Победа бррејјј.Поубедлива од онаа со Џенова бидејќи Џенова,барем играше фудбал(и даде 2 гола патем).
Доминантна игра скоро без грешка, велам скоро зошто додека го гледав натпреварот до 85та минута само Фламини изгуби топка на средината на теренот негде во 75та минута и притоа во обидот да ја поврати назад Амбро доби жолт натпревар.
Јуве не покажа никаква игра,но ова нималку не ни одзема сласт од победата која ја апсолутно ја заслуживме.Можам само да замислам каков ќе беше исходот ако Пато,Сидорф....беа подготвени.
Повторно индивидуално нема да ги оценувам играчите само во кратки црти ќе дадам по некоја забелешка:
Целовкупната одбрана заслужува апсолутна десетка!Нападот на Јуве изгледаше не стерилен,импотентен!!
Средниот ред си беше на потребното ниво.Пирло и Амбро повторно диригираа со средината.
Нападот како напад,Бориело постојано вршеше притисок врз противничката одбрана,и иако не постигна гол имаше голем удел во сите 3 гола.
Рино Гатузо за жал морам да признаам беше најслабата алка во тимот,мора да поработи малку повеќе на себе(пред се на психички план)ако сака да ја поврати довербата кај навивачите и Лео се разбира.
Хунтелар??!!Знам дека сум пристрасен ама Леоо бее!!Кога Дињо го постигна голот за 2-0 прво нешто што ми влета во глава беше токму тоа!Хунтелар!Ама само Лео знае зошто чекаше 10 минути за да го внесе во игра.
Поулсен смрдло еден да ми извиниш ама убаво ти се стори!Rinho doesn't forget!
Амаури а посебно Салихамиџич му се приклучија на гнидата Кавани како најлигави играчи со мали тестиси.
За целиот тим незнам веќе што да кажам,прославувањето на секој од 3тите гола како и крајот на натпреварот доволно говорат за хармонијата која моментално владее во Миланело.Насмевката на Лео на крајот беше татковска,иако односот со играчите му е другарски.
И за крај можам комотно да речам сисај Јуве!
П.С. Што беше работата со задоцнетиот бадникарски оган на трибините?? :)
Следи Новара,можност да видиме што може нашата Примавера.
FORZA MILAN!!!
25 comments:
http://www.youtube.com/watch?v=QpErDm0c0zA
Еве зошто го сакам Рино! xD
Бате како прво ти си ЦАР за текстовиве шо ги пишуваш алал да ти е :) утакмицава беше нешто шо едноставно ме исполни премногу и едноставно играа феноменално повторно и тоа на тежок терен против Јувентус.Како што рече,Јуве играа како гниди ама ништо неможе да ни ја успори големата победа зошто играчите дадоа се од себе.Абате и Антонини се ѕверови трчање залагање до максимум.Шо праеше Анчелоти досеа кај му беа очите незнам...Бекам не беше многу забележителен меѓутоа неговата појава е доволна да побуди страв кај противникот.Роналдињо беше феноменален.Иако не правеше многу магии како во другите утакмици вечерва покажа дека има и неверојатен осет за да постигне гол.Тиаго и Неста се најјак тандем во европа а ТС може да игра и како напаѓач ако има потреба од тоа :)
И на крај мора да кажам некој збор за Марко.За феноменалниот напаѓач наш.Колку само се бореше и се буткаше со убиецот (Киелини) а Канаваро не е дораснат за да влегува во дуел со него.Не очекував дека он и Роналџињо ќе играат ваака ама многу мило изненадување се нели :)
Сега си продолжуваме со животот и мислиме на наредната утакмица а тоа е Новара ако не се лажам...да ги видиме младите Росоњери
btw: зошто мислиш дека Рино слабо изигра сите дуели ги доби и ниеден пас не згреши супер изигра а за тоа со Поулсен...арно му направи ;) и Фелипе Мело сака да се закачи со Гатузо ама коа виде што може да го снајде едноставно се откажа...
FORZA MILAN
Фала Васе,секат е добро дас е чуе добра критика.
Инаку не реков дека Гатузо изигра слабо,туку едноставно дека беше најслаба алка а ако го погледнеш учинокот на сите 11 играчи ќе видиш дека на моменти Рино како да ја кочеше играта.Ама да се надеваме дека ќе се врати во ритам,не за џабе Лео му дава шанса.
А за натпреварот со Новара уште од сеа почнав да зујам!Му давам шанса на Ри ако сака и може да напише пост ако не нека каже ќе напишам ја :)
Milan-Genoa 5:2
Juventus-Milan 0:3
Milan-Novara(Coppa Italia)
Milan-Siena
Inter-Milan
Fiorentina-Milan
Milan-Livorno
Од Јануарскиот густ распоред ни останаа уште 5(4)средби со оглед на фактот дека со Новара играме во купот.
Јас повторно скромен би бил задоволен со 8 бода од овие 4 натпревари,а се друго за мене би било премија :)
Пред одигрувањето на овој натпревар имав ЕДНА ОГРОМНА РЕЗЕРВА не во однос на резултатот туку во однос на т.н формација 4-2-fantasy. Значи откако беше воведена оваа формација од страна на Лео газевме се’ пред себе (освен Палермо) но многу важно беше тоа што во оваа фантастична серија едноставно немавме ниту еден натпревар против големите, првите четири или пет (со се Виола) екипи во Италија. Затоа едноставно не знаев како ќе помине оваа игра против еден од најдобрите тимови во Италија. Сепак, се’ се заврши одлично и сметам дека во Милан дуваат нови ветришта. Ова не го велам само поради резултатот (или резултатите во серија). Ова го велам поради сплотеноста, другарството, уживањето на теренот. Играме без Сидорф и без Пато а постигнавме 8 гола во 4 дена од кои 3 против Јуве во гости, на терен каде што имаме (упс, имавме) само 1 победа во последните 10 години!
Претходно не можевме да замислиме како би изгледало да се игра без Пато во тимот, исто како што до лани не можевме да замислиме да играме без Кака. Но (ова е мое субјективно мислење) Лео внесе натпреварувачки дух па ако сакате и спортски инает во тимот, нешто што лани недостасуваше. Тимот верува во себе и верува во секој од своите фудбалери. Овие фудбалери веруваат дека никој не е незаменлив (освен дуото CB и тоа поради тенката или никаквата клупа на таа позиција). Се’ може без секој! Тоа многу ме радува!
Forza Milan!!
Ултра мајсторе текстов кине.. Утакмицава сум ја глеал на пола метро од телевизоров мој и глеав све до најмал детал. Се сложувам со тебе 100%:):) А за оганот стварно и ја не укапирав што е работата, ама ми се причини дека имаше изгорено капи и шалови од јувентус(можда се лажам). Со овој натпревар потврдиме колку можеме на големите натпревари!!!
ФОРЦА МИЛАН ФОРЦА МИИИИЛАН
Еден победнички поздрав до сите фанови на Милан , иако од поодамна сум член на овој блог но слабо пишувам иако редовно ве читам .
Морам да кажам дека кога ги читам овие неколку постови после феноменалните натпревари на Милан ми го исполнуваат срцево .
После овие неколку натпревари исполнети со феноменална тимска игра полна со ентузијазам и самодоверба кај играчите , Милан полека но сигурно се врати на правите патеки каде што и припаѓаше , секогаш на врвот и секогаш во борба за титула .
Пак ќе ја споменам изјавата на тренерот на Рома кога кажа : „ Да се молиме на Бога да не се разигра Милан “ , и тоа ова беше изјавено на стартот на сезоната кога Милан беше во криза .
А јас познавајќи го Милан бев сигурен дека ќе се случи токму тоа од кое стравуваа тренерите во Сериа А , Милан го фати својот препознатлив ритам и едноставно како тешка локомотива гази се и сешто кој се обидува да им се спротивстави , ако противниците се молеа на Бога да не се разигра Милан , тогаш ние да се молиме да продолжи и понатаму со оваа убиствена игра и најсреќен би бил кога би го добиле и дербито со Мерда , а тие пак одако е Мурињо тренер немаат пораз на домашен терен , а тоа ќе биде уште поголема радост за нас ако Милан му го нанесе првиот пораз на Мурињо кој фацата не сакам да му ја видам , и реванш за прата средба од оваа сезона .
Ни следат тешки натпревари , и тоа многу важни за борба за титулата , мораат да се победат Фиорентина и Мерда , да се надеваме на најдоброто , па што биде нека биде , а ако вака се продолжи и тоа е можно , да се стигнат Мерда и да се чека на нивен кикс .
FORZA MILAN , FORZA CAMPIONE , SIAMO SEMPRE CON TE !!!!!!
Овој пост погоре од „ Миланист од срце“ сум јас „ Россонеро “ истиот фан на Милан , некогаш ги испомешувам пасвордите па зависи кој акаунт ќе ми се отвори , важно да следи блогов и да се пишува на него , па затоа сакав да знаете дека јас сум истиот „Миланист од срце“ и „Россонеро“ .
Поздрав до сите вас и FORZA MILAN !!!!
Околу „огновите“ и чадот...
Тоа беше дело на НАВИВАЧИТЕ НА ЈУВЕНТУС кои беа екстремно незадоволни од резултатот игрите и од тренерот Ферара па после натпреварот а и денес имаа протести
Исто исто Ри се слагам за се :)
А со оглед на фактот дека Фавалињо ќе иде во пензија сезонава мора да нејдеме кавер за него!
Ниџо ја ја глеав на 30сантима и оќорев :)
Миланиста-Росоњеро-Алфа
-Како што читаш почесто,и пишувај по нешто :)
Чира says: ""Огин и плааамеен,фрлат по менееее,дека сум гоолем бекријааа..."
http://www.youtube.com/watch?v=_rDgMcrSLnE&feature=player_embedded
Чичето е измрдано а тука уште повеќе се здивува: http://www.youtube.com/watch?v=anoJwwzMlWc
Тицијано е легенда бре:):) Росонеро до коска
Ри би сакал ако можеш нели постот за со Новара до утре да го напишеш ако не ја ќе пишам нема проблем.
Овој коментатор и голем фан на Милан секогаш знаел да ми ги разбуди чувствата кон Милан затоа што ако не 100% но 80 % и јас сум како него , секој натпревар и победа на Милан има свое значење , но онаа победа над Реал во лигата на шампионите ќе ми остане запаметена како најдрага победа одкако знам за Милан , а токму овој коментатор го коментира во живо тој натпревар , и верувајте дека кога и да ги погледнам головите или коментирањето на овој коментатор баш од тој натпревар дури солзи радосници ми потекуваат иако тоа е веќе минато , но како што реков тоа е најслатката победа за Милан , барем според мене .
Погледнете го коментаторов како го коментира тој натпревар : http://www.youtube.com/watch?v=4G6CQEWdNQk&feature=related
Сакав да пишам честито Хотор но ќе почекам...
Ај само срамежливо:
http://www.milannews.it/?action=read&idnotizia=15954
Моментот кога го дава третиот гол Пато го нема, мислем дека тогаш ги пољубил сите во студиото. :)))
http://www.milannews.it/?action=read&idnotizia=15787
...ај ако може малку превод на текстов, главната поента ја разбрав од насловот, ама ме интересира и подоле што пишува.
Со среќа нека ни е.Ме занима дали може да игра веќе в среда?Ри?
А Владе незнам што ќе ти е,главната поента е кажана само се наведени примери од фудбалери кои не го заслужуваат дресот на репрезентацијата-нешто спротивно од Амбро,Бориело,Дињо,Тиаго и Пато :)
Да де, сфатив, но ме интересира како ги анализираат одлуките на Липи и Дунга. Посебно ме интересира за Дињо која анализа ја имаат направено.
...инаку скоро сум убеден дека Амбро и Бориело ќе играат на светско, т.е. барем ќе бидат во ростерот, ако продолжат до крај вака се разбира.
Посебно за Бориело сум сигурен, зашто покрај Ди Нателе, Роси и Џилардино треба да биде и Јакинта, а ваков каков што е сезонава сигурно нема да му треба на Липи.
Бориело мора да оди на светско едноставно нема кој друг.Пацини се изгуби Јакинта не игра Амаури нема шанса да го земат а Тони е труп.Може Кваљарела да му ги замрси сметките ама сепак мислам дека Марко ке патува за Африка (да покаже таму малце Fashion show ала Милано) :D
Многу ме радува тоа што Хотор го земаа.Многу јако дете е изгледа и таман Амбро додека отиде у пензија овој ке го замени на таа позиција.Одвај чекам утре да ги гледам со Новара да ги видиме младите деца Миланисти :)
btw: Дињо пак си се џуска навечер ама додека игра како што игра нека прави шо сака иако мислам дека беше у ноќен клуб за да го прослават роденденот на брата му...
FORZA MILAN
Абијати,Сторари
Антонини,Бонера,Т.С,Фавали,Каладѕе,Јанко,
Де Вито(56)
Абате,Амбро,Фламс,Рино,А.Меркел(52)
ДиЏенаро,Пипо,Клаас,Верди(58),Зигони
Хммм....Лео дефинитивно ме изненади.
Каде се Албетраци и Страсер??!!
Еден од овие 19 одпаѓа,се надева, дека нема да биде некој од децава.
Од една страна составов ме радува бидејќи Лео очигледно сериозно го сваќа ова натпреварување,а од друга страна пак очекував најмалку уште 2-3 деца повикани али ок.
П.С.Нели суспензијата на Амбро важи за СИТЕ натпревари во Италија?
Сторари/Абијати
Бонера,Фавали,Каладѕе,Јанко
Абате,Фламс,Рино
Ди Џенаро,Хунтелар,Пипо
Ја мислам дека вака ќе почне Лео...ваљда :)
Ри знам дека напињам ама кога ќе го пишуваш постот?
Постот беше при крај и ми снема струја :(
Незнам како би можел да се повторувам сега...
Оу шет да пишувам?кажи ајде нема проблем има време до утре сабајле ако сакаш да пишеш пак.
Post a Comment