Translate

Sunday, 17 January 2010

Siena - Check




Фуриозна игра на момците во црвено-црно како многу натпревари наназад. БориГол кој не се знаеше дали воопшто ќе стартува, стартуваше и се чини го имаше клучниот потег на натпреварот, уште во 10-тата минута успеа да му одземе топка на Брандао во шеснаесетникот, да го помине Курчи и притоа да изнуди пенал + црвен картон за голманот на гостите. Дињо, нормално реализираше за 1-0. По постигнатиот гол имаше еден период во кој фудбалерите на Милан играа калкулантски и незаинтересирано но по една одлична шанса (која за наша среќа беше неискористена) од Макароне како да се разбудивме и решивме да ја довршиме работата. Најпрво Бориело со еден од најубавите голови на сезоната! Одличен волеј од речиси мртов агол и притоа успеа да ја сврти таа топка. Секоја чест!




По 2-0 веќе беше се наѕираше намалувањето на предноста на комшииите и каде што застана БориГол таму продолжи Дињо. Уште еден гол со глава за 3-0 и во самиот финиш одлично ремек дело со бомба во горниот лев агол за конечни 4-0. Хет трик на Дињо + еден фантастичен гол на Бори кој притоа изнуди и пенал + исклучување. Освен овие двајца за одбележување е и играта на денес одличниот Антонини по левата страна кој рака на срце немаше премногу дефанзивни грижи па можеше да си дозволи да оди напред, одлично да соработува со Роналдињо и на неколку пати одлично да ги измеша противничките фудбалери. Останатиот дел од тимот беше на ниво.
Следи тоа што следи и мене ми е ужасно срам ама нема да можам да го гледам, ќе бидам телефонски поврзан со секоја можна (не) прилика и се надевам дека резултатот од таквото „следење“ на натпреварот ќе биде ист како минатиот пат кога се случуваше тоа (пред 2 кола)
Forza Milan!!

8 comments:

ReBorned said...

Специјално за Ultra:
http://www.d1g.com/video/space/sports/show/?id=3482548

koljo said...

Ухх каква утакмицаааа:):) Конечно Роналдињо даде гол каков што чекав од почеток на сезона, таков добар измерен во аголче (според мене најдобар сезонава) само напред мајсторе. Капа доле

ReBorned said...

Alessandro Nesta is out to 9 'st to make room for Favalli. The change appeared as a precaution, however, the Rossoneri defender seems to have injured. Stretch all'adduttore for Nesta, who could well blow up the challenge next Sunday against Inter.

Што е сега ова ;(

CurvaSud_Milan said...

извор?

Anonymous said...

Фала батка :)
Иначе успеав да го фатам натпреварот на стримот на Владе од 50та до 80та минута и се деси нешто интересно :)
Имено во исто време имав уклучено телетекст на Раи Уно и во живо го следев натпреварот,и додека се спремаше корнерот да се изведе имаше мала дискусија помеѓу Дињо и Марко и гледам во исто време светнува 3-0 Дињо 72та мин на Раи Уно!Се вртам на кон еркранот и го гледам Дињо како ја заковува во голот! :)
П.С. Лоша партија на flop of the year а?(сарказам)
Следи што следи...А ова за неста....офф..лошо ептен лошо...
FORZA MILAN !!!

Anonymous said...

Мора да имаат среќа мерда ама ке се врати Неста како што се врати Марко.Нема бегање веќе од порази ќе лапааат у недела.Немам зборови за Гаучо игра како во најдобрите денови аааа голот на Марко...ала Ван Бастен :) This is the Milan of love :D:D

FORZA MILAN

Navigator said...

Ри, кај си го прочитал тоа за Nesta?

ReBorned said...

Нa milannews.it и лично Леонардо во неговата изјава е цитиран како вели: Го имаме најдобриот дефанзивен тандем во Серија А, Неста почувствува незгодна повреда, затоа беше изваден од игра но да се надеваме дека ќе биде во ред за дербито.

НАЈНОВО:
Sandro Nesta, released in the resumption of vittororiosa game against Siena this afternoon, had a small problem with a muscle back and then went out for preucazione. Erased, then, the rumors that assume a problem all'adduttore for central Rome. As also reported by Leonardo and Galliani, there should be no problem for his recovery ahead of the derby. Good news and a sigh of relief for all Rossoneri fans in view of the very important game against the cousins.