Translate

Sunday, 25 November 2012

IL VERO DERBY D’ITALIA!!!

Дерби натпреварите во Италија носат разни имиња. Некои од нив се градски, некои регионални. Некои имаат историска позадина, некои дури и политичка. Дуели за превласт, за реноме, некогаш само за честа на дресот. Сепак, еден натпревар ја има најголемата тежина. За него не смислиле некаков епитет, назнака, опис. Едноставно, доволно е да се каже дека играат Milan и Juventus и сите им е јасно дека се работи за вистинското Дерби на Италија – Il vero Derby d’Italia. Натпреварот за кој многумина пред почетокот на сезоната го предвидуваа како шлагерот на првенството. Мечот во кој ќе се одмерат двете најсилни екипи во Италија и двете екипи кои минатото првенство му дадоа печат на италијанскиот фудбал. Двата најтрофејни клуба во Италија и двата најголеми репрезенти на Калчото. И покрај целото свое значење, за жал, годинава пресметката е претворена во дуел на лидерот на табелата и најголемото разочарување во Serie A, па и во Европа. За жал, од многумина утрешното дерби е најавено како игра на мачка и глушец со поприлично извесен епилог. Сигурно никој од нас нема да се сложи со тоа. Ние во ова дерби гледаме прилика, и за своевидно и кратко детронизирање на шампионот, но и за неправдата од минатата сезона што нема така лесно да се заборави. Притисокот кај нас од мечот утревечер е неизбежен, исто и напнатоста и возбудата, но сите тие елементи пресликани на терен, кај оние најважните, нема исто да се осеќаат. Улогата на фаворит дефинитивно стои до името на противникот, а тоа, за овој реновиран тим на Milan може да биде пресуден фактор.

Дербито за првпат по цели 15 години ќе биде посиромашно за една жива легенда, по занимање тренер, а по вокација шампион. Негово знаење, умешност и голови им го подели на двата утрешни противници, иако за нас зачува малку повеќе :) Уште многу заеднички ѕвезди (иако противникот признава само 3 ѕвезди и ништо друго :) ), ама утревечер една ќе биде многу важна. Овојпат сеуште се работи за легенда во создавање, не радува(ше) и нас и јувентините и цела Италија. Maestro Pirlo, тие ќе го сакаат во елемент, ние соодветен на годините што ги има. Без сомнеж, многу работите ќе зависат директно од него, особено во перформансот на гостите. Сите ќе се сложиме дека Juve не е истата екипа со и без него. Изгледа бедно кога ние на сите маки се интересираме за недостатоците во играта на Juventus, ама очигледна е просечноста на тој тим без главниот диригент. И нема да објаснувам колку ќе значи негово маргинализирање на терен. Остатокот од екипата е опасен, моќен, ама не е генијален како mastermind-от.

Нашите проблеми се повторувани во секоја можна најава од третото коло, па наваму. И по 17 натпревари не е најден лекот за одбраната, така што нема да биде нелогично ако се констатира дека и воопшто го нема. Веројатно, решението е како да се компензира немоќната одбрана со средината и нападот, за кој греота е да се обележат како неквалитетни. Селекцијата на Max, чувството за правилен избор на играчот, формацијата, мотивацијата, па дури ако сакате и динамиката на играта, сезонава изостануваат. Тоа дефинитивно не е истиот тренер кој две сезони кубуреше со помалку од 20 здрави играчи. За утре најави нови промени, секако. Беше јасен околу 4-3-3 формацијата, што е логично за вака потешки натпревари. Извесно е дека ќе експериментира со Robinho во нападот, на десната страна. Во шпицот веројатно прв избор би бил Pazzini. Од другата страна, јасно, SES. Во средината се најавени Montolivo и NDJ, додека за третото место, она најлево, најголем кандидат е Nocerino, но нема да ме зачуди и одлуката Urby да почне таму. Во одбраната конечно комбинација која ќе се повторува! Ако се тече по предвиденото, Constant е без конкуренција на лев бек, Yepes и опоравениот Mexes би биле во средината, а десно, повторно Mattia De Sciglio.

Во пресрет на Дербито, управата прави напори да ја врати позитивната атмосфера. Финтите ги осмислил лично Berlo, се гледа од хеликоптер, од неговиот :) Двапати во две недели е премногу за во нормални услови. Нормални очигледно не се, но на дерби тоа најчесто не се гледа. Таму решава желбата и инспирацијата, а богами и судијата. За мене лично е супер што Rizzoli ќе го суди Дербито. Сите го знаат како судија наклонет кон противникот и многу луѓе реагираа на изборот. Баш тие реакции очекувам да го оптоварат, па да осеќа потреба да докажува нешто поинакво. All eyes on you, ref!

Одиме на победа момци, само победа!
FORZA MILAN!!!

22 comments:

ReBorned said...

Веќе нема да има нова одбранбена четворка поради тоа што сите можни комбинации веќе се извртени и нормално е да почнат да се повторуваат. Околу Рицоли, има еден куп, огромен куп на негови судиски одлуки во директна корист на Јувентус против Милан, Интер, Катанија и Наполи! Се надевам дека утре ќе биде на нивото на натпреварот.

Наводно Pato е посакуван од Corinthians и Palmeiras а тој лично имал преддоговор со Corinthians. Неговиот агент ќе се обиде да го убеди раководството на Милан да го позајми Pato во Corinthians кои го нудат Paulinho во замена за него (долго време го следиме но во последно време е поблиску до Inter) а Milan сакал да го менува со Pastore или Balotelli (ова го негираше Berlu).

Интересно, не знам колку е точно но преѓеска прочитав изјава, цитат од Berlu од денес, изјавил дека е многу тешко да се дојде до Pep бидејки има неколку англиски тимови заинтересирани за него (го спомена Man City во прв план) но продолжува, ние ќе се обидеме да постигнеме договор со него“.

Подоцна го прашаа и Мах за Guardiola и тој одговори дека не сака да коментира за други тренери, сака да се насочи на мечот против Juventus.

Anonymous said...

И јас иам некое чуство дека Макс ќе избаци некој од Ночерино/Фламини на теренот.
Песимист сум, дерби е и очекувам голема мотивација од сите играчи.
Де Јонг најави дека е многу мотивиран, што значи дека можно е да летаат нозе а и да падне некој црвен :)
Штета што го нема Амбро, сигурен сум дека ќе дадеше 110% и дека ќе беше стартер.
Во меѓувреме многу интересни интервјуа со Берлу,Макс,Монтоливо и EL92.
Ви препорачувам да ги погледнете сите (знам дека Ри ги прочитал)

А еве нешто интересно и од:
BONUCCI: "Pato is a Ferrari stuck in a traffic jam, when he manages to unblock himself, he could even win the Balon D'Or"
Многу интересен спортски ден утре, победа искрено мене би ме кренало во облаци и барем за ден би ме одалечило од сите лоши партии сезонава.

Anonymous said...

Алегри: Цел сезонава ни е да го освоиме Купот на Италија.
Е ова ме мавна како шамар сега.
Ќе пробам да ги најдам сите интервјуа и да ви ги постирам тука линковите.

Anonymous said...

EL SHAA: "My best friend in football? That is Perin, we have a great friendship, we talk almost everyday"

Anonymous said...

Алегри: 3 дела
http://sulia.com/milanello/f/2cb4ce6c-6b53-4986-a0ed-6408f6324f00/
Ел Шарави: 3 дела
http://sulia.com/channel/ac-milan/f/d5eda626-9477-4bde-9e4c-dcdf6437527d/

Anonymous said...

Берлускони кој денес(вчера) повторно беше во Миланело.
http://sulia.com/milanello/f/fb386f63-a68b-406e-b9a6-4d85b3d94e3c/
Де Јонг
http://sulia.com/milanello/f/34573e0f-0caf-4fea-97e9-29c23b69c604/

Anonymous said...

и за крај Монтоливо.
http://sulia.com/channel/ac-milan/f/89e90fe6-88a3-4cbe-8a21-60d481f984ce/

Поздрав од мене момци.

Navigator said...

Гледам децата на Pippo водат 3-0 на полувреме против Brescia и се прашувам од кога не сме осетиле таква работа од првиот тим...

ReBorned said...

Сите релевантни новинари зборуваат за Берлу и Алегри. Потврдуваат дека Берлу на тренингот му преточил на Алегри дека Гвардиола ќе биде негова замена доколку Милан успее да го донесе во клубот! Чудно вакви работи да се интензивираат пред еден вака важен натпревар, чудно дури и за стандардите на Берлу!

ReBorned said...

Silvio Berlusconi told Milan manager Max Allegri during a visit to training that they would replace him with Pep Guardiola if they could

Berlusconi: "Guardiola? Who wouldn’t want him? We have spoken about it even with Allegri." #Milan
Berlusconi: “For now there is Allegri. For the future we are having a look”

Even by Silvio's standards, that is quite the dramatic way to undermine your manager right before one of the biggest games of the season

Allegri, understandably, struggled w questions on the matter "I don’t like talking about things the president and I have said to each other"

Allegri: "You are giving me questions I don't want to, and cannot answer. I will be on the #Milan bench tomorrow, at least I believe I will"

Anonymous said...

Незнам ова колку е добро, од една страна викаат те подржуваме со теме сме Макс од друга страна директно му кажуваат бараат негова замена.
Незнам колку ќе биде мотивиран Алегри да се докажува сега.

Navigator said...

Можеби не е добро, ама е искрено и очекувано. А добро е што Allegri е уште на клупата после ваков неуспех. Јас мислам дека и најголемиот фан на Max има признаено дека тој мора да си оди. И ајде сега оставете тоа, тоа не игра улога во вакво дерби. Да се загрееме полека:

http://www.youtube.com/watch?v=M5_75JQxFcI

http://www.youtube.com/watch?v=dxn98ICiHn0&feature=related

ReBorned said...

Ајде тоа на страна, што правиме со 4-3-3 и Boateng како лажна деветка?

Navigator said...

Импулсот на Boa во вакви мечеви не е за потценување, иако не е по мој вкус таквиот избор. Ајде уште малку, не се издржува ова...

Anonymous said...

Боа не е лажна 9ка моментално он е лажен фудбалер.
Дајбоже да ме демантира.
Dai ragazzi!

Anonymous said...

Ако и вака водиме.
НЕКА ГИ БОЛИ!!

Navigator said...

ГОЛЕМ МЕЧ, ГОЛЕМА ПОБЕДА, НАЈВАЖНАТА ПОБЕДА ВО ПРВЕНСТВОТО! Ова може да промени многу работи!

GRANDE MILAN!!!

ReBorned said...

Mattia De Sciglio Cuore Rossonero!

ReBorned said...

http://twitter.com/ZarkoKa/status/272817299591921664/photo/1

Anonymous said...

Констант,Де Шиљо,Монтоливо,Мексес и Јешес ги исфрустираа зебрите.На Пацини една топка не му земаа како Сидорф да се градеше.
Исла и Асамоа толку платени, толку фалени и двајцата во аут!

ReBorned said...

И „поздрав“ до Пирло

http://s12.postimage.org/648g7jdob/291754_533160963378076_1726297092_n.jpg

ReBorned said...

А истиот муабет е во контекст и со ситуацијата на Пато (тој му се јави на агентот некни да дојде и да преговара за неговото (не) играње). Кој како ќе си го сфати.