Translate

Wednesday, 26 January 2011

Sampdoria vs AC Milan, 1 - 2

9 comments:

Anonymous said...

благодарение Amigo! Велики пост!

ReBorned said...

Знае некој нешто за Didac Vila од Еспањол?
Изгледа тој ќе биде фотофинишот на овој преоден рок.
Физикусот му е одличен за лев бек, 184 цм и 21 година.

Navigator said...

јас искрено барав на нет кога прочитав дека биле заинтересирани за него..се сеќавам дека сум го гледал во Espanyol, ама не сум заприметил ништо повеќе..
а другите слабо активни...

ReBorned said...

Другите екипи на трансфер пазарот или другите блогери на блогов ;)

Navigator said...

и тоа и тоа... :)

Anonymous said...

Многу стабилна игра прикажавме на утакмицава.На засилувањава не им требаше ни тренинг ни многу време за прилагодување,само неколку часовен разговор со Мах.Тоа е убавината во оваа екипа што еден за друг се жртвуваат за себе,тоа е формулата за успех.Силва супер се снаоѓа во новата позиција но сепак мислам дека треба да се врати на стоперската позиција што е можно поскоро,веќе ќе го имаме Амбро достапен за следната утакмица а тука е и Ван Бомел.Задоволен сум од Емануелсон мотор има во нозете,а како му асистираше на Пато алал да му е,го срозија падна и не ја изгуби топката веднаш стана и асистираше.Се сеќавате во поскоро време некој наш играч да направи така?
Покрај тоа што Јепес е стандардно ѕвер многу ме изненади и Папа.Малку се загуби за голот ама со текот на времето ќе сфати дека не треба да прави некои работи и да биде концентриран 95 мин.Сепак и тој има 22 год.
За Вила никој ништо незнае ни па некое поасално клипче има на јутуб така да ќе видиме дури кога ќе почне да игра што играч е.Сеуште не е потпишан и не треба да се отфрли доаѓањето на некој друг зошто со Галиани и Раиола не се знае ништо во моментов :D


FORZA MILAN TU SEI TUTTA LA MIA VITA

Navigator said...

ај нека ни е честито новото засилување!
Benvenuto Vila!!

Navigator said...

Ама мора да признаеме дека и Шинтер денес зема класа играч..Pazzo, Balloteli, Cassano и Rossi се единствените напаѓачи кои моментално заслужуваат за го носат дресот на Италија..ќе се засилат дефинитивно во нападот, како што се засилија во одбраната со огромниот талент Ranocchia, само прашање е како ке се вклопат во формацијата на Leo..тој, гледам и таму преферира 4-3-3, што значи дека ќе има едно место за шпиц, а тоа да се надеваме дека ќе им направи проблеми во меѓу Milito и Pazzini..ова го велам затоа што не верувам дека најдобриот напаѓач на ЛШ и Serie A за лани, така лесно ќе се откажи од првите 11..им посакувам што побрза кавга, а може и тепачка :)

PRINTER MERDA, FORZA MILAN!!!

ReBorned said...

од прилика и јас го мислев истото. со пацини комшиите и нивниот тренер добиваат само опција плус, во нападот. ем играат 4-4-3 ем и во 4-4-2 не гледам како можат да играат еден до друг милито и пацини... и двајцата се prima punto. Ќе мора да игра само еден + ето. значи, како резиме...воопшто не сум загрижен.