Translate
Saturday, 16 January 2010
IL COMINCIA DI RITORNO E IL RITORNO DI ME!
...или во превод, почеток на вториот дел од сезоната (или како што ги викаат таму возвратните утакмици) и моето враќање по мала пауза..
најпрво за тоа второ..се извинувам што не бев активен последните 10тина ептен битни и среќни дена, ама бев тотално изолиран заради испитната недела..единствени работи што ме одделуваа од моите сакани книгички беа мојата девојка и нашиот Milan..испитите поминаа добро, Milan уште подобро, абе супер ми е во оваа новава година :)
а сега за побитното..од недела како што знаете започнува пролетниот дел од првенството, без разлика дали некој го доиграл зимскиот или не :) јово на ново што би се рекло и пак уште 18 меча, со ист состав и исти амбиции, со далеку подобра атмосфера, ама и со -8 бода (јас си ги рачунам -5, ама ај знам какви сте и одма за тоа ќе се фатите :) ) од гнасите најголеми..јас сум вечен оптимист и верувам дека можиме многу далеку на трите фронта..утре ни доаѓа последната Siena од која сите очекуваме да си ја наполни мрежата и да си оди, ама мечот со Novara нека биди само еден пример дека треба навреме да си ја завршиме работата, без притисоци и стресови..дури вчера се вратив во колосек и немам многу информации за ситуацијата и евентуални probabili formazioni и затоа препуштам на вас..едно е јасно, во недела одиме на сигурна победа, а после тоа цела недела мислиме само на ОСВЕТА!
FORZA MILAN!!!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
57 comments:
Its good to have you back :) Ни фали уште едееен битен момак за да ја комплетираме екипата :)
Што се тиче натпреварот знаеме дека е битен,и иако на хартија веќе имаме 3 бода против Сиена,останува натпреварот да се одигра на теренот и новара дефинитивно треба да ни биде за памет без разлика на комбинираниот состав.
Дида
Абате,Неста,Т.Силва,Антонини
Фламини,Пирло,Гатузо
Бекам,Хунтелар,Роналдињо
Клупа:
Абијати,Бонера,Каладѕе
Јанко,Страсер,Инзаги,Зигони
Не ме прашувајте од каде,едноставно знам :)
И да го прашам само ри колку шанси сезонава доби да се докаже "flop of the year" :)
И уште нешто...
Дојде до мала промена на распоредот на натпревари поради 1/4 финалните средби од Копа Италија.
Така што во Јануари ќе се играат:
17ти Недела Милан-Сиена
24ти Недела Интер-Милан
27ми Среда Милан-Удинезе(Куп)
31ви Недела Милан-Ливорно
*Одложениот меч со Виола ќе се одигра на 24ти следниот месец.
Ова помалку или повеќе барем според мене ни го олеснува згуснатиот Јануарски распоред и гледано барем на хартија освем натпреварот со лигавите не би требало да имаме проблеми во останатите 3 натпревара(пред се зошто сите ги играме дома)
Знам дека сево ова го имате и на ацмилан.ком но само сакав да ја поздравам одлуката на федерацијата која ни дојде в пресрет.
Во исто време лоши вести за гнсните се што ќе играат со Јуве на Сан Сиро помалку од 24 часа по нашиот натпревар со Удинезе и се очекува да теренот на кој ќе играат да биде како чоколино :)
Ultra околу flop of the year ќе ти одговорам со една равенка што ја прочитав по натпреварот со Новара:
Inzaghi > Serie C
Flamini > Serie C
Huntelar < Serie C
И ќе стартува Пипо пред Хунтелар ;)
Abbiati, Dida, Abate, Antonini, Bonera, Favalli, Jankulovski, Kaladze, Nesta, Thiago Silva, Beckham, Flamini, Gattuso, Pirlo, Borriello, Di Gennaro, Huntelaar, Inzaghi, Ronaldinho.
Повикан е и Бориело...
и јас воопшто нема да се сложам околу „флопот„..дефинитвно мој прв избор на утрешната утакмица ќе биди Hunter..секоја чест за Pippo, ама имам речено илјада пати веќе дека годините го газат и тој можи да изигра само како добра замена, ништо повеќе..а другите во формацијата се најверојатно тие..
FORZA MILAN!!!
Види вака Навигатор и Ултра:
Јас воопшто не го потценувам Хунтелар, дури напишав еден одличен оптимистички пост Duck Hunt при неговото доаѓање во Миланело.
http://milanfansmkd.blogspot.com/2009/08/duck-hunt.html
Сепак, доколку го гледавте целиот натпревар со Новара забележавте дека Хунтелар беше едноставно КАТАСТРОФАЛЕН. Јас очекував Пипо да биде класичен CF а Хунт да биде нешто како SS и да има поголем радиус на движење. Тој во текот на целиот натпревар 3-4 пати се состави со топката, а играше цел натпревар. Пипо беше секаде, трчаше назад, одеше во широчина, постигна одличен гол а и му асистираше на Хунт барем за 2 гола кои Клаас не ги реализира. Значи јас сакам повеќе од се Хунтелар да влезе во ритам, потполно сум свесен дека Пипо веќе не е тоа што беше и сакам на лето да заврши со Милан (или воопшто со кариерата). Но тоа што го видов против Новара од страна на Хунт, (со сета почит но) против дефанзивци од трета лига, премногу ме разочара!!
Дај боже да тргне и јас сакам да стартува тој пред Инзаги но реално не го заслужува тоа, не го заслужува воопшто!
Ри медицинар сум,скаран сум со математиката :)
А еве уште еден доказ зошто е прерано Хунтелар да го прогласиме flop of the year,ПОВТОРНО нема да стартува!Па какви перформанси очекуваш од човек со таква разнишана самодоберба и премалку добиени шанси за да се докаже.Па едни Оливеира и Џилардињо добија повеќе шанси да се докажат од Клас!
Знам дека сум пристрасен,но едноставно прерано е да му се суди!
Кога сме кај медицинар... ме потисна грип :(
Кафетин Колд + Витамин Ц + лимони = здравје?
Forza Hunt!!
Имаш витамин Ц во кафетинот. :)
ај кој каде ќе стартува и не е толку битно, битно е што телма jа сменија утакмицата и нема да ја даваат Милан-Сиена!!! :@
како бе ја сменија???
им пишав на меилот на телма ако можи да ја вратат утакмицата како што најавија во име на целиот блог..ваљда ќе прочитаат и ќе си ја гледаме на рает на тв
FORZA TELMA, FORZA MILAN!!!
Навигатор сериозно им пиша во име на блогот?!
Тука те ценам... јас не ни знаев дека беше првично таа најавена.
Си требал да им пишиш и дека пишав Forza Telma кога даваа 3 преноси :))
Инаку знам дека има Ц во Кафетинот ама пијам и само Ц, ударна доза!
А овие слепциве (комшиите) се’ им се погодува, вечерва нема да игра Раноча за Бари! :(
Да се надеваме дека сепак ќе прокоцкаат 2 бода
па минатата недела со Juve ја најавија нашата утакмица..инаку стварно им пишав, па се надевам дека се ажурни и дека барем ќе објаснат зошто промениле
Пиј течности,чаеви,мирувај,прави инхалации и јади лимони и портокали :) А ако сакаш хитно да оздравиш со лекарства пиј сумамед,за 3 дена ќе бидеш ко нов :)
Него мамата на телма!Кај ми е катастрофа нетот па уште стримови ли да барам!Иване добро си направил!
Ќе им пишам и јас меил како претставник на фан клубот на Сиена во Мк :Р
И убаво рекле старите...ако твој човек не те заебе нема кој :)
Mozno e Jankulovski da startuva vo sredinata na terenot, Leo se misli pomegu nego i Flamini.
види види, некој има инсајдерски информации околу составот :)
инаку ми вратија на маилот од Телма и вика вака:
Pozdrav Ivan,
Ne go prenesuvame ovoj natprevar zosto ne ni go ponudija vo multilateral.
Pozz
Branko Ilievski
Барем се фер луѓето и кажаа што е работата, оправдано било..нема везе, ќе си ја гледаме на нет..кој и да најди стрим одма нека го пријави тука..
FORZA MILAN!!!
а оти никој не ја искорментира радосната вест??
Merda киксна и изгуби 2 бода!! можеше и три ама јебига, Гочето ги спаси пак..и сеа ме става во дилема..нека не продолжува вака, ќе треба да го замразам :)
И сега не ред е Сиена.фаворитот за Serie B ама не треба да се потцени секако.покажаа капацитет против смрдените кои денеска се извлекоа со нивната никаква игра.мерак ми е за пандев ама не и за милито...ама тоа се ке им биде наплатено др коло..за Хунтелар не кажувам ништо оти страшен оптимист бев за него ама не покажува ништо.што Марко е повикан најверојатно он ке стартува и очекуваме хет-трик нели :)
За flop of the year во моите очи не е Хантерот пошто за фелипе мело и кварезма и да не ги набројувам ред други е ПЕЛЕ! составот ќе има мали поместувања не тактички него кадровски.значи голманот си е месечарот (фала му на Јанко јади бурек за прекаров) :D дефанзивата исто карпите назад крилцата стандард младите и агилни Абате и Антонини.средниот ред џенаро и пирло и фламс или јанкул ама мислам дека фламс ке добие шанса после она што се слуши со Новара (хирошима) :D напад дињо и бекам и секако марко и влез од клупа на Хантерот.тоа е тоа.да си ја завршиме работата рано и убаво да си ги земеме 3те бода и да го искористиме киксот на мерда па после ке има firecrackers :)
btw: блогов моментално работи на 100% :)
FORZA MILAN FORZA CAMPIONE
1. Јас пред мечот сакав да испуштат 2 бода и презадоволен сум со резултатот! Знам дека можеа да бидат и 3 но можеа и да се вратат комплетно што ќе беше тежок пред се психолошки удар кон нашите. Лео веќе изјави дека го загрижува тоа што Мерда воопшто не се расфрла со бодови. Значи доколку успеаа 2 пати по ред да се вратат за 2 победи немаше толку да недостигаат тие -2 или -3 туку повеќе ќе доживеавме психолошки удар. Вака сме максимално мотивирани и јас сум презадоволен од резултатот.
2. ДОСТА со потценувањето на Сиена, Иван ти велиш дека претходниот викенд цело време си учел, си бил исклучен од се... незнам дали знаеш ама Сиена на Сан Сиро (а не на Џузепе Меаца) водеше против актуелниот шампион на Италија со 2-3 до 88 минута). Значи екипа што може да постигне 3 гола во гости воопшто не е за потценување особено доколку во шпицот го има Масимо Макароне (кој ако не сте знаеле е дете на Милан а тие се најопасни). Сепак Мурињо на тој натпревар го играше Самуел како LB и со тоа ги охрабруваше фудбалерите од таа десна страна на Сиена да притискаат напред бидејки знаеја дека Самуел не може да ја искористи таа дупка што ја оставаат назад. Со Антонини и Абате ќе ги натераме да си седат мирно назад барем бековите а сигурно и дел од средниот ред.
3. Кога сме кај Јанко смотаниот (кој се фура дека е фан на Милан а не знае 5 фудбалери од тимот) негов најдобар прекар е ШЕСТАРОТ :D Знаете на кој се однесува нели?
Forza Milan!!
Газета вели:
Rossoneri can go to –6, Borriello ready for Siena
Кој ке најде добар live-stream најбрзо нека го објави на блоог:)
http://www.myp2p.eu/broadcast.php?matchid=61726&part=sports
Има еден куп линкови, јас конкретно секогаш го преферирам тој преку SopCast.
Без разлика кој линк ќе го користите потребен ви е download на потребната програма. Овде ви се потребните програми:
http://www.myp2p.eu/software.php?part=software
MILAN-SIENA: THE OFFICIAL FORMATIONS
MILAN: Dida; Abate, Nesta, Thiago Silva, Antonini; Gattuso, Pirlo, Flamini; Beckham, Borriello, Ronaldinho.
SIENA: Curci; Rosi, Terzi, Brandao, Del Grosso; Vergassola, Codrea, Ekdal, Rossi; Jajalo, Maccarone.
Да, да... Бори стартува. Лео изгледа не сака да ризикува и да не го искористи киксот на комшиите па оди со (барем досега) добитна комбинација.
Доколку некој друг дојде до друг добар линк, настрана од овие јас што ги доставиви постирајте овде.
Ри, Крауч :)
мојот избор за стрим веќе го знајте :)
http://www.justin.tv/vip__tv#r=VE7G0tE
инаку незнам дали баш требаше да стртува Borrigol и дали е спремен за од почеток, ама ваљда тренерот знае најдобро..одиме на -6!!
FORZA MILAN!!!
Иван се согласувам околу тоа за Бори ама од една страна веројатно тие знаат повеќе од нас (лекарски тим + тренинзи и сл.) а од друга страна едноставно не смееме да ја прокоцкаме шансата да стигнеме до -6
Иван еве сега пробав, се појави теренот на центарот беа и веднаш истата порака :(
така е, затоа реков ваљда тие знаат најдобро..ние читаме секакви глупости, а што се случува со екипата најдобро знае Leo..
и уште еднаш... FORZA MILAN!!!
браво Borrigooool мајсторее, ајде сега Dinho!!!!
ах тој Borriello :)
ајмо дечки, полнете ги сега!!!
http://www.ustream.tv/channel-popup/rokabuli
sega za sega odlicen da ne go urocam.
ау ау ау каква утакмица за Borrigol...
Еве зошто треба БориГол да стартува пред сите други наши напаѓачи...
Da se prasuvam jas ,go vadam sega odma na poluvreme, veruvam i Leo taka ke razmisluva.
Како го даде Марко голот?
Катастрофа ми е нетот едвај и на блогов се најавувам :(
prekrasen volej!
ajde sega na tusiranje da go prati leo, za da go imame vo nedela povtorno zdrav.
УЛТРА го пропушти голот на Бори?!
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ГО ГЛЕДАШ!!!
Вакво нешто не се гледа често... не само што беше волеј туку и како успеа да ја сврти од таков агол, немам зборови. Секоја чест!
Незнам кога ќе се случи тоа ама кога Лео ќе го извади БориГол ќе го пушти Инзаги а не Хунтелар, ви кажувам уште сега да не фрлате со дрвја и камења по Лео после. Не велам дека јас така сакам, велам дека тоа ќе се случи.
Forza Milan!!
P.S Ултра ако не го виде и првиот гол, Бори му ја украде топката на последниот во одбраната на Сиена (Брандао) го помина и Курчи и изнуди пенал + црвен картон на голманот на гостите.
абе така е најдобро, ама сигурен сум дека ќе го чува барем до 60та минута, па после ќе улета Hunter..а баш е добро и овој да се одмори, а и Klaas да добие повеќе време..
ANDIAMO ALLA RIPRESA!!!
Резултативе досега одлични!
Комшиите испуштија 2 бода ние си имаме релативно сигурно водство, Јуве губи, Фиорентина дома губи од Болоња 0-2. Само Рома изгледа ќе победи
БориГол го стартува и вториот дел, го гледам како излегува од соблекувалната со шмекерската фризура :)
Јанкуловски ќе влезе на местото на...
на Фламини.
ооо чика Favalli :)
Тој не е чика Фавали тој е The Professor!
Паметен потег, малку да здивне Алесандро
Антонини е одличен, на неколку пати им ја сокри топката по левата страна
Dinho, dinho, dinho... :)
Многу ме радува начинот на кој што ги прославуваат головите... само уште еден доказ за сплотеноста која владее во тимот и меѓу фудбалерите :)
Што направи Дида-ва?!
Лош момент, ама мислам дека ќе биде во ред за со комшиите... ударите колено со колено се многу болни но не би требало да прават дополнителни компликации
немам зборој веќе... ц ц ц
браво дечки, честита победа..секоја чест за сите!
FORZA CAMPIONI!!!
За момент помислив дека Дида направи глупост и дека ќе добиеше црвен, но не сум бил запознаен со актерските способности на Масимо!
FORZA DINHO! FORZA MILAN!
Post a Comment