Translate

Saturday, 9 January 2010

Juventus-Milan

Вистинското дерби на Италија,помеѓу двата најтрофејни италијански клуба.
Овој натпревар доаѓа во одличен момент за нас,во топ форма сме и газиме скоро се пред нас(Палермо),додека пак Јуве пред победата со млекарите имаа 5 порази во 6 меча!
Како и да е Јуве си е Јуве и одсекогоаш играле добро против нас.Јас лично посакувам(но не и очекувам)добар и квалитетен натпревар.
Во очите на сите Милан е фаворит и се очекува негова победа,но во последните неколку години секогаш кога Јуве бил потценет ја докажувал својата вредност.Вистина е,Јуве ја има најтињестата игра во последнава декада,и кога на ова ќе се додаде незадоволството на фановите поради бадијала потрошените пари тогаш може да се каже дека треба да очекуваме еден мотивиран но и ослабен Јувентус.
Кај нас со сигурност ќе недостасуваат Онијеву,Сидорф,Одо и Замброта а за Пато ќе се знае накнадно,мада мислам дека ќе почне од клупата.Сето ова ни кажува дека најверојатно Лео нема да менува ништо во почетниот состав од оној со Џенова
Дида,
Абате,Неста,Т.Силва,Антонини
Гатузо,Пирло,Амброзини
Бекам,Роналдињо
Бориело

Воедно да му честитаме роденден на Рино,голем да расте и најдобар поклон за него би бил победа утре и воедно негова добра игра за да ја докаже својата вредност во тимот и да се искупи за глупоста против мерда во август.




FORZA MILAN !!!

16 comments:

CurvaSud_Milan said...

антонини место замбро ;).

Anonymous said...

Навика :)

Anonymous said...

Пато не е повикан :S

Anonymous said...

Да сме живи здрави,изговор повеќе за Анкл Фестер ако не победиме :)

ReBorned said...

Rino беше катастрофа против Џенова, знам дека долго време не играше ама едноставно сметам дека повеќе но сигурно треба повеќе да добива шанса Фламини на местото на Гатузо особено сега кога и Сидорф е повреден...
P.S Гледате што се случува на Купот на Африканските нации?! Жално... ;(

Anonymous said...

Шо е воа сите се повредени не се знае никој дали ќе игра :@ да не го гледаме дебито на Верди малку порано од очекуваното?

Anonymous said...

Апсолутно се согласувам Ри дека Фламс може многу повеќе да придонесе во играта од Гатузо,но Рино си е Рино и има премногу кредибилитет за да биде изоставен.
А за ова другово немам коментар...смрт за фудбалот!Незнам ни дали веќе има поента да се одржи првенството!
А васе не ти ја разбирам поентата?некој нов се повредил?

Anonymous said...

Па го читав пресот на Лео и вика за Пирло не се знае неизвесен е а Гатузо играл 90 мин после долга повреда и Бекам исто така без тренинг...тие 3ца плус Пато Сидорф Замброта и ред други зар дотолку ке бидеме малерозни :S
А работиве што се случуваат во Африка се за срамови.Да се прашам јас не би дозволил да се одигра купот таму а камо ли СП мислам смешно е да пукаат во автобус со спортисти...Тоа племињата таму уште во колиби живеат и камења јадат за срамови.Како ке имаат мотив да играат играчиве незнам, со страв ке играат.Со страв да не бидат убиени...

Anonymous said...

Шо би рекол Дрогба It's a fucking disgrace :D

ReBorned said...

Инаку кога го спомнавте Верди:

http://www.youtube.com/watch?v=iC2MC4UQfMw

Simone Verdi
Born July 12, 1992 in Broni, in the province of Pavia
Position: Second Striker / Winger / Attacking Midfielder

He is the no.7 in this vid (except the Inter-Milan match in which he weared no.17 and scored on a freekick).

He is fast , agile, skillful and plays with both feet equally.

Verdi was promoted to Milan Primavera team this year after spending a great season at Allievi Nazionali with 16 goals.

In the second half of 2009, Verdi had 7 goals and 7-8 assists in 7 primavera league games, helped to bring Milan to the second of the table.

ReBorned said...

In the press conferences of coach of AC Milan is often borders on the treatment of social and psychological aspects that go beyond football. Leo apply life experience, his feelings, human relationships to the sport and everything seems to be easier. Perhaps this is also the strength of this man came from Brazil that seems so familiar to Milani and not. With his team as in life Leonardo refers to the philosophy of love and says, "the strategy of embrace is more effective than the carrot and stick: they did so my parents and my coaches and I did well. Love and hugs give more results and also you can give a beating without raising your voice. Gandhi liberated India, moreover, without raising his voice ..."

Anonymous said...

Затишје пред бура...

koljo said...

Ги бројам секундите до 20:45.. Не можам веќе да чекам

Anonymous said...

Нема изненадувања во составот,тие 11 се :)
Ниџо и ја неможев,и исплешав една партија у балон :)
Каов гол сум дал брррејјјјј :))))))

Anonymous said...

Ciao Bella

Anonymous said...

FORZA MILAN FORZA CAMPIONI FORZA GRANDI SIEMPRE CAMPIONI FORZA FORZA FORZA MILAAAAAN :D:D:D