Translate

Sunday, 16 December 2012

113 години!



На денешен ден пред точно 113 години, Herbert Kilpin го формираше клубот Milan foot-ball and cricket club. Во време многу поразлично од денешново, време каде не постоеше маркетинг и пари туку само љубов кон бубамарата. Kilpin ја одбрал црвено-црната комбинација како блиска на Milan поради тоа што: "We are a team of devils. Our colors are red as fire and black to invoke fear in our opponents!"
Кога денес ќе се осврнеме наназад, Kilpin во наследство го остави клубот со најмногу интернационални трофеи во светот!


Различни етапи, различни херои и различни резултати. Сепак, љубовта кон клубот останува секогаш иста! Вистинските навивачи на овој клуб се секогаш зад него, кога сме на врвот на светот и кога сме во втората половина на Италија! Секој фудбалер што ги поминал вратите на Milanello, оставил дел од себе во клубот и дел од клубот, во себе! 




Мечот против Pescara наметнува императив победа најмногу поради два моменти, јубилејот на клубот и тоа што мораме да го продолжиме одличниот момент во кој се наоѓаме во моментов. Тимот е речиси комплетен, освен стандардните повредени, кои се во аут подолго време. Остануваме на 4-3-3 формација која дава најсолидни резултати, во дефанзива и офанзива.

Постојат само две дилеми во составот, дали Mexes ќе успее да се опорави за старт и дали Pazzini или Boateng како лажна деветка, во нападот. Constant се враќа во составот исто како и Montolivo, Ambrosini ќе ја покрие дупката по лошата повреда на De Jong а De Sciglio го истисна на клупа Abate, на десната бековска позиција. Напред, повторно сите очи ќе бидат вперени кон најдобриот стрелец во Италија.




Одиме на сигурна, убедлива победа! За бодови, за повисоко место на табелата, за историјата, за Milan!

Forza Milan!!!


24 comments:

Navigator said...

Најпрво, браво за постот, одлично си го склопил јубилејот и мечот што го чекаме. Малку безвеза како веќе неколку недели ги пишуваме овие најави на денот на мечот, ама ајде, веројатно се работи за обврски периодов.
Не пола саат до мечот нема да коментирам за историјата, туку за што не очекува денес. Убеден сум во победа, освен ептен нешто ако тргне наопаку. Мислам дека момците се конечно во добра серија, пред се психичка. Очигледно е дека не се плашат веќе од ниеден дуел, свесни за својата сила и квалитет. Сакам да видам меч како во Четвртокот, само малку поангажирано, особено во првото полувреме. Pescara ни од далеку не е квалитетен спаринг партнер и би било убаво да ги разнесеме уште по првиот пола саат. Ми се бендисува тоа што управата продолжува со грижата околу момците на својот препознатлив начин. Собирите, забавите, посетите се полн погодок. Фамилијата повторно се собира! Повторно заличуваме на оној стар Milan.

Buon compleanno e forza Milan!!!

Navigator said...

Marco Amelia; Mattia De Sciglilo, Cristian Zapata, Mario Yepes, Kevin Constant; Riccardo Montolivo, Massimo Ambrosini, Antonio Nocerino; Robinho, Giampaolo Pazzini, Stephan El Shaarawy.

ReBorned said...

Евентуално (пред се, резултатски) убедливо прво полувреме верувам дека ќе значи и нови минути за Niang.
Perrin, момчето за кое сме заинтересирани е одличен личен пријател со El Shaarawy и даде некои интересни лични детали: На пример Стефан колку што бил добар во вистинскиот фудбал толку бил лош во оној, на плејстејшн :) Вели дека пеналите на Стефан не му се баш најдобра страна, дека двајцата редовно играат пинг понг и некогаш тенис кој Ел Шарави многу го сака. Перин исто вели дека според него, Ел Шарави е подобар од Балотели.

Kole.22 said...

Супер пост за супер победа.
Стримови на hahasport.com преку сопкаст има одлични.
ФОРЦА МИЛАН

Navigator said...

Тоа е тоа што го зборувавме :)))

FORZAAAA!

Anonymous said...

http://www.pirlotves.com/canal-3.php

ReBorned said...

Со оглед на тоа како започна мечот и со каков квалитет располагаше противникот, одигравме релативно слаб натпревар. Сепак, на крајот убедлива победа.
Niang е ѕвер! Руши се пред себе! Барем на теренот делува дисциплинирано, се бори за секоја топка, покрива назад и не е себичен.

По мечот од купот, Allegri изјави дека Niang во иднина ќе добива повеќе шанса. Ако се сеќавате и лани кога El Shaarawy дојде во Milan, до Јануари речиси и не добиваше шанса а почна почесто и поредовно да игра по зимската пауза. Нешто слично се случува и со Niang. Се надевам дека ќе има ист резултат.

Anonymous said...

На кратко резиме околу натпреварот?
За да знам дали вреди да симнам снимка и да гледам.
Иначе во последните 5 натпревари во Серија А имаме 1 нерешен резултат и 4 победи во серија секако и победата во купот против Реџина.
Рома изгуби денес а тоа ни одговара затоа што сега ни бегаат само 2 бода, и одличен начин да се заврши годината би бил да победиме на Олимпико и да го завземеме нивното 6то место.
Во моментов разликата од нас до 3тиот е 6 бода, а ако Наполи победи вечерва ќе бидеме на 7 бода разлика од третопласираниот Интер кој е во една резултатска криза.

ReBorned said...

Шпекулации дека Milan договори со Weiss во Јануари да прејде кај нас од Pescara. Weiss има уште 6 месеци до крајот на договорот, Milan наводно ќе плати 2.5 мил. евра а негов агент е Раиола. Бињо веројатно си оди (потврди и Алегри и G дека Бињо сака да си оди во Бразил во Јануари).

Navigator said...

Ако Niang ја повтори приказната на SES би било дури и поголемо чудо, затоа што разликата меѓу нив е 2 и пол години. Ама немам ништо против тоа, се разбира :)
Мечот денес не беше којзнае колку убав за око, ама мора да признаеме дека не ни очекувавме некаков спектакл. Извонредно отворивме, фуриозно, баш како што посакувавме. Остатокот од полувремето беше рутинско, со очигледна надмоќ. Она што мене ме загриѓува во цела оваа успешна трансформација на екипата последниот месец е проблемот со губењето глава негде помеѓу 50 и 70 минута. Значи не зборувам за цел тој период, туку во текот на тие 20 минути, на секој натпревар нас ни се случува да изгубиме ритам и контрола. И најлошо за мене, нема играч што ќе застане, ќе ги разбуди другите, ќе ја превземе кризата на свој грб. Тоа не го прави тренерот од клупа, ниту капитенот, не го прави некој од најискусните, не го прави SES како најдобар наш играч, за мое изненадување, не го прави ниту Montolivo. Многу добар пример за тој пад во играта беше денешниот меч. Тоа мора да се поправи во пресрет на директниот дуел со Roma и за понатаму, секако. Оваа преродена екипа покажува мали знаци на немоќ и ако успеат да ги корегираат, ќе го гледаме стариот Milan. Не сакам да испадне дека критикувам на позитивен резултат, само ми е страв од ваквата криза во играта како денес. Инаку сме на многу добар пат на враќање кон врвот.
За поединци: De Sciglio со право го истисна Abate на клупа, игра скоро без грешка. Офанзивно е одличен, ама такво справување со притисок во дефанзива, па уште од толку млад играч, навистина ретко се гледа. Zapata дефинитивно покажува дека вториот најдобар стопер во екипата, после Mexes. Yepes е еден од најблагодарните играчи што сме го имале години наназад. Свесен е дека нема квалитет за постојан стартер, ама кога и да ти треба, можеш да се потприш на него. И денес на ниво. Constant е убедливо најдобриот офанзивен лев бек од кога паметам за клубот. Очигледно дека не е оригинален бек и ги нема тие дефанзивни квалитети, ама против вакви екипи, на вакви мечеви, измислен е за на таа позиција. Само се плашам кога ќе треба да остане назад и да чува некое чудовиште од типот на Hazard да кажеме. Средината денес беше просечна, Ambro некако многу нервозен, ама корисен, Noce со нов гол и веќе се осеќа самодовербата од головите. Почесто е во шеснаесетникот, има страшни спринтови во контра, а префрлувањето на играта на спротивната страна со долги топки го прави беспрекорно. Најдете еден негов лош долг пас во ширина - нема да успеете. За Monti имам замерка што цело второ полувреме го одигра повлечен, со некоја алиби игра. Можеби поради замор, ама за тоа постои измена, а не тегнење покрај аут линија. Нападот беше одличен. SES стандардно добар, иако во еден период, оној лошиот го снема. Binho за мене е неопходен во екипата и ќе ми биде ептен жал ако си замине. Тоа што тој го прави на терен, неговиот придонес, не може никој друг од оваа екипа. Тоа е специфичен играч што вреди да го имаш. Најискрено се надевам дека ќе остане зимава. Pazzo имаше еден кикс кога не погоди од 3 метра со глава, негова ситуација. Се изваде со асистенцијата, ама очиглендо беше дека самиот од себе беше недоволно задоволен. Иако константно влечеше на себе барем двајца дефанзивци и содваше убав простор за другите напаѓачи. Amelia пак прима гол од прекин, можеби не по своја вина, ама clean sheet ќе беше многу добро за него.
Одиме натаму момци, да продолжиме да газиме се пред нас. Roma убаво се избламира, покажа дека е старата ранлива волчица, а тоа треба да е убав знак дека сме поквалитетни и дека можеме до 3 бода на Olimpico!

FORZA GRANDE MILAN!!!

ReBorned said...

А што мислите за Weiss?

И за Robinho, ако замине нема да биде по волја на клубот. И Allegri и G потврдија дека сакаат Binho да остане во клубот но и двајцата јавно признаа дека фудбалерот веќе неколку пати ги замолил да ја прифатат понудата од Santos и да му дозволат да биде блиску до своето семејство. Тој сака да си замине.

Navigator said...

Wiess денес имаше лоша утакмица, лани беше солиден цела сезона, пред тоа само талент, без конкретни резултати. Јас лично не сум за него. Има неколку значително подобри опции од Weiss.

ReBorned said...

Прв контакт со репрезентацијата на Италија!

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=3bbOycDxCU8

ReBorned said...

10 Најталентирани млади бекови во Европа според WhoScored. Погодете кој е број 1

http://www.whoscored.com/Blog/mpbtorrmmkg79z1x5q6urg/Show/Player-Focus-WhoScoreds-Top-Rated-Young-Full-Backs

Navigator said...

Ова што го прави Hachim против свои врсници не е нормално, не е реално. Како да си им пуштил 3-4 години постар играч на терен. Каков бисер...

Anonymous said...

Му стискаме само палци, и пу пу да не го урочиме.
Доста вакви таленти сме виделе што на мала возраст правеле растур па после ги снемало, дајбоже Мастур да не е ваков.
А влева надеж кај него фактот што за некои 2-3 години ќе може да се пробива во првиот тим.
Само можам да замислам ако вака продолжи какво медиумско внимание ќе добива за година две.

ReBorned said...

Ако има некој што чита а сè уште не е фан на:

http://www.facebook.com/MilanFansMkd


Нека го стори тоа веднаш затоа што има некои работи кои таму се споделуваат а ги нема тука, на блогот.


Одличен гол на Marco Fossati, фудбалерот на Milan е на позајмица во Ascoli.

https://www.youtube.com/watch?v=aIR3AF9DAVU

Anonymous said...

И дефинитивно Napoli казнет со одземање на 2 бода! Тоа значи 5то крај на борбата за Скудето, 5то место, само 4 бода повеќе од Milan. А ние сме само на 6 бода од ЛШ. Мечот на Olimpico ќе разјасни многу работи очигледно!

Navigator

ReBorned said...

Екстремно важен меч пред зимската пауза! One last push!

Anonymous said...

Ќе биде многу тешко, не е првпат да играме со Рома во овој дел од сезоната. Ми текнувна на мечот на Сан Сиро пред 2 години каде еден дечко со лоша фризура ни даде гол и така изгубивме. Според фудбалот што го играат двете екипи треба да очекуваме доста голови на дербито.

ReBorned said...

И искрено, не ни оди баш најдобро против Рома, барем не во последните неколку сезони. Константно губиме, не елиминираат од купот. Оваа Рома на Земан, игра (пре) многу офанзивно. Ние сме одлични на контра напади. Ако успееме да се стегнеме во дефанзива, мислам дека ќе ги начекаме на (полу) контри.

ReBorned said...

Што се криете? Глава горе! Верувам!

CurvaSud_Milan said...

И јас!! :)

Anonymous said...

И јас верувам дека ќе ни се повтори 2010 vs Манчестер :P