Ги гледам последниве две утакмици на Milan и некако не ми се верува што се случува долу на терен: во екипата се појавуваат двајца напаѓачи од прва минута..мењам Телма, ставам OBN, пак исто..најискрено, за момент помислив дека снимка од порано..ама таму беа Pato, Becks, Flams и се уверив дека е пренос..кажете ми сериозно, дали не бевте зачудени на утакмицата со Atalanta кога ги видовте Ale и Pippo заедно од прва минута..па и уште Beckham како поддршка позади нив..сепак мислам дека тоа беше формација која Carlo ја извади во недостиг на оние attacking mids и дека на крај памет немаше да му падни да постави слична офанзива на која било утакмица до крај на сезона ако не беа сите тие повреди..после повредата на Borriello, јас неможам да се сетам на барем 2 утакмици каде сме имале двајца напаѓачи кога сме имале каков и да бил позитивен резултат..офанзивата беше “оружјето” на coach-от единствено кога екипата губеше..страшно ама вистинито! и сеа после хет-трикот на Pippo, гледам на наредниот меч против Siena, пак истата формација, само без полушпиц позади напаѓачите..па дали тоа Ancelotti после 2 и пол години бранење откри дека ако играш поофанзивно, ти носи поголема ефикасност?? па секоја чест за чоекот, прав mythbuster бил..одвај ја чекам сеа утакмицата утревечер, да видам дали ова било само уште еден негов испад или полека ама сигурно почнува да го сфаќа модерниот фудбал..искрено се надевам дека е ова второто ама некако ми се чини дека Silvio е “крив” за ова и дека тој е иницијатор за промениве, барем после испаѓањето од Купот на Европа (како што и официјално ќе се вика тоа натпреварување во иднина)..и сеа од кога веќе сите attacking mids се вратија после повредите, живо ме интересира дали ќе ја врати старата формација и воопшто идеологијата, или ќе размисли што добива кога ќе ја поттурни играта накај напред..пред некој ден Dinho изјави дека сака да се врати во тимот, ама останува до утревечер да видиме кој ќе биди составот што треба да ја продожи мини серијата на победи и да ги заќути San Paolo..не ни треба да се спомнува што би преферирале навивачите, само штета е што понекогаш тие не ги одбираат првите 11..
FORZA MILAN!!!
6 comments:
Dida, Kalac, Perucchini;
Defenders: Antonini, Darmian, Favalli, Jankulovski, Maldini, Mattioni, Senderos, Zambrotta;
Midfielders: Beckham, Cardacio, Flamini, Pirlo;
Attackers: Inzaghi; Kakà, Pato, Seedorf, Shevchenko, Ronaldinho
Перучи,Дармиан и уште некој аут и ѓи добиваш 18те играчи кој ќе бидат во комбинација за настап.
Дида
Замбро,Сенди,Бонера/Фавали,Јанко
Бекам,Пирло,Фламс
Дињо
Пато,Пипо
-Сенди,Фавали,Бонера,сепак мислам дека Сенди и Фав ќе почнат освен ако не дојде до некоја измена/повреда у задњи момент.
-За средината нема избор карло и да сака,једино ако се деси некако јанко како лево крило а фав како лев бек ама тешко.
-Ако го видам карло да почне само со еден напаѓач уште еднаш до крај на сезоната ќе се самозапалам!
Уште од септември збориме гледаме нешто кое он неможе у пм!
Иначе мислам дека ќе биде нерешно,пошо обично послем вакви успеси секат се спуштаме малце по малце...и искрено ја би бил задоволен со бод,бидејќи гледајќи на хартија од преостанатите натпревари имаме 4 тешки гостуња:
Наполи,Катаниа,Удинезе,Виола
И од овие 4 утакмици да освоиме 5 бода ќе бидам хепи :)
П.С. Незнам што да мислам...дали да навивам да завршиме 4ти и да си иде Карло или.....
FORZA MILAN!!!
Пи пи ес!
Супер пост друже уше ова моево да го додадеш и право привју добиваш :Р хех
Позз и идеме Јакооооооо
Кажав и претходно... на Карлито му требаа да поминат 2/3 од сезоната за да сфати дека Милан подобро игра со 4-3-1-2 и како само Але може да експлодира во таква формација... а околу тоа со самозапалувањето не избрзувај... при крајот на тренингот Супер Пипо заработил незгодна повреда па се е во оптек...
П.С Але и Боригол би биле одличен тандем напред!
П.П.С А каде мислиш да ја гледаш... на Телма ќе има избори а на ОБН не ја пренесуваат затоа што кога Наполи игра дома не дава да се пренесуваат нивните натпревари... останува само нет нели?
фала Ultra, ама знајш дека не сум јас многу по типување на состави, а и постот се совпадна со утакмицата денес иначе главната инпирација ми беше тренеров наш..незнам дали вреди да се погодува составот, со ваква будала на клупа..еве да речиме јас сакам да почни со:
Dida;
Zambro,Paolo,Favallinho,Janko;
Becks,Pirlo,Flams;
Dinho;
Pato,Pippo.
Знам дека сите би го ставиле Sendy место Favalli, ама мене ми е многу страв од Lavezzi, а Фичо е пребавен за него..не дека другиов е многу брз, но сепак начинот на кој шо игра, онака подло и искусно мислам дека подобро би ги чувал било кој од нивните брзи напаѓачи Lavezzi и Denis..средината би требала да биди таа, евентуално ако сака малку поофанзивно па Seedorf да улета место Flams, шо чисто сумљам..а за нападот веќе зборав цел пост и добро знајте шо мислам..Ри, сигурен си дека ќе нема пренос на Телма вечер? ако нема ќе биди штета, стварно очекувам јака утакмица
FORZA MILAN, SEMPRE CON TE!!!
OFff thanx for the head's up Re,комплетено забораив на тоа :S
Како и да ќе бараме стримови...ако најдам нешто асално одма пишувам...
Форца Милан!
Ја има ли негде бе воопшто утакмицава?! давајте стриииииим
Post a Comment