Translate

Sunday, 31 January 2010

МИЛАН 1-1 ЛИВОРНО



И сега можеме да зборуваме дека сме немале среќа. Можеме да се „вадиме“ на тоа дека Ливорно играле анти фудбал, посебно по 65-та минута, дека во продолжението од 4 минути се играше активно само 1 минута. Сепак, вината е наша и само наша! Знаеме дека имаме порозна одбрана во која реално кажано само 1 фудбалер знае да ја работи својата работа на ниво и секогаш ја правиме истата грешка! Не го довршуваме противникот! Наместо да се искористи моментумот за да се затвори натпреварот предвреме ние се коцкаме со резултатот, се коцкаме со нашата одбрана па и ако сакате се коцкаме и со фортуната... и тоа многу често ни се удира од глава! Само 1-1 против Ливорно, резултат кој уште еднаш на површина вади некои работи кои (не) свесно се кријат. Немаме одбрана! Немаме клупа! Фудбалерите се тие. Леонардо двете измени ги искористи за да внесе во игра 2 напаѓачи а третата воопшто не ја употреби. Не ја употреби поради тоа што на клупата имаме само дефанзивци и напаѓачи. Немаме фудбалер кој може да донесе инвентивност во средниот ред, немаме т.н SS (Second Striker). Ќе додадам уште нешто. На претходниот пост имаше коментар од (мислам дека беше) Кико кој на полувреме рече дека е задоволен од играта. Епа во второто полувреме одигравме минимум 3 пати подобро од првиот дел а тие 45 минути ги завршивме со негатива од 1 гол. И уште еднаш... Бекси е вишок таму каде што игра... Але врати се!!
Forza Milan!!

53 comments:

Navigator said...
This comment has been removed by the author.
Navigator said...

само 1:1!! тоа е многу лошо..лоша беше играта, не создаваме шанси, топката цело време кружи безцелно и НЕ СОЗДАВАМЕ ВИШОК ИГРАЧ никогаш, ама баш никогаш..неможите со таква игра да очекувате полење на противникот..нема да зборувам за тоа што играа Livorno, ама сите знајте дека не се очекува од нив да изиграат нешто, туку од нас се очекува!
ниту за одбраната несакам да коментирам, имаме зборувано безброј пати..само ќе кажам дека очигледно е дека децата, како што ги вика Ри, на бековските позиции дефинитивно не се созреани да играат под притисок од императивот нивната екипа да победува на секоја утакмица, па играат укочено и исплашено..
и јас се чудам како можи некои од вас да се задоволни со играта од било кое полувреме..дечки, не е работата да имаме 60-70% посед на топка..не е битно ако сме цело време на половината на противникот..битно е тоа што не правиме вишок човек, па со тоа и повеќе шанси..после примениот гол за нас како да беа битни само две работи: дали Dinho ќе направи некој продор или Beckham добро ќе нафрли..епа тоа не се случи и имаме само бод од Livorno..и на сите други мечеви на кои ќе се понашаме така ќе го имаме истиот резултат..
Се гледаме на Renato Dall'Ara!

FORZA MILAN!!!

kiko_pato said...

Не да е вишок бекам... едно време се премести мислам по на средина играше и многу подобро играше повеќе додавање имаше повеќе шанси... а кога ќе не се пресечеа одма до центарот им ја зимавме топката... арно ама второ полувреме пак си се врати на десната страна... и ниту еднаш не помина... освен ако ја прими и одма ја набаци ама нас не ни треба таква игра нас ни треба таму ПАТО... кој може да помине да издрибла ... и да набаци... вака со бекс ништо не правиме... не дека е лош ... само не е таа позиција за него ... околу хунтелар... дечкото си имаше цело полувреме да си се докаже си имаше и неколку одлични шанси шо сака повеќе незнам... нас ни треба напаѓач кој е многу добар техничар... кој знае и да проигра... знае да помине... треба да се погрижи Галиани околу тоа малце повеќе за на лето да земат некој таков... кажуваш дека немаме замена во средина... епа немаме... ја би го земал ХЕРНАНЕС... од секогаш го баам... многу сакам да го видам во милан тој играч... шо е работата шо не го зимаат него незнам... може Галиани сака да не изненади со нешто уште појако :) шо не ми се верува... тоа е мои росоњери само да се надеваме да не биде исто ко на почетокот од сезоната... оти веќе и не сме 2ри... туку 3ти... а и наполи се тука... а да не заборавиме дека и јуве ги брка првите 4 позиции... се боревме за прво место и уште ќе се бориме, само да не испадне работава да треба да бркаме место за во лига на шампиони.....


FORZA MILAN!

Anonymous said...

Кико брат тенка е линијата меѓу успехот и неуспехот.Само играчите можат да излезат од оваа тешка ситуација заедно со тренерот секако.За трансфери толку е веке.Значи навистина се работеше на размена Јанкул-Мансини но Јанкул го попречил трансферот и така треба.Нека не се продава на тие гниди смрдени.Незнам зошто би ни бил Мансини кога се враќа Адија.Одморен и желен да се докажува оти Рајович незнам шо правеше у финалево.Наместо да смени тактика да го убаци Адија да го засили нападот....
Како и да е transfer window is closed така да Хернанес и Џеко и Красич ке ги чекаме здравје на лето.Дефинитивно Хунтелар е изгубен и имаше одлична шанса денеска само не си ја искористи и фазла муабет несакам да чујам од него.Нека си кути и нека се моли да добие некоја минута.Бекам е добар али пак ке кажам Пато е потребен и тоа очајно.Браво за Амбро Leone браво за Фламс супер изиграа а бекчињата наши дефинитивно ги јаде притисокот.Каде се Одо и Замбро и они ни требаат итно!Абиати се врати конечно на терените а може и да си го задржи тоа место до крајот на сезоната.Не изиграа толку лошо сепак пропуштените прилики ни се удрија од глава...
А и уште нешто: добро пишуваше на goal.com Favalli at his age should not be playing


FORZA MILAN

CurvaSud_Milan said...

Како сакате кажете, главна улога во овој резултат има Леонардно и никој друг. Едноставно се плаши да направи храбри потези, тоа е цената на неискуството.

Против Интер чекаше да дојде 83та минута за да уфрли втор напаѓач, а денеска едноставно се уплаши да го направи тоа што мораше, а тоа е во отсуство на Пато да ја промени формацијата, и да игра со Марко и Хунтелар, т.е. 4-3-1-2, со Дињо позади нив, едноставно мораше тоа да го направи.

Дури и кога влезе Инзаги, Дињо повторно играше лево, и затоа во последни 20 минути напаѓачите не се составија со топка, едноставно немаше кој да им ја даде!

За бековите кажав еднаш што имав да кажам, посебно за Абате, па и за Антони, бек што знае да игра само дефанзива, едноставно не е бек, Абате незнае ни едното ни другото.

ReBorned said...

Друже да не излезе пак дека го бранам Леонардо ама реков и претходно, секогаш кога ја пробавме 4-3-1-2 сезонава паднавме во бездна! Ама без исклучок. Едноставно сме катастрофални со таа формација а Дињо делува како прв пат да игра фудбал!
Значи излегува исто како со Кака, мораме да ја жртвуваме стратегијата на целиот тим за да му се излезе во пресрет на фудбалерот кој може да направи нешто повеќе, Кака знаеше да игра само AMC а Дињо само AML. Незнам, јас сметам дека е илузорно да менуваме тактика со која само во новата година за 3 натпревари постигнавме 12 гола?! Сакате статистика и од 2009-та кога игравме со 4-3-1-2 и кога променивме во 4-2-1-3? Бројките делуваат страшно, како да игра некој друг тим!
Кога ќе ја погледнеш статистиката... ние доцниме поради првите 8-9 кола кога игравме со 4-3-1-2, а не доцниме поради резултатите потоа...

ReBorned said...

И околу Мансини... Мансини може да ни даде 3 пати повеќе од она што моментално ни го дава Јанкуловски. Мансини би играл на негова позиција AMR, каде што очајно ни треба човек по повредата на Пато, би бил толку посакуваната замена за Дињо и Пато. Од друга страна, Јанкуловски е 3 опција на бековската позиција!
Не се крсти толку во Адиа...

CurvaSud_Milan said...

Не функционира исто оваа формација со и без Пато, едноставно влијателен е премногу, барем да ја модифицираше малку, можеше да игра со Јанко како AML, Дињо десно, а Бекам поназад. Од десно отсечени сме, а плус и Дињо ако го нема денот , како што вчера го немаше ондак нема од кај да нападнеме.

Anonymous said...

Требаше да ја проба 4-4-2 со Дињо и Бекам како крила и со Бори и Хунтерот истурени напред.А средина Сидорф и Амбро.Поофанзивно здравје + Дињо си ја задржуе левата страна.Ама тоа е помина веќе.Здравје со Болоња коа ке играат нека експериментира.Галиани вика дека не исклучува ангажирање на нов фудбалер?Мора да се шали....

ReBorned said...

Ама знаете што сакам да кажам?
Мора да бидете искрени. На пример Лео да започнеше со 4-3-1-2 или пак со класична 4-4-2 и ако резултатот беше ист... сигурен сум дека пола членови на овој блог (воедно и половина светски критичари) ќе зборуваа дека е лудо што Лео решил да ја замени тактиката која носела резултати и дека тоа било негова грешка!
Значи лесно е по конечен резултат да го критикуваме ова или она, да зборуваме што требало да се направи.
Свесен сум дека сметате дека многу го бранам Лео, дека моите коментари се субјективни во однос на неговата работа но човекот има подобри резултати од Анчелоти во својата прва полусезона и тоа во тимот без Кака и Малдини! Во ред од друга страна ги доби Неста и Бориело кои Анчелоти ги немаше лани ама со овој тим, без никакви засилувања во својата руки сезона... задоволен сум! Многу повеќе од она што Карлито ни го даваше во Калчото! Конечно играме sexy football и на оваа игра и фали еден Џеко напред и некои закрпувања назад кои Лео ги сакаше но не ги доби! Ќе речете ама Дињо ништо не играше лани. Епа тоа што игра сезонава е заслуга само на Лео и на никој друг! Лео го врати Дињо од мртвите! Не сум вечен фан на Лео, јас сум фан на Милан! Милан преболел и многу поголеми загуби од Лео! Но додека тоа што тој го прави ми се допаѓа, ќе го бранам! И мислам дека и заслужува!
Forza Leo, Forza Milan!!!

Anonymous said...

Така е секој збор ти го поддржувам.Во полусезоната постигнавме резултати на кои и Анчелоти можеше да завиди.Уствари кога последен пат сме го тепале Јуве со Анчелоти? Не се сеќавам.Не дека имаме нешто против него човекот направи неверојатни работи за Милан ама Лео без Кака и Малдини мора да се признае дека е доста храбар човек.И си доби играч денеска.Конечно и тоа го доживеа :D
По се изгледа дека дилов со Мансини е направен.Ќе биде позајмен од мерда кај нас оваа полусезона.Добра аквизиција за краток временски период.Се надевам дека не заборавил да игра фудбал и дека ке ни помогне.

FORZA MILAN

ReBorned said...

Нема никогаш да го заборавам ова:

http://www.youtube.com/watch?v=fRrlm5ewjoo&feature=related

а ниту ова:

http://www.youtube.com/watch?v=1cPsmkYICb0&NR=1

Rossonero said...

Мансини и официјално до крајот на сезоната ќе биде играч на Милан
01/02/2010 15:58


Во тимот на Милан од денес има уште еден Бразилец. Росонерите во своите редови од најлутиот ривал Интер го донесоа Мансини на позајмица до крајот на сезоната.

Според италијанските медиуми требаше да настане трампа помеѓу градските ривали, каде Мансини би заминал во Милан, а Јанкуловски во Интер, но сепак според последните информации Чехот одбл да биде играч на Нероазурите и тој ќе си остане во Милан.

Мансини доаѓа во Милан со цел барем да заигра некој натпревар, затоа што во Интер ја загуби довербата на Жозе Мурињо. На Сан Сиро ќе биде меѓу своите со Ронадињо, Пато, Тјаго Силва, Дида и со Леонардо за тренер.

kiko_pato said...

Незнам зошто ама многу сум среќен што го земавме мансини на позајмица... многу е добро што е бразилец а знаеме лео дека ги возвишува таквите :) го врати дињо од мртвите... ТС стана стабилен играч... пато се повеќе се усовршува... дида колку толку ги покажува старите квалитети... се надевам дека и со мансини ќе направи некое чудо и би можело да играат сите 3ца заедно мислев на ( дињо мансини и пато ) дињо стандардно лево,мансини десно, а пато шпиц... ама тоа преостанува да видиме! уште еднаш многу сум среќен со доаѓањето на соседот :)

FORZA MILAN!

Anonymous said...

Многу прашања има околу овој трансфер.Под знак прашање е формата на Мансини секако затоа што гнидите го расипаа.Во Рома играше феноменално но откога прејде во мерда почна ова да му се случува http://www.youtube.com/watch?v=nf8OEnD3yFo&feature=related
да се надеваме дека Лео ќе го врати на старите патеки исто како и Дињо.Дефинитивно многу симпатичен напад ми е тој (Дињо,Пато,Мансини) каде Пато повторно се враќа во шпицот на нападот.Секако добиваме повеќе опции во нападот и во средина кадешто знае одлично да се снајде Мансини.Во секој случај и да биде измена не е лошо нели.Што повеќе конкуренција тоа подобро за играчите и за екипата.Се надеваме Мансио да прикаже добри игри за нас и да биде здрав и жив :)

FORZA MILAN

CurvaSud_Milan said...

Значи верувај дека ќе го зборев истото, затоа што токму против Iнтер, против една добра и стабилна одбрана се виде колку сме стерилни во нападот со оваа формација, без Пато.

Посебно против Ливорно, мораше малку да експериментира, ако не од почетокот тогаш низ текот на натпреварот требаше неколку рокади да направи за да испроба ако ништо друго, и онака од голот на Лукарели па до крајот немаше што да изгубиме, и онака не се создаваа шанси па можеше да проба со друг распоред на играчите. Да се создаваа шанси, па ете да речеме не сме ги реализирале, или пак сме немале среќа, не е страшно, ама кога против Ливорно не создаваш шанси е ондак имаш проблем.

Не го напаѓам Леонардо, нити пак имам таква намера, он тоа што го прави со еден добар избалансиран прв тим, и никаква клупа е одлично до сега, поентата ми е да потенцирам дека неговото неискуство дојде до израз во последните неколку натпревари, едноставно немаше храброст да превземе некои чекори и да направи некои промени во дадени моменти кога истите беа потребни. Не кажувам јас дека ако направел така ние ќе земевме 3 бода против Ливорно или ќе избегневме пораз против Интер, само ја потенцирам уште еднаш старата, ако не пробаш нема да знаеш. :)))

Тренерот е за тоа, во дадени моменти да ги направи потребните промени, ако не е така сите ние тука можеме да го водиме Милан, ќе ја поставиме формацијата, ќе ги пуштиме децата на терен па нека се истрчаат, ако дадат, дадат гол, ако не тоа е.

CurvaSud_Milan said...

Мансини ти е класичен Галијани потег, краткорочно решение, играч со солиден квалитет, за малку, т.е. ич пари.

Одлично покритие на Дињо и Пато во продолжение на сезоната, па и да влетува како џокер во натпревари како вчерашниот. Сигурно е подобоар досегашното покритие на таа позиција, т.е. никој. :)))

kiko_pato said...

еј незнам... дали мансини има играно лига на шампиони со интер?

CurvaSud_Milan said...

имеТ, нажалост, и тоа ебе*и 65 мин.!

koljo said...

Бре брее. Конечно еден одличен SS(пато тип на играч) у нашиот тим. Како би го играл јас уште во прв тим и тоа пред бекс. Омилен играч ми беше пред да дојде во мерда али тоа е тоа.. Само нз дали ке можат он,пато и роналдињо заедно да играат?? Плус уште БориГол и тоа би било ептен офанзивно али шознам:) бтв ЗНАЕ ЛИ НЕКОЈ КОГА СЕ ВРАЌА ПАТО?? Веќе предолго го нема, почнав да ги заборавам неговите игри.. Нека се враќа што побрзо

Форца Милан Форца ПАТо0о0о00оО

koljo said...

UEFA LIST: THREE CHANGES IN THE ROSSONERI'S LIST
2/1/2010
MILAN - Differently from the Uefa list of Milan for the Champions League of the past 1st September, there are three changes. The new players are David Beckham, Daniele Bonera and Giuseppe Favalli: they take the place in the A List of Marco Storari, Oguchi Onyewu and Alexandre Pato, with the later having matured the requirements to be listed in List B.


НЕ СФАЌАМ????

Anonymous said...

Никој не сваќа човеку! Сите се чудиме што значи ова.Само да не значи тоа што мислам јас .......


FORZA PATO

koljo said...

Знам дека исто мислиме.. Ако не го стаиле Пато за во ЛШ стварно нз што е работата! За воопшто да не се стаи во тим тоа треба да е повреда која ке го оддалечи од фудбал до крај на сезона (скраја да е)

Идам ја да спијам утре ке видиме што е работата со побистри глави.
Форца Милан&Pato

Anonymous said...

Curva_Sud знам на што целиш но Ри има поента,и да сменеше Лео како што велиш ти или да направеше некојси експеримент,пак на крајот он ќе беше на тапет,впрочем како што е и сега.
Но ја сум спокоен,ич не се секирам.
Мансио е добро привремено решение баш како што рече ти класичен Галијани потег.Да не го форсираме многу многу сеа да го оставиме да покаже што знае :)
Одлична вест е што ако добро се покаже имаме опција да го земеме за едни смешни 4 милиони!
Поздрав за одлуката да се позајми Ди Џенаро,нека се закалеми малиот па за едно 3 години да го гледаме у прв тим.И да не биде се толку розово...
Марига во принтер,јебига :)
Ама за да биде полу-розово(некоја расолница боја)Дигао во Кротоне на позајмица! :)))
А васе,ниџо не се тревожете,како што разбрав од тоа што го пастиравте Пато е во еден вид Б список,односно резерва и е неизвесен во неговите понатамошни настапи во ЛШ,што незначи дека исклучен крајно.Барем така мислам :)
И како што рече Гранде Паоло пред некој ден....Треба мноогу време за да се обнови еден тим,а ние само што почнавме...

FORZA GRANDE MILAN

ReBorned said...

Forza Milan!!!

Rossonero said...

Абе ало дечки , Пато пред 2-3 дена се врати од Бразил каде што беше на рехабилитација , и веднаш по протигнувањето во Миланело извршени се лекарски прегледи и е констатирано дека со неговата повреда се е во ред само ќе му треба уште една недела одмор ( значи паузира уште дуелот со Болоња) а после тоа ќе биде спремен за дуелот со Манчестер Ј. а тоа и самиот Пато го изјави дека е спремен 100 % за тој дуел и со нетрпение го очекува .

Така да немојте ич да му се секирате за тоа , Милан без Пато не може ни да се замисли во ЛШ , Пато ќе си биде стандарден играч како и до сега , освен ако не го погоди некоја несреќа па да го повреди некој ајван , инаку сега за сега се е вред , само му треба една недела одмор да биде свеж за ЛШ .

Поздрав до сите РОССОНЕРИ !!!

FORZA MILAN , FORZA CAMPIONE , SIAMO CON TE !!!!

Anonymous said...

FORZA MILAN FORZA ALEXANDRE

ReBorned said...

Јас разбирам дека Лео покажува и некое неискуство но тоа е нормално. Не е лесно во своето прво тренерско искуство да бидеш директно вметнат во таков оган па и без ниту едно засилување а притоа двајцата највлијателни фудбалери да си заминат од тимот. Јас сум сигурен дека ниту раководството на тимот не очекува(ше) нешто повеќе од првата сезона на Лео посебно со овој тим, беа задоволни со пласман во ЛШ. Но тој им ги порасна апетитите. На почетокот на 2010-та за само 3 натпревари дадовме 12 гола... лани со Карлито 12 голови дававме во 10 натпревари :)

Anonymous said...

Пато се враќа за 2-3 дена.Ќе му вадат заб изгледа со инфузија :D
Да се надеваме дека со Болоња ќе фане 10-15 минути ако не здравје боже само да се опорави.Иначе Марко е ок и што е најважно Неста е ОК :)
Гледав клипови од Мансио у дресот на мерда па и не бил така лош кога го ставале да игра (иако ретко се случувало тоа) ако фане ритам кај нас ќе биде 100:0 за нас за трансфери од мерда во милан и обратно :D
И Одо е блиску до враќање.Тоа ме радува момци нека се враќаат полека полека оти се ближи двомечот со Манчестер...

FORZA MILAN FORZA CAMPIONI

Rossonero said...

Еве вести за повредените играчи на Милан , и мислам дека за дуелот со Манчестер сите ќе бидат ОК и ќе го дадат максимумот од себе и да остварат една повисока победа сооглед на тоа што втората средба се игра во Манчестер , а тоа е малку незгодно за нас доколку не победиме дома барем со два гола разлика . Но не мора да значи , Милан пак послаб е дома одколку на гости , па да се надеваме дека и со Манчестер ќе се повтори онаа победа над Реал на гости .


Пато утре заминува на операција на забите
Бразилскиот интернационалец, Александре Пато утре ќе замине на извшување на оперативен зафат на забите

Екипата на Милан на својата официјална страна го објави медицинскиот билтен по последните прегледи врз играчите.

Росоњерите соопштија дека бразилскиот интернационалец Александре Пато, утре ќе замине на операција на забите по што ќе одмара 2 до 3 дена.


Медиумите од Италија велат дека најверојатно забите се причина за проблемите со мускулот што ги имаше Пато во последно време.


Напаѓачот веќе пропушти неколку натпревари и дури беше во родниот Бразил за да го забрза процесот на опоравување.


Операцијата на забите ја најави потпретседателот Адриано Галиани кој на презентацијата на Амантино Мансини рече: “Пато? Утре на играчот ќе му бидат извадени два заби и момчето денес ми кажа дека очекува да започне да работи со тимот во понеделник.”


“Сметаме дека тој ќе биде подготвен за дуелот со Удинези или Манчестер, но јас не сум доктор и не сакам да одговарам на медицински прашања.”


Во меѓувреме тестовите од прегледите на Марко Бориело се добри и се очекува играчот уште утре да се врати на тренинзите на тимот.


Алесандро Неста, кој се опоравува од повреда на бутниот мускул, има грип и дефанзивецот ќе одмара неколку дена.


Андреа Пирло, кој го пропушти последниот натпревар против Ливорно поради повреда во следните 2-3 дена ќе работи индивидуално и потоа ќе започне да тренира со остатокот на тимот.


Пред целосно опоравување е и Масимо Оодо кој во петок би требало да се врати на тренизите под водство на Леонардо.

Anonymous said...

Мерда расисти
Берлускони да не не е арен со изјавава (ако е вистинита)

ReBorned said...

За Израел? Ако мислиш на тоа, вистинита е и незнам што те изненадува кога тоа го рекол Силвио :)

Anonymous said...

Кај сте бе миланисти ве нема да пишете нешто.дај пофалете се како интеровците што прават - демек еве ние тепавме навивајте за интер :)
шала настрана се ближи денот на одлука, ќе се докаже дали навистина има квалитет во нашиов тим и карактер или досега се што направивме беше т.н. меден месец.победа е потребна јас мислам како никогаш досега.да се тестираме на гостински терен против екипа која се бори за опстанок и игра поприлично затворено и гледа да спаси жива глава од екипите ѕверки како што е секако милан.
според наши проценки (пошто нема ништо официјално) неста се враќа во првиот тим, боригол се освести од нок аутот, замброта гледам работеше со тимот така да би требало да биде повикан, пирло исто така.пато се врати на тренинг ама така си трчкаше на песокот си праеше кули :D не го брзаме само го сакаме спремен за ман јун.е сега дилемата е дали мансини ке биде стартер или пак Лео ке се држи до своите принципи.јас да сум би го убацил веднаш на десно крило ни требаат продори и шутеви од таа страна.кажете што мислите ќе не биде ли :)

FORZA MILAN

koljo said...

Ќе не биде како да не не биде:) Ја не би го ризикувал Пато, сепак е ова болоња, што значи затворен фудбал, но со мансини неаме гајле!! Разбивач на затворена игра, и ИНВЕНТИВНОСТ е она што тој треба да донесе во нашата игра! Ја највише си го поштувам Јанкуловски у последно време поради тоа што одби да го носи дресот на мерда, па вака би играл во недела:

---------------Dida----------

Abate--Silva--Favalli--Janko

--Seedorf--Pirlo--Ambrosini--

-----Mancini-------Dinho

Boriello

Bi mozelo da uspee neli

koljo said...

Е да,сеа ми текна.. Сакав да ве прашам сите вас за кого навивате, после се разбира МИЛАН т.е кој ви е на тн второ место?

ПОЗЗ МОМЦИ се читаме
ФОРЦА МИЛАНННН

Anonymous said...

Пишува по медиумиве дека Мансини изгледа нема да биде ни повикан за утакмицава поради незнам која причина :S:S
имам една забелешка за формацијава Фавали не сакам ни да помислам дека ке игра, подобро каладзе или бонера доколку не може да настапи неста..ама најкриво ми е за мансини најкриво

FORZA MILAN

koljo said...

Неста се враќа за со Болоња спремен е. Топови

А Васе нз кај си го прочитал тоа за мансини али ја прочитав дека ке игра, па сеа дали од прва минута ке видиме

koljo said...

Иаме нов спонзор: Fly Emirates на чело со некојси шеик. Good or bad??

FORZA MILAN

Anonymous said...

Oh that's great not good :D
да инвестираат во клубот толку колку што пишува плус бонуси од ЛШ ќе имаме едно доста бурно лето.баш кога ни требаат пари го потпишавме овој договор.јас мислам дека најјакиот трансфер за лето 2010 е веќе направен - fly emirates.....
Џеко,Видич,Красич некој голман добар.....има да бидеме страв и трепет барем јас така мислам.
Ниџо на tuttomercatoweb го прочитав тоа за мансини ама ако ти имаш друго прочитано значи сигурно не е вистина...дај боже да игра

FORZA MILAN

Anonymous said...

А после 2014 кога ке станат главни спонзори......Агуеро,Фабрегас,Есиен,
Клиши,Касиљас.....се ке изгледа полесно.шеиците во соработка со Дон Силвио страшна двојка :D:D

ReBorned said...

Е сега откако си направивте муабет двајцата :)))
Мои извори велат дека Неста е подготвен но нема да се ризикува со него поради тоа што се сака да биде максимално спремен за УТД, така што со Болоња е можно во последен момент во стартните 11 да влета Бонера кој се рехабилитира. Доколку сепак Бонера не е максимално спремен за очекување е да добие шанса Камикаладзе поради тоа што сакаме да му набиеме цена, Рубин Казан за него дава (според мене неверојатни) 8 милиони евра на лето! Значи Неста, следниот петок против Удинезе ;)
За трансфери на лето... Џеко е задолжителен!! Се друго иде после него... тој мора да дојде!
За прашањето на Ниџо... засрами се!

Rossonero said...

Околу прашањето за кој тим навиваме :
После Милан ,( оној шампионот) на второ место навивам за Милан (подмладокот , младиот тим) ....хахахахха.

Зачи за мене не постои друг омилен клуб освен Милан , прв , втор или трет тим , од кал да е Милан да е .

И незнам како собра храброст да ни поставиш вакво прашање ?? ( шега)

FORZA MILAN !!!!!

Anonymous said...

Ја сум за интер нз дали сум ви кажал :)

Anonymous said...

Ја сум за интер нз дали сум ви кажал :)

Anonymous said...

и за слога нормаално

Anonymous said...

И зашто ape shit за Фавалињо? се десило нешо??

Anonymous said...

Ултра кој е вој тим интер што го спомињаш.ние знаеме еден тим ама принтер се вика а нагалено го викаме мерда за тој ли мислиш? :)

ReBorned said...

Ultra уште имаш проблеми со интернетот? Зошто spam-ираш :O :)

koljo said...

добро бе што ви е ?? мене пример исто симпатичен ми е тотенхем? не знам што ви е проблемот со прашањето??

CurvaSud_Milan said...

Во Англија сум за Манчестер, во Шпанија за Барселона, во Германија за Леверкузен, во Франција за Марсеј, во Белгија за Антверпен, во Холандија за Вилем втори, во Полска за Висла Краков, во Украина за Арсенал, и во Јапан за Џубило, мислам дека вака беше... али највеќе сум за Милан.

koljo said...

Така бе Curva-sud. Таков одговор чекам :):):)

ReBorned said...

Иронија и сарказам на едно место... I like it!

ReBorned said...

Најлоша работа во тоа што Пандев отиде кај комшиите е тоа што Телма сега ќе ги форсираат нив во преноси :(