Translate

Wednesday, 12 December 2012

Coppa Italia - Ottavi di finale: AC Milan vs Reggina



Средина односно крај на Декември, период резервиран за возбудувања од Италијанскиот куп кој Милан последен пат го подигна во 2003тата (истата година кога беше освоена и Лигата на Шампиони.)
На Сан Сиро ни доаѓа Реџина, тим кој со Верона се единствените преостанати претставници на Серија Б во купот, и тешко дека ќе се појават со бело знаме. Таму играат Коми и Ели но само вториот од нив е повикан и со сигурност ќе настапи.

Кај нас пак ситуацијата е компликувана но за еден куп натпревар со противник од ваков калибар овие 19 играчи би требало да бидат доволни:


abbiati,coppola,gabriel
abate,de sciglio,zapata,yepes,mesbah,antonini
flamini,strasser,nocerino,muntari,emanuelson
bojan,el shaarawy,pazzini,robinho,niang

Мексес е суспендиран, а Боатенг добил некој удар против Торино и нема да биде ризикуван за овој натпревар. Алегри отиде дури и до таму што не ни остави и многу да погодуваме и го најави составот кој што 99% ќе го видиме утревечер:

Abbiati
Abate-Zapata-Yepes-Antonini
Flamini-Strasser-Urby
Robinho-Pazzini-Bojan

Без ниеден повикан младинец, јасна е пораката која ја испраќа Макс, а тоа е дека Милан си зацрта за цел да атакува на овој трофеј кој најверојатно е единствениот на кој можеме посериозно да сметаме.
Токму затоа Габриел и Нианг ќе почекаат малце за својот прв старт , и токму затоа Абате и Антонини ќе ги гледаме по бековските позиции со цел Де Шиљо малце да земе воздух. Истото важи и за Ночерино и Фараонот кој добиваат заслужен одмор, а Страсер ќе го добие првиот старт сезонава. Урби е логично решение како единствениот креативен играч за врска, додека пак Мунтари е спремен за настап и сигурно ќе добие некоја минута игра ако резултатот и околностите го дозволат тоа.
Има доста интересни детали околу последното интервју на Алегри кои ќе ги споделам во вид на коментари.
Четврток 21:00 СпортКлуб+ подобриот од овој дуел оди на Јувентус во 1/4 финалето.

15 comments:

Anonymous said...

Allegri: "Acerbi will be ready to play vs. Pescara on Sunday."

Allegri: "Boateng wasn't called up for #MilanReggina because he received a knock on his ankle." @KPBofficial

Allegri: "It's difficult to say when Pato will return, but I don't think that he will return before January."

Allegri: "Niang will not leave Milan in January."

Allegri: "We have 32 players. The board and I will evaluate what to do in the transfer market after the match vs. Roma (22nd of December)

Allegri: "Some of the youngsters will leave Milan in January in order for them to get more experience."

Allegri: "Other players will leave the club in January, because they want to get more playing time."

Allegri: "Didac Vila underwent surgery back in August and he's still not ready to play. We don't know when he'll be ready.

Navigator said...

Или сите многу зафатени или Купов ич не е интересен :) Се намачило детето, вие ниеден коментар да оставите. Јз'к! Сега се прибирам дома, ептен среќен што нема да се мачам со стримови, ќе си гледам раат на СпортКлуб и верувам дека ќе се изнагледам голови. Сите предуслови за тоа се исполнети. Max изгледа не се зезал со Купот, додуша сите силни екипи вчера и завчера излегоа со малтене најсилни состави. За мене ако се оствари оваа предвидена постава, Strasser е изненадување, дефинитивно. Другите ги очекував иако Flamini не можам да го поднесам се повеќе и повеќе. Нешто како Владе што не може да го свари Патката :) Момци, послените неколку меча велев "одиме на победа", ама сега ќе речам "одиме на лесна победа"!

FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

Јас сега влегувам дома од СК. Јас лично најмногу се радувам на дебито на Strasser кое до некаде е и логично со оглед на фактот дека De Jong нема да го видиме повеќе сезонава па ова ќе биде една од ретките шанси каде Strasser ќе мора да докаже дали може сериозно да се смета на него (барем како резерва) или повторно ќе биде отстапен во Јануари.
И уште повеќе, едноставно сум на облаци со тоа што ќе можам да го гледам Ely од самиот старт против фудбалери како Pazzini, Robinho или Bojan! ФАНТАСТИЧНО!

Очекувам барем 30тина минути за Niang!

Anonymous said...

Супер старт на вториот дел.
Ран гол и влегување на Нианг.
Сега треба само рутина.
Страсер ме радува, уште од првиот пат кога го гледав пред 2-3 години игра константно, и доста сигурно.

ReBorned said...

Сакам да видам повеќе од M'Baye :)
Па и трча назад, покрива во дефанзива :)

ReBorned said...

El Shaarawy told De Sciglio: "Niang is only 17, I'm 20 and we have Mastour, what an awesome attack we're gonna have! And for the defence we have you!"

Anonymous said...

And we also have Ante!!
Не сериозно оваа констатација најдобро го опишува:

Francesco ‏@FRANCESCalciO
Antonini could be playing for Reggina and nobody would be able to tell he was a Serie A player.
Мора некако да се отарасиме од него, ај има некаква надеж дека Бони ќе си замине летово со оглед на фактот дека му истекува договорот.

Kole.22 said...

Очекуван резултат. Да речеме без поголем напор и во голема мера здодевен. Нема што многу да се издвои освен деби-голот на Нианг.
Непријатно ме изненади коментаторот на спортклуб, доста лапсуси и непознавање на нашиот тим, мегутоа ке им простиме со оглед на тоа што веројатно со едното око гледал Партизан :) Изгледа мечот беше на ниско ниво, па и јас се закачував за детали.

Кога веке го спомнавте Мастур, што е со него? Каде ја пратите неговата игра?

ФОРЦА МИЛАН

Anonymous said...

Ја го заприметив кога рече дека на Анте појака нога му била левата??
Мастур на Јутуб пријател и него пратам баш многу јас, и што ќе твитне некој.

ReBorned said...

Рино признава дека погрешил.

http://www.sportski.mk/statija/13570

Kole.22 said...

''Не ми се допаѓаше фризурана на Ел Шарави и неговите веѓи, па затоа го карав многу, а понекогаш добиваше и воспитни'' ахахаха КРАЈ

ReBorned said...

Интересно интервју со Берлу, начнати повеќе теми:

http://www.rossoneriblog.com/2012/12/15/berlusconi-milan-consider-3-4-january-signings/

ReBorned said...

http://www.football-italia.net/28462/niang-milan-and-idol-ronaldo

ReBorned said...

http://www.football-italia.net/28464/allegri-robinho-professional

ReBorned said...

Јас пишувам.