Translate

Saturday, 20 February 2010

BARI - MILAN



Со измешани чувства по првиот елиминациски натпревар од ЛШ се враќаме на Калчото. Гостуваме на многу жежок терен, против екипа која што го победи Јуве а Интер едвај извади бод и жива глава благодарение пред се на нашиот репрезентативец. Бари е одличен спој на фудбалери кои одлично се надополнуваат меѓусебе. Имаат одлична одбрана создадена од веројатни идни репрезентативци на Италија, мобилен среден ред со едно извонредно десно крило или AMR и одличен напад на чело со Барето (кој се враќа баш против нас). Многу ги ценам во играта оваа сезона и сметам дека играат одличен фудбал. Значи ни треба многу пот, залагање па и ако сакате и среќа за да извлечеме 3 бода во гости. Сепак, Милан не би бил Милан доколку не се враќа во тешките моменти, доколку не направи нешто што не им успеало на другите „големи“ во Италија.
За одбележување во нашиот тим пред овој натпревар е повикувањето на енигмата Adiah за прв пат со број 40 на својот грб. Во тимот не се повикани Сидорф и Фламини кои сеуште имаат незгодни повреди но се враќа Бориело кој се очекува директно да влета во стартните 11. Антонини ќе недостига околу 1 месец па најголемата дилема е кој ќе ја покрие левата страна. Постојат 2 реални варијанти, едната е Лео да игра со Јанкуловски а другата е да биде Бонера префрлен на лев бек а Абате да се врати на своето (не) стандардно место во одбраната. Остатокот на тимот помалку или повеќе е познат.
(Звучи жално но) да се надеваме дека на Дињо ќе му се игра и дека Але ќе покаже нешто повеќе а Бориело би требало со задржување на топката да му помогне во тоа.
Some of Us only see in red and black!

22 comments:

CurvaSud_Milan said...

Жешко гостување! ...како и да е, шансата да се вратиме во трка за скудетото е пред нас, до нас е дали ќе ја искористиме или не! ...и мислам дека треба Јанко да игра лев бек, ни Бонера ни Фавали не ќе можат да се справат со Алварез.

Vase_AC Milan said...

Пеколно гостување! Но имаме екипа и имаме игра пред се за да си дојдеме дома со 3 бода и да се вратиме во трката.Јанко дефинитивно треба да игра утре,ако игра фавали јас ви кажувам дека нема да ја гледам утакмицата.Пак ќе повторам имаме игра и имаме желба да докажеме дека Манчестер се ништо посебно освен сречковци.
btw: неможе Бари на сите големи екипи да им зима бодови.Доста беше!


FORZA MILAN

ReBorned said...

Ако игра Фавалињо тоа ќе биде повторување на дуелот Фавалињо-Валенсија... Алварез е ѕвер!

ReBorned said...

За сите тие што сметаат дека Лео е само puppet на Берлускони:

I'm very calm, the agreements with the club are very clear, we all know how I arrived here, there have been many choices and clear ones, and also the politics established were very clear right fom the start. If the president believes that I must stop, he just needs one word and I will do so. I have no problem to keep going forward, we must find the tranquillity for the squad. I repeat, I just need one word and there will not even be any costs, considering the adopted politics. Milan will never pay two coaches. My story here is very clear, what ties me here is respect, friendship and affection. I have a role and job which I manage with head and freedom which I will never lose, my freedom is untouchable. The ast time that we spoke was before Manchester. The team must be defended because the players have made exceptional things, all did more than they were asked to do and which was in their physical possibilities. Everyone gave their soul and the team produced an extraordinary game and this aspect must be defended. Milan played better than Manchester.

Секогаш со класа!!!
Forza Leo, forza Milan!!!

Vase_AC Milan said...

FORZA MARCO FORZA GRANDE MILAN !!!

ги чекам за 3 200д. :)))

FORZA BONERA

Nidzo25 said...

Наздравје парите.. Мене вака ме немаше некој ден али еве ме:) Со победа против фиорентина се доближуваме на -4.. Ништо не е невозможно. Зa утакмицава, бевме единствено СОВРШЕНИ.. Единствено Бонера беше катастрофален како лев бек али тоа не е негова позиција:):)
NOI DEL MILAN

CurvaSud_Milan said...

Нормално дека не му одгововара таа позиција, но во дефанзива си ја заврши добро работата, иако и ја немаше многу, а за во напад би издвоил два добри центаршутеви со лева, иако на неколку пати се исплаши да нафрли со левата па се префрлаше на десна и ја губеше топката.

А еве за прв пат ќе го пофалам и Абате, имаше добар натпревар, и напред и позади, со неколку грешки што ќе ги препишам на неискуство. :)

Марко е одличен, иако можеше и при првата шанса подобро да шутира, но веројатно мислеше дека е во офсајд.

Се на се одличен натпревар, со огромна контрола низ текот на целиот натпревар, едноставно Милан диктираше кој ќе напаѓа, кој ќе се брани, и тоа многу ме исполнуваше!!! :)

ReBorned said...

Каде сте Хунтеларци ;)
Ужасно важен натпревар против Виола во Среда... викендот ние играме дома со Аталанта а тие во гости со Удинезе кој е во опасната зона а има екипа за многу повеќе.
Ама Виола...

Vase_AC Milan said...

Бонера беше стрикно за дефанзивни задачи но имаше потреба да оди и напред зошто така се одвиваше играта.Но изигра феноменално задржувајќи го супербрзиот Алварез.И после кога влезе Јанкула учествуваше во акцијата за решавачкиот гол.И така Лео си ја задржи работата со една перфектно изработена утакмица.Без грешка и на крилата на магионичарот Дињо кој едноставно е незапирлив!
Браво за Абате супер изигра во дефанзива а во офанзива е константен.И конечно Лео се освести дека Абиати му е опоравен и дека е спремен за на голот па овој му врати на најдобар можен начин.Исто така вреди да се напомене уште една атракција на Марко кој од ден на ден ми се чини станува се подобар и подобар? Требаше да има 2 гола но и тој што го постигна вреди за 2 :)
Навистина било сериозно ова со Лео како што прочитав во изјавите на Боригол каде вика невозможно е да не влијае тоа на нас па затоа откако го постигнав голот отидов и го гушнав Лео...Којзнае!!!


FORZA MILAN

ReBorned said...

Borriello scored in his side's 2-0 victory over Bari, and in his celebration, went over to hug the Brazilian boss.

"The team has witnessed and heard the controversy between [Milan president Silvio] Berlusconi and Leonardo. There is not point in hiding from it," the forward stated to Sky after the match. "This is why I went and hugged the coach after I scored.

"He is an exquisite person, with lots of enthusiasm, and I wanted to thank him personally.

ReBorned said...

Епа Берлу не е баш навикнат некој да му се спротистави, последен тренер кој му се спротиставил пред Лео беше Фатих Терим... се’ друго е лук и вода!
Лео убаво си кажа: Јас си имам слобода и таа слобода не сакам никогаш да ја загубам. А доколку Претседателот смета дека не треба да бидам повеќе на клупата јас веднаш ќе си одам. Никогаш нема да дозволам клубот да плаќа за двајца тренери...

ReBorned said...

http://www.youtube.com/watch?v=F9h7W0K3--E

Vase_AC Milan said...

Батиња кој ќе се заложи да му пише на Бране за у среда да ја даваат Фиорентина - Милан? а не само мерда да ги даваат со тоа дресовите никакви (бојата гадна)
и по можност он да ја коментира оти се соживува ептен :D

FORZA MILAN

Vase_AC Milan said...
This comment has been removed by the author.
kiko_pato said...

Шо прават играчите на Интер кога ќе освојат Лига на Шампиони ??? - го гасат Плејстејшанот. хахаха

kiko_pato said...

Го прашува учителката малиот Трпе:
- Трпе го сакаш ли татко ти?
- Не, ме тепа.
- А мајка ти.
- Не, и таа ме тепа.
- Епа кого сакаш?
- Јувентус.
- А зашто Јувентус?
- Никогаш на тепа!!!

ReBorned said...

Тооооооооооооо Кикооооооооооооо
Браво мајсторе за оваа со Јуве, пртходната ја знаев :D :D :D

Vase_AC Milan said...

Никогаш нема да им биде простено на Фиорентина тоа што ни го направија прекулани - кога стигнавме само до УЕФА КУП.Ќе ги газиме на секоја божја утакмица!!!

Goalkeepers: Abbiati, Dida, Roma. Defenders: Abate, Bonera, Favalli, Jankulovski, Nesta, Oddo, Thiago Silva.
Midfielders: Ambrosini, Beckham, Flamini, Gattuso, Pirlo. Attackers: Borriello, Huntelaar, Inzaghi, Pato, Ronaldinho

FORZA MILAN

ReBorned said...

http://www.football-italia.net/blogs/si77.html

Значи сите знаат да го ценат тоа со ретки исклучоци

kiko_pato said...

диЌ.... волфсбург глеај ги.... сега се зголемила цената на џеко и била 40 милиони.......... ХММММММ....

kiko_pato said...

Ништо од пренос на телма а?

Navigator said...

Бране од Телма почна да ме игнорира и да не ми враќа на меиловите, така да најверојатно нема да ја даваат вечер..па и програмата уште не ја промениле, шо значи дека ќе треба да ја бараме на нет..е сеа колку ќе ја најдеме заради CL, незнам..иначе колку е битна утакмицата вечер нема потреба да се зборува..многу убаво звучи последниот коментар на Васе и ептен е во право..треба да ги газиме стално!

FORZA CAMPIONI!!!