Повеќе од било кога оваа реченица има значење за нашиот (на блогов) ценет тренер. Најверојатно ни нерешено нема да биде доволно за да го зачува своето место на клупата, само победа е опција.
На истиот овој стадион на 11ти фебруари во ситуација кадешто Златан,Пато и Касано отсуствуваа, Милан издвојува една многу тешка победа од 1-2 каде што творци на пресвртот беа Макси Лопез и Ел Шарави кој тогаш го постигна последниот гол за Милан и е во еден сушен период.
После сите турбуленции, кавги, медиумски шпекулации победа одлично би дошла за малце да спласне цела оваа фама, неуспех само ќе ја продлабочи мизеријата во која се наоѓа тимот во овој деликатен дел од сезоната.
Повредените добро ги знаете, а на таа листа се приклучија Фламини и Бонера.
Јепес доби синче и добива заслужено отсуство а друштво на копилето со нов фриз во срцето на одбраната најверојатно ќе му прави Запата! Последните муабети говорат дека Алегри конечно ќе го направи тоа што сите го очекуваат односно ќе му даде старт на Де Шиљо на левата бековска позиција кадешто командува недопирливиот АНТЕ. Монтоливо и Ночерино се сигурни стартери во средината а во зависност од подготвеноста на Де Јонг, капитенот Амбро е тука како алтернатива. За нападот може само да потврдиме дека Пацини е сигурен, а како ќе ги искомбинира, Бојан,ЕЛ92,Боа и Урби само Макс знае.
Формацијата која ја предвидува Скај
Телма ќе ни го удостои овој натпревар во директен пренос со цел да не се мачиме со лоши стримови по интернетов, значи утре, 15:00 битка на Фриули во Удине!
FORZA MILAN!!!
16 comments:
Max утре ќе извади формација G 6 на квадрат, ќе ги победи Udinese и ќе почнат да дуват нови ветришта во Milano! Или не...
Реално Max е печен за да си оди а дали ќе си оди сега или по крајот на сезоната, зависи од моменталните резултати.
Мене во прв план ми е клубот па се надевам дека утре ќе изиграме доволно добро и за око и за победа. Имаме 2 дена повеќе за одмор од Udinese и се надевам дека тоа ќе го валоризираме на теренот. Редно е да почнеме да победуваме! Има повеќе варијанти за формации и први 11, се надевам дека Max ќе ги избере оние кои што ќе донесат убава игра, шанси и резултат!
Forza Milan!!!
Не сакам Макс да си оди! Сакам Удинезе да го прегазиме со добра игра и со резултат барем 0:3! Сакам со добра серија да се вклучиме во борбата за титула!
Нормален сум? :)
FORZA MILAN!
И јас очекувам победа. Знам дека се тешки времиња, ама како се наближува натпревар, секој пат истото. Имам чувство дека денес конечно ќе одиграат добро, ќе го одржат Max во живот. Според изјавите играчите не се за промена на тренерот, така што веројатно паѓаат во вода најавите дека играчите ќе "одиграат" за негово заминување. Имам верба во овој тим и ми се чини дека може понатаму многу подобро, со поголема поддршка и самодоверба, со враќање на формата.
Конечно Zapata меѓу стартерите и тоа против своите, ама тука е и омилениот Mesbah :)
MILAN: Abbiati, Abate, Zapata, Mexes, Mesbah, Montolivo, Ambrosini, Nocerino, Emanuelson, Pazzini, El Shaarawy.
UDINESE: Brkic, Benatia, Danilo, Coda, Faraoni, Allan, Pinzi, Pereyra, Pasquale, Ranegie, Di Natale.
ANDIAMO RAGAZZI!!!
Добар гол на СЕС92.
Сега ќе се изначитаме глупи и неважни статистики и факти. Ај само да заклучиме дека ова е ужасен резултатски и играчки старт, што мора ептен брзо да го замениме со серија победи. Ова денес на моменти беше тоа што сакаме да го гледаме. Првите десет минути, па уште еден добар период од 7-8 минути во првиот дел. Добар старт на второто полувреме и очекувана офанзива на крајот. Ама наместо 40тина минути се на се добра игра, треба да биде двојно. Со или без Allegri, сакам да видам желба, како желбата кај Boa, Bojan, Zapata, дури и Mesbah денес. Не сакам троми перформанси како денешниот на Montolivo, Pazzini, Urby, особено Abate. Добро, него му се игра или не? Идиоте, заради тебе на клупа седи златно момче! Чекаме вести за судбината на Max и се надеваме дека од Среда почнува нешто сосема поинакво. Онака како што му доликува на клубо. Па дајте, ова е срамота. Од срам ќе почнам да гризам на утакмица на нивно место.
FORZA MILAN!!!
Незнам за вас, ама на мене како вечен песимист ова не ми е до толку трагично, разочарувачко да ама со оглед на фактот дека очекував вакво слично сценарио доста спокоен сум.
Fact: Riccardo Montolivo recovered 16 balls and completed 54 passes today against Udinese
И тоа што го мислев на почетокот на сезоната и сега ми е амбиција, 3то место 1/8 финале или 1/4 финале во ЛШ во зависност од ждребката (ако поминеме групи се разбира).
Ми отиде во неповрат голем коментар.
Ме немаше до сега со коментар затоа што не бев во можност да го гледам мечот во живо и дури сега го гледав на снимка без да го знам резултатот. Одличен гол на El Shaarawy! Ако треба да бирам светли точки во нашиот тим, за мене тоа би биле El Shaarawy, Zapata, Abbiati (иако згреши заедно со Mexes на првиот гол) и донекаде Montolivo затоа што сите наши акции почнуваа со долга топка од него кон некој напред во тимот. Штета за Zapata кој имаше одличен меч, имаше само 1 грешка а безброј пресечени додавања на противничките напаѓачи! За вториот картон едноставно се најде на погрешно место во погрешно време. Можеби зборувам навивачки ама јас никогаш не би дал втор жолт картон за таков старт во напад како што доби Boateng.
Незнам што да кажам, имаме напредок во играта, имаме глад во тимот и натпреварот го загубивме на индивидуални грешки. Управата била задоволна од некои позитивни работи кои ги виделе на мечот и сè уште дава подршка на Allegri.
Ако е за утеха и комшиите имаат исти маки.
Вистина ли е ова муабетов за среда што ги твитна ивче?
Па не знам дали знаеш, Cagliari-Roma беше одложена денес. Накратко, стадионот им се реновира, се привршува со градењето и според правила не смеат да играат пред публика, ама на газдата му требаат парите од влезниците, мисли дека сепак може да има публика и ги кани навивачите да дојдат на утакмица. FIGC го одлага мечот од безбедносни причини по директна кривица на газда на клуб. Скоро сигурно дека Roma ќе добие службена победа, зашто тие допатуваа на Сардинија.
Е сега, како многу други газди низ Италија и Cellino е тежок болесник и нема да ме чуди ако тргне со инает против федерацијата. Јас го пишав тоа на шала, ама од човек што си ги вика навивачите на стадион што не е дограден, можеш да очекуваш се. И ако, убаво за нас :)
Уште нешто ми текна сеа... И Allegri може да учествува во сценариото. Да го запали бившиот негов газда да направи глупост, па ќе си има алиби, три бода :) Ќе си го продолжи престојот во Milan бар недела дена :))
Ама нели играме на Сан Сиро? Не ни менува дали стадионот на Каљари е завршен или не?
Играме дома, ама тоа не ја менува затегнатоста на односите Cellino-FIGC. Затоа реков, дали е можно лудоста да продолжи и да ни донесе службени бодови.
Малку на посветлата страна! Pippo со нова победа, 3-1!
Primavera!! Победа од 3-2 против Varese. Внимавајте на асистенцијата на Cristante на првиот гол и на реализацијата на De Feo на истиот гол!
http://www.youtube.com/watch?v=nvocKEI23xk
БОНУС:
Italy U18: Iotti and Cristante have been called up for the friendly vs. Macedonia on Wednesday.
Во прв ред Chelsea а зад него Juventus и неколку германски клубови се заинтересирани за Cristante според AS.
Chelsea веќе испратил понуда за момчето во текот на летото но Milan ја одбил. Сега англичаните сè во нов налет.
Наводно деновиве во Англија се наоѓа и агентот на Cristante.
Па фали уште и овој да го продадат а страшен талент е па да отиде се у курац.
Овој од следната година може комотно да си влага у прв тим ама мислам дека не се до толку глупи да дадат ваков играч.
А Челзи нека одјебе,ко да немаат играчи.
Post a Comment