кога целосно е покриен и човек ќе помисли дека нема решение и во најдобар случај ќе биде изблокиран, De Sciglio пак наоѓа начин таа топка да ја протне низ иглени уши и да се претвори во опасен центар шут. Уште еднаш, браво!

ReBorned said...

И за шизикот во возот, HT статистика за да има подобра слика :)

HT STATS: Milan 0 Zenit 1. Ball Possesion: 59%-41%; Shots(On Target): 8(3)-3(1); Corners: 5-1.

ReBorned said...

Некаде бевме слаби, некаде не сакаше да влезе, некаде ги имавме Боатенг и Робињо.

Navigator said...

По тоа што го видов во овој 10-минутен хајлајтс, гледам дека се работи за доминантна утакмица, со еден куп шанси пред противничкиот гол, кај што себичноста, неспретноста и мањакот среќа на напаѓачите биле пресудни за крајниот исход. Морам да кажам дека сепак ми е многу сумљив моментот на пласман на Zenit во ЛЕ, со дејствијата на терен и со нашите финансиски проблеми. Да бидам директен, мислам дека Gazprom го купи натпреварот за сите да бидат среќни и задоволни, освен ние навивачите, нормално.

Ultras Milano said...

Благодарам на комплиментите момци.
Само што го изгледав натпреварот, голема кривица за голот треба да сноси Ачерби, само заприметете го оној дел од секундата каде што размислува дали да се впушти клизач или не и токму во таа секунда како да се сецнува, тоа го користи Дани и многу лесно финишираше.
Многу доцна се разбудивме, може да се каже тек по влегувањето на SES, секоја топка упатена кон Пацини беше потенцијана опасност за противничкиот гол, едноставно типот ти е таков гол играч што треба да ни е жал што немаме некој од типот на Роналдињо/Кака да го снабдува со топки.
Сега индивидуално:
Абијати: Неможеше да направи многу околу голот, а во продолжението дури и успеа да одбрани еден чист гол слободно можам да кажам
Де Шиљо: Одличен
Запата: Добро се справи со Хулк и изгледаше како Бразилецот воопшто да не беше на терен.
Ачерби: Делумна кривица за голот и некој добар клизач/interception.
Месбах: е дечко што сака да биде фудбалер.
Амброзини: Си ја вршеше својата работа на ниво
Фламини: Можеби не си ја вршеше работата многу многу, ама упати 3 шута кон противничкиот гол од кој едниот не беше така лош.
Урби: Проѕирен, невидлив, повторно менуваше позиција во текот на натпреварот.
Боатенг: Добро се движеше, и испрати само една топка на трибините. Ако ништо друго ќе одмориме од него наредниве 2 недели.
Бојан: Во најмала рака ужасен. Многу лесно паѓа, изминатиов месец дена се канам дека ке почнам да му бројам колку пати во тек на еден натпревар паѓа по контакт со противнички фудбалери. груба проценка моја е 7-10 пати.
Пацини: Опасен скоро секогаш кога добиваше шанса.
SES-Немаше доволно време да направи некоја магија.
Робињо - Имаше една убава шанса и да беше малку попрецизен друг ќе беше конечниот исход.
Петања: смрзна детето чекајќи да влезе во игра, едно добри 2-3 минути стоеше покрај аут линијата.
И кога влезе не се ни соедини со топката во 2те нецели минути кои му беа доделени.

ReBorned said...

Milan will face one of these teams in the next round of the #UCL: PSG, Schalke, Dortmund, Barça, Manchester United, Bayern.

Ultras Milano said...

Баерн.М
Б.Дортмунд
Шалке
Манчестер.Ј
Барселона
ПСЖ

Медови... Јас сум за ПСЖ да падне незнам за вас.

ReBorned said...

Еве уште еден интересен сајт.

http://kassiesa.home.xs4all.nl/bert/uefa/data/method4/crank2013.html

Navigator said...

Секој тим освен Barcelona може да се совлада, со тоа што јас лично не би сакал дуел со Bayern во ваква форма како годинешнава. Би било добро и Man Utd да се избегнат, ама нема да има Milan толку среќа да го добие Schalke :)
А овој сајтот последниов, уствари влече податоци од wikipedia, како што се надевам дека нашиот виџет за primavera ќе влече после секое коло од transfermarkt :)

CurvaSud_Milan said...

Прекинете да барате позитивни страни кај Пацини, се ежам. Дечкото со прости зборови објаснето е трупец или камен, кој како милува. Мене ми е дури жал за него кога ќе го видам колку искрено се залага да направи нешто повеќе, а сепак неможе. Матри, Макси Лопез, Роки, Герман Денис се плејада на просечни фудбалери од Серија А што се подобри од него во моментов. Со жалење морам по мое видување да констатирам дека и еден трупец од невидени размери како Џила е подобро решение од Пацини. ...и да, Лука Тони во овие години и оваа "форма" сепак би го преферирам пред Пацо, мајке ми. Имаме големо дрво во тимот од кој што поскоро се ослободиме толку подобро ќе биде за општото добро на клубот. ...кога ќе ми текне и дека доплативме сума од цирка 7-8 милиони евра ми доаѓа да си починам :(


Ultras Milano said...

Му ја претера сеа ти со споредбиве, па уште Тони,Роки,Џилардињо....
Ај не зезај и ти, дека е преплатен е, ама Касано ни остави таков избор и мораа да се ослободат од него во најскоро можно време и затоа направија таков глупав потег.

ReBorned said...

Многу битен момент!
И ОФИЦИЈАЛНО: УЕФА ја одобри Youth league која ќе почне следната сезона. Младите тимови за влез во лигата се тесно поврзани со резултатите на сениорите (со други зборови, доколку Милан не заврши во ТОП 3 оваа сезона, ниту Primavera нема да игра во ЛШ за млади, следната сезона.

ReBorned said...

http://blogirame.mk/g/5bdb0688/

Ultras Milano said...

Интересно, не сум информиран на кој начин ќе се одвива ова натпреварување, а она на Еуроспорт шт ого даваат Next Generation или така нешто.

ReBorned said...

Па се ти напишав во постот, што не ти е јасно? :)
Или ти не го отвори линкот?

Next Gen не е официјално УЕФА натпреварување, ова ќе биде.

ReBorned said...

Инаку постои реална можност да не го гледаме Milan ова коло. Мечот во Torino заедно со уште 3 други (северниот дел на Италија) е под реална опасност да биде одложен поради лоши временски услови. Под знак прашалник е и дербито на колото, во Milano.

Navigator said...

Подобра варијанта е тоа што организацијата би ја превзела UEFA, ама не е подобро тоа што тимовите во Youth ќе се одредуваат според учеството на сениорските екипи. Многу често, особено во Италија и Германија, до некаде и во Англија, малите тимови имаат подобри младински селекции од гигантите на сениорско ниво. Уште повеќе што ова е натпреварување до 19 години, каде таленти сеуште не се изнакупени од богатите. Земете ги за пример Atalanta, Torino или Varese во Италија, Wolfsburg или Dortmund до пред некоја година кога не беше клуб на вакво ниво, West Ham и Aston Villa во Англија. Овој формат и селекција на учесниците на NextGen, кај што вметнуваат само клубови со докажани младински школи е можеби донекаде субјективен, но далеку поправичен отколку пресликувањето на составот на сениорската ЛШ.

Ultras Milano said...

Четврток 21:00 Спортклуб+ части:
Милан vs Реџина :)

ReBorned said...

Видов и јас тоа. Конечно Niang од старт?

Викендов тешко Калчо а?

Ultras Milano said...

После OKC-LAL идеше рекламата претпоставував дека виде :)
А што е последно околу ризичните утакмици ? ќе се игра или ќе се знае утре?

ReBorned said...

Сè уште не се сигурни неколку (меѓу кои и нашата). Човек да не знае дали да пишува пост :)

Navigator said...

Човекот нека пишува пост :) Mечот мора да се одигра оти чекам уште Milan 2ка и City GG3+ :)

Navigator said...

А што е спорно со времето во Торино не можам да разберам. Еве видете, уверете се:

http://www.accuweather.com/en/it/turin/214753/afternoon-weather-forecast/214753?day=2

http://www.weather.com/weather/tomorrow/Turin+ITXX0081:1:IT

http://www.weather2umbrella.com/en/weather-forecast-turin/eta2/11/1181650/0/meteogram