Translate

Sunday, 1 March 2009

Одиме напред



Горд сум на Милан! Не игравме во ЛШ? Не елиминираа од УЕФА? Немаме шанси за скудетото? Во такви моменти се покажува љубовта кон клубот! Во вакви моменти се гледа разликата помеѓу вистински и квази навивач! Милан е кремот на европскиот фудбал и така и ќе остане... на една рака (или поточно на три прсти) се бројат тимовите од светската елита а Милан е еден од нив! Таа почит од навивачите и фудбалерите е стекната со години... тоа не може да се урне за една, две или три сезони!! Неодамна една анкета покажа дека Милан е најомилениот тим во светот!! Сето тоа во време кога на тимот воопшто не му оди! Но тоа не е причина да се откажам од него!! Горд сум на тимот кој има еден куп успеси зад себе, тим кој може да се пофали со многу успеси како на теренот така и надвор од него (Тимот има сопствена фондација за помош на загрозената маса на луге а речиси и сите фудбалери имаат поединечни посебни фондации, Капитенот е амбасадор на УНЕСКО и неговата капитенска лента е токму таква, Претседателот на клубот беше главниот виновник за запирањето на војната помеѓу Грузија и Русија...). Горд сум на тимот кој самиот инсистира да игра еден куп пријателски натпревари од добротворен карактер и натпревари на кои самиот тим плаќа голема сума на пари и сето тоа во добротворни цели! Горд сум на тимот кој (за разлика од некои други кои се фалат дека биле шампиони една сезона без пораз) две години последователно освојувал титула без пораз!! Горд сум на тимот кој (можеби во некои случаи претерува но) никогаш не ги заборава своите фудбалери, никогаш не ги фрла како стари крпи! За нив секогаш има место на тренерската клупа или во тимот кој работи зад сцената (освен лекарскиот тим нормално). Горд сум на тимот кој бил спортскиот колектив кој пружил најголема помош по скопскиот земјотрес во 1963 година. Горд сум на тимот кој го создал најголемиот спортсмен, најголемиот џентлмен кој некогаш заиграл на зелениот тепих, најголемиот дефанзивец на сите времиња, фудбалерот кој цела своја кариера ја посвети на црвено-црниот дрес, Ил Капитано!!! Горд сум на овој тим и никаков Карлито, Пума, Фавагол или дури и B&G не може да го смени тоа!!!
Отвораме ново поглавје, одиме само напред....
Forza Milan!!!

23 comments:

ReBorned said...

И претходно напишаното нема воопшто да се смени доколку во 16:50 нема резултат што го посакувам!

Giallorosso said...

да не заборавите и следната сезона да сметате на лузериве, а јас ќе си го фурам ФМ филмот.

Zoki said...

Moze go stai Emerson da zacuva samo 2-0.

Navigator said...

искрено и јас сакам да размислувам како тебе Ри, ама едноставно неможам..ова за мене е ПРЕМНОГУ!

Giallorosso said...

ви ја вративме малку од малку насмевката ;)

конечно после исцрпни 26 кола табелата да заличи на нешто :P
фала богу најсилните 4 екипи да ја претставуваат Италија во Европа!

Anonymous said...

Не бев изненаден од резултатот што се однесува до натпреварот.
Иначе Ри,колку и да се обидувам премногу тешко е да анализирам,да покажувам со прст кон виновници кога тој муабет го прајме 3-4 години уназад.
А дека сме горди на сево ова наведеното во постот и уште ред други работи сме,но тоа не оправдување на последните случувања во клубот.
Тренерската смена барем според мене е задолжително но само под услов да дојде тренер кој ќе биде доволно добар да го замени карло,па дури и да не освои ништо во првата сезона.
Мислам дека најважно нешто кое треба да се погледне на крајот на сезоната е самиот пристап и однос кон натпреварите,тоа е првично а после играчкиот кадар,тренерот и тн.
Јас никогаш нема да престанам да го бодрам Милан,мене никогаш нема да престане да ме боли кога го гледам Милам како губи и тоа е доказ кон љубовта кон клубот.
А за мојата неактивност во постови што ќе следи во наредниов период е од мои лични причини.

Forza Il Grande Milan !!!

Anonymous said...

http://upravasitkaci.blog.com.mk/node/213859#comment

поздрав од Шиткачи...веројатно деновиве ќе направам и тука блог, пошто блог.ком.мк не го бива за ништо...

Anonymous said...
This comment has been removed by the author.
Anonymous said...

Шиткач друже ај ако може остај твој мејл сакам да исконтактирам нешто со тебе за нешто.Остај го овде,ќе бидам на блогов и избриши го одма штом го видам :)

Anonymous said...

neambe@live.com

Овој ми е онака за све и свачега, па на овој може да се исконтактираме...
позз

Anonymous said...

http://www.goal.com/en/news/11/transfer-zone/2009/03/02/1135035/ancelotti-gourcuffs-milan-career-probably-over

Почнувам да го замразувам Анлечоти!
Уште еден млад талент уништен?!
Многу посреќен ќе бидам ако го прочитам истиот наслов само со името на Карло место на Гуркуф!

Anonymous said...

ок друже те адд :)

Milanist od srce said...

Евети бе друже вест која верувам дека ќе се оствари како реалност и конечно ќе се смени нешто .


Рајкард во преговори со Милан


Како што пренесува шпански Спорт, седумкратниот европски првак Милан веќе стапил во контакт со поранешниот тренер на Барселона, Франк Рајкард кој на крајот на сезонава треба конечно да го смени Карло Анчелоти.

Седумгодишната авантура на Карло Анчелоти на клупата на росонерите веројатно ќе заврши налето по уште една сезона која навивачите на Милан веќе сега сакаат да ја заборават.

Милан испадна од Купот на УЕФА од Вердер, а по неделниот пораз од Сампдорија има 12 бода помалку од Интер и скоро никакви шанси да се замеша во борба за титулата.

Иако потпретседателот Галијани најави дека Анчелоти ќе остане на клупата на Милан ако го освои третото место, сепак официјалниот веб сајт на клубот тврди дека Рајкард ќе има конкуренција за местото тренер на Милан и тоа од уште двајца поранешни асови на клубот – Марко Ван Бастен и Роберто Донадони.

Anonymous said...

Како што ти реков пред тоа другар....дај боже....дај боже...

Milanist od srce said...

Еве една најнова вест во врска со нашиот МИЛАН . Да се надеваме дека ќе се оствари ова .



Бојан Кркиќ во Милан?

Во Шпанија се погласни се шпекулациите дека поранешниот европски шампион во своите редови сака да го донесе младиот талентиран напаѓач на Барселона, Бојан Кркиќ. Бидејки на крајот од сезонава клубот од Милано се очекува да го напуштат Андриј Шевченко, Марко Бориело и најверојатно Филипо Инзаги, раководството на Милан одлучило дека младиот шпански репрезентативец ке биде идеален партнер на Пато во нападот на „росоњерите“. Иако Кркиќ на својот договор со Барселона има трансфер клаузула од 80 мил. евра, тимот на Берлускони има во план да отпочне преговори со каталонците со цел да го доведе Кркиќ на Сан Сиро за поприфатлива сума.

Anonymous said...

Never going to happen...
+ у моментов ми текнуваат на 5 други подобро и поефтини напаѓачи од него :)

ReBorned said...

Еден од најпреценетите млади фудбалери во светот :)

Anonymous said...

Пипо ѕвер ама мен оф д меч Виудез :Р хаха како се смееа сите на крајот,ама ипак 1 секунда 1 секунда кој ти ја дава :Р
Иначе добра утакмица пофалби за Абијати,Бекс,Замбро,Фламс и Пипо :)

FORZA IL GRAANDE MILAAN!!!

ReBorned said...

Море каков Пипо... СУПЕР ПИПО!!
Ветувачка партија и на Сендерос!
Виудез има огромен потенцијал, само да добива шанса....

Anonymous said...

Кај Анчелоти тешко дека ќе добијат шанса Кардачио,Виудез,Дармиан,Страсер,Хуртадо,Гуркуф Палоши и тн....

Иначе добри вести околу Бекс,се оствари тоа што го сакав,ќе остане во Милан до крајот на сезоната.Арно ама ко шо разбрав во Јануари следната година пак ќе дошол кај нас...нз колку потребно ама интересно у секој случак :)

Anonymous said...

I miss champions league football...

kiko_pato said...

слабо активни на блогов

Milanist od srce said...

Кај сте бре Миланисти , што е ова зарем се откажавте од Милан ??

Еве една добра вест во врска со нашиот МИЛАН :



Милан ја менува политиката

По катастрофалната сезона во која екипата на Милан доведе неколку скапи засилувања кои не ги донесоа очекуваните резултати, менаџментот на клубот предводен од Силвио Берлускони донесе одлука дека за следната сезона „ росоњерите “ ке применат друга политика во однос на трансферите. Имено, прв чекор на клубот ќе биде да се „ реши “ од играчите кои што имаат „ скапи “ договори а немаат придонес во играта, како што се Емерсон, Дида и Шевченко, кои што заедно со „ пензионирањето “ на Малдини и Фавали би му заштедиле на тимот околу 30 милиони евра. Вториот чекор ќе биде враќање во клубот на „ позајмените “ млади играчи како Абате ( 22 ) од Торино, Давиде Ди Џенаро ( 20 ) од Реџина, Алберто Палоски ( 20 ) од Парма како и дефанзивецот Романо Пертиконе ( 22 ) од екипата на Ливорно. Се очекува дека Берлускони нема да „ штеди “ само во обидот да се „ зајакне “ одбраната на Милан бидејќи играчите од типот на Бонера, Сендерос и Каладзе не представуваат никаква сигурност пред голот на Кристијан Абиати.

FORZA MILAN !!!!!!