Translate
Sunday, 28 February 2010
GIOIA ROSSONERA!!!
Солидна утакмица, без премногу заморување, без премногу притискање и на крај комотна победа која според играта не беше доведена во прашање..навистина гостите намалија на 2:1 и се создаде некој непотребен немир во екипата, ама се тоа беше брзо скротено за да имаме мирна завршница..јас сум многу задоволен оти дечките одиграа по мерка!
Повторно за издвојување е Dinho, ама и Pato и Pirlo..првиот намести два гола за патката, ама и промаши пенал на кој прв натрча Borrigol и ја закова топката во голот..Pato пак со чудно слаба завршница успеа да ги протни двата гола..првиот по еден шут кој и не изгледаше којзнае колку силен, сепак од голманот, па од стативата влезе во голот..и тоа дојде во добар момент кога Atalanta во еден мал период имаше повеќе од играта..вториот падна по една феноменална асистенција на Dinho, а патката одлично ја прими, го помина и Consigli, Manfredini успеа да стигни но не и да спаси гол..сепак кај Pato повеќе ми се бендиса неговото враќање во форма со тие препознатливи тркови нанапред откако ќе ја прими топката со грб..а Pirlo едноставно царуваше на средината и освен жолтиот картон мислам дека не направи ниедна грешка..кога сме кај жолтите само да спомнам дека и уште Rino пожолти, што верувам дека нема да ве зачуди, но овојпат е проблемот што нема да биди во комбинација за на Olimpico..примениот гол беше дело на Valdez, по една грешка или сопнување на Bonera, како сакате..
И немојте да ме разберите погрешно, па да мислите дека овие тројца отскокнуваа многу со перформансот..сите беа на ниво, заедно со тренерот, па и Galliani :) накратко тоа се случуваше денес на San Siro..јас лично уживав во натпреварот (откако најдов добар стрим) и стварно штета за тој што не гледал..сега имаме мала пауза за gli nazionali, но не за сите..некои од нив ќе бидат на списоците на селекторите, ама се надевам ќе се вратат доволно спремни за нов успех среде Рим!
П.С. Незнам за вас (освен за Владе), ама јас сум страствен навивач и на италијанската репка исто колку и на Milan, така да за мене нема слободен ден во среда :)
FORZA MILAN!!! FORZA ITALIA!!!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
14 comments:
Mancini moze da startuva na mestoto na Pato protiv Roma, a i vo pravo vreme se vraka i flamini za ovoj spored mene najvazen duel koga se raboti za domasnoto prvenstvo... Za so Manchester bi trebalo patkata da bide podgotven
Иако го гледав натпреваров како да гледам под вода сепак не треба да се прават многу напори кога знаеш дека МИЛАН е шампионски тим и има играчи кои се ФЕНОМЕНАЛНИ.Денешнава утакмица беше лесна на хартија а тоа се пренесе и на теренот.Безмалку перфектно изиграа момците и неможам да бидам посреќен од тоа што го имаат постигнато до сега.Дињо е едноставно душата на оваа екипа.Како да има далечинско и да ја праќа топката каде сака и кон кој сака.Но не е само тој кој игра во супер форма - тука се и останатите Неста,ТС,Пато,Марко,Пирло,Амбро итн...едноставно сме во многу силна форма и мислам дека Рома нема да ни претставува проблем.
Но повредата на Il papero е тоа што не остави без здив денеска и ќе не држи во неизвесност се до дербито.Нека му помогне господ и нека му помогне на Милан барем еднаш во историјата - а не на мерда денеска коо свемирци беа сречковци невидени.Имаме играчи кои може да го заменат но Пато си е Пато.
Една голема честитка за Бориело и Бонера кои на некој начин се вратија во Il nazionale и одвај чекам да ги гледам.Требаше уште најмалку 2ца да има присутни но срамота е само Миланисти да има :)
смешно ќе изгледаат другите клубови
FORZA MILAN FORZA PATO
Напишав коментар колку еден пост и ништо!
Се изнервирав...
пријателчиња мои... му пишав на филе од топки... дали е можно да се собереме фанови на милан во емисија за реваншот со манчестер... ми пиша договорено само... па сега чекам нешто подетално... дали има некој заинтересиран?!?!? би сакал да има...
Јас сум заинтересиран ама има 2 клучни причини коишто ме оневозможуваат:
1. Пат од 170 км во еден правец
2. Работни обврски
Ама тоа не значи дека нема да правам бранови паралелно со вас пред ТВ
абе Балотели...
Викаат дека Пато не чувствувал болка - можно ли е?
друг некој заинтересиран од скопјаниве за во емисија има ли?
Мене не ми се иде баш во студио затоа што Филе ме нервира онака ептен, ич не го ни глеам а и во школо сум до касно така да мн тешко.. Ај ако иде некој нека пише, па да иам мотив да ја глеам емисијата
ПОЗЗ МОМЦИ И ФОРЦА МИЛАН
Добра иницијатива,браво Кико :)
Воедно ова е добра шанса да се видиме ко шо треба нали :)
Ја сум за, мене не ми е проблем,и очекувам подршка од Владе и Иван.
Мечот се игра за 1 недела па да се договориме како што треба :)
Поздрав & Forza Milan
П.С. Фала за информацијата околу Клас во претходниот пост :)
Интересно, вреди да се размисли. Но ќе треба да се организираме малку помасовно, нема да идеме четворица. :)))
Значи вака... јас на филе му реков дали може неколку фанови на милан...
рече ок договорено само потсети ме во понеделник... е сеа... ако има повеќе заинтересирани ќе го прашам дали може и повеќе...
прво да видиме колку сме па после тоа пак ќе му пишам на филе...
кај сте бре миланези ве нема :):) PATO IS BAAAACK AND READY FOR UNITED
Ке биде уште пожустро
Пато се враќа со Манчестер а ако е 100% ќе игра и против Рома.Колку е поозитивно ова не ми се верува.Сега му е мајката да ги згазиме и Рома та и Манчестер
FORZA MILAN
Post a Comment