Translate

Tuesday, 12 January 2010

МИЛАН - НОВАРА



По фантастичната ноќ во Торино се насочуваме кон Купот на Италија. Следен противник ни е екипата на Новара која иако настапува во Лега Про лигата треба да се напомене дека ги елиминираше Парма и Сиена!
Abbiati, Storari, Antonini, Bonera, Favalli, Jankulovski, Kaladze, Thiago Silva, De Vito (56), Abate, Ambrosini, Flamini, Gattuso, Merkel (52), Di Gennaro, Huntelaar, Inzaghi, Verdi (58), Zigoni (17)
Тимот е микс на млади фудбалери и оние коишто добиваат поретко (или воопшто не добиваат) шанса во сениорскиот состав. Се враќа од повреда Бонера кој е повеќе од адекватен резервен CB и повеќе од солидна замена од Камикаладзе. Колку и да сакаме ние да добивајат шанса сите млади фудбалери од Примавера нормално е дека во прв план ќе бидат резервистите од сениорскиот состав (Јанкуловски, Каладзе, Фламини, Хунтелар, Инзаги, рековалесцентот Бонера и сл.).
На мое ОГРОМНО разочарување најверојатно своето деби нема да го забележи (или барем нема да биде стартер) можеби нашиот најталентиран младинец, Симоне Верди. Извонредниот универзалец (како во користење подеднакво на двете нозе така и во однос на позициите кои ги покрива на теренот) се здоби со незгодна повреда во текот на денешниот ден и неговиот настап е крајно неизвесен.
На прашањето и изненадувањето зошто го нема Страсер, одговорот е ист... повреда.
Друг битен факт е тоа што во текот на истиот ден натпревар имаат и фудбалерите од Примавера па поради законот на физиката едноставно е неможно исти фудбалери да се најдат на две различни места. Натпреварот се игра во Среда во 16 часот и секој што ќе успее да пронајде соодветен линк е обврзан истиот да го сподели навреме овде.
P.S Кога сме кај Примавера извонреден потег претставува ангажирањето на Edmond Hottor, 16 години, од Гана, кој пристигна од Триестина и за него плативме околу 1,5 мил. евра за ко-сопственост односно 50 % од правата. Фудбалерот беше на мета на Интер, Јуве, Наполи, Сампдорија и особено Барселона што само укажува на неговата вредност. Амброзини тип на фудбалер, кој игра пред одбраната но знае одлично да ја билда играта и во напаѓачкиот дел. Омилен фудбалер му е Есиен а му се допаѓа и играта на Сисоко.
На прашањето кој му е омилен тим со насмевка изјави: За жал, Јувентус. Сепак, неговиот агент изјавува дека Милан биле најупорни и дека тој и неговиот клиент се презадоволни што доаѓаат во Милан. Хотор веќе имал краток разговор со Леонардо. Ќе започне во Примавера а сигурен сум дека веќе следната година ќе биде почесто и во сениорскиот состав. За каков талент станува збор и колку му обраќаат внимание во Италија кажува и фактот дека веднаш по доаѓањето во Миланело и по извршувањето на лекарските прегледи дечкото гостуваше во Спорт Италија?! Да потсетам има само 16 години...
http://www.ilsussidiario.net/articolo.aspx?articolo=46796 колку да го видите како изгледа ;)

42 comments:

CurvaSud_Milan said...

Јас сакам Зигони да го видам што дете е. :) ...инаку што се однесува до гледањето, нешто на МТВ годинава почнаа да даваат Куп на Италија, па кога можеа да ја даваат Аталанта - Лумецане, зашто да не ја даваат и Милан - Новара.

Проблемот е што на веб страната на нашата национална 'гордост' во категоријата тв програма има бланко страна и ќе треба до утре да чекаме да видиме дали ќе ја има утакмицата.

ReBorned said...

Зигони не е баш дете... барем физички е повеќе маж од половина првотимци :)
Повеќе од пола голови на Зигони сезонава му се местени од Верди ;)
Да се обрне внимание и на синот на Ангела Меркел :P
Зигони нема да добие голема шанса со оглед на тоа што Хунтелар и Пипо не добиваа шанса во Серија А па реално е во купот тие да добијат шанса пред младинците во шпицот ;)
П.С Ова за МТВ интересна варијанта... јас заборавив на тоа, се читаме утре пак со коментари доколку некој дознае нешто плус е добредојден

CurvaSud_Milan said...

На итна седница на Владата на Италија, Алесандро Неста бил назначен за Министер за одбрана!

го прочитав по интернетов ова и доста ме изнасмеа. :)))))

...а малиот на Г-ѓа Меркел ќе го запазиме, впрочем како сите 'деца' што утре ќе имаат шанса да заиграат.

Anonymous said...

Јас имам ТВ програма од весник и не пишува ништо за купот на Италија.

Несреќна околност е што младинците играат во ист ден.Јбг.
За Хотор е доволно кажано,освен ова дека е навивач на Јуве не го знаев ова :)
Него Ри не го типуваше составот??Владе,момци ајде :)) Ова ми е најинтересниот дел пред натпреварите :)

Сторари
Бонера,Фавали,Каладѕе,Јанко
Абате,Гатузо,Фламс
Ди Џенаро,Клаас,Пипо

ReBorned said...

Епа како да типуваш таков натпревар со состав?!
Сигурен сум дека ниту Лео не знае кој ќе игра...
Сега се брзам ај утре ќе пробам

CurvaSud_Milan said...

Potvrdeno, utre vo 16:00 na mtv 3, Milan-Novara.

Anonymous said...

Тооо ако ги даваат пак ке ни биде празник утре :D

Storari
Bonera,Kaladze,favalli,jankula
flamini,gennaro,merkel
di gennaro
huntelaar pippo


FORZA MILAN

Anonymous said...

Одлично :)))
Очекувам 3 гола од Хунтелар,1 од Пипо и еден од Зигони :)))(притоа 2 асистенции на Ди Џенаро :Р)

Anonymous said...

Да да јас очекувам или хет трик од хантерот или doppieta :) а од клупа мислам дека ке влезат верди зигони и очекувам добра игра од Ди Џенаро пошто стварно е талентињо :) а сигурно ли е утакмицава од 4 и сигурно ли на МТВ ке ја даваат?

ReBorned said...

WTF, јас седнав специјално за да пишам дека сега видов ТВ програма на МТВ и пишуваше во 16:00 ќе даваат незнам шо ама памтам дека беше трета епизода од истото...
Ама не гарантирам ништо за МТВ 3, Сериозно ова друже, извор?!
Ако е така се знае шо ќе пишам пред да почне ;)

ReBorned said...

Абе индијанци каде сте да ми потврдите за МТВ3 во 16:00 ?!

CurvaSud_Milan said...

Izvor: Goran Milkovski mislam bese :) ... Vcera ja gledav Roma - Triestina, i gi najavi Milan-Novara i Juve-Napoli. Roma ja davaa na mtv 3 , pa pretpostavuvam i Milan ke bide na trojka, za sekoj slucaj svrtete i na kec.

ReBorned said...

Јас ти викам сабајле начекав ДЕНЕС НА ПРОГРАМАТА на МТВ1 и немаше ништо од фудбал, за МТВ3 незнам
Фала

ReBorned said...

Од децата Де Вито и Ди Џенаро меѓу стартерите... останатите беа познати претходно, Бонера се враќа (ме радува) + ќе има промена во формацијата... Јанку во средниот ред а напред ќе бидат Хунт + Пипо

ReBorned said...

Реков дека ќе го кажам ова:
Forza MTV!!

ReBorned said...

Ultra, жалам што ќе го кажам ова ама судејки според првото полувреме...
Huntelar is still Inzaghi's bitch!

Anonymous said...

Ауууу па ако е така ондак Borriello is Inzaghi's drag queen! xD
Ма Бориело да има 30% од инстинктот на Пипо ќе биде најдобар стрелец во Серија А али јебига. . .
А на Инзаги голот е незнам уфффф goal of the season so far барем според мене.
Ди Џенаро пријатно изненадува,има фри рол и добро ја користи,и Де Вито исто така игра доста сигурно.
Ајде Хунтелар хет-трик во второ!

Anonymous said...

И Деби на Зигони и Меркел Џуниор нормаааално!

ReBorned said...

Пипо 2 недели нема да може да седне на шољата... душа нема во него...
П.С Ако не ја реши Верди (со гол или асистенција) нема кој друг...

ReBorned said...

ЛЕЛЕЛЕЛЕЕЛЕЛЕЛЕЛЕЛЕЛЕЛЕ

Anonymous said...

Хахаха има има :)
Ај па редно беше да влезе некоја боомбаа на Фламс :)))
Победа си е победа иако со малце повеќе среќа.Ѓи чекаме Удинезе или Лумеѕане.
А Верди е тапа! :Р се шалам добро деби на малиот,ипак трета средно е треба да се има трпение.
Ди Џенаро и Де Вито одиграа добар натпревар браво за нив.
Штета што не влезе Зигони.
FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Конечно да влезе една ракета на Фламс.Де Вито е мини ѕвер а Верди е ЅВЕРОТ :) многу живо дете е.Штета шо беше малце уплашен и шо влечка повреда со него али добри знаци дава (the new Kaka) Криво ми е шо ке го кажам ова но Ди Џенаро ме разочара а толку многу очекував...а за Клас нејкум да праам муабет ваљда не му одговараше формацијата ама кој го праша неможе ради него да се мењава цела концепција па кој го ебе на крајот неможе ни да шутне на гол.Zigoni не доби шанса ама мислам дека ке добие со 1 тим...Пак ке кажам пријатно бев изненаден од Дени Де Вито одлично се снајде.Немаше голема слобода пошто Јанкул беше пред него ама мислам дека е добра перспектива за таа лева страна.
btw: кој е за да потпишеме петиција и да го бркаме Камикаладзе од екипава оти ке не одведе у пропаст ако го стави Лео уште еднаш у игра?

FORZA MILAN

Anonymous said...

http://goal.com/en/news/10/italy/2010/01/13/1742052/massimo-moratti-wanted-milan-boss-leonardo-to-take-director-role-
Ха Ха ХА!

Anonymous said...

Ааа Васе што те разочара од Ди Џенаро??Пасот до Инзаги за првиот гол??Му беше дадена фри рол позади 2ца напаѓачи што не е баш лесна улога за 21 годишен играч кој ако не се лажам за прв пат започна натпревар за Милан.
Без мн величење да сме искрени,Де Вито имаше искусни играчи до него кои одлично го покриваа така да неговата игра не беше до тооолку феноменална иаку доста искусно одигра.

Anonymous said...

Абе јас очекував нешто спектакуларно од Ди Џенаро оти многу погодна утакмица беше за тоа.Дали некој ги гледаше Камерун и Габон?Го пуштија Аубамејанг :) утше он фали во младинскиов погон добар играч беше сличен стил како Шамах.Де Вито одлично изигра ама конечно влезе една ракета на Фламс тоа ме радува :)

CurvaSud_Milan said...

Да не се лажеме дека Ди Џенаро би успеал во Милан. Дечкото е добар играч и ништо повеќе од тоа, во моментов играч адекватен на неговите квалитети ми текнува на Паломбо, толку ќе биде и нивото на Ди Џенаро, Сампдорија, Џенова евентуално Фиорентина, и до таму ако стигне ќе биде успех.

Дени не беше лош, а Верди има 'осет за фудбал' но сепак е многу мал за judgment.

Фламс и друг пат покажал дека има добар удар од далечина, а за голот на Инзаги, Драгане се надевам дека се зезаше, ама ако не е така ондак ќе морам апсолутно да не се согласам со тебе, затоа што 'мрдање' на играч на Новара и гол со негова огромна помош и не е којзнае какво ремек дело.

Anonymous said...

Владе,Ди Џенаро има 21 година,Бориело на негови години се калемеше во Сампдорија и сл,и одвреме навреме се враќаше во Милан?Што те тера да мислиш дека за 5-6 години Ди Џенаро нема да го престигне Бориело??(Што и не изгледа така тешко)
А не се зезам,голот на Пипо ми беше еден од неговите омилени дефинитивно :)))

ReBorned said...

Не дека сум фан на малиот ама Верди е Америка за Ди Џенаро :)
Ќе го правиме муабетот пак за 2-3 години.
На Ди Џенаро му е добар пасот, остри центаршутеви и толку... нека успее ама шознам

ReBorned said...

Додуша да бидеме реални дечкото немаше натпревар оваа сезона па можеби му требаат минути на теренот за да влезе во ритам
И малите ја победија Цитадела со 3-0 и одат во полуфинале против Емполи кој го победи Лацио со 1-0

Anonymous said...

Што мислите за евентуалното заминување на Инзаги?По се изгледа ќе се случи тоа летово

CurvaSud_Milan said...

Подршка за тој трансфер. Ем он ќе си игра, ем ние нема да го имаме на терет дека мораме да го пуштиме да игра, а при тоа некои млади дечки да се гушат и неможат да си ги добијат своите 5 минути.

Одсекогаш сум сакал да се оддава почит на играчите кои дале многу за својот клуб, но Инзаги на почетокот на следната сезона ќе наполни 37 години, што секако ќе се сложите е и многу повеќе од многу за еден напаѓач.

ReBorned said...

Да, со 37 години само 2 фудбалери имаат право да бидат во Милан.
Ил Капитано и The Professor... е сега најверојатно The Professor ќе си оди на лето така што... само Ил Капитано

Anonymous said...
This comment has been removed by the author.
Anonymous said...

Апсолутно.Башка Палоски добива една година играње со неговиот идол :)

Anonymous said...

Сите се повредени за со Сиена како може наеднаш да почнат сите да се повредуваат не ми е јасно.Марко се повреди Пато неможе да се опорави Сидорф повреден Замбро повреден...Неможе да не не бие малер

ReBorned said...

И шо е најкомично во целата ситуација... УБЕДЛИВО најслабиот во тимот во напад ќе стартува... Flop of the year aka Hunt ќе стартува оти Пато+Бори се повредени а Пипо играше некни и нема сила веднаш за нов натпревар...
Од друга страна... доколку се случи ова ќе имаме одлично лето:

Giulio Mola: "Milan have blocked Krasic and wants Mongongu"
15.01.2010 10:33 by Stephen Maraviglia article read 5388 times

Giulio Mola expert QSVS transfers guests of the show, has unveiled two news items that might enticed and not just the Rossoneri fans. Milan would have blocked Milos Krasic and would take a strong position on the defensive giant Monaco Cedric Mongongu. Knowing that January will slip away in the semi-anonymity (Beckham and Adiyah part), July could be a month to "all Milan." Dzeko seems a formality (it seems, but it will be), Krasic seems to be in hand the leadership Mongongu Milan and is rumored to be allocated about 8 mln. The operation concerns the strong French defender, however, could be linked to the possible return of Astoria.

Anonymous said...

Дај боже сите да ги земат.И многу ми се свиѓа реченицата "Dzeko is formality" :D а не е лош и Демел и тој е џин ама малку постар е од Монгонгу.Ама стварно ми е криво шо се повредуваат толку.Еве му шанса на Клас

Anonymous said...

На тренигот вчерашен или денешен незнам Пато тренираше играа на мал терен не ми е јасно? А како што гледам Ѕигони изгледа ќе биде повикан заедно со Верди или Страсер и евентуално Меркел пошто Амбро е суспендиран.
btw: bye bye Storari

koljo said...

Е од кај сеа и Бориело повреден.. Нигде не пишува?!??

ReBorned said...

БориГол доби незгоден удар и отечено колено уште по натпреварот со Јуве

koljo said...

Хмм а сегде пишува дека ке игра... нвм баш да видиме како ке иде со Хунтелар од првата минута (ама Боригол не верувам дека нема да игра)

Anonymous said...

Гадно го повреди коленото со Јуве.Мислев дека уште на полувреме ќе го смени ама играше докрај оти е терминатор :) верувам дека нема да игра пошто знаеме како е да имаш повредено колено али да се молиме за со Интер да биде фит за да се бутка со Лусио педерот.Ќе биде добро со Хунтелар и Ѕигони немаш гајле ;)

FORZA MILAN