Translate

Wednesday, 6 January 2010

Milan-Genoa 5-2

Пукна првата петарда годинава!Поубав старт на годината здравје!
Одличен натпревар се на се,7 гола,враќање на некои играчи,3 пенала,маестрален гол на Марко и многу шанси и најважно нели,3 бода и победа.
А и почетокот на натпреварот го навестуваше тоа.
3та минута,Бекс испраќа одлична топка до Марко и само Амелиа знае како ја спречи топката да не влезе во голот.10 минути подоцна Амброзини е соборен во шеснаесетникот но Роналдињо го направи она што ретко се гледа-промаши пенал.
Во 25тата минута Паласио испрати топка од десната страна која ја пречека Скули кој немаше многу тепка задача-голема вина оди на сметка на Абате.
Во 31вата минута повторно пенал!Овојпат Амбро падна,иако неколку минути предходно истиот играч беше соборен но тогаш немаше пенал.Овојпат Дињо останува кул и израмнува.
7 минути подоцна по еден слободен удар голема мешаница во противничкиот шеснаесетник која ја завршува Тиаго со гол во мрежата на Џенова.2-1
Само што тргна топката од центарот Дињо го наоѓа Антонини со одличен пас,а вториов се одлично се снајде во петерецот и испраќа топка до Марко на кој не му преостана ништо освен да ја смести во мрежата на Амелиа.
60та минута,Антонини испраќа одличен центаршут до Бориело кој постигнува гол со ножички,ист како оној против Парма.Реакцијата на Марко и славјето на останатите доволно говори колку значеше овој гол за самиот натпревар :)
Лео одговори со 2 мудри потега: Го одмори Пирло и го внесе свежиот Фламини, го извади Марко Животното и го внесе Хунтелар во вистински момент од мечот 65та мин.
Во 72та минута Гатузо доаѓа очи в очи со Амелиа и иако го имаше Хунтелар осамен на десната страна се одлучи да шутира,потег кој Амелиа го прочита и ја изби топката.
Но веќе во следниот напад по третпат е досуден пенал за Милан.Овојпат Дињо џентлменски му ја препушта топката на Хунтелар кој не греши од белата точка,гол кој дефинитивно многу му требаше и камо среќа да добива повеќе вакви шанси за да докажива колку вреди.
И сасим небитно при крајот негде Неста прави грешка(се дешава и на него :)и Суазо го користи тоа за да го постави конечниот скор од 5-2
Нема да давам индивидуални оцени од проста причина што битна беше тимската игра поради и која победивме.

Следува Јуве!Директен дуел за 2ро место.



FORZA MILAN!!!

16 comments:

Anonymous said...

Момците одиграа феноменална утакмица.Марко е едноставно феноменален алал да му е како игра само вака да продолжи.Антонини и Абате се скинаа трчајки и Бекам шо има една нога абе незнам ги кине со пасови.За Клас сум пресрекен едноставно ми се исполнува душата коа ке дае он гол.Роналдињо си е Роналдињо и Тиаго и Неста се коска назад.Дефинитивно вечерва не успаа сите со играта можам да замислам како им било на Џенова :) моментално гледам емисија со Пандев и вика дека навивал за Милан улав ли е...

FORZA MILAN MARCO BORRIELLO

CurvaSud_Milan said...

...и првиот пат беше соборен Амбро. ;)

одлична утакмица, почна со нервози, посебно по примениот гол, а со претходно промашен пенал, полошо неможеше. Сепак се на се одлично изиграно и тоа без Пато па и Сидорф, двајца од четворицата главни момци задолжени за тресење мрежи.

...и ова на крај 'директна борба за второ место', мислам дека треба да го бришеш, се додека играме како вечерва и тоа како треба да се надеваме на титулата.

ReBorned said...

Thiago Silva: I rarely manage to penetrate the penalty area of the opponents, but when I succeed, I become dangerous. I spoke to coach Leonardo and he told me that in this season I must score six goals, so I’m still missing four more...!

ReBorned said...

Alex Ferguson:

"I always wanted to get Paolo here but it was impossible," Ferguson said, according to The Sun.

"I met his father at a game and told him how much I'd love to have his son at United.

"Cesare smiled at me and said 'My grandfather was Milan, my father was Milan, I played for Milan and now my son is Milan'.

"And that was it - story over!"

ReBorned said...

Филипо Гали вели дека во Милан имаат план во 2011 година 5-6 фудбалери од сегашната Примавера да настапуваат во сениорскиот тим на Милан :)

Anonymous said...

Васе не биди изненаден,кога Пандев растеше Милан доминираше со фудбалот во европски и светски рамки,така да исто како што денешните деца се палат на Барса во тоа време се палеле на Милан :)))
Владе грешката е поправена,а под тоа директна борба за второ место се подразбира дека екипата која ќе победи ќе се одели од другата во борбата за титулата.
Добри вести Ри,кога сме кај примавера да му честитаме роденден на Албетраци,и на Сторари воедно xD

Anonymous said...

Отиде Даглас Коста.

ReBorned said...

Каде отиде Даглас Коста?
Инаку, демек се води војна меѓу Милан и Реал за Давид Луиз од Бенфика... ние треба да ги искористиме добрите врски со Бенфика, со нашиот Мануел Руи :)
Сепак ова само на лето... дечкото е НОН-ЕУ

ReBorned said...

Аааа да и уште нешто:
Остануваме без Але и Сидорф и против Јуве :(
Кај Јуве ќе го нема Трезеге и Касерес кој е суспендиран поради црвениот картон со Парма

Anonymous said...

Тешко е без Пато и Сидорф ама не и невозможно да се победи.Бекам е тука и Дињо и Марко кои играат фантастично.Дај боже да се опорави на време Пато

Anonymous said...

Отиде во Шахтјор за некои 10-12ина милиони.
Аааа лошо е ова шо слушам за Пато и Кларенс...нејќам да звучам како песимиста али мислам дека ПАК нема да добиеме 3 бода против Јуве

Anonymous said...

Јуве немаат игра едноставно смешни се.А како што гледам и фајтерскиот дух им го нема со отсуството на Дел Пиеро.Гросо е како безгласна буква Мело незнае да оди десен бек нема да имаат (ако го сметате Григера за играч) така да досега имаме најизгледна шанса да ги добиеме у Торино.Не е само слабата игра на Јуве туку и нашата фантастична игра која ке придонесе за победа.Едноставно сме незапирливи и не гледам причина заради која се би се сменило на утакмицата т.е. Јуве да игра шампионски фудбал а ние да бидеме катастрофални нели?


FORZA MILAN

CurvaSud_Milan said...

За Замброта и Сидорф е потврдено, за Пато ќе причекаме до недела да видиме дали ќе игра.

Anonymous said...

И да почне од клупа не би било лошо,имајќи го него и Хунтелар на клупата(и Пипо се разбира)имаме одлично оружје против Јуве во вториот дел :)

ReBorned said...

Среќен роденден на The Professor!
Конечно можам да кажам со причина: Forza Favalli!!!

koljo said...

Имаме реални шанси за победа со јувентус.. И да не навивав за нашиот ценет Милан повторно ке речев дека можеме да ги тепаме:) Освестете се, Милан има игра, има и резултати, сите оние кои велеа дека Милан нема ни шанси за први 4 сезонава сега гледаат и уживаат во нашата игра:) Леле колку се изнервирав аууу. Јес да има уште многу до крај ама работите одат на подобро. Со новиот тренер ретко кој очекуваше борба за Скудето па еве не, плус имаме и подолга клупа, добивме посакуван противник во ЛШ (за разлика од тоа кој се можеше да ни се падне), па што сакаме повеќе... Ако ние, вистинските навивачи на Милан не се надеваме, тогаш кој?!?

MILAN PER SEMPRE!!!