По репрезентативната пауза која се надеваме позитивно влијаеше на тимот се враќаме повторно на Сан Сиро во потрага по првите бодови на домашен терен сезонава.
Робињо,Пато,Монтоливо...нема да бидат во игра за настап, но Мексес е тука кој нејверојатно сепак ќе почне од клупа како и Абате.
Последните информации говорат дека Амброзини нема да биде подготвен за настап, а јас лично баш би сакал да го видам Урби во стартните 11.
Она што е повеќе од сигурно е дека Антонини е недопирлив на неговата позиција.
FORZA MILAN !!!
32 comments:
Ептен набрзинка пост, ако некој има нешто да додале слободно нека го измени/едитира постот.
Се шпекулира дека Urby е најблизу до старт на MLC а ако навистина тоа се случи, тоа веројатно ќе биде 4-3-1-2 само на хартија и на терен може многу лесно да се претвори во 4-2-3-1 со тоа што Urby ќе оди горе лево на AML па ќе формира 3 во линија со Boateng и Bojan зад Pazzini а назад би останале Ambrosini и De Jong во средина на (D)MC со тоа што би го чувале тимот во дефанзива. Значи таа 4-3-1-2 би можела многу лесно да изгледа како:
------------Pazzini
--Urby------Boateng-----Bojan
-------De Jong-----Ambrosini
Извини ама не можев да го дочитам постот. Следен пат контролирај се, пишувај пократко :)
Шала на страна, мое очекување е дека Urby нема да стартува, туку Nocerino, а доколку нешто се искломпликува со Ambro, De Jong би бил DMC, а Traore на RMC. Друго што не разбирам е тоа зошто Zapata да не стартува. Bonera ваљда не е во подобра форма. И Bojan/SES е дилема, можеби не и за Allegri, ама јас на негово место не би можел да се одлучам. SES имаше одлични настапи за u-21, а Bojan според извештаите бил одличен на тренинзите оваа недела.
И нешто оф топик... Италија U-21 ќе игра против Шведска во баражот за EURO U-21 догодина. Ждрепката не е супер, ама е солидна онака, со оглед на останатите можни противници. Можеби единствено Данска или Словачка би биле полесни противници. Двомечот се игра од 11 до 16 Октомври.
Пак оф топик... Симнав FIFA13 Demo и играм првпат, прва утакмица. Во 10та минута ми се повредува играч. Потребно е да кажам кој??
Btw не симнувајте demo ако не сте симнале досега, нема да сакате после full-от да ја симнете кога ќе излезе.
И да сакам на тостеров неможам :)
За 10 дена излегува финалната верзија на FIFA.
Фифа ја играм веќе 2 дена и ептен ме кејфа башка првата партија кај што ги пецнав Јуве 2-0 :D :D
Инаку за вечер се очекува Бонера-Ачерби назад,се надевам Емануелсон ќе биде вметнат во средината пошто дечкото имаше страшна полусезона,се мотивираше и еве го сеа дреме на клупа.
Де Јонг стандард ваљда со Амброзини и напред очекувам да почне со Кркич и Пацини.
Искрено се надевам дека ќе се трансформира ова во 4-2-3-1 зошто така би биле многу поопасни,ова со 4-3-1-2 не оди поеќе,поготово со 3ца копачи позади.
Конечно дојде време за утакмица па ќе уживаме малце и после Андерлехт не чека.
Морам да кажам дека не ми се допаѓа тоа што De Sciglio оди така лесно на клупа после одлични натпревари!
А веројатно истото ќе се случи и со SES. Milan е клубот каде што младинците секогаш трпат на сметка на "шампионите".
Не баш. El Shaarawy веројатно ќе стартува до Pazzini а Bojan ќе остане на клупата.
Некаде прочитав дека старион му пуштил ултиматум на Макс во следниве неколку натпревари да се освојат максимум бодови,а се погласни се и шпекулациите за смена-се спомнува дури и Инзаги кој моментално го тренира син му на Малдини во младите категории.
Ова го спомнувам зашто искрено мислам дека Алегри има проблем со психологијата на екипита и со мотивацијата на одредени натпревари,тоа го приметив лани кога се бркавме со Јуве и на тие mustwin утакмици играчите беа некако без жар- да не се вадиме на умор ама не може така да се поставиш да речеме со фиорентина на таа клучна утакмица за титула. И почетоков на сезонава приметувам дека играта е таква бледа без хемија во тимот,можеби е поради ремонтот и сите овие нови комбинации но сепак мислам дека психолошки милан мора да биде поподготвен бар со вакви екипи како аталанта.
Очекувам победа ама не се надевам дека ќе видам „убав“ милан..
Во тие комбинаторики ако Алегри добие отказ, екипата ќе ја преземе Тасоти до крајот на сезоната а следната година ќе се бара наследник. Се споменува окрупнување на екипата со понуди за Малдини, Костакурта и сл. кои би биле дел од стручниот штаб а догодина Инзаги би бил прв асистент на новиот тренер. Тоа е што би било кога би било...
Јас и на Пес и на Менаџер одсекогаш сум ја играл 4-2-3-1 како омилена формација, нешто како онаа што ја форсира Реал.М.
Урби дефинитивно треба да добие шанса по таа лева страна, а ако Боа се покаже по десната со Монтоливо како либеро и Де Јонг и Амбро да му го чуваат грбот.
Ништо не губиме ако пробаме дефинитивно.
Замена за Алегри сега за сега дефинитивно не, Ри комплетно ме разбира во поглед на ова прашање и го делиме истиот став со него.
Urby лево? Montolivo либеро? Boa десно? Не ме зезај, поневозможна варијанта не можеше да составиш. И во таа формација има еден напаѓач. Ако ние ги играме Urby и Boa како крила, како ќе ги задоволиш Pazzo, Pato, Binho, Bojan и SES со тоа едно место во нападот. Момци, бидете реални, место за Urby во било која формација на Milan нема место. Во моменталната, Nocerino игра лево, а во секоја друга, во секоја буквално, пред него лево би го ставил SES или Bojan во зависност за која формација зборуваме. Плус, за 4-2-3-1 ние немаме десно крило. Да, може да импровизираме, ама тоа не е тоа. Пак ќе речам дека единствена формација која можеме да ја играме со овој состав е моменталната, се друго се само фантазии.
Еве ги стартерите: Abbiati; Abate-Bonera-Acerbi-Antonini; De Jong-Ambrosini-Urby; Boateng; Pazzini-El Shaarawy.
FORZA RAGAZZI!!!
Ќе ги задоволам така што Пато ќе биде повреден цела сезона, Робињо такоџе, Бојан нема да се покаже и ќе биде вратен назад од позајмицата а СЕС ќе чека шанса од клупата.
Знам дека е неверојатно тоа да се деси ама ако пишував веројатна формација тогаш ќе ви кажев нешто што сите го знаете.
Јас те разбирам дека имаш желби и замисли во врска со формацијата, имам и јас, сите имаме, само сакам да кажам дека во време кога се почесто се зборува за смена на Allegri, човекот поставува формација што е неизбежна. Не ги разбирам овие шпекулации. Max прави се што може да се направи во вакви услови, тој не е волшебник. Ниту јас не сум најголемиот фан на Max, ама човекот не прави ништо лошо за ги заслужува овие шпекулации. Има своја филозофија што во голема мера е континуирано нарушувана од управата, а и покрај тоа продуцира квалитет и солидни резултати. Скудето, па второ место, испаѓање во четвртфинале од Barca. Се сомневам дека некој друг тренер би постигнал значително подобри резултати.
FORZA MAX!!! FORZA MILAN!!!
Ова е веќе алармантно!
Пет пати тргнав да пишувам коментар, пет пати го избришав! Не ми се збори во овој момент!
Страшно е колку немаме ништо. Она малку што беше пред две недели, и тоа го снема.
Крива е управата, крив е тренерот, играчите, сите се криви. Права е Аталанта и права е нивната желба за надигрување
Во Милан треба да играат фудбалери, а не актери и мамини мази. Кога ке сфатат дека тоа е нивна РАБОТА, а не рекреација, и дека на планетава постојат луге кои живеат за тие 2 саати неделно, можеби работава ке тргне на поарно. Во моментов реално, јас не гледам ама апсолутно никаков начин како би се остварило тоа. Најлесно е да се предадеш под изговор дека немаш квалитет, ама да се брукаш пред светот и да не те боли за ништо, е тоа не можам да го сварам.
Во моментов, прифаќам трампа на младинците со сегашниов ростер, тие барем покажуваат мадиња.
За жал, копче рестарт не постои. Сезонава има реален потенцијал да се претвори во катастрофа, уште незапочната. Но ние тука сме.
Форца Милан
Читам некои информации дека по натпреварот, дел од навивачите скандирале пред клупските канцеларии барајки оставка на Алегри и Пипо да го замени на клупата. Тоа е најблаго кажано, несериозно! Не дека го бранам Алегри ама ако тој си замине дефинитивно не сакам да биде заменет од некој што под своето бреме има само еден натпревар со деца до 16 години и вкупно 10 дена стаж како тренер, па макар тоа бил и Пипо! Можеби ќе се смени нешто со смена на Алегри а можеби и не. Некогаш со менување на тренерот се менува менталитетот, се менува мотивацијата на фудбалерите!
Вечерва имавме по еден ОГРОМЕН проблем во сите линии од тимот!
- Одбраната ни е раштимана! Секое поминување на центарот од страна на противниците за нас значи опасност!
- Ни фали креативност во средниот ред! Средината се прескокнува, префрлувајки ја топката на фудбалерите во навалната линија кои се обидуваат да направат нешто!
- Немавме реализација! Имавме неколку одлични шанси, неколку удари кои претежно беа насочени директно во Consigli! Pazzini напред не допре топка, исто како да игравме со фудбалер помалку!
P.S Кога размислувам со срцето, ми делува неодоливо помислата на Super Pippo на клупата на Милан но разумот не ми го дозволува тоа! Како што напишав уште во текот на денот, доколу дојде до смена веројатно Тасоти ќе го предводи тимот до крајот на сезоната.
Allegri has confirmed that Montolivo, Robinho and Pato will not be ready for Tuesday's match vs. Anderlecht.
Како да ви кажам..сеуште верувам во Алегри! Реков, предизвикот е пред него, или ке потоне со овој тим или ќе се воздигне како тренерско име! Сега за сега почна да тоне, што немора и ништо да значи, и Мурињо со Реал има два порази во првите четири кола(иако морам да признаам и не ми е нај на место споредбава, но тоа е факт).
...сепак мора да имаме во предвид дека за два месеци Алегри доби целосно нов тим, тројца играчи од кои двајца стартуваа денес ги доби во 5 до 12 без ниеден подготвителен натпревар! Епа нека извинат сите фанови, ама нека си го насочат барем за сега гневот према Галијани и раководството!
Сакам да ги видам Монтоливо, Пато, Робињо...и останатите сите здрави во првиот тим неколку натпревари, ако и тогаш не се променат резултатите може да се насочи вината и кон Алегри.
Денеска можам само да му замерам што Пацини изигра 90 минути! Мораше да го извади порано и да проба друга формација. SES не смееше да излезе, имаше солиден натпревар. И да, можевме да играме без класичен striker последните 30 минути , од ова полошо немаше да биде!
Како и да е, ова е тоа што го имаме на располагање, барем до Јануар, и ако брзо не се промени нешто знаеме кој ќе биде прв на удар.
Инзаги?! WTF?! Get serious!
Нема фан на Милан што не го обожува Il grande Pippo, но да бидеме сериозни, Милан е сериозна институција. Тасоти е некое решение, но да не одиме сега предалеку да му дадеме шанса на Макс, сеуште е рано за вакви дебати.
Гледам насекаде фрчат со барања за смена на Max. Со што ќе го поткрепите барањето бе копиљаци? Со два порази на старт на сезона или со една лоша измена денес? Претходните два тренери сигурно не беа подобри во решителноста на измените, ниту тајмингот. Или со изборот на играчите и формацијата во сезона или сезони каде приликите со провредите се ненормални, екстремни? Кој е просторот за маневар на Allegri сезнајковци? Дали е грешка на тренерот тоа што ги нема достапни најдобрите двајца напаѓачи, најдобриот везен играч и што нема ниту еден world-class одбранбен играч, ниту голман? Кој успех го сакате со саката екипа и во кадровска и во здравствена смисла?
Претпоставувам сфативте дека муебтот не е посветен на вас тука на блогов, тука впрочем нема некој што побара смена на Max. Во цела оваа работа со навивањето, најмногу мразам генерали после битка. Ви текнува каква беше атмосферата пред неколку часа, пред натпреварот. Малтене еуфорична. А воопшто немаше причина за тоа. Milan одигра три сосема идентични натпревари, тоа сакам да го кажам. Единствената разлика во поразите и мечот со Bologna е во грешката на нивниот голман. Вратете си го филмот наназад и ќе заклучите дека на сите три натпревари Milan имаше голем посед, доминираше, огромен број пасови околу линијата на центарот, прескокнување на средината со долги топки, игра претежно по лева страна, многу јалови обиди топката да стигне до шеснаесетник. Се е исто три натпревари. Истото ќе беше и против Bologna, да не беше таа голманска грешка, па натпреварот тргна во различна насока. Играта останува таква каква што е! Не очекувам никакви промени ниту против Anderlecht. Уствари не очекувам промени додека не ги видам Pato, Binho, Montolivo и Zapata во тимот, со или без Boateng, сеедно. А за Pippo... тоа е само доказ за некомпетентноста на обичните навивачи.
Сакав да пишам дека негативностите од овој натпревар ќе ги тргнам настрана и ќе мислам на Лига на Шампиони, ама ми текна дека најверојатно мојот омилен тим ќе треба да го гледам на стрим и ми се смрачи уште толку...
Мизерија сме, реков дека сезонава ќе биде мачење...но тоа е тоа мора да има и ваков период.
Околу статистиката и бодовите, Милан сезонава после 3 кола има бод повеќе од минатата сезона. Додуша лани игравме со Лацио (дома) и Наполи (гости) во првите 2 кола ама бодовите се тие.
Амброзини вели дека Алегри ја има подршката од играчите.
Алегри вели дека проблемот е повеќе психолошки, фудбалерите треба да разберат дека МОЖАТ да победуваат и повеќе да играат а помалку да размислуваат!
На крајот на краиштата, веројатно Бобан уште еднаш (по којзнае кој пат) беше најконцизен во својата дијагноза: Ова е најлошиот тим на Милан во последните 25 години.
Милан во двата порази од 0-1 на Сан Сиро упатил вкупно 40 (со букви, четириесет) удари на противничкиот гол, без да постигне ниту еден гол!
Точно половина од тие удари, 20 (со букви, ДВАЕСЕТ) упатил нашата моментална #10-ка, без ниту еден постигнат гол. Во таа статистичка категорија, нашата моментална #10-ка е водечки во целата лига!
Еве како треба да игра една класична #10-ка: http://youtu.be/OVtHhGLStfY
Да бидам до крај прецизен, 20 шута на Боатенг со кој е на врвот во Серија А, се однесуваат вкупно на сите 3 меча а не само на 2 порази. Не дека тоа менува многу...
Одлична статија:
Allegri perfect scapegoat
http://www.football-italia.net/25077/milan-scapegoat
Не ми се допаѓа оваа примадона со број 10 на грбот, го сакам оној играч од минататите 2 сезони со #27 на грбот за кој немаше изгубена топка беше како воз без кочници и експлодираше на моменти.
Не знам за вас ама јас сеуште не можам да коментирам многу околу мечот.
Ко 3 дена по ред само алкохол да сум пиел мме.
Поминуваме низ период што требаше да се случи пред 5 години па сезонава се знаеше дека ќе отиде во неповрат а и почетокот тоа го најавува.
Нова победа на allievi nazionali, овојпат против Verona со 0-1. Два од два за Pippo :)
Ac Milan - Macedonia @ACKlub
Замброта заминува од Милан ? http://mkacm.wordpress.com/2012/09/13
крај!
уште ме заследиле на твитер леле мајко...
Post a Comment