Translate

Saturday, 6 February 2010

Во поход кон Renato Dall'Ara



Уште еден натпревар кој од една страна може да не потоне уште повеќе во калта и во кризата во која се наоѓаме или пак да ни даде елан или поттурнување (пред се на психолошки план) кој ни е и тоа како потребен пред првиот натпревар во ЛШ. На Renato Dall'Ara се наоѓа екипа која не е за потценување особено кога игра пред своите гледачи. Болоња во својот состав го има еден од оние фудбалери кои во својата кариера никогаш не добиле шанса каква што заслужуваат со својот талент, Ди Вајо (тука спаѓаат и фудбалери како Миколи и особено Милито кој дури на 30 години доби шанса да игра во конкурентен тим а едноставно блеска со својот природен талент низ целата своја кариера). Во средината го имаат и екс лацијалот Габи Мудингаи кој најверојатно со раце и со нозе ќе биде залепен за Пирло во текот на сите 90 минути. Милан од друга страна повторно нема да може да смета на Пато, Одо, Замброта а во тимот не е повикан ниту Неста (прочитај во коментари на претходниот пост за детали). Во тимот не е повикан ниту Адиа со што уште еднаш ни се враќаат спомените од Леандро Грими, Фелипе Матиони, Виудез и сл.
Во повиканите се наоѓа Мансини кој најверојатно ќе добие шанса од 65-70 минута на местото на Бекам, значи солидни 20-тина минути за полека да влезе во ритам. Значи не очекувам (што не значи дека не посакувам) да се најде во стартните 11.
И сега следи омилениот дел на Ultra...

Abbiati, Dida, Roma, Abate, Antonini, Bonera, Favalli, Jankulovski, Kaladze, Thiago Silva, Ambrosini, Beckham, Flamini, Gattuso, Pirlo, Seedorf, Borriello, Huntelaar, Inzaghi, Mancini, Ronaldinho.

Giocatori indisponibili: Nesta, Oddo, Onyewu, Pato, Zambrotta.

Сметам дека и покрај тоа што Дида се врати од повредата, Абијати повторно ќе добие шанса меѓу стативите. Во одбраната би биле Абате - ТС - Бонера/Камикаладзе - Антонини
Во средината Пирло, Амбро и Сидорф а напред Дињо и Бекам како подршка за Бориело кој си ја разбистри главата по незгодниот удар претходниот викенд.
Би било интересно доколку Бонера се врати во полн натпреварувачки ритам и од друг аспект. Не само што би бил одлична замена за ТС и Неста туку би можел и да заигра како стартер на RB со оглед на слабата дефанзива на Абате, особено против поопасни противници.
Не велам дека ова е натпревар што мора да се победи зошто таков беше и претходниот.
Forza Milan!!

41 comments:

Vase_AC Milan said...

Како прво морам да го изразам своето разочарување со тоа што нема да оди пренос на Телма утакмицава.
Секоја утакмица си има своја вредност и тежина како што вика Лео.Моментално сме во фаза кадешто секој бод би можел да биде драгоцен.Значи утре како и на секоја друга утакмица се оди на победа.Ова гостување буди позитивни спомени не само поради високата победа лани на овој терен туку и голот првенец на Бекам.Но исто таака тука е и фактот дека на гости секогаш играме подобро отколку дома така да очекувањата се големи за утре....
Поставата според медиумите и според тоа што може да се очекува е

Abbiati
Abate,Thiago,Bonera,Antonini
Ambrosini,Pirlo,Seedorf
Beckham,Borriello,Ronaldinho

Изненадувања мислам дека неможе да се очекуваат во поглед на формацијата и на оние коишто ќе почнат.Се надевам дека Мансини ќе добие добри минути од клупа а ако игра од старт би било уште подобро според мене.Но во резултатот и тоа како се можни изненадувања за жал.Болоња сезонава игра одлично дома и има играчи кои можат да ја направат разликата.Но ако играме на највисоко ниво на кое можеме тогаш може да се случи и ланскиот епилог.Нема да предвидувам резултат пошто некогаш тоа и не е најпаметна работа!
Како и да е утре сме покрај нашите момци и очекуваме да ги донесат дома 3 те важни бода.

FORZA MILAN FORZA RAGAZZI

Nidzo25 said...

Мислам дека веќе се подразбира, добар live-stream обавезно да се пријави навреме! :):)

forza MILAN

ReBorned said...

MILAN: Dida; Abate, Bonera, Thiago Silva, Antonini; Pirlo, Ambrosini, Seedorf; Mancini, Ronaldinho, Borriello.
Интересно...
стримови?http://www.myp2p.eu/broadcast.php?matchid=63993&part=sports

Vase_AC Milan said...

MILAN: Dida; Abate, Bonera, Thiago Silva, Antonini; Pirlo, Ambrosini, Seedorf; Mancini, Ronaldinho, Borriello

не дека нешто ама мислам дека ке има голови денеска ;)

FORZA LEO FORZA MANCINI FORZA MILAN

Vase_AC Milan said...

Дечки добар стрим нема шанси да се најде така да ке гледаме нинтендо фигури :@

kiko_pato said...

http://www.justin.tv/obostontv_com444/popout/

еве ви супер стрим... коа ќе снема слика само refresh... иначе супер е не сецка... и сликата е таман...

kiko_pato said...

btw ништо посебно не изигравме... досаден фудбал...

Vase_AC Milan said...

Јас не ни имав интернет затоа што сум на Cable Tel и може се да се очекува.катастрофа се ништо не изгледав а и кога имав нет кога уклучив гледав сенки како се движат од шо беше лоша сликата.како изигравме имавме ли некоја шанса?

ReBorned said...

Јас ја гледам на една бугарска спортска ТВ... ја вклучија на местото на Планета баш пред натпреварот :)
Инаку одигравме катастрофално прво полувреме, т.е не одигравме ништо! Единствена светла точка во тимот е Бонера кој одигра одлично прво полувреме и на неколку пати чисто го стопираше Ди Вајо еден на еден. Се разбира стандардно добро одигра и ТС. До некаде беше ок и Пирло, се друго беше катастрофа. За крај една порака:
Borrielo looks gay with a beard ,he should leave it to the pros .(Favalli)

kiko_pato said...

ја од кога почнав да гледам од 15та минута... не видов ни една посериозна шанса ( а за разлика од нас они имаа шанса) :S ти викам ништо не играме... ко изгубени егејци сме.... дињо ништо не игра... пирло се обидуе нешто да дава некои топки ама слабо некако... корни имавме 384963 ама џабе... абате дебакл... да се поправиме 2ро полувреме...

CurvaSud_Milan said...

Уствари ние игравме со играч помалку, на Дињо паметот му беше во дундите од пред некој ден...

CurvaSud_Milan said...

Абате е дебакл од моментот кога го донесовме во Миланело...

ReBorned said...

Околу дебаклот на Абате незнам дали го гледате второто полувреме ама сам трча по цела десна страна! Нафрли 100 топки!

ReBorned said...

Не ми се верува, како ја погодив сликата... двете пречки се тука, фали само резултатот :(

Vase_AC Milan said...

Овоа не се издржува веќе.

CurvaSud_Milan said...

Добро второ полувреме, без реализација. јбг... Хунтелар можеби не наприви ништо посебно, но евидентно беше дека почнавме да создаваме човек повеќе дури откога он влезе.


Тоа е тоа, што се однесува до мене, можеме комотно со сите мисли да се префрлиме на манчестер.

CurvaSud_Milan said...

Точно, второто полувреме го изигра на ниво какво што треба да игра цело време, но едно добро полувреме во задните 4 натпревари мислам дека е премалку.

ReBorned said...

Ама смешно е да се вадиме на 20 годишно дете-ДЕСЕН БЕК поради тоа што НЕ СМЕ УСПЕАЛЕ ДА ПОСТИГНЕМЕ ГОЛ?!
Тој се изглупира со комшиите и тоа беше негова грешка за примениот гол. Не можеме да се фатиме за него кога не сме постигнале гол! Бориело оди во крајности. Крајно неконстантен. Еднаш одличен, другпат почетник. И веќе ми здосади тоа што цело време се мести за секој шут/пас на левата нога. Во Desicion Maker е послаб и од Пато. Средниот ред ни е катастрофа, секој ја додава до тој до него и толку. Грешка на Лео што го извади Дињо а го остави Мансини! Кога се ќе се собере...

CurvaSud_Milan said...

Никој не се вади на него, туку само посочувам една од неколкуте слаби карики. Абате незнае да игра фудбал на високо ниво, и никој нема да ме убеди во обратното.

...а Дињо требаше да излезе уште на полувреме заедно со Мансини. Пирло и Амбро можеби не беа најсјајни но барем се гледаше дека искрено даваат се од себе, за разлика од Дињо кој со извинение го заболе стојко дали Милан дал гол или не, преку глава ми е да чекам дали имал желба денес да игра или не! Кога сака е најдобриот играч на планетата, кога на дечкото не му се игра, е тогаш не е ни за во ФЦУ 55.

Nidzo25 said...

Почнувам да се загрижувам.. 4 неуспеха по ред

Ајде нека дојде тој манчестер више

ReBorned said...

Сигурен си дека сакаш да дојде баш сега?!

kiko_pato said...

Ја и не сум баш сигурен сега во победата над манчестер.... шубаво си влеговме во форма ако ги победевме и принтер и да си продолжевме убаво.... ама сето тоа е само АКО... треба сега да победиме убаво со удинезе... па колку толку да ни се врати самодовербата и со кренати глави да го пречекаме фергусон и екипата негова... и да им одржиме лекција за фудбал ко до сега што им правевме....
околу утакмицата неможете да ми кажете дека абате играл добро... ко сам да е на таа страна со мансини ко скарани беа... за назад да неправам муабет... поарно бонера да игра десно веќе кога ги нема оддо и ѕамброта.... антонини се врзуе таму лево колку толку ама сепак не е тоа тоа... НИ ТРЕБААТ БЕКОВИ! мансини неможеме ништо да зборуваме како и што изигра... прва утакмица му е... да се надеваме на многу подобро од него... дињо ич не ни е потребен таков ко шо беше вчера... изгубен... не помина... 2 топки длаи даде... тотално изгубен!!! колку ни е потребен само пато... приметувате?!?..... со ваква игра, НИШТО не постигнуваме... дојде ред сеа да се бориме да бидеме во првите 4 ви реков дека така ќе биде и ете... :S


FORZA MILAN!

ReBorned said...

Кога јас реков пред еден месец дека немаме тим за титула не бев сфатен или бев песимист...

Nidzo25 said...

Зарем сиве овие години не заклучивте како игра МИЛАН во серија А а како во ЛШ?? Тотално различно
Ќе ми ја сфатите поентата на 16ти/10ти подоцна. Тешко ни иде со тимови кои играат бункер, и да едвај чекам да дојде веќе тој натпревар, бидејќи тотално неповрзани се овие две натпреварувања
МИЛАН 4life

Nidzo25 said...

Мора малце да се расположиме:) Kолку повеќе се нервираме толку полошо игра Милан:)) хахха

CurvaSud_Milan said...

...едина позитивна работа од вчера е што конечно добивме одлично покритие за ТС и Неста во името на Бонера, изигра одличен натпревар со неколку извонредни интервенции.

Ultra red and black said...

Се на се како изигравме?
Мансини како изигра?
А за нашите реални шанси за титула имам говорено многу одамна,ама сепак навивачи сме нели па надежта последна умира.
А кога гледав на последно Бонера изигра катастрофално против Удинезе односно Ди Натале,сега добро се покажа?

ReBorned said...

Друже ми го зема зборот, дојдов на блогов со намера да напишам баш за Бонера!
Одигра ФАНТАСТИЧНО и беше човек на натпреварот, на неколку пати еден на еден школски му ја земаше топката на Ди Вајо, на 2-3 пати дури и во шеснаесетникот, без фаул!
Одлична партија на The Boner!
За 2 класи е над Фавалињо а за 4 над Камикаладзе!
Мансини играше само за да не бидеме со 10 фудбалери на теренот. Во цел натпревар имаше само 2 добри моменти, една асистенција до Сидорф кој од работ на 16-никот осамен биеше лошо и во финишот кога го помина својот чувар и нафрли а Амбро погоди греда! тоа му беше и единствената ситуација кога го помина човекот пред себе.
Незнам дали е во прашање мала самодоверба и данок на неиграњето или нешто друго ама тоа беше неговиот ефект. И Пандев не играше за Лацио, тој дури не ни му беше дозволено да тренира со тимот ама...

Vase_AC Milan said...

Како може зуби вака да игра.Една утакмица се здивуе дава 3 гола друга неможе да оди.Нели му дојдоа преку глава и забави и жени и се.Кога игра он Милан тепа кога не игра Милан не тепа.Е сега Пато кога ке се врати и Мансини кога ќе биде по подготвен може лесно да се очекува да дреме на клупа па да видиме тогаш кој ке му биде крив.Бонера супер изигра исто и Абате ама сепак фали старата коска и искуството на Замбро и Одо.Антонини според мене ги потроши кредитите време е Јанкул да се врати на сцена.Нападот беше подобар ама пак не успеавме да дадеме гол,значи стварно немавме среќа у неделата додека дечките не изиграа лошо.Само тоа е на крајот важен е резултатот и бодовите а не играта!

FORZA MILAN

ReBorned said...

Лео размислува за 4-4-2 со Бориело и Хунтелар во шпицот особено против „послабите“ противници кои играат бункер и за кои ќе ни треба фудбалер повеќе во нападот. Во оваа евентуална формација од игра би излегол Сидорф со тоа што Пирло и Амбро би биле централно а Бекам и Роналдињо како крила (со Мансини како опција + за едно од крилата). Нормално, Роналдињо тука не би бил на тоа ниво што го игра како AML но тој и така игра црно-бело...

kiko_pato said...

Сеа мерда нека заредат лоши резултати... конечно да кикснат... и бидете малце поактивни на блогов шо ве нема :)

Vase_AC Milan said...

Конечно добри вести околу повредените.Сите тренираат со полна пареа.Неста ќе игра со Удинезе а Пато изгледа нема да биде ризикуван така да Манчестер ќе го чека.Конечно и мерда кикснаа така да ние треба да си тепаме и тоа.Телма да не претеруваат малце? Ја даваат вечерва мерда а зошто да не ја даваат у петок Милан? Не кажа ништо коментаторов ама и за мерда не се знаеше ништо па ја даваа.Добро знам дека Пандев игра таму ама воа претеризам е...

Nidzo25 said...

Кои им пишуваше молби на телма пред некое коло за да ја има Милан на тв? Ултра ми се чини беше.. Ај видете што можете да напраите, едно мејлче до бранко..

ФоРЦа МилаН

Vase_AC Milan said...

Ако може тоа да се направи ќе биде супер и сите миланисти во мкд ќе бидат презадоволни.А и со тоа ќе заштедиме некој МБ за All Starot викендов :)

FORZA MILAN

Nidzo25 said...

Значи катастрофа ни се телевизииве!! All Star никој да не пренесува па тоа е срамота! Ај можда на некоја од странскиве телевизии ке фатиме ако не, нинтендо фигури ке гледаме ко што рече Васе:))

ReBorned said...

Абе Forza Milan!!

Nidzo25 said...

ТАЧНО!

kiko_pato said...

Иам некој гаден предосечај дека ако им бутнеме гол на удинезе првите 15мин гол ќе се истуриме после тоа...

Nidzo25 said...

Ќе ја има на телма или не?
FOOORZAAa MILAAN

kiko_pato said...

Ќе ја има НЕ! :)

kiko_pato said...

Еве ги повиканите:
Abbiati, Dida, Abate, Bonera, Favalli, Jankulovski, Nesta, Oddo, Thiago Silva, Ambrosini, Beckham, Flamini, Gattuso, Pirlo, Huntelaar, Inzaghi, Mancini, PATO, Ronaldinho.

Значи ете го најважниот според мене во составот ПАТКАТА... вратен е и оддо... тоа е добро... сидорф незнам зошто не е во составот... и ѕамброта ....
според мене утре ќе стартуваме вака
дида,оддо/абате,неста/бонера,ТС,антонини,амбро,бекам,пирло,мансини,дињо и хунтелар