Translate
Saturday, 29 September 2012
Да се одржи континуитет и позитивна атмосфера
Токму тоа е најпотребно на овој тим во изградба. Понесени од сигурната победа и кршењето на клетвата на San Siro, гостуваме на Parma. Натпревар кој е по мерка за да врземе 2 победи во серија и да го дочекаме Zenit во среда на San Siro.
Повредените се сè уште во аут но се враќаат неколку суспендирани фудбалери (Boateng, Zapata) и тренерот. Тимот може да претрпи одредени ротации за да се задржи свежината за мечот против Zenit.
Повикани: Abbiati, Amelia, Narduzzo (n. 50), Abate, Acerbi, Antonini, Bonera, De Sciglio, Mexes, Yepes, Zapata, Ambrosini, Boateng, De Jong, Constant, Emanuelson, Montolivo, Nocerino, Bojan, El Shaarawy, Niang, Pazzini, Robinho.
De Sciglio започна десно, завчера играше лево а утре најверојатно повторно на десен бек, лево ќе биде Antonini а Abate ќе добие одмор и ќе настапи против Zenit. Друга многу веројатна ротација е во самиот напад каде што конечно е можно Bojan да го добие првиот старт во дресот на Milan на сметка на Pazzini кој беше прилично незабележлив на последните натпревари а и одигра многу мечеви во серија. Bojan би добил подршка од Urby и во моментов фудбалерот во најдобра форма во клубот, Stephan El Shaarawy. Во срцето на одбраната по суспензијата се враќа Zapata.
Boateng се враќа во старните 11 поради тоа што одигра многу малку против Udinese а паузираше против Cagliari поради повреда. Конечно можеме да очекуваме да го видиме Boateng во средниот ред на mezzala! Би било интересно да видиме како ќе изгледа тоа на теренот.
Со оглед на тоа што има многу претумбации, веројатниот состав е тешко да се предвиди но јас типувам на нешто вакво:
Од енормна важност е да забележиме нова победа, секоја следна победа носи поголема самодоверба во тимот! Секое зголемување на нашата самодоверба значи и намалување на онаа на противничките тимови! Три бода од Enio Tardini се задолжителни!
Forza Milan!!!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
24 comments:
Едвај чекам да го видам Боатенг на таа позиција.Составот е многу мобилен со многу подижен напад така да Урби,Боа,СЕС и Бојан ако добро сорабуваат можат да им направат многу проблеми на млекарите. Претпоставувами Де Јонг е чуван за Зенит и затоа е на клупа.
Мислев дека нема да го кажам ова, ама да го имавме оној Мунтари од пред 4 месеци тогаш тој одлично ќе се вклопи со Де Јонг и Монтоливо во средината.
3 бода утре!
Интересен состав, само едно не ми е јасно. Подолго време сме слаби на левата позиција во одбрана, а го имаме Urby кој што целата кариера надвор од Милан игра на таа позиција, а во Милан не доби шанса да игра како лев бек. Дечкото е скоро без корист во нападот (освен што многу трча), а и имаме солиден среден ред, така да тој може слободно да биде прекомандуван како лев бек.
@DraganTr Urby е вечната дилема. Тој во Ајакс започна како лев бек но иронично, неговата одлична игра во офанзива од една страна и неговата лоша игра во дефанзива од друга страна, го поместија напред и го направија крило :)
И јас сакам да го видам Urby некогаш на бек, особено против послаби противници но ете, тренерот не размислува така. Во неврзан муабет со луѓе од Холандија, навивачи на Ајакс, ми велат дека Urby на лев нек е темпирана бомба, многу лесно се губи позиционо во дефанзива и кога ќе го видиме Urby на лев бек, ќе мислиме дека Antonini е Maldini :)
Didac полека се враќа од повредата па можеби тој ќе добие шанса на тоа болно место.
Се е подобро од Месбах и Анте.СЕ
Ниту Didac, ниту Urby верувам дека ќе добијат шанса лево назад. Реално да зборуваме, Urby е многу слаб дефанзивно, така да може да добие единствено шанса кога бркаме резултат против очигледно послаба екипа. Ама, како јас не сакам да бидеме во таква ситуација, така не сакам Urby да добива такви улоги :)
Од мечот денес очекувам не само победа, туку и "апгрејд" на играта од Средата. Ова веќе почнува да личи на нешто, а треба да стигнеме до стил. Не го велам тоа само заради победата и не го велам во некакво расположение од резултатот. Го велам затоа што напредокот го видов и во поразот кај Udinese, поизразен беше против Cagliari, а денес, се надевам на уште подобра претстава. Враќањето на Boa и Zapata може многу да значи како поддршка на тимот. Веројатно и двата ќе стартуваат, според мене. Мислам дека Mexes е тој што ќе одмара, исто како и Urby. Дилема ми е Montolivo/Nocerino на MLC. Можеби и двајцата, ако Ambro остани на клупа. Проблемот во предвидувањето на составот е тоа што секогаш кога е вака неизвесно кој ќе излезе на терен, Max составува тим што никој не го претпоставува. Моја желба за напаѓачката линија е SES-Binho-Boa. И да, многу сум среќен за De Sciglio :)
FORZA MILAN!!!
Честитки за primavera, 4-0!
Среќен 36ти роденден за мојата непрежалена љубов!
http://u.goal.com/150900/150980hp2.jpg
Среќен 76ти роденден на Силвио!
Убав ден за победа!
Последното инфо вели за вакви стартни 11:
http://oi50.tinypic.com/2my3exl.jpg
Последниот состав што го постирав во коментари е и конечен. Сепак Boateng на AMR а Nocerino на MLC. Bojan со деби од првата минута.
MILAN: Abbiati, De Sciglio, Zapata, Yepes, Antonini, De Jong, Ambrosini, Nocerino, Boateng, Bojan, El Shaarawy.
И што сега Bojan ќе игра како шпиц? Или Boa како лажен напаѓач? Не ми се бендисува ова, мислам дека еден од Binho/Pazzo требаше стартува денес.
Kако и да е... FORZA MILAN!!!
Можно е и Abate да заработил некоја повреда при загревањето. Ова не го пишува уште никаде, само моја констатација затоа што има многу спротиставени информации во кои од една страна стартува Abate а De Sciglio е лево а во друга De Sciglio е десно, Nini е лево а Abate го нема никаде. Кога има вакви ситуации на неколку минути пред мечот обично станува збор за повреда при загревањето.
Ќе нема фудбал, ужасни услови за игра!
Сепак играме 4-2-3-1 со Nocerino на AML а El Shaarawy на AMR.
Многу ми е мило, многу ми е ќејф за детето, за се ова што му се случува! само напред!!
FORZA MILAN!
Штета.
Почнавме со Nocerino десно а El Shaarawy лево но после 25та минута ги заменија местата и веднаш се забележа тоа. Малото веднаш го имаше тој соло пробив а и потоа беше константно опасен по „својата“ страна. Едноставно мора да си игра на таа страна, зошто да го играме десно кога секако Nocerino не игра ништо и лево и десно.
На 0-1 имавме неколку одлични шанси за да го затвориме мечот (2 пати Abate и Bojan дојдоа на 5 метри од голот од страна и не успеаа да додадат до некој централно за да ја смести топката и особено НАЈГОЛЕМАТА шанса кога Bojan одлично го најде Boateng осамен на 5 метри но овој со глава не успеа да реализира.
Потоа следуваше казната.
El Shaarawy повторно најдобар во тимот, постигна убав гол, беше константна закана и многу се трошеше во дефанзива.
Nocerino, никаков.
Bojan ми се допаѓаше како одигра. Асистираше одлично за голот на El Shaarawy, имаше уште една одлична асистенција до Boateng за тој удар со глава и внесе дополнителен флуид напред, флуид кој досега го имавме само со El Sharaawy. Денес Bojan постигна повеќе отколку Pazzini во последните 3 меча заедно, на пример.
Одамна не ми се случило да не бидам во можност да изгледам неколку натпревари по ред и се осеќам некако безвезе...
Постигна повеќе од Пацо како подобар техничар што кога ќе излезе на 30ина метри од голот знае да проигра добро, дури и да шутне иначе реално Бојан беше ветрушка паѓаше при секој дуел и неможе да се загради да повлече играч за него како тоа што го прави Пацини или играчите од негов калибар.
после долго време еве ме повторно :) кога сме си најпотребни,редовно ги читам дискусиите и секогаш се што сакам да кажам веќе го имате кажано,а и мислам и за оваа сезона и нема нешто многу да се кажува за жал освен ако не се поправат Б&Г во Јануар па да почнеме да се надеваме на нешто... минатата сезона Амбро ги понижи комшиите излезе со една изјава сигурно се сеќавате дека МЕРДА имале добар тим сигурно немало да отпаднат во Сериа Б! :) Сега истото важи и за нас...
@Hristijan Мило ми е што нè има повеќе и ќе ми биде мило ако учествуваш малку повеќе и со твои коментари и размислувања :) Секогаш е добро да се слушнат и други мислења, исти или различни.
Се појавија некои помалку и повеќе веродостојни информации.
Шпанските весници се сигурни дека Милан сериозно загризал за Гвардиола и дека веќе во Јануари повторно ќе ги интензивира разговорите за доаѓање на лето. Не велам дека јас верувам во тоа, само пренесувам информации :)
Друга вест која мене лично ми причинува задоволство вели дека Il Capitano ќе се врати на San Siro со функција на спортски директор, нешто слично како Zidane во Real Madrid т.е класична спиритуална фигура на клубот! Лице на тимот!
Од друга страна истиот извор вели дека е можно да си замине и G поради фактот што сака да се кандидира за влез во Lega Calcio.
Само што сакав да прашам, по подолго време да се приклчучам со еден тазе пост и тоа вечерва, ама најверојатно дошло до некои промени и ја немам опцијата New Post.
Ако е стеснет кругот, нема проблем :)
Ја не сум теснел ништо дај ми мејл адреса да го средиме.
Средивме со Иван. Почнувам да пишувам...
Почнавме со Nocerino десно а El Shaarawy лево но после 25та минута ги заменија местата и веднаш се забележа тоа. Малото веднаш го имаше тој соло пробив а и потоа беше константно опасен по „својата“ страна. Едноставно мора да си игра на таа страна, зошто да го играме десно кога секако Nocerino не игра ништо и лево и десно. На 0-1 имавме неколку одлични шанси за да го затвориме мечот (2 пати Abate и Bojan дојдоа на 5 метри од голот од страна и не успеаа да додадат до некој централно за да ја смести топката и особено НАЈГОЛЕМАТА шанса кога Bojan одлично го најде Boateng осамен на 5 метри но овој со глава не успеа да реализира. Потоа следуваше казната. El Shaarawy повторно најдобар во тимот, постигна убав гол, беше константна закана и многу се трошеше во дефанзива. Nocerino, никаков. Bojan ми се допаѓаше како одигра. Асистираше одлично за голот на El Shaarawy, имаше уште една одлична асистенција до Boateng за тој удар со глава и внесе дополнителен флуид напред, флуид кој досега го имавме само со El Sharaawy. Денес Bojan постигна повеќе отколку Pazzini во последните 3 меча заедно, на пример.
Post a Comment