Translate
Friday, 5 March 2010
OMNES VIAE ROMAM DUCUNT!!!
Стара, можеби и излитена фраза, која сте ја чуле и прочитале стотици пати, но со голема доза на вистинитост и секогаш користена со право! Иако, верувам, нас ни се побитни и подраги оние патишта кои водат кон Милано, овојпат таа мала саботна екскурзија до главниот град може да значи многу..всушност премногу..или најдобро речено – титула..се наоѓаме во фаза кога немаме бодови за расфрлување и секој меч без три бода (барем од позиција на бркачи на лидерот) ќе се смета за неуспех..дури и утревечер, кога гостуваме кај сеуште неотпишаниот трет претендент за Скудетото, пред екипата стои императивот на победата и новите бодови кои ќе не приближат до оние кои оваа сезона дефинитвно ќе го изгубат приматот во Италија..не се сеќавам како им беше името, ама беше поврзано со некаков си Печатар или така нешто :)
Атмосферата во екипа, како што јавуваат од клубот е одлична, особено после веста за Патката и неговото можно враќање во среда против побратимите ѓаволести..сепак лично мислам дека изјавите се малку напумпани, со што сака да се скрие една огромна фрустрација на сите во клубот од проклетството на повредите сезонава..скоро и да не постои натпревар од Нова Година наваму, а да немаме принудна измена уште во прво полувреме заради повреден играч..и тоа, според мене, е она што доста ја “тепа” екипата..
Овојпат за дербито со Roma на располагање нема да бидат ни Seedorf, ни Mancini кои не се опоравиле доволно, а Rino е out поради картони, како што знаеме од минатата недела..прочитав изјава на Leo кадешто се обидува да ја опушти ситуацијата по веста дека Mancini останал во Милано и вели дека имаме алтернативи за таа позиција, што ни кажува дека Becks ќе биди меѓу први 11 утревечер..добро е што одбраната е недопрена од повредите и ќе ја имаме најдобрата дефанзивна линија задолжена за уривање на концептот на Ranieri за офанзивна, брза и убава за око игра..
Во секој случај на Olimpico ќе не дочека една Roma на која и треба консолидација по два клучни неуспеси..и на домашен план против Napoli и на европски против PAO..два меча едноподруго кои доста ја размрдаа екипата која се чинеше незапирлива пред тоа..и тие не се сосема здрави, им фали богот Totti, а којзнае колку се опоравени Toni и Pizarro..сепак, дури и да не играат двајцата, Roma е страшна екипа и во овој дуел гледаат враќање на втората позиција и рамноправна потера по ... како ли се викаа бре??
Небитно, знам дека нашите дечки ќе напреват се, да им го срушат сонот на 80000 giallorossi на трибините и уште на 20тина долу на теренот..и уште поважно, нема да им го пружат тоа задоволство на гнасите, па да гледаат како се тепаме меѓусебе, додека тие освојуваат уште една титула..затоа ragazzi, подарете ни уште една победа, голема колку СКУДЕТО!
Еве ги повиканите и неповиканите:
Giocatori convocati:
PORTIERI: Abbiati, Dida, Roma;
DIFENSORI: Abate, Antonini, Bonera, Favalli, Jankulovski, Nesta, Oddo, Thiago Silva, Zambrotta;
CENTROCAMPISTI: Ambrosini, Beckham, Flamini, Pirlo;
ATTACCANTI: Borriello, Huntelaar, Inzaghi, Ronaldinho.
Giocatori indisponibili: Pato, Mancini, Onyewu, Seedorf;
Giocatori non convocati: Adiyiah, Kaladze;
Squalificato: Gattuso.
FORZA CAMPIONI!!!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
24 comments:
Claudio Ranieri, coach of Romania, in a press conference he talked about the opponent and colleague Leonaro: "It confirmed to be a very intelligent person, it is a pleasure to listen on Television as when he was a commentator for your station. But now it is a pleasure to listen to his analysis because they are always centered, polished, calm. This is a character that I love, I'm glad he's doing a very good season and I wish him luck. Except against us tomorrow. "
Пријателска изјава полна со респект и со интересен финиш на Раниери :)
P.S Сметам дека е можно и Абате да стартува на AMR
Leo: "Niente partita dell'ex per Mancini, ma abbiamo alternative - David Beckham"
тоа стои на телетекстот на RAI, така да освен ако не се премисли во последен момент, Becks ќе стартува
Ама ако стартува Бекс тогаш би требало против Јунајтед да стартува Абате (тоа го пишував во една моја опсежна анализа која не се постираше на блогот во вид на коментар). За мене лично тоа би било во ред. Абате може да задржи дел од стилот на играта кога на тоа место игра Пато, Бекам е многу статичен на таа позиција и само нафрлува. Од друга страна, доколку Бекам игра вечерва нема да биде свеж за во Среда (додуша има доволно време до тој натпревар но...)
Пато е на добар пат да се опорави за со Манчестер, така да Абате ќе причека 'подобри' денови да игра на Олд Трафорд. ;)
Дај боже да е така...
Само што Але и да игра ќе биде ист како на првиот меч, недоволно опоравен и со неколку инјекции во нозете, ќе биде само бледа копија од себеси.
Знам што ќе кажеш, дури и таков Але е подобар од здрав Абате и се согласувам со тоа.
Јас не ни сакам да го ставам Абате пред Пато но пред Бекам би се замислил... Бекси не игра ништо на AMR.
така е, во право си дека Becks не е за на AMR..јас да се прашувам, би размислил со кој ќе играм, меѓутоа јас само го цитирав Leo, а очигледно е дека негов прв избор е David..а баш ме интересираше што ти мислиш за него во таа твоја анализа оти јас веќе некое време сметам оти најдобро ќе биде за него ако игра во линија со Pirlo и Ambro што значи поповлечено, како на мечот против Man Utd, отколку на AMR..
FORZA MILAN!!!
Јас мислам дека Бекам може да се снајде на вечерашнава утакмица затоа што Рома игра отворено а трковите на Дињо и Боригол ќе бидат главна мета на Бекс - тие долги топки со очи.Плус Бекс е искусен и дебито му беше со Рома па очекуваме добри сигнали да ни прати.Никако не е подобра опција од Пато ни па Абате но мора да крпиме таква е ситуацијата.Очекуваме победа вечер не само поради "големината на влогот" туку и формата во која се наоѓаме.Неможе Дињо во ваква форма да не направи ништо тоа е скоро невозможно.Сезонава го имаме него не ни требаа апсолутно никакви засилувања.Сите ги уигра цела екипа ја носи на свој грб и скоро сум убеден дека и вечерва ќе го направи тоа.
FORZA MILAN
Абе досега неколку пати сум имал пишувано коментари и поради тоа што неретко не се појавува коментарот но може да се оди Back досега немав проблеми. Дури во последно време имав и една „навика“ од кога ќе напишам нешто да го селектирам тоа и да му дадам Copy за да си имам резерва во случај да не се појави. Сепак баш тој долг коментар заборавив да го копирам а ептен ми е за никаде да се повторувам и сигурно нема да биде исто па... баталив. Чекај да си го копирам и ова :))
знам, ми се има и мене случено..ептен нервира :@ јас веќе некое време и коментарите си ги пишувам во word :)
а еве ги составите:
Abbiati
Bonera--Nesta--TS--Antonini
Flams--Pirlo--Ambro
Becks--Dinho
Borriello
Julio Sergio
Cassetti--Burdiso--Juan--Riise
Pizarro--De Rossi--Taddei
Perrotta
Julio Baptista--Vucinic
FORZA RAGAZZI!!!
ROMA: Julio Sergio; Cassetti, Burdisso, Juan, Riise; De Rossi, Pizarro, Taddei, Perrotta, Baptista; Vucinic.
MILAN: Abbiati; Bonera, Nesta, Thiago Silva, Antonini; Flamini, Pirlo, Ambrosini; Huntelaar, Borriello, Ronaldinho.
Некако неочекувано но и вака сме имале многу успех (со Виолата,со Катаниа и ред други)Напред максимално офанзивни назад максимално дефанзивни...незнам што да кажам одвај чекам да видам како ќе функионира
Околу муабетот со Back имам живци кинето и многу работи немам кажано :)
Ај сеа да ве видам :)
Крајно интересни 11... кажувајте пред време дали ви се допаѓа а не да плукате после по Лео!
П.С Лео со нова фризура :)
Forza Leo, Forza Milan!!!
Кога сме во дефанзива Хунтелар игра AMR а кога напаѓаме оди на SS односно AMC и се уфрла како втор напаѓач веднаш до Бориело
Антонини и Фламини најдобри во нашиот табор по првото полувреме. Со Фламини во однос на Гатузо не губиме ништо (и двајцата добиваат жолти картони за непотребни стартови) но со Фламини добиваме во техника, асистенции и едноставно поголема мобилност во средината (а често и се уфрлуваше покрај десната аут линија во нападот).
Антонини навистина игра одлично како да не се врати директно од повреда па на терен. Браво!
П.С Дињо е маргинализиран и маркиран од 3 фудбалери и нема никаков удел во играта.
На овој странскиот форум 80 % од членовите бараат во второ полувреме Бориело во аут а на негово место, Абате па да се вратиме на 4-3-3 со Хунтелар централно...
Ах бре Бориело...
Не победува секогаш подобриот.Денеска таков е фудбалот,сите ги интересираат бодовите а на играта не посветуваат ни 5 минути.Незнам што да кажам Рома вечерва ми наликуваа на Катанија или Киево.Цело време се бранеа и дури нивните навивачи ги исвиркуваа.Имаме шампионски став и стил и сите се плашат од тоа.
Играа многу добро Фламини,Амбро,Пирло нон стоп ја имаше топката во нозе и создаваше шанси а Дињо го чуваа 5души.Многу сум задволен од Фламини кој играше феноменално.Трката за скудетото сеуште трае и шансите ни остануваат исти.
Прочитав пред некое времеизјава од експерти дека Лео е човекот којшто донел најголема иновација во итаљанскиот фудбал и вечерва покажа дека е така.Постојано прави ротации и ги менува формациите но тоа е и заслуга на играчите.Пенал имаше за нас во 2 наврата ама јеби га тоа се судиите.
Сега е на ред една голема препрека која имаме шанси да ја поминеме само ако играме вака ШАМПИОНСКИ
FORZA MILAN SIEMPRE CAMPIONE
Првите единаесет кога ги видов искрено многу ме изненади, но позитивно, затоа што значеше дека одиме на победа од првата минута, без тактизирање. После првите десет минути кои тотално беа на Рома, одигравме одличен натпревар но за жал од многу добри позиции не дадовме гол! јбг... Пенал немаше никаде да бидеме реални, но можеше комотно да досуди индиректен удар во 90та минута кога Бурдисо во мајагери стил му ја испречи ногата на Хунтелар пред фаца!!
Антонини изигра одлично, и мислам единствена причина зашто беше изваден е дека се врати по повреда па да одмори малце за во среда, само незнам зашто го извади Фламини?! грешка не направи човекот одигра одлично и во дефанзива и во офанзица, и ако некој виде нека ми потврди, мислам дека на пружената рака на Лео за поздрав кон Фламини, овој само искоментира нешто и си продолжи.
...и да, и јас секогаш си правам copy на коментарот за секој случај. :)
кога на RAI телетекстот ја видов формацијата што ја напишав во коментарот не се изненадив воопшто..ама одма после мене Васе напиша коментар со официјалните состави и кога видов дека играат и Hunter и Borriello бев доста зачуден..на крај памет не ми паѓаше дека на едно дерби Leo ќе излези со 2 класични напаѓачи..и тоа беше супер потег, но единствено во вакви ситуации каде немаме на располагање крилен напаѓач или втор напаѓач (ЅЅ)..конечно сите имавме прилика да го гледаме Hunter малку подалеку од голот и сите оние што мислеа и зборуваа дека тој е играч кој не мрда од шеснаесетник, да се уверат во неговата техника и способност да игра со топка и на центарот на теренот..уствари целиот состав беше погоден и одигра на ниво..дека бевме подобри нема збор и голема штета за пропуштените прилика..ама неможиш после вака добра уткамица на дечките да се нервираш или да обвинуваш некој..единствено лош потег според мене беше влегувањето на Pippo на местото на Borrigol..ако размилсам подобро, да бев јас не клупата немаше да направам ниедна измена..толку ускладен состав со толку ускладена игра не се гледа често на нашите мечеви..само уште реализацијата да беше подобра...
ми се чини дека ако Marco при неговата најдобра шанса додадеше до Hunter или овој да беше попрецизен со глава, сега ќе бевме на -1..без оглед на се утревечер навиваме за Genoa за да останеме на -3 или во најлош случај да се вратиме на -4 ;)
П.С. Утре пишувам пост за со United!
FORZA MILAN!!!
this team has something important inside it, which matters more than any tactic and any scheme.
FORZA MILAN FORZA LEO FORZA CAMPIONI
Фламини беше изваден поради тоа што играше со жолт картон од 20-та минута а сите добро знаеме дека Фламини не е тип на фудбалер кој што може да се „чува“ и ќе бевме под голем притисок доколку добиеше втор жолт картон во финишот. Бекам требаше да донесе повеќе офанзива од Фламини во однос на евентуалните квалитетни пасови напред и тоа беше само уште еден потег повеќе кон 3 бода. Иста реакција требаше да има и влегувањето на Абате, уште поголема офанзива.
Уште еднаш се потврди... Leo has a balls of King Kong! Незнам за Вас ама јас лично се’ повеќе и повеќе се приврзувам за човекот и нема да го напаѓам во континуитет (нормално доколку направи некоја очигледна грешка, ќе го критикувам) се’ додека не добие тим според неговиот вкус, играчи од кои тој ќе ја игра формацијата која што ја сака... и доколку тогаш нема резултати виновен ќе биде само тој!
Таква желба за успех на дерби и таква офанзивна игра (според фудбалерите кои беа на терен) сме немале многу одамна. Секоја чест за Карлито ама ми се смачи да играме со 4-3-2-1.
Одигравме одличен натпревар, ме иритираше себичноста на Бориело кој се чини се повеќе чувствува дека му е загрозена позицијата на стартер од Хунтелар и сака да си ја потврди. Неговата измена ми се допаѓаше од 2 аспекти. Пипо си е Пипо, може да даде гол кога никој не може а и тоа беше еден вид доказ или укажување на Лео кон Бори (нема да го наречам казна) дека Лео гледа што тој направи во шансата претходно. Хунтелар изигра одлично на невообичаена позиција за него, Антонини беше класа исто и Фламини.
За мене лично сите 3 измени беа одлични и јас лично ќе го направев истото. Абијати дава смиреност на голот, нешто што го немавме со Дида. И на крајот на краиштата, најмногу ми се допаѓаше фактот што игравме тотален фудбал. Сите заедно напаѓавме сите заедно се браневме. Тоа е тимски дух, тоа е сплотеност, тоа е карактер и тука се гледа раката на тренерот!
П.С Уште еден доказ дека повеќе добивме со неиграњето на Гатузо отколку што загубивме...
И официјално:
И Антонини и Фламини биле извадени поради тоа што се повредиле, Фламини тоа го изјавува во своја изјава, значи сите наводни несогласувња со Лео при излегувањето немаат никаква основа. Фламини изјавува дека би требало да биде во ред за со УТД но Антонини може да не се опорави навреме... негова замена најверојатно ќе биде Замброта кој се враќа од повреда. Пато веројатно е да почне од клупата. Нема да биде доволно фит и се чини Лео нема да го ризикува од стартот.
Фергусон вели дека Руни ќе биде подготвен но Пато не!
Многу сме ровити со тимот, секогаш еден се враќа двајца се повредуваат... и тие што се враќаат не се во топ форма од повредите...
Еве на крај една добра статија за Лео од milannews, сајт кој е вистински реален сајт, кој критикува кога треба да се критикува, кој плука и по фудбалери и по тренер и по Берлускони ако има потреба за тоа. По секој меч одбираат TOP и FLOP of the match!
-----------------
An acknowledgment of the tactics of ruthlessness Leo
Leo has tried. Really admirable courage of technical Rossoneri, who risked everything to really do anything to bring home the three points.
That Milan this year was even more offensive than that of Ancelotti, we had already understood from the beginning of the season with the choice of continuing to deploy a wing-back role as Abbot nell'inedito right and the preparation of the form " All fantasy "4-2-4, but with our Roma Leo has truly reached the pinnacle of ruthlessness. First, we must consider the opponent's value against which Milan played (albeit away), that could intimidate even given the excellent road map so far held, but Leo has not posed problems and therefore, while playing against very deep Rome, started in attack by deploying two "rams" as Huntelaar and Borriello, supported by the brilliant Dinho this period. During the game, the Brazilian coach has sought more earnestly the win, throwing into the fray too Beckham for Flamini and abbot for Antonini, Bonera, and often putting forward on the band, plus a moment when Rome could also go to advantage by virtue of good chances. But summing up, Leo has done well because Milan had dominated, and credit must be given to our coach myself for trying, unfortunately, football as we know, is made by episodes, so it is not just the goals. Too bad, but with a coach so brave, we all feel very proud.
Затоа реков не бев сигурен и прашав некој да ми потврди. Значи имало причина зашто излегол, од една страна ми се допаѓа тоа затоа што немало кавга, но од друга страна не е сигурен за со манчестер па ќе треба Рино да игра!
Очигледно е дека бековите се со значаен удел во вака офанзивна формација која ја форсира Лео, Бонера тешко се снаоѓа, Абате е добар против помалку квалитетни тимови и против тимови кои се бранат од почеток. Замброта според мене моментално ни е најдобар бек во тимот, но самиот факт дека тој е најдобар имаме проблем. Антонини се надградува добро, вчера имаше и неколку добри центаршутеви со лева што е одлично и стабилен е во дефанзива, но сеуште не е тоа што треба Милан да го има.(се надевам со тек на време ќе стане бек од висока класа).
Значи за да успее оваа формација и со појаки екипи ни се потребни бекови од типот на Евра и Маикон. На лето ни Џеко да не го донесеме, ни играч во средниот ред да не донесеме, туку само два квалитетни бека, тогаш ќе имаме огромни засилувања.
...и да, и јас сакам Лео да биде на клупата и следната сезона, без разлика како ќе заврши оваа, човекот сака повеќе фудбал помалку тактика!
Има има различни размислувања меѓу фановите ширум светот по евентуалните летни засилувања. Една група го преферира прво Џеко па после што било, значи Џеко пред се!
Од друга страна постои друга група која смета дека со Бориело и Хунтелар сме добро покриени напред, дека всушност со парите за Џеко можеме да го земеме Красич (кој би играл на местото на Пато со што Пато би се вратил на шпиц) + добар CM односно бек. Се смета и на враќање на Астори од Каљари кој имаше добра сезона.
Како и да е... Forza Milan!!! :)
Post a Comment