Translate

Monday, 29 October 2012

Palermo Vs Milan



Конечно по подолго време, влегуваме во еден меч со малку поголем ентузијазам (сè уште не можам да кажам, самодоверба). По тешката победа на домашен терен против Genoa, одиме на гости на Сицилија. Сицилија, особено Renzo Barbera има традиција на еден од најжешките места за гостинските екипи. Сепак, сезонава Palermo исто како и Milan сезоната ја започна доста лошо и делува многу неубедливо. Нормално, Zamparini веќе почна да сè загрева и направи една смена на тренерот (сигурно ќе има уште неколку до крајот на сезоната). Сепак, ако некогаш имало најголеми шанси да се освои Renzo Barbera, тоа е годинава. Иако Milan е во лоша форма играчки и резултатски, верувам дека токму сега е најдобро време да се украдат 3 бода во Сицилија, против Palermo кој нема вака да игра во текот на целата сезона и веројатно на останатите екипи од горната половина на табелата, ќе им биде многу потешко во понатамошниот дел од сезоната. Alexandre Pato дебитираше во стартните 11 за прв пат после цели 8 месеци и ќе има нов старт веќе утревечер. Сепак, доколку сакаме добар резултат повторно сите погледи ќе бидат свртени кон Nintendo boy.


За одбележување за овој меч е фактот што Muntari успеа да направи неверојатно закрепнување (првичните прогнози беа дури во Јануари) по глупоста на плажата и веќе е повикан за патувањето на Сицилија. Boateng сè уште има проблеми со тетивата а во аут е и De Sciglio. Ќе недостига и Nini поради повредата заработена против Genoa.


Abbiati се чувствува подобро но повторно Amelia ќе застане меѓу стативите. Формацијата повторно ќе биде 3-4-3 (а не 3-5-2 или 5-3-2, освен во дефанзива). Назад, веројатно ќе настапи истата тројка што настапи против Genoa со тоа што е можно Mexes да влета на местото од Yepes или Zapata. Неиграњето на Nini лево, отвара 2 различни варијанти. Едната е со Constant, другата е со Urby (малку веројатна поради тоа што се губи офанзивен фудбалер напред а немаме многу такви во ростерот). Montolivo е сигурен во средината а за другото место подеднакво конкурираaт Ambro и De Jong. Офанзивната тројка речиси сигурно ќе биде составена од истите фудбалери кои го започнаа мечот против Genoa ОСВЕН ако Urby се најде на LM, тогаш можно е Bojan да добие шанса на AMR од самиот старт. 
Сето ова претходно напишано, нашминкано на хартија би изгледало вака:


Тежок натпревар, грогирани противници, Сицилија од една страна но и убава шанса да се влезе во серија од друга. Верувам во момците!

Forza Milan!!!

31 comments:

Anonymous said...

А што мислите за Монтоливо зад Пато и ЕЛ92 а Амбро и Де јонг да му го чуваат грбот?
Јас иначе бев сериозен кога кажав дека фали Мунтари, бидејќи ако повторно се размислува за да се вратиме со тројца во средината тогаш Мунтари,Де Јонг и Монтоливо ми се најолигични решенија :)

Anonymous said...

И да, кога ќе се враќа Робињо? во право се дека EL92 изгледа многу уморно па не ќе биде лошо Макс да има некоја опција повеќе.

Navigator said...

Ако на почетокот од сезоната ме прашавте кои се трите најтешки гостувања, со сигурност ќе речев дека се тие во Торино, Неапол и на Сицилија против Palermo. Сега мојата перцепција за утрешниот противник е далеку поразлична. Познавачите на италијанскиот фудбал убедуваат дека овој тим на Palermo е најслабиот од нивното влегување во Serie A во 2004тата. Веројатно се во право, но фактот дека и Milan го имаше најлошиот старт во период многукратно поголем од овие седум прволигашки сезони на сицилијанците, упатува кон повторно тешко гостување. Сепак, императивот за продолжување на резултатската успешност почната пред три дена е пред се и искрено кажувам дека ме прави оптимист. Милион пати кажавме дека оваа екипа не може да бележи вакви резултати и редно е да почне да победува. Мечот утревечер е своевиден испит на карактер и волја. Дали ќе се тргне кон врвот или ќе се мрцвариме низ средината. Желбата кај нас е огрмона за она првото, би требало да биде и кај играчите.
Во однос на ростерот и можните комбинаторики... Би било супер кога би имале играч достапен што може да одговори на десната напаѓачка позиција во оваа нова 3-4-3 формација. За жал, Boa ќе го нема и утре, Bojan веројатно ќе биде задржан на клупа и Urby останува прва опција, баш сега кога имавме шанса да го видиме на LWB. Точно е дека утре одново сите очи ќе бидат вперени во првата ѕвезда сезонава, иако со Ри правевме муабет дека ова негово темпо на игра би можело да биде контрапродуктивно во скора иднина. Ама ај, да се надеваме дека ништо од тоа нема да се случи и дека тимот ќе влезе во една добра серија што ќе создаде услови дури и за одмор на SES. Мило ми е и за Pato што успеа ќе успее да врзи два старта, најмногу заради неговата самодоверба. Немам информации кој ќе ја сочинува одбраната утре, ама она во Саботата беше задоволително за наши стандарди. Ми се чини дека е проблем кога треба во тројна одбрана да ги пуштиш истовремено Mexes и Zapata, бидејќи двајцата преферираат да играат по десна страна и затоа веројатно еден од нив ќе остане на клупа. Евентуално, Bonera да игра најлево, Mexes на средина, a Zapata најдесно. Во средината мои фаворити се NDJ и Monti. Уствари и не би требало Max премногу да менува во однос на екипата што конечно забележа победа по три порази.
И јас верувам во момците и верувам во нова победа!

FORZA MILAN!!!

DraganTr said...

@UltrasMilano и јас повеќе би сакал да го видам Монтоливо зад Пато и СЕС, Амброзини и Де Јонг зад него, сепак Алегри одлучува за тоа, мада Монтоливо е покорисен кога ке тргне напред.

Запата е одличен играч, но како да му фали самодоверба. Може да одигра 85 одлични минути а да направи некоја глупа почетничка грешка. Тој сака да ја изнесе топката до средината на теренот, и добро го прави тоа се додека противничките играчи не му вршат притисок, после тоа како да се блокира.

Вечерва клучен играч за нас ке биде Пато според мене. Добро се бореше против Џенова, имаше огромна желба да постигне гол но немаше среќа.

Се надевам дека конечно ќе ни тргне и ќе врземе неколку победи по ред.

Navigator said...

http://blogirame.mk/page/view/nagradi/

Navigator said...

Многу интересен факт: Milan со своите 10 бода и 12то место после 9 кола го има најдобриот процентуален посед на топка во лигата! Дури 29:04 минути нашите играчи ја држат топката во свој посед. И во уште една слична категорија, нашите момци се доминантни во лигата, а тоа е посед на топка на противничката половина од 13:19 минути.
Тоа би било доказ за три работи: прво, овие играчи знаат и можат да задржат топка, да го натераат противникот да се повлече на својата половина, неретко и во својот шеснаесетник; второ, огромниот посед на топка доаѓа и од негативните резултати што екипата често ги бележи сезонава и се доведува во ситуација на бркање резултат скоро на секоја утакмица; трето, потврда за ужасната одбрана оваа сезона, ако на толкав посед на топка, ние не успеавме да ги одбраниме спорадичните противнички напади и да примиме дури 10 гола.

ReBorned said...

И четврто, на толкав посед на топката и на противничката половина, ние не можеме да постигнеме голови :)

Navigator said...

Формација a la Conte и одново нова одбранбен троец. Ова веќе никако не го разбирам. Zapata ако не заслужи нов старт, јас навистина не го разбирам фудбалот, барем не овој на Allegri. Вака ќе имаме доста густа средина и се надевам дека барем Montolivo ќе игра малку понапред од другите двајца и би имал повеќе слобода. Како и да е...

FORZA RAGAZZI!!!

ace1899 said...

Да не си се залажуваме више најслаби си се тоа е тоа,нека тонат сега живот ми скратија.

Kole.22 said...

Фламини е редок пример за играч кој заборава да игра фудбал преку ноќ.

Anonymous said...

Греота се Ночерино и Фламини незнаат една топка да извлечат, па затоа мора Монтоливо толку назад се враќа и да ги поврзува редовите.
Мизерија сме луѓе, му се гледаше во очите на Миколи дека ќе ни даде гол.

Navigator said...

Ете ги тие цигански екипи што се бранат, даваат случаен гол и сега ќе се бранат со 14 играчи. Се додека се судат ваквите пенали, ќе има незаслужени резултати од ваков тип. Друго, кој ѓавол му е на Allegri? Оваа формација не личи на ништо. SES игра на лево крило, Nocerino нешто позади него, го остава Pato изолиран напред. Десно нема никој!? Веројатно за да изгледа поофанзивно формацијата, наместо Montolivo да игра пред двајцата деструкцивци, тоа е обратно. Абре Allegri, тоа што може Montolivo да го придонесе офанзивно, неможат тројца како Nocerino и 33ца како Flamini. Менувај бре одма, не се заебавај со нас. Urby е неопходен! Надвор тоа французинот смотан!

ReBorned said...

Bojan одлично ја размрда екипата по влегувањето во игра! Заслужува старт со Pato и El Shaarawy.

И истото прашање што се поставува и по мечот со Lazio а и денеска: Зошто мора да чекаме да влеземе во дебела негатива за да почнеме да играме агресивно и да го притиснеме опонентот во својот шеснаесетник?!

Navigator said...

Мислиш на AMC или...? Јас по ова денес би го играл на AMC, со Urby десно, SES лево и Pazzo/Pato напред. Морам да кажам дека Nocerino позитивно ме изненади во второто полувреме. Секогаш кога Montolivo не беше тука да собери топка, Noce одлично го правеше тоа. Па дај бре да му се невиди нека одигра Max една поофинзивна формација како оваа со која заврши. Само ќе треба да корегира на лев бек, а се друго изгледа некако многу поразлично од сите други претходни експерименти. Конечно имавме прилика да видиме колку на фали офанзивен везњак и како е кога таков играч ќе ти го поврзе нападот со задната везна линија или одбраната. Дај малку покажи муда, ионака знаеш дека ќе заминеш јеботе!

ReBorned said...

Малото нема веќе сила, почетната формација (3-5-2) му даваше малку повеќе одмор но бевме безопасни напред. Кога се променивме во 4-2-3-1 со влегувањето на Pazzo и Bojan, веќе бевме друга екипа. Вака или така, пак се враќаме на тоа дека 4-2-3-1 е најпогодна формација за овој ков на фудбалери. И да, Bojan се покажа одличен на AMC и може да влета во првиот тим без притоа да трпи некој од Urby и El Shaarawy по страните. Одличен голгетерски инстинкт на малото при голот, од прва, во поблискиот агол, без колебање и вишок потег!

Navigator said...

Само штета за она негово промашување, кога топката му помина под нога. Баш ми е криво.

ReBorned said...

Да. Тоа е, се случува на секој.

ReBorned said...

И for the record: Амбро ПРЕД овој меч изјави дека El Shaarawy си заработил одмор на планините од него но ако постигне уште 3 гола до Божиќ, Амбро ќе му плати одмор на Карибите. Тоа беше пред овој меч, остануваат уште 2 гола. Во моментов El Shaarawy е Capocannoniere :)

И Monto одигра одличен натпревар, како офанзивно така и во дефанзива.

Anonymous said...

Во моментов El Shaarawy е Capocannoniere
Е оваа реченица не ми се веруваше дека ќе ја прочитам барем во скоро време.
Капа доле.

Anonymous said...

Мора да има место за Запата во стартниот тим, ако не се лажам Бонера ќе биде суспендиран наредниот натпревар па еве прилика за Запата,Мексес,Јепес позади.

Kole.22 said...

Вечерва прогнозирам киксови на сите 'фаворити' со исклучок на Рома.. Најмерачки тикет е кога само итаљани си играш на него :)

Anonymous said...

caglari-siena 1
chievo-pescara bk x
inter-sampdoria 1
juventus bologna t1
lazio-torino 0-2
udinese-catania x-1
parma-roma x2
atalanta-napoli gg

Еве од мене еден тикет само ме мрзи да идам да го уплатам,а и онака нема да испадне :)

Kole.22 said...

Јас ги играв аталанта 1 и рома 2, а интер лацио и каљари ГГ

ReBorned said...

http://www.sportski.mk/statija/13117

Anonymous said...

Ти го пушти рома, штета :)
Удинезе 1-x интересно.

Kole.22 said...

Ги пратев сите утакмици на skycalcio, која од која дожд до колена, и пак доста голови паднаа. А Парма-Рома, какви комедии беше тоа човече..

Anonymous said...

Ри камо среќа да е вистина ова за Робињо од Газета.
Остај 9 милиони и 4 на плата ќе се заштедат + данокот мераци.
Има толку многу млади деца во Европа и Италија што треба да се докажуваат и да добијат шанса.

Navigator said...

Абе не си играјте football manager. Кое од тие деца, големи таленти, сака да игра во ваков Milan кој се распродава?? Кој перспективен играч сака да дојде во клуб, каде квалитетот на ростерот драматично oпаѓа? Гледајте малку пошироко и пореално на ситуацијата. Не е работата само да се ослободиш од високи плати и договори. Не е муабетот да земеш 9 милиони од Robinho или 20 од Boa, кога ти го продаваш еден од тројцата најдобри играчи. Ете, зедоа скоро 100 милиони од Ibra и TS и што се стори со тие пари? Јас не мислам дека овој тим треба да продолжи да продава понатаму. Ниеден играч, апсолутно!

Kole.22 said...

Делумно. Тоа за перспективните играчи кои би го избегнале Милан за сметка на друг клуб е онаа страна што помалку тежи. Онаа страна што повеке тежи е фактот дека името Милан само по себе е предизвик за секого, без разлика на моменталната форма, која што јасно е дека е пролазна.
Сосема се сложувам со констатацијата дека секој нареден продаден играч, само ке ја влоши ситуацијата, ке трпат фанови и приврзаници низ цел свет, а еден човек успева да профитира од сето тоа.
А она што е најтрагично за целиот свет на фудбалот, и апсолутно што Милан е мегу тимовите кои најмногу губи од тоа, е што тие 'таленти' гледаат се низ призмата на парите, наместо да погледнат каде имаат реални и перспективни шанси да успеат.
Да земеме класичен пример со нашево Калчо како најблиско и неколку играчи кои да останеа, во Европа ке имавме сигурно повеке од моменталните 3 места пласман, а да не зборувам за квалитетот.
Менез после една супер-сезона замина за Франција, донекаде оправдано. Пасторе фантастични сезона, сезона и пол, и тој замина по пари и 'трофеи' во оној мега проект. Санчез па да не зборувам, одбра некаква си слава која друг му ја ствара, наместо да тргне по патот како неговиот тогашен идол ДиНатале. Истото ни се случи и нам со Тиаго Силва. Лавеци го заборавив. Кавани кај и да е, на лето заминува. Погледнете го Ето како најплатен играч на свет во Анжи директно од Интер. Кришито,Муту како тогашен огромен потенцијал итн итн
Зборот ми е, квалитетот масовно ја напушта Италија што на прво место страдаат екипите(по нивна вина или не) а потоа и Лигата во целина.
Без разлика на тоа, има фаци поради кои и натаму вреди да се гледа секое коло...
Малку отворив и нова тема не е на штета...
ФОРЦА МИЛАН

Anonymous said...

Иван радо би никој да не купиме и да се губи Робињо и неговата плата од тимот.
Еве да речеме не играм менаџер и не заобиколува некој млад талент, а кога мислев на перспективен играч мислев на играчи од типот на Нианг,ЕЛ Шарави...а не Нејмар и Хазард малце пореално гледам на работите.
Нема врска дека никој не треба да продадеме, ако доаѓа нов менаџер (а по се изгледа на лето ќе се деси такво нешто) тогаш ќе има промени во тимот.
Боатенг е друга прича, има 25 години и има време да се инвестира во него, и да се пронајде самиот себе, а и да се продаде ако треба за добра пара.
Од Робињо ништо не се очекува, а богами ни добива.
И тоа што биле Тиаго Силва и Златан во Милан, ма што Милан во било кој друг НИКОГАШ нема да биде Робињо, едноставно не е доволно квалитетен.
Ама ако сакаш уште да ги гледаш Траоре,Месбах,Нини и ред други просеци ок.

ReBorned said...

Мурињо го скаутирал малото...

Бојан ќе добие старт на AMC во 4-2-3-1.