Translate

Sunday, 7 October 2012

Derby della Madonnina!


Дојде еден од двата дена во годината кои секој жител на Милано ги очекува со најголемо нетрпение. Derby della Madonnina е на тапет! Едно од најголемите дерби натпревари во светот, веројатно најголемото градско дерби во светот! Сепак, од друга страна, културно и стабилно дерби, како на теренот така и надвор од него! Милан и Интер и покрај тоа што секогаш биле најголеми ривали, апсолутно секогаш покажувале дигнитет во меѓусебните дуели, како на трибините така и меѓу фудбалерите. Derby della Madonnina е место каде што навивачите на двете екипи никогаш, апсолутно никогаш не потфрлуваат со своите претстави на двете страни од San Siro! Сигурен сум дека и вечерва трибините ќе бидат мелем за очи, школа за многу други екипи, првенства и навивачи низ светот!


Првото дерби сезонава ќе биде зачинето и со изнудената трампа меѓу двете екипи, во Милан дојде Pazzini а кај комшиите замина un cuore ingrato. Токму тој може да биде на тапет на Curva Sud вечерва, истата онаа Curva Sud која пред само 2 сезони ја направи една од најубаво осмислените кореографии на еден спортски натпревар било кога направени, за една слична ситуација:


Според позицијата на табелата па и според играта комшиите овојпат се благи фаворити. Се наоѓаат погоре на табелата, имаат повеќе позитивни резултати па ако сакате и посолиден ростер на располагање. Кај нив ќе недостасува Sneijder, кај нас Pato а имаме уште неколку фудбалери кои не се доволно фит а се во комбинација. 
Allegri се двоумеше да менува формација за да може да парира во средниот ред (тие играат со 3+2 во средината) но се чини сепак ќе остане на широката, разновидната 4-2-3-1 во која двајцата централни фудбалери во средниот ред ќе треба да добиваат многу помош како од нападот (El Shaarawy, Boateng, Urby) така и од одбраната (бековите).
Кога сме кај бековите, се очекува да добие старт Mattia De Sciglio кој сепак интересно, веројатно ќе добие шанса на лев а не на десен бек (што значи најдобриот асистент на Militto од последните мечеви сепак ќе игра). Се зборува за уште една промена во срцето на одбраната (Yepes) која мене лично ми е целосно неразбирлива! Средниот ред и нападот ќе биде оној што се очекува со потенцирање на тоа дека најверојатно Bojan наместо Pazzini ќе добие старт. Графички, тоа би требало да изгледа вака:


Во нашиот тим, во цела Италија па и во половина Европа (барем во стручната јавност) во фокус ќе биде суперсоничниот, мал фараон. Момчето кое има постигнато неверојатни 5 гола во последните 10 дена а притоа успева на секој натпревар да биде во оние кои најмногу истрчале на теренот! Фантастичен талент со извонреден work rate, вистинска реткост!


Мaлото треба да добива помош пред се од Boateng, Bojan и Montolivo во нападот а тој несомнено ќе помага на De Sciglio во одбрана по таа лева страна (на последниот одигран натпревар во ЛШ против Зенит постигна ретко убав гол а успеа и да истрча преку 12 km).

Кога сме кај Bojan, со него во тимот, Милан добива на флуид, разновидност, непредвидливост и помош во дефанзива од една страна а губи пред сè цврстина и чувство за гол напред (нешто што го добиваме со Pazzini). Всушност, играњето на Bojan на CF повеќе им користи на оние тројца зад него отколку на самиот Bojan. Одбраната, барем поголем дел од неа ќе биде повторно крш и тоа е она што најмногу ме загрижува. El Shaarawy и Urby ќе треба повеќе да ги притискаат Zanetti и Nagatomo за тие да си седат повеќе назад бидејки во широки 5 во средина на Интер, Милан ќе има огромни проблеми со само 2 класични midfielder-и во средината на теренот.

Кому му треба друго дерби, вечерва е Derby della Madonnina!!

Forza Milan!!!


37 comments:

Navigator said...

Супер пост, супер најава, браво!
Верувам дека сите не можеме да дочекаме да почне мечот вечерва. Ова е празник, секогаш, секоја година, без оглед на предвидувањата, силата на екипите и сите останати фактори кои можат да влијаат на конечниот исход. Ние никогаш не сме очекувале пораз, ниту реми од овој меч. Победа е единствениот исход од кој ќе бидеме задоволни. Уште повеќе денес, во ваква ситуација, ептен незгодна ситуација.
Со Ри вчера правевме муабет за тоа што да очекуваме од тренерите и што ќе извадат на терен од старт. Сега ги гледам можните формации и повторно нема да се сложам со Allegri во замислата да стартува со Bojan. Се надевам дека само пушта "лажен фор" и дека ќе го видиме од старт. Неговиот дуел со цврстите дефанзивци на Printer ќе биде витален, убеден сум. Bojan, реално, нема што да бара сам и изолиран во дуел со Ranocchia, Samuel и Juan. Друга нелогичност е вметнувањето на Yepes, она што го спомна и Ри. Зошто Yepes наместо Zapata или Acerbi, кога веќе заклучивме дека Bonera игра сепак солидно сезонава? De Sciglio е изнудена опција на лев бек, заради неиграњето на Nini, инаку не би ставил Max во Дерби. И нема да се сложам дека замислата на Allegri за вечер е дефанзивна. Ако беше така, ќе видевме двајца прави деструкцивци на задни везни, Montolivo на либеро, а Boa десно. Ова не е дефанзивно, исто како што не ни дефанзивна формацијата на Strama. Според најавите ќе игра со Coutinho на позиција која е препознатлива за Snejider, а од друга страна ги задржува бековите како крила. Секако дека таа формација лесно и брзо се трансформира, но на прв поглед воопшто не изгледа претпазливо, како што сме навикнале. За мене изненадување, и тоа големо е претпоставеното неиграње на Guarin, за кого сметам дека е најопасниот противнички играч од средината. На негово место Gargano, играч кој има 0 (нула) играчка креативност. Предност за нас може да биде директниот дуел SES-Ranocchia, но и тоа што Boateng ќе напаѓа помеѓу Cambiasso и Gargano, осносно ќе нема директен чувар, како на повеќето натпревари. Тоа што најмногу сакам да го видам е изолирањето на т.н. uomo di merda, а потоа на Milito ќе му биде многу тешко да влезе во шанса, освен ако Abate не му асистира :)

Момци, јасно е, одиме на победа!

FORZA MILAN!!!

Navigator said...

http://video.gazzetta.it/i-milan-inter-piu-infuocati-/20812c6c-0fa5-11e2-a8db-2ea8b85fc88c

ReBorned said...

Последните информации зборуваат дека сепак Bonera ќе добие место пред Abate на бек а еден од Mexes/Zapata ќе го придружува Yepes во средината. Ако мора само еден од тие двајца да игра, јас повеќе сакам да настапи Zapata.

Navigator said...

Ако зборуваме реално, Bonera заслужува да биде во секоја стоперска комбинација. Најдобро делува со Zapata засега и кога двајцата се здрави, малку ми е глупаво да се експериментира воочи вакво дерби. Во мојот состав, Abate не би играл само ако е повреден. Настрана тоа со Milito, тоа е само шала.

ReBorned said...

Не се разбравме, јас велам дека ако веќе Бонера игра бек и ако мора само еден од Мексес и Запата да го придружува Јепес централно (а не и двајцата да играат наместо Јепес), јас би го одбрал Запата пред Мексес.

Ultras Milano said...

А зошто да не? Бонера,Мексес,Запата,Де Шиљо?
Што запнал Макс со Јепес, дали дека е најискусен или којзнае што.
Еве во друг случај зошто да не Бонера и Запата или Бонера и Мексес централно?
Како и да е, се знае кој ни е најранливиот дел од тимот затоа 6 коментари само за тоа дискутираме :)
Иако се сложувам за констатацијата со Бојан, мислам дека немора да значи ништо затоа што во минатото се случувало Пато во нападот да им создава многу проблеми на комшиите.
Типувам дека овој натпревар Бојан ќе падне повеќе од 10 пати.

FORZA MILAN !!

Navigator said...

Не не, добро те разбрав. Јас коментирав за две работи. Прво, дека нема праичина Abate да не игра, не сакам да го видам Bonera десно. Второ, поради првата причина, Bonera треба да биде на CB и тоа заедно со Zapata со кого најдобро се разбираат.

Navigator said...

И да, 83та минута... Пу! Rossina можеше да биде херој, да ја прекине серијата...

Navigator said...

Скорот на децата на Pippo сега им е четири победи и еден пораз во пет меча. Браво за Pippo!

ReBorned said...

Незнам на какви дроги е Валери!!

Враќам назад со MaxTV, голманот е заштитен во својот голмански простор, голманскиот простор е во 5 метри а не во 16 метри! Друга приказна е таа што Урби бегаше од дуел!
Друга работа, како го извади фаул во напад стартот на Хезус врз Урби во финишот! Па тоа е старт за директен црвен картон!! Урби е сам пред голманот!
Имаше и други смешни судиски одлуки, овие 2 се најкрупни!

-------------------------------

Околу нашите работи!
Типичен Абијати! Ќе растури против Зенит и после ќе исплива за гол од мртов агол а потоа ќе му додаде уште една на Милито!
По шокот кој траеше 15-20 минути, потоа одигравме добро! Проблемот е во тоа што не сме конкретни! Во финишот од полувремето и тоа се смени ама факт е дека ја држиме топката, кружиме но не сме конкретни! Тие се бранат со сите зад топката особено во последните 20 минути!

Navigator said...

Complete joke! Тоа е судијата Valeri вечерва. Не може да го издржи притисокот на Дербито! Ако продолжи вака, мечот ќе заврши со 3 црвени картони, 100 шишиња фрлени кон судиите и можност за претепување на кловнот што го има сврчето на San Siro. Немам друг коментар со кој може да се опише првиот дел од вечерашното Дерби.

Околу нашата игра... Abbiati прави иста грешка два натпревари со ред. На минатиот имаше пар одлични интервенции со кои го покри пропустот, но ако ова заврши вака, негова е директната кривица за евентуалниот пораз. И уште една фатална грешка, која за среќа идиотот Milito не ја реализира. Дури имаше уште едно истрчување во празно кои испадна безопасно. Нападот функционира во ред, средниот ред е исто добар, а во одбраната има пропусти одвреме навреме. Среќа наша што Coutinho пропушти да прими топка, затоа што ќе излезеше очи в очи со Кичо. Ние имавме две извонредни шанси кои завршија покрај голот, еден опасен шут на Montolivo и уште еден на Bojan. Urby е извонреден на моменти, ама во главно ја тупи и секоја офанзива која изгледа ветувачки ја смирува со префрлање на топката на лева нога за нафрлување. А нема на кого! Pazzo мора да влезе и тоа што побрзо. Така ќе има повеќе простор и за SES кој изгледа нафуран. De Sciglio има доста простор, ама и остава простор назад. Имаше 2-3 непотребни истрчувања на топка кои беа неуспешни, а баш неговата determination ја истакнувавме како квалитет. Bonera е одличен со гнасата. Мора повеќе да се нагази топката и да се напаѓа преку средината, преку Boa, кој ќе има повеќе празен простор пред него откако Pazzini ќе почне да навлекува дефанзивци на него.

Одиме на победа момци, му се допаѓало тоа на Valeri или не!

FORZA GRANDE MILAN!!!

ReBorned said...

Моравме да искористиме барем една шанса кога игравме цело второ полувреме со фудбалер повеќе! Доколку беше Pippo во игра, само во второто полувреме ќе имаше хет трик.

И да...

Valeri, pezzo di Merda!

Navigator said...

Срамота! Срамота за нашите напаѓачи што не успеаја да ја дотурнат топката во сите тие шанси. Срамота за копилето во судијска униформа што дозволи рамноправна битка на вакво Дерби.

Kole.22 said...

На секои 5 минути во глава ми поминуваа прво берлускони, после него галијани, после нив ибра и тиаго силва, па пипо кларенс и останатите... Се замислував како би било барем да беа барем блиску до тревникот..

Физичката сила беше клучна денес. Настрана од судијата, сите напагачи и сите крила со нивната вкупна тежина не можеа да поместат било кој од дефанзивците на другата страна. За дерби победи, снагата е пресудна

ReBorned said...

http://www.football-italia.net/25900/allegri-ref-ruined-derby

Kole.22 said...

Надвор од тема. 2та гола на Златан. Толку

ace1899 said...

Парадоксално после натпреваров не се осеќам толку разочаран колку што ми се јави некој оптимизам кога за прв пат сезонава видов течна игра,акции,шанси надмоќ и за голема штета немање среќа,секој друг ден да беше една од милионите шанси ќе влезеа.Да не спомињам судија уопште тоа цел свет го виде и вечерва е посрамно да си интераш после ваква "победа".
И понатаму продолжува кошмарот со deadball ситуациите и кошмарот на новата ни #10,но ќе повторам вечерва видов хемија што ми даде право да размислувам дека овој лош старт е последица можеби на еден бавен процес на уклопување на нов тим и дека сепак има надеж за некој блесок понатаму.
Обавезно во Јануари ни треба квалитетен стопер.
ФОРЦА МИЛАН PER SEMPRE !!!!!!

DraganTr said...

Ne bev vo moznost da go gledam derbito ama gi sledev slucuvanjata na twitter i podocna gledav snimka.

ReBorned go komentiravme Abiati so eden prijatel koj sto vikase ako moze da stavi 1000 den na sportska deka Abiati ke bide najslabata karika vo Milan i deka ke ima kiksovi.

Ne bi go komentiral sudijata, tuju Maks Alegri. Covekot e najverojatno so slab vid, Bojan Krkic e noviot Dos Santos, go nema toj kvalitet za ligi od golemata 5-ka. Non stop gubi vo dueli 1 na 1, nepotebno pagja. Pacini trebase da igra od pocetok.

Najgolemata greska e povlekuvanje na SES, Krkic e toj sto bese spremen za OUT.

Ne mi jasna odbranata so Bonera, Mekses i Yepes koja bese celta za ova?

Sepak se nadevam deka koga Pato ke se vrati na terenot ke go gledam Krkic samo vo kup ili ako slucajno Milan ima prednost od 3-4 golovi.

Pozdrav

Kole.22 said...

Тоа ми е муабетот. Кркич,Урби,Шарави во нападот при таква поставеност (бункер) немаат можност да ја истакнат брзината, вештината снаодливоста или што и да е. Нив им треба простор за трчање и маневр. Бидејки цело второ полувреме ја гледавме таа ситуација, претежно се осврнувавме или на дуели 1 на 1 (каде 90% ги изгубивме) или на долги топки директно во шеснаест (каде 100% од топките ги изгубивме).
Рака на срце фараонот беше реално можеби не толку слаб, колку што незабележителен и ненаметлив, а тоа не му беше по мера на Алегри. Прво полувреме се плашеа да нападнат посилно отколку што требаше, црвениот картон ги охрабри, а потоа колку и да сакаа не можеа да го скршат отпорот.
Но и брзите играчи тревникот прави да изгледаат спори, сигурно тоа сте го приметиле по движењата на општо сите фудбалери, не само домашните. Во средата како да летаа по теренот во Русија, а на домашен терен како по нива да се оди.
Ако ништо друго, победивме на трибините.
ФОрца Милан

Navigator said...

Се погласните најави за доведување на Guardiola на San Siro и тоа од се порелевантни извори, ме претвора од скептик во збунет, во врска со веројатноста за негово ангажирање. Вас?

ReBorned said...

Една работа е сигурна, АКО Berlu сака, може да донесе било кој па дури и Guardiola(и притоа да му даде 6 милиони евра по сезона и да му вети засилувања). Проблемот е во тоа АКО. Сепак, доколку се вистински најавите дека Berlu политички пак ќе се активира, веројатно е тој да фрли некоја пара во Milan за да го подобри својот имиџ во пресрет на изборите (тоа не мора да значи во Pep, може да значи и само за трансфери).
Од друга страна реално, Milan вложува многу повеќе средства во јуниорските категории отколку во првиот тим, тоа го прави веќе 2-3 години наназад а подобар тренер за справување со млади талентирани фудбалери и нивно созревање во класа од Guardiola, нема.
Евентуалното доаѓање на Guardiola би значело чистење на БАРЕМ половина од сегашниот ростер но и веројатно промовирање на нови млади фудбалери во првиот тим (моја претпоставка, во прв ред Cristante и Petagna) а и веќе има некоја солидна база во El Shaarawy, De Sciglio и Niang (кој сега пак доби повик во France U 21 на само 17 години).

Многу кажав ама не го кажав моето мислење:

Тоа би било одлично за клубот од повеќе различни аспекти (ќе се направи поквалитетен ростер, ќе има убава игра за око, ќе има резултати и ќе се прави одлична база на млади категории од кои ќе се црпи тимот во иднина). Да бидат уште послатки овие шпекулации, тие се зачинети со уште една цреша на шлагот од тортата, имено наводно доколку Guardiola дојде во Milan тоа ќе значело и враќање на Il Capitano и Roberto Baggio кои би биле негови асистенти а Pep освен местото на клупата ќе добиел и едно претседателско место во клубот. Тоа се ОГРОМНИ промени!

Ама како што кажав претходно, да Ви го кажам моето скромно мислење: Да не бидам ептен песимист и да кажам дека воопшто не верувам во тоа, ќе речам дека ќе поверувам само кога ќе го видам Pep на столчето за прес конференции во Milanello, со аблемот на Milan на левата страна од неговото сако.

ReBorned said...

И уште една работа, ако веќе Pep дојде во Италија, барем според сегашната ситуација, мене ми е многу поверојатно да отиде на другата страна од Milano отколку кај нас. Moratti веќе покажа дека не жали да донесе топ менаџер (Мурињо) а и реално тој далеку повеќе вложува во својот клуб отколку нашиот претседател, веќе неколку години наназад.

ReBorned said...

Еве интересно видео


http://www.youtube.com/watch?v=98ijIBQayvU

Ultras Milano said...

И што е поентата со видеото? Дека Мунтари има поубава кола? (се шалам не сум до толку.)
Што убав филм ми направи Ри...алал да ти е си запливав во мислите...гледајќи еден нов Милан полн со млади фудбалери, атрактивна игра, убави голови...
И сега бам се враќам во реалноста и што да видам.
Месбах.
Опис на нашата реалност:
Месбах.

ace1899 said...

Ова со Пеп и 80м за трансфери,Баџо,Малдини ми е too good to be true. У секој случај кој не би посакал такво сценарио за иднина ко што пишавте со младинци развивање со тики таки маки со сите марифети...

П.С.
http://www.youtube.com/watch?v=ogW0ir0GkxU

Ја до ден денес немам видено ваква харизма и величина на фудбалските терени,штета со парите навлегоа толку длабоко и што ваквите легенди се само фосили. Се надевам дека можеби еве ДеШиљо има шанси да израсне во таков играч.

ace1899 said...

Репрезентацијава ко Милан,set piece таксирати...

Navigator said...

И Богатинов ко Abbiati... :)

ReBorned said...

Богами Ace, го помислив буквално истото уште пред да го постигнат првиот гол, имавме неколку катастрофални ситуации при нафрлања во дефанзива а веднаш потоа и падна голот.

ReBorned said...

Ајде уште малку да го потпалам огнот :)

Како би изгледал Милан на Гвардиола според Кориере дела спорт:

http://desmond.yfrog.com/Himg612/scaled.php?tn=0&server=612&filename=czsixx.jpg&xsize=480&ysize=480

Navigator said...

CdS сака да каже дека Pep комплетно ќе го промени ростерот? Мислам дека ова е далеку од миксот на замислите на Guardiola и можностите на клубот за следните неколку години. Ако ништо друго, барем можеле да "предвидат" дека во составот ќе има еден или двајца од најдобрите од школата на клубот, не сметајќи го De Sciglio затоа што тој и сега е првотимец. Исто, не верувам дека Pep би се откажал од Boateng, доколку го затекне во клубот. Ниту верувам дека Pedro Obiang ќе се изгради во top-class играч. Не игра ништо спектакуларно, нема повик во U-19 година дена, да не правиме муабет за U-21. Ова со него ми изгледа како да барале некој млад, перспективен шпанец, кој го знае италијанскиот фудбал, па го лупнале Obiang. И уште една работа, не постои врвен тренер кој има за задача реанимација на еден голем клуб, да се потпре на одбрана која во просек има 22-23 години. Еден искусен стопер во стартни 11 е обавезен. Поприлично аматерско "предвидување"...

Ultras Milano said...

Го гледав сега видеово со Мастур гази дечкото многу напреден за негова генерација е, него што прајме со песната у позадина? :)

ReBorned said...

Симптоматично е тоа што на друг клип од Mastour уште од времето во Reggiana, пак оди истата песна во позадина! Бугарски hard core фан на Hachim the dream?!!

http://www.youtube.com/watch?v=7beEBuGeEtE

ReBorned said...

Специјално инфо за Ultras Milano:

Типот што ги направи двете клипчиња за Mastour со истата песна е всушност неговиот агент, Dario Paolillo кој на таков начин ги промовира своите талентирани клиенти. Истиот Dario Paolillo, има направено клип за уште една голема надеж на Milan, Davide Di Molfetta http://www.youtube.com/watch?v=m4r_75xoOGA

Е сега, иако е микс и во ова видео во позадина тера истата песна како од претходните 2 видеа за Mastour. И не само тоа, истото се случува уште на еден куп други видеа. Всушност, сите видеа на youtube каналот на Paolillo (Mastour, Molfetti, Mesetti, Beretta...) се со истата бугарска песна во позадина :))
Од каде на италијански агент толку му е влезена оваа бугарска песна во срце, немам поим :) Можеби Paolillo е и агент на дотичната бугарска „певица“ :))

Бонус: Ако сакате да го гледате повторно Mastour но без бугарките:

http://www.youtube.com/watch?v=3BLX_nvz1oY

Ultras Milano said...

Јас би ги гледал бугарките, ама не би ги слушал :D

Navigator said...

Monti со гол за il nazionale и тоа одличен!

Kole.22 said...

Дечки кога игра Мастур следен натпревар?
Ова е страшно.

ReBorned said...

Го повикаа со тимот на Пипо (2 години постари од него), влезе на 20 минути пред крајот и имаше 2 асистенции. Најверојатно ќе остане со тимот на Пипо, нема потреба да игра со неговите врсници. Сакаат да го прекомандуваат директно во Примавера но за тоа законски мора да има барем 15 години, тој има 14. Најверојатно сезонава ќе игра со тимот на Пипо (16 години) а следната сезона оди во Примавера!

Ама и нашите, не да му прават притисок... уште на 14 години го сликаат со Ballon D'or која што се наоѓа во Milanello.

http://twitpic.com/b5fpdt