Translate

Monday, 15 February 2010

AC MILAN vs MAN UTD part one!


По малку подолго 'боледување' еве ме назад во блогерските води како автор. Натпреварот против Ман Јун може да биде уште една пресвртница во сезоната. На крилја на една евентуална победа може да се продолжи напред во сезоната и да се вратиме повторно во битка за скудетото за што комшиите повторно ни дадоа шанса да стигнеме до евентуални минус шест бода, и секако да ни се отвори патот понатаму за четврт финалето во ЛШ. При евентуален лош резултат на што несакам ни да помислам, се може да тргне надоле, како што тргна после поразот во градското дерби. Сепак, сите сме свесни дека целокупниот ростер не е доволен за натпреварување на високо ниво во двете конкуренции, имаме одличен прв тим, со неадектватни замени на повеќето позиции. Но со малку среќа и добар здравствен билтен што за жал во изминатиов период го немавме, и со многу самодоверба се е можно!

Да се вратам на натпреварот. Манчестер за наша среќа ќе го нема Видич во тимот, за мене еден од топ 5 дефанзивци моментално во светот. Кај нас се поизгледно е дека ТС ќе игра и ќе биде во тандем со Неста, сепак Бориело не се опорави навреме и нема да биде во комбинација за настап. Еве ги повиканите играчи на Лео:

Abbiati, Dida,

Abate, Antonini, Bonera, Favalli, Jankulovski, Kaladze, Nesta, Oddo, Thiago Silva,

Ambrosini, Beckham, Flamini, Gattuso, Pirlo, Seedorf,

Huntelaar, Inzaghi, Pato, Ronaldinho.

Unavailable players: Borriello, Zambrotta.


Едно е сигурно, дека Лео ќе настапи со познатата 4-3-3. Дида е веројатно да стартува пред Абиати, назад ако биде се во ред Лео ќе оди со Неста и ТС во центарот, а според моите очекувања би требало десно да стартува со Бонера десно и Антонини лево. Во средината Амбро и Пирло се константи, Лео ќе бира помеѓу Гатузо, Сидроф и Бекам, иако мислам дека Гатузо е веќе стартер во памeтот на Лео. Напред Дињо и Пато по страните и Хантерот во средина. Јас лично малку верувам во некакво изненадување со Пипо место Хантерот.

За протвникот не би зборувал многу, но убеден сум дека ако се справиме со Руни, тогаш сме се справиле со цел Манчестер Јунајтед. Секако тоа што Видич нема да игра е голем плус за нас, и секако неиграњето на Гигс, иако се работи за играч од 36 години сепак е многу влијателен во играта на Манчестер.

Како и да е, што и да е, утре сите пред телевизор и во еден глас FORZA MILAN!!!



11 comments:

kiko_pato said...

значи овој натпревар е малце поразличен од оние од 2007...
тогаш требаше да го запреме Роналдо за да го запреме манчестер... тоа и го направивме... обој пат мислам дека цела игра не е сведена само на еден играч... туку дека игра цел тим ( мое мислење )...
ја во средината покрај амбро и пирло би го играл гатузо... оти би бил ептен многу мотивиран... и би изиграл без грешка... го знаеме него каков е на вакви натпревари... а посебно против ман утд :) ме интересира кој ќе им игра нив десен бек... би било многу добро за нас ако игра рафаел таму...

и владе незнам зошто мислиш дека бонера би играл десно пред оддо?!?!?... оддо е ист ко гатузо на вакви натпревари... значи он дава максимум и секогаш игра на ниво...

и ајде луѓе од кога е ставен постот а нема ни еден коментар.... освестете се... ајде да се загрееме :) ретки се ваквите натпревари...


FORZA MILAN!

CurvaSud_Milan said...

Бонера ќе игра пред Оддо затоа што Оддо нема изиграно ни 30 секунди натпревар во последните два и пол месеци. ;)

Vase_AC Milan said...

Конечно дојде и тој ден.Повторно ни се будат спомените од 2007.Ракавицата е веќе фрлена,се е спремно за игра.
Многу ќе речат дека екипите се многу ослабени од минатата сезона но јас не би се сложил.Манчестер можеби но Милан во моментов кога сите играчи се здрави и кога некој ќе погледне во ростерот ќе рече па Милан се подеднакво јаки како и лани.Но разликата ќе се направи на теренот а тоа Милан го прави на вакви утакмици,како што го направи во 2007.
Одлични вести се тоа што ТС е повикан и јас мислам дека таму ќе биде решена утакмицата.Без Бориело губиме во нападот но не се знае кога ќе експлодира Хунтелар - а ќе експлодира.Моја проценка е победа без разлика кој ќе игра зашто екипата како целина е компактна.Конечно имаме идентитет играме добро со 4-3-3 а одбраната со Неста и ТС е едноставно коска.Верувајте дека ништо нема да биде променето - Дида на голот,Абате,Неста и ТС во одбраната.За лев бек ќе чекаме до 20:45.Зависи од тоа дали Антонини ќе се опорави ако не се плашам старчето да не игра :S:S
Лично јас би стартувал со Одо но сепак нема вечно да игра он мора младите да се учат.Средина се Пирло и Амбро за трет во истото време ќе се дознае и нападот го држат Дињо,ПАТО и Клас.
Тоа е тоа момци.Немора да значи дека утре ќе се реши двобојот но се е на наша страна.Господ нека им помогне и нека бидат сите мотивирани....

FORZA MILAN MILAN CAMPIONE

CurvaSud_Milan said...

Сакате ли утре во Shankly's да се гледа?!

kiko_pato said...

леле јас сакам... само да имам друштво од велес...

ReBorned said...

АААААААААААААААААААААААААААААА

ReBorned said...

Се извинувам за претходниод испад ама едноставно морав...
А сега малку и од моите мозочни флуктуации...
За мене лично најдобро би било ако како десен бек игра Бонера! Бонера е измислен за Одо во дефанзива а не е толку полош од него во офанзива. Одо прво треба да се научи кога нафрла топките да не му одат на спротивното корнер знаменце а потоа се останато!
Абате не е бек и не би требало да биде во такви натпревари. Сепак од друга страна во овие мечеви се покажува евентуалната (не) спремност на млад фудбалер на несоодветна позиција. Значи за мене лично прва опција за десен бек би бил Бонера а потоа Абате/Одо.
Во средниот ред сметам дека Гатузо СИГУРНО НЕМА ДА ИГРА! Не ме прашувајте зошто, мислам дека така ќе биде.
Значи Амбро и Пирло се сигурни, фали уште еден. Според мене тој би бил Сидорф. После Сидорф опција е Фламини а дури на крај Гатузо. Ова од фактот што Гатузо играше во Петокот. Мое размислување.
Напред тројцата сите ми се погодени. Да се надеваме дека на Дињо ќе му се игра фудбал, дека Клаас ќе покаже дека Luck is temporary, Klaas is eternal, и дека Але ќе го набие Евра во својата позиција и нема да му даде да оди многу напред.
Мислам дека Амброзини (неможам да кажам Il Capitano оти тоа е постојан епитет на само две личности во нашата историја) ќе има одлична партија и сметам дека можеме многу да искористиме од него и ТС при прекини... едноставно би требало да сме подобри во воздушните дуели од фудбалерите на УТД во овој натпревар.
:)

EnDeMiX said...

За сите миланези од Велес вечерва во Пабот кај 8.15 ќе се гледа утакмицава заедно со навивачите на Ман.Ју...

Vase_AC Milan said...

Бонера ќе стартува како бек.Браво Лео.Уште 2 часа и почнува шоуто.Поздрав до сите каде и да бидете и со кого да бидете важно е да се скандира името на шампионот и да се слави една прекрасна победа.

FORZA MILAN SIEMPRE CON TE!!!

Vase_AC Milan said...

MILAN: Dida; Bonera, Nesta, Thiago Silva, Antonini; Beckham, Pirlo, Ambrosini; Pato, Huntelaar, Ronaldinho.
MANCHESTER UNITED: Van der Sar; Rafael, Ferdinand, Evans, Evra; Fletcher, Carrick, Scholes; Nani, Rooney, Park.

FORZA CAMPIONI

Vase_AC Milan said...

FORZA DINHOOOO
ОДЛИЧНА ИГРА САМО ВАКА ДА ПРОДОЛЖИМЕ ПА НЕМА ЦЕЛ ЖИВОТ СРЕЌА ДА ИМААТ


FORZA MILAN