La Derby Della Madonnina ,најголемото градско дерби,rossonero vs neroazzuro
Се само дел од многуте синоними со кои се опишува овој спектакал, натпревар кој има свој посебен шмек поради традицијаta,заедничките играчи,стадионот како и бескрајната борба со банери на трибините.
Овојпат не е ништо поразлично,само разликата е што овојпат се работи за директен дуел за шампионската титула за првпат по којзнае колку време.Да не се залажуваме ова е годината во која можеме да кажеме дека помалку или повеќе Милан и Интер се изедначени,токму затоа ова е најочекуваниот меч на Апенините во последно време,а сигурно после Калчополи.Влогот е голем и за двата тима,се работи за скудетото иако како што и медиумите пласираа една изјава на Галијани деновиве: “Само уште еден меч,важен како градско дерби но нема да биде одлучувачки за титулата” и можеби и нема да биде,но многу паметна изјава од негова страна која е пласирана со цел да се одтргне притисокот од фудбалерите на Милан од кои во овој натпревар ќе се бара да одиграат перфектно,без грешка да ја покажат својата зрелост и дефинитивно вистински тест на нивните способности. За прв пат нема да говорам ништо околу составот од проста причина што до Недела 20:45 може многу нешта да се изменат,но и затоа што без разлика на составите,на крај на видеобимот ќе биде покажан конечниот резултат,а на табелата поделбата на бодовите.
Благи фаворити сме пред се поради одличната игра и 12те гола на последните 3 натпревари во Серија А,а во исто време мини кризниот период и бледата игра нашите противници.
Но да не заборавиме нешто момци...и пред 29ти август важевме за големи фаворити но околу 22:45 истата вечер друго говореше конечниот резултат.Не смееме да го потцениме противникот но во истовреме не смееме да се исплашиме од него.Пристапот треба да ни биде како и во сите останати натпревари,да одиме чекор по чекор,да ја нагазиме топката и едноставно да ја играме нашата игра,ако ова се случи видеобимот ќе го покажува истиот резултат од август,само со сменети улоги на бројките.
FORZA GRANDE MILAN !!!
Се само дел од многуте синоними со кои се опишува овој спектакал, натпревар кој има свој посебен шмек поради традицијаta,заедничките играчи,стадионот како и бескрајната борба со банери на трибините.
Овојпат не е ништо поразлично,само разликата е што овојпат се работи за директен дуел за шампионската титула за првпат по којзнае колку време.Да не се залажуваме ова е годината во која можеме да кажеме дека помалку или повеќе Милан и Интер се изедначени,токму затоа ова е најочекуваниот меч на Апенините во последно време,а сигурно после Калчополи.Влогот е голем и за двата тима,се работи за скудетото иако како што и медиумите пласираа една изјава на Галијани деновиве: “Само уште еден меч,важен како градско дерби но нема да биде одлучувачки за титулата” и можеби и нема да биде,но многу паметна изјава од негова страна која е пласирана со цел да се одтргне притисокот од фудбалерите на Милан од кои во овој натпревар ќе се бара да одиграат перфектно,без грешка да ја покажат својата зрелост и дефинитивно вистински тест на нивните способности. За прв пат нема да говорам ништо околу составот од проста причина што до Недела 20:45 може многу нешта да се изменат,но и затоа што без разлика на составите,на крај на видеобимот ќе биде покажан конечниот резултат,а на табелата поделбата на бодовите.
Благи фаворити сме пред се поради одличната игра и 12те гола на последните 3 натпревари во Серија А,а во исто време мини кризниот период и бледата игра нашите противници.
Но да не заборавиме нешто момци...и пред 29ти август важевме за големи фаворити но околу 22:45 истата вечер друго говореше конечниот резултат.Не смееме да го потцениме противникот но во истовреме не смееме да се исплашиме од него.Пристапот треба да ни биде како и во сите останати натпревари,да одиме чекор по чекор,да ја нагазиме топката и едноставно да ја играме нашата игра,ако ова се случи видеобимот ќе го покажува истиот резултат од август,само со сменети улоги на бројките.
FORZA GRANDE MILAN !!!
37 comments:
Ајде со среќа,па се читаме во недела здравје боже :)
FORZA MILAN!!!
И јас имав готов пост ама чекав да го објавам на ден пред натпреварот..затоа и прашав дали има заинтересирани да пишуваат ама нема везе и вака добро испадна..
Во секој случај фала ти Ultra за добриот вовед во дербито..најпрво сакам да поправам за една работа, кај што велиш "заеничките играчи"..значи не постои таков термин во овој случај..тоа се или играчи кои навреме разбрале каде играат и со која багра си фатиле работа (оние што од кај нив дошле кај нас), или предавници (оние што од кај нас заминале во Printer, односно во бестрага) :D
Сега озбилно... Ова е дефинитвно годината каде Moratti состави доволно компетитивен тим за праведна борба со Juve за Скудето..јас мислам дека не постои неутрален познавач на Serie A кој нема да се сложи дека оваа година Juve и Inter беа екипите кои според ростерот требаа да водат мртва трка до Мај за тронот..на наша голема радост, тоа што се очекуваше не се случи и наместо тоа Milan е тој што го предизвикува т.н. шампион, или лампион ако ви звучи подобро :)
Да не се лажеме и слепо да се сложуваме со некои од играчите на Milan кога велат дека овој меч не решава, туку е "само" многу битен..да, битен е, ептен е битен, ама и решава многу работи..ако се случи нешто многу лошо и неочекувано, како во Август и пак да го загубиме дербито, се случува крах во нашите редови, за чие оживување ќе биде потребно повеќе време од тоа што ни останува и најверојатно е решена борбата за шампион..ова го велам заради успонот на екипата што го доживува во последните месец дена..сега, за разлика од пред Нова Година, сите се "сигурни" во победа утревечер..затоа се сите тие смирувачки изјави, со цел да се отстрани дел од огромниот притисок на нашата страна..некој ќе речи дека и тие имаат притисок поради нашата супер форма и топењето на предноста, меѓутоа тоа не е ништо во споредба со нашиот императив, да не се загуби ни под разно..на крај краева тие се 4 години убедливо на врвот и на некој начин се заситени од домашни титули..така да дури и да го загубат првенството на крај на сезона, многу помалку ќе бидат оние што ќе речат "ужасна година за Inter", отколку да се случи обратното, па не ќе можиме да се доначитаме наслови од типот "уште една година без титула за Milan"..
реалноста е таа и сите наши фанови што се свесни за ситуацијата пред ова дерби го знаат ова..
Нема да се сложам со тебе Ultra дека сме благи фаворити..можеби и напротив merda би требало да ја имаат таа улога, бидејќи ние сме тие што предизвикуваат во секоја смисла, и во борбата за моменталниот врв и во превземањето на првенствениот трон..и не постои тука потценување..гнасите оваа година се далеку од тим за потценување..тоа можеше да се случи пред 10 или 15 години, но реално денес многу поблиску до нас..
...
играта на Milan последните месец или два и моменталната атмосферата е најголемиот адут на Leo..како што велиш ти, ако успееме да ја наметниме нашата игра, пацерите ќе бидат изгубени..уште повеќе што средниот ред, односно оние што треба да ја креираат таа нивна антипропаганда на фудбал, нема да бидат на број..ако навистина се потврди дека Sneijder и барем еден од двоецот Muntari/T.Motta нема да биди спремен за старт, ќе ни ја олесни работата од овде до Milano и назад..потенцирам ЗА СТАРТ, бидејќи и да влезат во второ полувреме ќе биди многу касно за било што да направат..но Mourinho е екстремно паметен тренер и знам дека ќе искомбинира состав, доволно јак и на граница од физичка (не)спремност..и пред првото дерби кажав дека најголемиот страв според мене доаѓа од него..исто се плашам и од Maicon кој е неверојатно добар играч и Milito кој пак е неверојатно мотивиран, што од неговата добра форма, што од самото дерби..и толку, никој друг не е толку опасен за да не биди скротен..за Пандев, простете ми ама нема ништо да искоментирам оти незнам што да мислам за него во вакви моменти..
И уште за нашата најголема предност и шанса за полесно да се добие натпреварот..таа најверојатно ќе се вика WALTER SAMUEL..типот што по се изгледа ќе игра како лев бек и треба да биди максимално изрешетен, најнапред од Becks, но и од Abate..на Dinho ќе му биди тешко крај Maicon и Zanetti и покрај супер формата што ја има, но ќе биди одлично за нас ако се насочени кон него и остават повеќе простор за центаршутевите на David..
и знам дека ве изгњавив многу, ама дерби си е дерби :)
MILANO SIAMO NOI, SOLO NOI!!!
FORZA MILAN!!!
Утакмица која сите ја чекавме со нетрпение.сакаме да ја вратиме честа после последниот пораз и плус имаме императив да не загубиме затоа што титулата ке ни избега од раце.значи судбината е во наши раце како многупати сезонава и сега засега добро си ја носиме среката со нас т.е. сами си ја одредуваме судбината.а ако нас не ни е судбина да ги симнеме гнидите од врвот (на италија секако) незнам на кој тим му е....
го нема пато го нема замброта можеби ке игра сидорф и најважното можеби ке игра неста.ако игра неста гадно ке победиме слушајте ми го зборот.и кај нив исто така има повредени бла бла....секако не играат ништо така да и младинци да пушти иста ке им биде играта,дуваат па ако испадне нешто арно ако не уште поарно (vs Bari,vs Barca,vs Juve Итн...) за пандев нема да искоментирам ништо пошто е фудбалски херој на македонија и гордост наша немам срце да зборувам лошо против него.
маикон е феноменален играч ама да ти кажам не сум убеден у неговите дефанзивни способности така да ако дињо е затворен значи и маикон нема да оди напред во нападот а Бекс ке го гаѓа Марко Ван Бориело од другата страна кај шо ќе биде неподвижниот самуел (а ако е кордоба ке биде заебано)
перфектен момент за оваа утакмица од наша перспектива зошто сме у топ форма и едноставно газиме се пред себе а додека мерда веслаат у место.самодовербата е моментално на 112% формата исто така навивачите ке бидат страшни само да не изгориме во желбата за победа ама тоа би било малце нереално поради искуството кое го имаме.
јас би рекол во недела 20:45 на FORZA Телма - утакмица за титула и понижување на мерда кои се понижени од самото нивно постоење
FORZA MILAN FORZA CAMPIONI
Дечки , се соглсувам скоро во целост со вашите коментари , иако можеби јас најмногу ја посакувам таа победа од сите вас затоа што многу подолго од вас сум екстремен навивач за Милан , но да не забораваме дека Интер знаат и од мртвите да се вратат , а најмногу стравувам од судиите , затоа што кога не му оди на Интер користат џокер(судија) па може да влета некој пенал или нерегуларен гол .
Исто така ќе ни биде лошо ако не игра Неста , ако нанегово место игра Каладзе уфффф....не можам да го замислам како играч на Милан , кога игра тој сите голови ги примаме поради негова грешка , или во последните минути одигрува со рака и пенал...хахахах.
А за Пандев , гледам никој немате храброст да кажете збор-два за него , па еве јас ќе ви кажам . Пандев знаеме сите како играше во Лацио и дека постигнуваше голови , но повеќе пати имал шанса да игра со Лацио против Милан , и на секоја нивна средба Пандев против Милан делувал како изгубен германец и не можел топка да добие , па така ќе биде и на оваа средба , ако игра Неста заедно со Силва уххххх.....абе не Пандев , и Папата да дојде н еверувам дека ќе помине покрај нив двајца , ама ако игра Калдзеееее...лелееее...и Цезар(голманот) ќе ни стави гол...хахахахах.
Да се надеваме на победа FORZA MILAN , FORZA CAMPIONE , SIAMO CON TE !!!!
Иван,мое извинување,наредното дерби/или било која друга утакмица ти ги препуштам тебе незнаев бидејќи не бев на нет скоро цела недела.
А се разбравме зошто важиме за благи фаворити нели? :)
И пак ќе повторам,мора да ја неметнеме нашата игра нешто слично како со Јувентус кадешто почетокот беше помалку или повеќе изедначен,односно тежиштето на играта се префрлаше на двете страни,се додека ние не ја нагазивме топката и потоа со константен притисок стигнавме до резултатот.Верувам дека со ваква игра може да се совлада Интер,но ако се случи нешто што би ја нарушило нашата концепција(повреда,исклучување,
пенал)тогаш нашата работа ќе биде отежната.
Васе Маикон годинава не игра ни пола од она што го играше изминатите сезони,дури на моменти и катастрофален е!
Милито го мрзам,уште кога во вториот натпревар минатата сезона ни даде гол за Џенова добив едно гнесење и одбивност према него,ама дека е добар играч,добар е.
Уште нешто...Сидорф ќе биде на клупата...ама како морална подршка...А доколку би играле Сидорф и Пато мораме да бидеме искрени но ќе бевме многу поостри во нападот.Зошто?Едноставно,во недела навечер Мурињо ќе го направи она што секогаш го прави- man marking,а со играчи како Пато и Сидорф кој се одлични со топката,брзи и располагаат со одличен удар работата на комшиите ќе беше отежната.Така да очекувајте минимум 2ца луѓе до Роналдињо постојано,Лусио најверојатно залепен за Марко,и уште некој(неможам да погодам кој)бркајќи го Бекам цело време.
И да,Кордоба би требало да игра како лев бек.
Rossonero Пандев ни има дадено гол или два во купот минатата сезона.
Два
Не се согласувам околу тоа дека нашиот состав е непознат... во нашиот состав има само една недоумица. Неста или Фавалињо! Другите 10 се знаат уште пред 1 недела. И да, Фавалињо ќе игра стартер ако Алесандро не може, Камикаладзе ќе остане на клупата.
Најопасни кај нив се Милито и Маикон. Маикон ја надополнува таа неинвентивност во средниот ред. Интересен ќе биде дуелот Дињо-Маикон од повеќе аспекти. Првиот е кога Маикон ќе оди напред дали и Дињо ќе се враќа да помага или ќе чека на долга топка кон него па да ја искористи празнината назад. И на крајот на краиштата ДАЛИ ВООПШТО МАИКОН ќе прави толку многу екскурзии напред знаејки дека Дињо е таму и сега е во одличен ритам.
Ако Самуел им игра лев бек тоа ќе биде еден од најдобрите потези на Мурињо... за да му помогне на Милан! Не сакам да го прочита ова и да го стави Кордоба таму ама... ќе ни се олесни и во дефанзива и во офанзива со Самуел како лев бек.
Бекси нема брзина и пробивност за таа позиција на која што игра и реално некако е вишок таму но од друга страна има широк радиус на движење (се враќа и во средината на MC) така што со него добиваме поголем баланс меѓу нападот и одбраната. Ако Рино направи повторно некоја глупост, имам една круша во дворот а имам и јаже дома...
Амбро ќе биде свеж и очекувам да владее со средината на теренот, баш така, капитенски!
Една работа, БориГол нема дадено гол на гостински терен (нели се водиме на гости).
Во победата од 0-6 Џани Командини ги даде своите први 2 гола во гости во дресот на Милан а Џунти го даде својот единствен гол во дресот на Милан, значи чиста моментална инспирација!!
Фавалињо направи пенал врз Гочето против Лацио...
Само како факти.
Значи доста се влечкам, како резиме, работи кои што е многу веројатно (но и не мора да значи дека) ќе го решат дербито:
1. Дали ќе игра Алесандро и колку ќе биде подготвен за тоа
2. Дали ќе игра Самуел како LB
Толку.
3. Милито + Маикон.
Не се радувајте на Снајдер, тој 100 % ќе игра имаше само настинка а не повреда.
Forza Milan!!
Незнам дали го паметите, ама Gianni Comandini беше дечко со благо ментлно растројство и успеа да даде 2 гола против merda..и тие 2 гола му беа единствените воопшто Ри, не само на гостувањата..истото беше и со Giunti :) Тоа значи дека веројтноста Borrigol конечно да забие против гнасите е мноогу поголема :)
Шала на страна, веќе реков дека тој состав на Printer неможе ни оддалеку да се споредува со денешниот..уште чекаме вести за Sandro, инаку другите битни моменти гледам дека ни се поклопуваат на сите во коментарите..
FORZA MILAN!!!
а што типувате за вечерашното "дерби"?
јас ја играм 3+
еве ги вестите:
Here are the 21 players called up by Leonardo for tomorrow:
Abbiati, Dida, Abate, Antonini, Bonera, Favalli, Jankulovski, Kaladze, NESTA, Thiago Silva, Ambrosini, Beckham, Flamini, Gattuso, Pirlo, Seedorf, Borriello, Di Gennaro, Huntelaar, Inzaghi, Ronaldinho.
да одам уште сега сингл да ја уплатам да не ја блокираат :D
FORZA ALESSANDRO FORZA MILAN
се знаеше дека ќе биди повикан, ама дилемата е дали ќе можи да стартува...
Јас мислам дека сепак ќе стартува...
Ќе игра 100% само воа се умствени игри демек као тешко не се знае неизвесно...малце да фане Mourinho "a taste of his own medicine" :D
Кордоба ќе игра како лев бек.Пунто
Но ако некој од Кордоба/Самуел има лош ден очекувајте го Сантон уште во второ полувреме.
Не очекувам многу офанзивни испади од Маикон,сепак се ќе зависи од тоа кој ќе ја има повеќе топката во свои нозе,башка го имаме ние Лука таму лево ;)
А и јас мислам дека Неста ќе биде исфорсиран да го игра натпреваров па макар и да му е последен,бидејќи ако повторно дојде до обновување на повредата ќе го нема на подугачко.
Васе,од тие 21 Каладѕе,Ди Џенаро и најверојатно Сидорф ќе бидат на клупата само како морална подршка :)
И кога веќе се разрешени (скоро) сите дилеми можеме да ги објавиме почетните состави не?
Dida
Abate,Thiago,Nesta/Favalli,Antonini
Gattuso,Pirlo,Ambrosini
Beckham,Borriello,Ronaldinho
vs
Cesar
Maicon,Lucio,Samuel,Cordoba
Zanetti,Cambiasso,Sneijder
Pandev,Milito,Balotelli
Тоа е составот, барем нашиот...
Nesta does not recover, play Favalli
© photo by Federico De Luca
After finishing the morning showed that Sandro Nesta will not be the game, the strong defender has failed the audition decisive, not having fully recovered from the muscular problem all'adduttore. In the field in his place, the expert Giuseppe Favalli, Kaladze preferred. Inter doubt left on the outside of Santon, Muntari and Cordoba. Sneijder, sfrebbrato, will be regularly on the field.
Forza Favalli!!
Дечки веста за неста ме фрапираше и јас не сум во состојба да ги следам коментариве на блогов и едноставно изгубив воља за живот и плус тоа сега на ручек арно се поднапив така да се нека иде у ПМ и господ нека ни помогне и нека ни даде срека како шо им даде срека денеска на мерда.
FORZA MILAN BONERA ДА ИГРА!
ќе биди тешко без Sandro, ама не е ни толку трагично бе Васе..лани игравме цела сезона без него, па имавме супер утакмици..а иначе се сложувам со тебе дека најдобро ќе биди Bonera да игра, ама бидејќи знам дека тоа не е можно повеќе сум за Favalli..TS дефинитивно ќе биди залепен за Milito цела утакмица, а бидејќи Eto'o не игра, нивниот втор напаѓач кој и да е нема да биди брз толку за the professor да неможи да го скроти..
Јас сум сеуте убеден дека можиме комотно да ги победиме!
FORZA MILAN!!!
Favalli ќе внимава примарно на Гочето... Бонера не е фит по долгата повреда и затоа не е стартер инаку нормално дека тој ќе биде првата резервна опција за CB.
И Васе... главата горе, MILANO SIAMO NOI!!
FORZA MILAN
Се изначитам коментари... немам што да кажам се кажавте... само ќе речам со среќа вечер и....................
FORZA MILAN!
се изначитав*
INTER-MILAN: OFFICIAL FORMATIONS
1/24/2010
INTER: Julio Cesar; Maicon, Lucio, Samuel, Santon; Zanetti, Cambiasso, Muntari; Sneijder, Milito, Pandev.
MILAN: Dida; Abate, Thiago Silva, Favalli, Antonini; Gattuso, Pirlo, Ambrosini; Beckham, Borriello, Ronaldinho. Forza Milan
ANDIAMO RAGAZZI!!! FORZA CAMPIONI!!!
Сепак Мунтари се опоравил навреме за да почне,и Мурињо изненади со Сантон.Што автоматски значи дека десната страна на Бекс би требало да биде целосно затворена.
Што биде нека биде,и знам што гледате во моментов сите,вечна му слава.
Иначе сеуште ми е катастрофа нетот нема да можам да пишам пост.
Само храбро момци ! FORZA MILAN!!!
FORZA MILAN!
ја би сега сидорф и хунтелар да влезат...
мердава љуткави се издрогирани се сигурно мавање пцуење газење...мора да бидеме и ние ѓубриња за да ја свртиме работава.
FORZA MILAN
Izgubivme ama ne sme kurvi, glavata gore. Forza Milan
Денес едноставно не беше нашиот ден , заслуживме ако не победа барем нерешено , но кога не оди не оди , уште во првото полувреме имаше играње со рака и судијата не досуди пенал за Милан , Абате едноставно му ја намести топката на Милито за да овој слободно да си шутира кон голот на Дида , а и вториот гол ако Дида реагираше како што треба мораше да го одбрани ударот . Бориело беше добро чуван , но и кога добиваше топка могу неспретно реагираше и не упати ниту еден вистински удар кон голот , како што и треба да шутира еден голгетер како него , и не само тој , и Пирло , и Роналдињо и сите кои упатија удари кон голот не беа прецизни барем во рамката на голот . А оние рефлексни одбрани на Цезар само покажува колку среќата беше наклонета кон Интер и дека денес не беше нашиот ден . Се на се Милан покажа многу подобра игра од Мерда , но голот на Цезар како да беше маѓепсан па топката не сакаше никако да ја премине гол линијата , тоа се потврди и со промашениот пенал на Рони , ако постигнеше гол , тогаш со 2-ца играчи плус имаа шанси уште 3-4 минути да притиснат и да израмнат , но како што реков , денес среќата ни го сврти грбот . Тешко ми е да го поднесам овој пораз затоа што не заслуживме да бидеме поразени , еден гол по наша грешка и еден од слободен удар , а ништо не покажаа од игра за да ја оправдаат победата , барем да беа подобри , а не беа .
Тоа е тоа , ако грешам поправетеме но мислам дека и по 4-ти пат по ред не успеваме да ги победиме Интер , а тоа е тоа што најмногу боли , но што и да кажеме се е залудно , заслужено или не сепак на крај се бројат победата и 3-те бода , а за наша несреќа пак отидоа на сметка на Мерда , сега ни бегаат со 9 , ако ги сметаме оние 3 со Виола за добиени пак се 6 , што не значи дека не се достижни , после овој пораз треба да се продолжи како и до сега , со својата напаѓачка игра која ни носи добри резултати и да се атакува на што повеќе победи , а притоа да се чека кикс на Мерда .
Патем , никој не е совршен и непобедлив , па ни Милан , после толку последователни победи кога тогаш мораше да падне и некој пораз , и не е толку трагично , иако е тешко што морам ова да го кажам , но сепак бевме поразени од силен тим , водечки во Сериа А , иако поразот е незаслужен , но....тоа е тоа .
Гордо напред и со кренати глави , и покрај поразот не им потклекнавме на ѓубрињата , и не игравме рагби натпревар како нив , туку игравме фудбал со посед на топката и напаѓавме цело време .
Forza Milan , Forza Campione , siamo con te !!!!
За другото дерби ке викнеле судија од нашава лига шо свири утакмици па можеби подобро ке биде.играње со рака од маикон непостоечки фаул за маикон (голот на пандев) и уште безброј лоши одлуки секако во корист на интер.па како освојуваат титули цело време како е можно да се толку константни.СУДИИТЕ страшно ги помагаат.можеби беше така замислено - да му се даде црвен на мерда (гомно смрдено) па после да ги дере милан судијата.за срека да не зброруваме оти ке фанам и од џам ке се фрлам.и пеналот го промашивме и шутеви и се против нас,се почна со повредата на неста.да неможат да го оспособат за клучна утакмица тоа чудо е.божем ногата му е скршена па да немоше да стои :S
мерда влегоа на теренот со пена во устата коо кучиња кинеа маваа знаејки дека судијата им го чува грбот.игравме цврсто игравме пред се фудбал и не им потклекнавме ама сезоната е долга и има уште многу утакмици.само главата горе,па доле (на работа) да се спремиме за сите утакмици како да ни се последни и у купови и се да ебеме,за да се ставиме во позиција да им вратиме т.е. да се сретнеме во coppa italia или ЛШ.неможам да опишам колку ги мразам мерда и незнам веке шо да кажам емоционално сум исцрпен и многу ми е тешко.никогаш нема да се помирам со вој пораз.кога стаса мерда да не тепа стално....не ми е јасно
FORZA MILAN INSIEME DIAVOLO
Ако сте го прочитале мојот предходен коментар на оваа тема кажав дека не старвувам од Интер како тим колку што стравувам од судиите , а тоа и се потврди , како и многу пати до сега , така и на овој натпревар , се беа наклонети кон Интер а против нас , два чисти недосудени пенали , играа како животни а не се досудуваше прекршок за Милан , додека пак за нив се досудуваше и најмалиот контакт со играч од Милан...катастрофални судии во Сериа А , со вакви судии затоа и најдобрите играчи бегаат од Италија а Сериа А веќе неколку години губи квалитет , не поради фудбалот , туку поради вмешаноста на политиката и бизнисот .
И толку никој не може да собере храброст да напише пост? Еве јас на пример од објективни причини не бев во можност да го гледам мечот и сакам да има колку што е можно пообјективен поглед на нештата, пост за поразот и коментари на истиот. Изгубивме, изгубивме па што?
Post a Comment