Ќе почнам со една носталгична ретроспектива на сезоната која ми се мота низ
глава од кога заврши она мачење во Саботата. Сезоната 2006/07 многу од нас ја
паметат по само една работа – освојувањето на ЛШ. На никој не му паѓа на памет
дека тоа е првата сезона после Calciopoli, без Juventus во лигата,
сезона каде нашиот најлут ривал имаше 20 и кусур бода предност во Мај, сезона
во која завршивме како четврти, иако имаше период каде во 25 натпревари тимот
доживеа само еден пораз, или пак сезона каде што го имавме првиот напаѓачки poker
d’assi (Pippo, Gila, Ronaldo, Oliveira). Тоа е сезоната кога последен пат се радувавме на најубавиот пехар. Најавата
на мечот со Anderlecht утревечер
ме потсеќа на истиот дуел од пред 6 години и на генијалноста на Kaka. Перфектен натпревар за нашиот омилен,
хет-трик и претстава за паметење, увертира за убавата европска приказна таа
година. Постои уште една сличност со таа сезона, овојпат апсурдна, ама морам да
ја споделам: прв избор на стоперската позиција (не зборувам за најквалитетен, туку со најмногу
настапи) тогаш и сега е незаменливиот
DANIELE BONERA! :)
Разликите пак, се многу побројни. Тогаш ја имавме најсилната средна линија
во светот, со Pirlo, Seedorf и Rino во најдобрите
години, а Kaka во полн налет.
Она што утре Max ќе го има на
располагање во средината се грубо кажано, бонеровци, во споредба со нивните
претходници. Kevin Constant веројатно
би бил задоволен доколку би имал прилика да му додаде топка на Seedorf за да изведи аут. Или вака, посликовито...
За жал, мора се вратам овде и сега, да претпоставам што може да стори Max за да не биде доцна и за екипата и за него
лично. Да кажеме дека неуспех утре нема да значи YOU’RE FIRED. Што во комотна ситуација би направил Allegri или јас како комотен набљудувач од мојата
комотна фотеља, а што Max
утревечер, под будното око на B и широките ноздрви на G,
кој му дише во врат. Она што удобниот би го направил е составување на
најспремните 11, оние на кои најмногу им веруваш. Би го изоставил Boa на сметка на поизбалансирана средина без
изразит CAM и изразит DMC. Со Urby таму некаде на лево крило, NJD, Ambro и веројатно Noce по десно. Bojan како свежина за моментално задолжителниот Pazzo. Назад конечно би го тестирал Zapata, со Acerbi, Abate и De Sciglio на лев бек. Толку од fantasy-то. Поставата што ќе ја гледаме (на стрим) утре ќе биде скоро идентична на
саботочната. Единствено што очекувам како промена е Bojan наместо SES. Добро што Anderlecht е за никаде сезонава, а мотивацијата во ЛШ
поголема за нашите, па може ќе гледаме фудбал, наместо мачење. И покрај се, ова
е убава прилика за првата победа на San Siro годинава. Јас ја очекувам, сигурно и вие. Уште
повеќе Allegri. И не знам за
него, ама јас не можам да дочекам. Coppa campioni си е Лига на шампиони, нема што! :)
FORZA MILAN!!!
40 comments:
Ај може ќе ги пецнеме овие конечно ама неам некое добро претчувство.
Во саботата тргна добро со 4-2-3-1 и коа малце заглавија пак се врати на 4-3-1-2 а немаме играчи за таа ама баш ич.
Боатенг почнува толку одбивен да ми станува што е чудо,нека се опраи !
Убаво и искрено звучи она „ќе го изоставам Боатенг“ но реално, колку и да не и е при срце поради неговото „ѕвездено“ однесување на теренот, сепак, тој ни е најдобрата опција во моментов и еден од веројатно само тројцата во тимот кои можат да постигнат гол! Без разлика дали тоа ни се допаѓа на нас или не!
Последните најави велат дека можеби ќе се обидеме со 4-3-2-1 односно Urby би добил старт наместо Bojan заради поголем баланс во тимот и веројатно повеќе топки кон Pazzini. Други муабети велат дека Mexes ќе добие директен старт покрај (незаменливиот) Bonera и можеби De Sciglio на десен бек. Nocerino повторно ќе добие шанса во првите 11. Значи, како што можете да видите, турли тава, баш каква што е и моменталната ситуација во тимот. Имам MaxTV и вечерва ќе има пренос од 4 натпревари од ЛШ ама Марфи вели ниту еден од тие 4 нема да биде Milan!
P.S Споделив на tweet feed-от една анкета на Gazzetta: Дали Milan треба да му врачи отказ на Allegri. 74 % мислат дека не треба а 26 % дека треба.
Незнам што да очекувам вечер..т.е. знам, очекувам победа и подигање на самодовербата. Дали е реално очекувањето, е тоа незнам. Не ми се верува дека е таков момент каде неможам да сум сигурен дека ќе ги победиме Андерлехт дома. Се надевам ќе бидам максимално демантиран вечер, но..
Околу стартните, Боа ќе стартува сигурно, колку и ние да му замеруваме на играта, едноставно тоа е изборот. Pazzo ќе добие старт, но ако не испорача до 60-65 мин. тогаш секоја секунда плус помината на теренот одговорност ќе сноси Алегри.
Не коментирав тука на блогот пред да дојде, но во моето опкружување во секој муабет бев изричито против негов трансфер! Кога прв пат прочитав за можната трампа на milan news, бев на фери, со мене беше другар фан на Интер, спиеше, му отидов буквално го шлапнав, го разбудив и му реков "не дај боже"!! :))) ...појма немаше што се случува, бледо изгубено ме гледаше, мислеше тоне бродот :))) кога му кажав после пола саат почна да ми се смее и да вика "дај боже"!! Чисто онака сликовите да ви доловам колку не сакав да пристигне Пацини. :)
Парите што ги дадовме за Пацини, плус парите од продажбата на Касано, што во тој момент ќе беа околу 5-6 милиони, а имаше екипи кои ќе платеа, плус дополнителни 6-7, значи 6-7 не повеќе, доаѓаме до сума од 19-20 милиони, сума со која убеден сум, сигурен сум ќе доведевме далеку поквалитетен напаѓач од Пацо!
Тоа околу математиките, што е тука е. Вечер "дај боже" Пацо да ме демантира, плус на Пес 2012 на истиот тој фан му дадов пред два дена два гола со Пацо во продолженија, така да може и ќе сменам мислење за него еден ден, ...а може и не! :D
Не знам зошто така зборувате, јас немам никакви дилеми околу победата над Андерлехт, незнам дали ќе биде со убава или грда игра ама ќе биде победа. Ако не успееме да го победиме Андерлехт, верувам дека Удинезе ќе биде последната станица за 3 бода на Алегри! И со право, колку и да го почитувам и бранам, ќе мора да си замине!
П.С Внимавајте на Biglia, уште еден од оние фудбалери кои ги следиме со сезони, фудбалер кој може без проблеми да влета во нашите стартни 11.
Секогаш психолошкиот момент е интересен при вакви добри или лоши серии. Наеднаш, после само еден меч, ние не очекуваме Milan да го победи Anderlecht дома!? Anderlecht, кој е мизерија невидена сезонава и е едно 26 класи послаб од Milan. Тоа е најслабиот противник во групата, што ќе каже дека ова вечер е најлесниот натпревар. Епа, ако овој меч не биде добиен, реално е да се очекува пролаз во групата? А после ждрепка не се сеќавам некој да споменуваше испаѓање.
Ситуацијата е лоша, ама дајте да гледаме реално. Не може оваа екипа во континуитет да игра лошо, сепак не се ова аматери. Особено против послаби екипи. Ние немаме мегаѕвезди како годините наназад, ама цела наша клупа би играла како прва постава во еден Anderlecht. Samp и Atalanta се лоши епизоди кои можат да имаат последици во борбата на табелата или на атмосферата, но тоа не се репер утакмици по кои се мери крајниот дострел. Одиме малку попозитивно. Да бидеме малку "видовити" и да се понашаме како што ќе се понашаат другите навивачи после мечот :)
FORZA GRANDE MILAN!!!
А околу Boa... јас знам дека ќе игра, од почеток нормално. Поентата ми беше дека еден лагоден тренер, кој не е под закана на отказ, а кој држи до некакви принципи и замисли, би го отстранил новопечениот балетан на сметка на играчи што играат фудбал и им е до тимот. Што би изгубил тимот во таков случај, потрошувач на топки? Супер. Boateng е тоа сезонава, буквално. Секако дека е опција за гол, ама и Inzaghi последните две сезони беше опција за гол кога влегуваше. Секој офанзивец е опција за гол, само муабетот е кој колку реализира, толку треба и да игра.
А судејки според фактот дека сезонава нокој не дава гол кај нас, никој не треба да игра :))
Скептик сум за вечер иако го имам гледано андерлехт на некоколку утакмици сезонава и се невероватни дрва,баш против Милан нема екипа што не е мотивирана...Од друга страна апропо постов со потсетувањето на таа 2007 гледам дека вечерва Алегри ја спрема таа иста „елка“ формација,по мене потег на човек под невероватен притисок во моментов колку и да сака Галијани тоа да го негира и потег со кој се пробува да се даде некаков нов импулс во она мизерија од игра што ја гледавме претходниве утакмици.10-ва e блам до сега, има уште кредит кај мене ама се троши тоа многу многу брзо ако продолжи вака. Нека му се фудбалскте богови на помош на Макс со експериментиве и нека е со среќа европејскава одисеја..
P.S. За тие што сакаат да мечтаат - Изминатите сезони кога Милан играл со Андерлехт во ЛШ истата година го освојувал трофејот :)
Ајде бре живнете!!!
E Andiamoooo!!!
Вечерва ќе им приредиме дебакл на Андерлехт! Ајде момци!!!
Тим 1 за вечерва најсигурно :)
4-1 конечен :)
DAI, DAI, DAI!! (шо би рекол Max) :))
Момци линк асален?! се изнамачив...
Очајни сме! Формацијата целосно промашена особено со фудбалерите кои играат на тие позиции! Алегри нека реагира со Stephan и Bojan и ако не победи нека си оди!! Дури и ако победи, незнам... ова на ништо не личи!!
P.S http://www.thefirstrow.eu/watch/141459/3/watch-ac-milan-vs-rsc-anderlecht-fc.html
Добар стрим во однос на квалитетот на слика ама гледајте го на mute затоа што коментаторот е многу пред случувањата на теренот. Сликата касни.
срамота е ова, најлоши се ! најлоши ! принсе?10? бегај бе таму не бива таа работа...
http://www.sports-x.net/p/channel5.html
Ништо не видов!! незнам кој е полош, дали blizoo или Милан! Знаев дека ќе се мачиме! Многу нервоза во 2 саати. Ќе гледам само highlights, јбг!!
си се спакува алегри....
Дури и јас ќе признаам, Алегри треба да го напушти Милан инстантно, баш така како што го напушти и Сан Сиро, една секунда по последниот свиреж!
Тимот нема хемија, тимот нема игра, фудбалерите се плашат! Милан има послаб тим од лани, Милан ги продаде најдобрите фудбалери, Милан не донесе адекватни засилувања но ДУРИ И ОВОЈ МИЛАН има подобар состав од Сампдорија, Аталанта и особено од Андерлехт! Последната линија е темпирана бомба, среден ред не постои а навалната линија кружи околу шеснаесетникот на противникот! Едноставно нема идеја во играта а во таква ситуација најдобра (а и единствена опција) е да се смени тренерот! Нема иднина со Алегри! Ова е првата сезона во која тој игра без Златан и ова беше шансата да ги покаже своите квалитети, да наметне своја, сопствена игра! Не успеа!
Не е он главниот кривец, ама дефинитивни треба да сноси голем дел од вината.
Највеќе ќе ме боли неговата смена што ќе дојде некој данбетер од него.
Сезонава ме потсеќа на изминативе две турбулентни кои ги имаше Интер.
Ќе се остварат сите мои песимистички претпоставки за оваа сезона.
Дајте споделете нешто што прочитав дека Мексес покажал среден прст на навивачите, и рекацијата на Боатенг.
Такви (да ми извините) гомна не ни требаат во тим.
FORZA MILAN
Прочитав и јас дека Мексес покажал среден прст на дел од навивачите кои го исвиркувале а Боатенг бил бесен по трампата, на клупата но таму рака на срце, информациите се поделени дали бил бесен на тренерот или бесен на себе и својата слаба игра (што е веројатно поради тоа што тој при излегување се поздрави и со тренерот а одпоздрави и на трибините пред да направи гест на нервоза на клупата).
http://media.tumblr.com/tumblr_malxwex3J01qinkg3.jpg
Curva Sud денес дошле во Миланело, имале разговор со раководството и потенцирале дека не се дојдени за да вршат притисок и протести врз раководството туку да им дадат подршка и елан на тимот за да излезат од кризата! Исто така, сакале да расчистат некои нејаснотии со тимот, особено по две прашања:
1. Зошто фудбалерите по завршувањето на мечот не отишле да им отпоздрават на Curva Sud и да се заблагодарат за подршката туку директно заминале во соблекувалните
2. Зошто бил средниот прст на Mexes и на кого конкретно се однесувал
Врие во милано...
Allegri reportedly told Inzaghi that he is: 'A piece of s***' yesterday at the Vismara in front of the Allievi players.
Го прочитав тоа и не го споделив затоа што воопшто не верувам во таа новинарска "патка".
Не знам колку е вистина ама и Г. со оваа изјава дава простор за сомнеж.
Galliani: "After having talked with both Allegri and Inzaghi, I can say that - for me - this episode is like it never happened."
Ако е вистина,тогаш тоа е тоа Алегри едноставно пукна под притисокот.Не можам да претпоставам што се случува во Милан деновиве, можеби ќе се разјасни за некој ден може ќе читаме во нечии биографии за некоја година ама во секој случај не ми е ни малце пријатно да читам и слушам вакви вести.
Unbelievable what happened at Milan camp.Manager Allegri completely lost mind, stopped Inzaghi accusing him publicly to push management to sack him!
Муабетот има неколку различни финеси но главното се врти околу тоа дека Алегри го обвинил Пипо дека сака буквално да му го украде местото на клупата на сениорите и дека Пипо врши притисок кај управата да го избрка Алегри. Едната верзија е дека Алегри буквално во очи му го кажал тоа на Инзаги а другата е дека дошло до пецкање меѓу редови меѓу нив двајца, Алегри прво со насмевка рекол на Пипо дека има гласини дека тој се обидува да му го земе местото на клупата па Пипо возвратил нешто во стилот „епа се надевам, научив доста седејки на клупата лани (алудирајки дека Алегри не го играше) на што Алегри повторно со цинична насмевка одоговорил „ти треба да јадеш уште многу леб и трева за да можеш да стигнеш до клупата на сениорите“.
Верувам дека постоело нешто (веројатно размена на зборови) и верувам дека медиумите максимално го злоупотребиле и го зголемиле тоа! Сите се поделени, на еден меѓународен форум што јас го посетувам работата е буквално речиси пола-пола а кога јас стигнав до анкетата... едноставно само видов гласање но не гласав, навистина не сум ни таму ни ваму :)
Се изјаснив последно дека оваа (не) игра на тимот не води никаде и можеби Алегри треба да си замине ама од друга страна секој (па нека е и Пипо) треба да има респект кон тренерот на клубот (ако не како личност, како институција)! Независно дали на клупата е сега Алегри или во иднина некој друг! Доколку навистина Пипо се обидува да се протне, тоа е многу непрофесионално од негова страна! Тој може само да си игра со децата и да ќути сè додека да добие (АКО добие) шанса да биде еден ден тренер на сениорите! Личните несогласувања (од ланската сезона) не треба да бидат предмет за ставање на заложници на клупско ниво! Ќе повторам, ДОКОЛКУ е точно тоа дека Пипо се обидува да си го заработи местото на клупата на сениорите на ваков начин, тоа е нечесно, валкано и користење на ситуација во која намирисува крв кај „противникот!
Еве го моменталниот изглед на анкетата што ви ја спомнав претходно:
http://imageshack.us/a/img811/2218/allegrik.png
Моменталниот изглед на анкетата што пред само една недела изгледа сосем различно ни дава на сите до знаење дека иако има чад каде што има и оган ова е направено со цел да се дискретидира Мистер Алегри и да се фрли целата вина на него.
Не дека тој не е виновен и дека не сноси одговорност, но во ваква ситуација кој сакаше нека биде пак ќе беше жртвено јагне и се сомневам дека ќе постапеше различно од Алегри.
Во моментов не треба да избрзуваме со реакциите (како некои), бидејќи целата вистина ќе ја дознаеме за неколку месеци а можеби и години како што спомена некој погоре.
Неколку дена немав желба да отворам ниедна страница пошто знам какви се коментарита ама се исподесиле ептен работи што не личат на клуб како Милан.
Се надевам се ќе се среди а Алегри мислам дека ќе лета но ме плаши замената негова која мислам дека ќе е Тасоти ама што после него?
И еве ја веројатно најчистата варијанта за тоа што се случило via @Milanello:
Report: Part 1: What really happened between Allegri and Inzaghi?
The incident happened Wednesday afternoon at the Centro Sportivo Vismara, which is where all the Milan youth teams train and play their home matches. Inzaghi was coaching his Allievi Nazionali and it seemed to be just another day at the training ground - until Allegri showed up.
Allegri approached Inzaghi and greeted him with a handshake. According to one of my sources who was present at Vismara , Allegri and Inzaghi only spoke for 4-5 minutes. There were no signs of the two parties getting ready to brawl - nor were there any yelling. After speaking with Inzaghi, Allegri and Galli went over to speak with the goalkeeper's coach for the Allievi Nazionali before leaving the training complex.
The subject of the conversation between Allegri and Inzaghi is unknown, as the only person who was close enough to hear what they were saying, was Filippo Galli.
Many of the Italian newspapers have tried to reconstruct the conversation, despite none of them having actually heard what was being said.
Gazzetta dello Sport reports that the conversation went down like this:
Allegri: "I don’t want you talk about me to the press".
Inzaghi: "Shut up. It's your fault that I stopped playing football".
Corriere della Sera’s version of the conversation:
Allegri: "You haven’t even got the courage to look me in the eyes. Stop talking about me to the press, or else I’m coming to get you".
Inzaghi: "You're not a serious coach." (and then he walked away).
Allegri (while Inzaghi was leaving): "If you have the courage, then you’ll stop walking away. If you’re a real man, then you’ll stop walking away."
Allegri (points at Inzaghi and yells): "This is the coach who is supposed to teach you about football and sporting loyalty."
As mentioned before, none of these quotes have been verified, as the only person who heard what Allegri and Inzaghi said to each other, was Filippo Galli.
Report: Part 2: What really happened between Allegri and Inzaghi?
So what was the motive behind Allegri’s decision to visit Inzaghi?
The most likely scenario is that Allegri just went to visit the youth teams at Milan - like he has done ever since he arrived at the club in 2010.
Two or three times during the season, Allegri and the head of the youth department, former Milan player Filippo Galli, visit all the coaches in the youth sector to get an update about the youngsters and their development, as well as give a few encouraging words to the future Milan stars.
There are some media reporting that the reason why Allegri went to talk with Inzaghi, was because he wanted to confront him and accuse him for publicly pushing the Milan management to fire Allegri.
However, that’s not very realistic seeing as Inzaghi actually has been encouraging the media to let Allegri and the Milan squad work in peace.
Milan released a very short statement (only to the press) last night about the Allegri-Inzaghi incident: "Milan, Massimiliano Allegri and Filippo Inzaghi dismiss what some of the media have reported."
After speaking with a person within the club, I can reveal that this statement was primarily aimed at Telenova (NovaStadio) who reported that Allegri had called Inzaghi a piece of shit.
Inzaghi's entourage stated that "it was just a minor episode".
Milan's CEO, Adriano Galliani, was also quick to dismiss the reports about the alleged heated bust-up between Allegri and Inzaghi.
"I have spoken to both Allegri and Inzaghi. They have both played down the incident. As far as I am concerned, the incident never took place", declared Galliani last night.
The aftermath - What will happen now is still uncertain, but several media are reporting that Allegri is on the verge of being fired, and that Sunday’s match vs. Udinese is decisive for his future as a Milan coach.
The usual pre-match press conference with Allegri will take place tomorrow at Milanello, and the reporters will definitely be asking him questions about the incident with Inzaghi that occurred two days ago at the Vismara training complex.
We will see whether or not Allegri will respond to those questions, or if Milan's PR manager, Giuseppe Sapienza, decides to block the press.
http://www.youtube.com/watch?v=iLbCsa15TGA&feature=g-all-u
Заедничко на сите различни верзии е дека Super Pippo му префрлил на Max дека тој е виновник за тоа што Pippo ја завршил фудбалската кариера?!! Сите добро знаеме дека Pippo од лани не е во најдобри односи со Maх по изоставувањето од ЛШ листата.
With all due respect ама Pippo STFU! Кога треба да се заврши кариерата?!! Да се лути како мало дете уште една сезона затоа што на 38 не добивал шанса да игра?!!
P.S Забележете го лицето на Мах кога Pippo дава изјава, едвај се воздржува да не падне во делириум од смеење :) Очигледно работата не е баш таква како што ја кажува Pippo :) Ама Мах буквално едвај се воздржува да не почне да се клешти :)
Од друга страна, Pippo се обидува да делува смирено и ноншалантно ама има ептен bitter фаца.
Сакате мое завземање на страна во оваа ситуација?
Forza Max!!! Врати се уште посилен! Покажи им дека грешат! И покажи им like a boss!!!
Ја не би заземал страни за вакви мутни работи,башка Пипо ми е слабост и ако треба и да не е у право секогаш би го ставил пред Макс. Како и да е,не ми се допаѓа воопшто ова и уште се борам ама се повеќе и повеќе тонам во еден песимистички води. Треба промена,мора промена не иде ова вака.На удинезе дуелот ќе влезам со надеж како што влагав кога ја гледав мак.репрезентација до пред овој циклус... Тешки времиња створени за калемење на hardcore rossoneri !
Behind the scenes: Allegri, Paolo Maldini and the unkept promise.
In today’s edition of Corriere della Sera they reveal an interesting background story involving the current Milan coach Massimiliano Allegri and the Milan legend Paolo Maldini.
In the summer of the 2011, Allegri contacted Paolo Maldini and offered him the role as team manager. Allegri wanted Paolo Maldini to work as a liaison between the board and the squad; to be the link connecting the two parties.
Paolo Maldini then asked Allegri if he was completely sure and if the board would agree with this arrangement. Allegri replied he shouldn’t worry about it and that everything was fine.
Five months passed and Paolo Maldini didn’t hear anything from Allegri. No contact whatsoever. In January 2012, when Milan were in Dubai for their yearly training tour, Allegri finally decided to call Paolo Maldini. He told Maldini that everything was set and ready for him to become a part of his beloved club again. Allegri promised Maldini that he would call him the next week upon his return to Milano from Dubai, and that Paolo Maldini would just have to come to Via Turati and sign the papers.
Eight months have now passed and Allegri still hasn't called Paolo Maldini.
This begs the question of whether Allegri was just stringing Paolo Maldini along all the time for unknown reasons. Or if he really wanted Paolo Maldini to return, but then Galliani intervened and made sure that it didn’t happen. These are just speculations, for now...
Муабетите ми се накако многу инсајдерски, нереални, што знам... И со инцидентот и со ова сега. Новинарите фабрикуваат, лажни ликови се претставуваат како инсајдери, масата фанови копира. Се во некоја глупа трка за време, кој прв нешто објавил, што и да е, наместо да е битна содржината. Сумљивото ми е што сега, кога и проблеми во клубот, наеднаш се појавија еден куп лица со "свежи" информации. Вакви вести до пред 3-4 месеци скоро и да не постоеа, да не зборуваме за минатата или шампионската сезона. Сега наеднаш Allegri е крив буквално за се, дури ќе му се суди и ретроактивно. Можда и за честите повреди на van Basten ќе го окриват.
Како и да е, пост, anyone?
Јас сум некаде околу Неготино, одам за Скопје на свадба значи се враќам дури утре сабајле. Тогаш е доцна, напиши и овојпат сподели го твојот пост и на ФБ :)
Имам уште два дена за довршување на специјалистичкиот труд, работам проект за пензиски фонд, учам за испит за државни службеници и пишувам есеј за постипломска стипендија. Сето тоа денес :) Ама ако нема пост до вечер, ќе пробам да најдам пола саат.
Ја излагам сеа би требало да се приберам за саат два и тогаш ќе можам да чкртнам нешто, значи ако вечер до 9-10 нема ништо а ивче има време пиши ти.
Post a Comment