Translate

Saturday, 10 November 2012

Milan vs Fiorentina


По обврските во ЛШ се враќаме на домашна сцена. Играме против цврста екипа која е еден од кандидатите за излез во Европа следната сезона. За наша среќа или за нивна несреќа, најдобриот фудбалер нат имот, Јоветиќ нема да настапи против Милан поради тоа што заработи повреда. Нас нè интересираат повредите во нашиот табор.
А таму Abate е новиот на листата на повредени фудбалери, ќе отсуствува барем 15тина дена. Allegri на мечот против Фиорентина ќе настапи со Constant - Mexes - Bonera - De Sciglio и верувале или не, тоа ќе биде 16 различна комбинација во одбраната во 16 одиграни натпревари сезонава! Пред нив е сигурен Montolivo а можно е Nocerino да му прави друштво во средината иако постојат и останати варијанти. Напред е неизвесен El Shaarawy поради повреда на коленото а веројатно е и Boateng да започне од самиот старт. Напред, Pato е во блага предност пред Pazzini.


P.S На денешниот прес пред мечот со Фиорентина, Allegri изјави дека засега цел на тимот е 4тото место на табелата но тоа би можело да се смени во зависност од резултатите во текот на сезоната.

26 comments:

Ultras Milano said...

Идиоти се FIGC поради нивните "безбедносни причини" Римското дерби е во ист термин со Милан, и ние ќе треба да се мачиме на килави линкови.

Ultras Milano said...

Пардон, не се FIGC за ќотек туку Макпетрол тв!!
Добро дали се нормални???
Вечер наместо Пескара-Јуве Тенис!
Утре наместо Римско дерби ТЕНИС!!
Нема веќе фудбал на тв во МК жими се....уште телма останаа да пренесуваат некое првенство заедно со МТВ што го пренесува домашниот шампионат и еден натпревар неделно од ЛШ.
Мизерија сме, дрим бокс, сателитска или што ти знам јас ни треба вака не иде....

ace1899 said...

Еј стварно овие Телма за тепање се,не смееш да пренесуваш италијанско а римското дерби да не го даваш во живо,згора на се Бране е интераш ама до некаде се контролира,ама оној Стево коа ќе почне да зарипнуе за Јуве стварно ми иде да му влезам во студио.

П.С. Времиња... http://www.youtube.com/watch?v=CYx0btDjhMs

Kole.22 said...

шевченкоооооооооооооо

Navigator said...

Тепаме 2:0 денес! Mark my words... ;)

Navigator said...

Abbiati; De Sciglio-Mexes-Bonera-Constant; Ambrosini-Montolivo; Urby-Boateng-El Shaarawy; Pato.

Bojan повторно извисува! Ова не го разбирам, апсолутно!

ReBorned said...

Според зборовите на Allegri, Bojan имал потреба од одмор.

ReBorned said...

http://www.thefirstrow.eu/watch/152473/1/watch-ac-milan-vs-ac-fiorentina.html

Navigator said...

Охх што дочекавме, измрцварениот Aquilani да ни даде гол...

CurvaSud_Milan said...

ФРУСТРИРАЧКИ!!! ФРУСТРАЦИИ НА СИТЕ СТРАНИ! ОЧАЈ! ОПРАЈТЕ СЕ, АМАН!!!

CurvaSud_Milan said...

Многу лесно и оправдано можевме да останеме со играч помалку!!! Бонера надвор од мојот тим незналицо една!

ReBorned said...

Не знам што и дали воопшто е можно да се направи нешто во вториот дел.

Navigator said...

Овојпат ми се чини дека е премногу доцна. Грешката беше во старт, со изоставувањето на моторот на тимот во последните два натпревари. Прочитав Ри дека му било потребен одмор, ама ебати играчот ако не може да одигра три натпревари во 8 дена, а претходно цела сезона седеше на клупа. Останатото е плод на јасниот проблем со одбраната. Некоординираност е проблемот! Нема лидер во одбраната кој ќе диригира, кој ќе ги размести соиграчите, кој ќе викне ЈАС или ТИ покриваш, излегуваш, останиваш... Allegri е дефинитивно забеганиот во оваа ситуација. Да имаш различна одбрана на секоја можна уткамица, 16 цели кола е надвор од паметот. Немој некој да ми каже дека морал така, дека немал избор. Zapata е скоро цело време на располагање! Застанав да гледам фудбал и покрај страшни обврски, немам wi-fi, туку си правам personal hotspot и трошам 3G за да гледам, ама очигледно нема што да видам и за кого да го гледам мечот. За пеналот нема да коментирам, затоа што му се случува не секого, ама ќе прашам дали Pato беше играчот што требаше да изведе пенал? Го имаш најдобриот стрелец во тимот на терен, го имаш капитенот, имаш двајца многу добри техничари како Urby и Montolivo...
Да се надеваме дека може да падне брз гол и притисокот да го направи своето, да испадне нешто слично како на Сицилија. FORZA MILAN!!!

Navigator said...

Јеботе Мексес :)

ReBorned said...

Не велам дека нов човек на клупата може да ги донесе работите на подобро ама сигурно нема да биде на полошо! Треба некоја нова искра, нови идеи, нешто што ќе го раздрма тимот.

ace1899 said...

Најново од италија - не знам колку е ново ама сега се прибирам дома - дека во моментиве има состанок меѓу Галијани и Берлускони,и најверојатно оваа вечер е да е последната на Макс како аленаторе на Милан.

ReBorned said...

Какво одење, останува.

Kole.22 said...

A.C. MILAN COMUNICATO UFFICIALE: smentita l'aggressione a Pato!

што значи ова?

ReBorned said...

@Kole22 Се појавија шпекулации дека Pato примил закани по живот после мечот со Fiorentina и клубот тоа јавно го демантираше (истото го направи и Pato во интервју).

Kole.22 said...

Да укирапирав покасно...
Туку знаете што ми е криво. Од јутуб е избришан десетминутниот хајлајтс од натпреварот против манчестер 2007 на СанСиро... и тоа со коментар на Пелегати... мислам дека знаете за што кое видео зборам... Најдоброто потсетување на блиското минато :(

Ultras Milano said...

Туку мене знаеш што ми е покриво? Што продадовме 2ца од најдобрите 5 играчи на светот во моментот за не толку добри пари.
А знаеш што ми е уште покриво? што постариот од нив двајца уште покажува магии и мајстории и покажува дека моментално е подобар од целиот наш напад.

Иначе некој коментар повеќе за Италија-Франција пошо не ја гледав?
Како функционираа Бало и EL92?
Според Прандели одличен тандем и иднина на италијанската репрезентација.
А судејќи по деби голот на Фараонот и акцијата во која учествуваше негов соиграч и се надевам негов иден соиграч сосема добро изгледале.
Дали Монти играше зад напаѓачите? Кандрева на која позиција играше?
Зошто да не гледаме на Вивиано или Сиригу како идни голмани на Милан?

ReBorned said...

Батали Сиригу, Матиа Перин е иднината!
Го гледав мечот, одлично беа поврзани Стефан и Бало. Малото одлично смири една долга, висока топка и му ја намести на Марио а овој погоди пречка од 20 метри! Потоа имаа уште една одлична заедничка акција кога Стефан му ја додаде на Бало а овој ако не беше толку себичен и ако ја вратеше таа топка до СЕС наместо да шутира преку 3 фудбалери, ќе имаше нов гол. Ова беа случувања на 0-0.
Италија играше со 4-3-3 но Монтоливо влечеше напред кога одеа во напад.
Малото, исто како Милан, шпиц во напад и лев бек во одбрана!
И на крајот, мечот беше класичен пример за тоа колку знае да биде брутален фудбалот! Италија им го истури мозокот на французите а Франција победи 1:2.

Ultras Milano said...

Абе Перин е иднината ама сегашноста е дека дечкото игра за тимот кој е последен на табелата и прими 6 комада од Старата крава изминатиот викенд :D
А прочитав и негова изјава на Спорт Италија каде вели дека сеуште не е спремен за премин во голем клуб.
Иначе Газета шпекулира дека Месбах,Траоре и Робињо 100% не напуштаат во Јануари.
Месбах најверојатно ќе биде набркан, за Траоре има наводен интерес од Премиер Лигата, а Сантос сеуште го сака Робињо.

ReBorned said...

Месбах ако толку лесно сè бркаше, ќе беше избркан уште во Август :)

Ultras Milano said...

Они го доведоа они нека си бараат чаре, ако се толку неспособни да избркаат еден просек што не е ни за клупа тогаш не треба да се нафаќаат со посериозно проекти.

ReBorned said...

Денес Берлу е во посета на Миланело и не можам да ги читам неговите изјави, ме вадат од кожа! Политички изјави!

Berlusconi: "It's not a suprise to see El Shaarawy play like this, because I was the one who wanted to sign him."