Translate

Sunday, 14 August 2011

MALMÖ vs MILAN förhandsgranskning!!!





Размислував дали да пишувам пост и дали воопшто оваа припремна утакмица е вредна за нов пост. Потоа се сетив дека ќе го пропуштам Trofeo TIM поради одмор, па решив да чкртнам неколку реченици. И сеуште мислам дека мечот е скоро небитен и се игра само поради комерцијални причини, пред се, поради ширење на популарноста на клубот низ Скандинавија, користејќи го Ibra нормално. 
На саат и пол од почетокот размислував како би можел да се одвива натпреварот. Знам дека ќе славиме победа, можеби не убедлива, но без премногу залагање. Знам и дека Ibra ќе постигне гол, а ќе му асистира Cassano:) Знам дека цел стадион ќе гледа со симпатии кон Zlatan, па ништо чудно и неколку пати да слушнеме скандирање на неговото име. Очекувам импресии од противничките играчи кон најдобриот играч што некогаш играл во FC Malmö покрај Martin Dahlin. Време е Amelia да добие свој припремен меч и да видиме како Taye се опоравил после кошмарот Robben ( Ри, овде не сакам реплики :) ). Противникот верувам дека воопшто не го интересира оваа контрола и сите мисли им се насочени кон Динамо Загреб. Уште во Среда одат за Загреб да го одиграат најважниот двомеч за нив во последните две декади. Кај нас во тимот дури петмина младинци, ама затоа ги нема бразилците. Одбраната е исклучително слаба, но ни тоа не треба да биде некој проблем. Ова се повиканите:
Abbiati, Amelia, Roma, Abate, Antonini, Bonera, Ely (53), Oddo, Taiwo, Zambrotta, De Sciglio (52), Ambrosini, Boateng, Emanuelson, Gattuso, Van Bommel, Valoti (57), Cassano, Comi (58), Ibrahimovic, Boateng Kingsley (59).

Да не должам, противникот не е слаб, ниту наивен, но нив не им е до фудбал вечерва. Се е во знакот на Ibra, а се надевам дека токму тој ми ќе го одбележи. И ако се мислевте што значи долгото убаво зборче во насловот, тоа е само превод од preview на шведски. :)


FORZA MILAN!!!

11 comments:

Ultra said...

Добар пост брависимо.
Реплика од мене за "кошмарот на Таје" хахаха друг натпревар си гледал ти друже не го видов Робен да направи нешто посебно, а ти кажуваш како Таиво да си дал автогол, да му асистирал за вториот гол на Робен и да направил пенал :)

ReBorned said...

Е сега убаво му кажа! :D
http://www.rojadirecta.es/goto/tvleograndefratello.blogspot.com/

ReBorned said...

Ако има некој подобар стрим што не сецка нека каже

Navigator said...

Пристрастни сте :)
Како и да е, интересен состав и интересен натпревар засега. Ely ме бендиса со интервенцијата, а Ibra со глумата :) Јас не најдов подобар стрим, освен еден арапски со подобра резолуција, ама пак сецка. А да ти кажам право, подобро лоша слика со италијански коментатор (на наполитански дијалект), него да гледам на HD, а арапот да ме убива. Секој трет збор им е "мубарак" :D

ReBorned said...

Rodrigo Ely е одличен!

ReBorned said...

Urbyyyyyyyyyyyyyyyyy и Cassanoooo


http://www.rojadirecta.es/goto/tvleograndefratello.blogspot.com/


Сакаше италијански ;)

Navigator said...

FantAntonioooo!!! :)

ReBorned said...

Одличен article:

http://milanobsession.blogspot.com/2011/08/legend-of-il-faraone.html

Ultra said...

FatAntonio? иначе зошто не сме дел од младинската лига на шампиони? Ри?

ReBorned said...

А зошто јас сум прозван за тоа прашање? Тренер сум на Primavera? :D

Ultra said...

Ти ги пратеше највеќе?Или Навигатор беше?