Translate

Friday, 12 February 2010

КАЛЧО ВО ПЕТОК, КОЛКУ ЗА РАЗБИВАЊЕ НА МАЛЕРОТ!!!



Не сум бил никогаш суеверен и не верувам во такви работи..глупаво ми изгледаат некои играчи кога прават разни ритуали пред натпревар и убедуваат дека изиграле добро или лошо поради бакнување на копачката, теренот или крстот што го носат..не верувам ниту во малери..мене можи да ме убеди само добра или лоша претстава на тимот, понекогаш со одредена доза на добра или лоша среќа..верувам дека ако излезиш на терен и одиграш доволно добро за победа, таа е тука и никој неможи да ти ја одземи! (освен судијата, нормално) :D
И сега ќе речите зошто, во насловот со суеверие пробувам да го разбијам малерот... од фрустрација!! поточно, фрустрација и неразбирање..се чудам како екипата која газеше на почетокот на годината наеднаш се претвори во екипа која не е во состојба да победи тимови како Livorno и Bologna..во претходниот пост ставаш слика со која му се потсмеваш на една подпросечна екипа и слика која реално ги отсликувала приликите во минатото, а со оглед на тоа дека тоа беше пред некои 5 години и ништо големо не се изменило оттогаш, би требало да ја отсликува и сегашноста..но наместо тоа ние играме "мирољубиво реми" со кое губиме чекор зад лидерот и шампионските амбиции кои, ете, сеуште ги гаиме, стануваат се побледи..и што е уште полошо, тоа ни се случува втор пат во иста сезона, втор пат после поразот од гнасите..за каква психолошка спремност зборуваат некои од вас?
Епа еве сега ќе играме во петок, дома и против екипата која пред 2 недели не елимираше од Купот..бркаме победа после 4 лоши утакмици, Printer конечно не победи, Roma е пред нас, што кажува дека имаме доволно мотиви да победиме..и тоа ако е убедливо, ќе "докажиме" дека поразот од овие истите беше само заради нашата незаинтересираност за некаква титула од некојси национален куп :)
До пред 2 години нашиот приоритет беше CL и жртвувавме се во име на европската круна..ама тоа ни се удри од глава кога завршивме 5ти, па "приоритетот" можевме да го гледаме само на тв..поправете ме ако грешам, но оваа сезона ниеднаш не прочитав дека пак на прво место го ставаме европскиот, наместо домашниот трон..дури и напротив..во тоа име, дајте дечки (или ragazzi, да ме разберите подобро) премостете ја таа психолошка бариера и вратете се онаму каде што најмногу сакаме да ве гледаме сите ние, rossoneri-те..критичен е моментот, ама убеден сум дека сите веруваме во победа утре, за враќање на самодоверба, за нова победничка серија, за скудето!!!

FORZA MILAN!!!

40 comments:

Navigator said...

П.С. Пратив маил кај г-дин Бранко од Телма и чекам одговор..прашав дали ќе има пренос како што беше случај со merda во средата, а уствари незнам дали стварно ја даваа таа утакмица :) ја даваа, така?

Navigator said...

Кико го објави списокот на повиканите за утре, ама еве уште еднаш во овој пост:

Abbiati, Dida, Abate, Bonera, Favalli, Jankulovski, Nesta, Oddo, Thiago Silva, Ambrosini, Beckham, Flamini, Gattuso, Pirlo, Huntelaar, Inzaghi, Mancini, Pato, Ronaldinho.

Giocatori indisponibili: Antonini, Onyewu, Zambrotta, Seedorf, Borriello.

Non convocato: Kaladze.

Ајде да погодуваме :)

FORZA MILAN!!!

CurvaSud_Milan said...

Jас само можам да погодам дека Каладзе е на пат за Русија. :)

Anonymous said...

Каладзе требаше одамна да е на пат за некаде, било каде! :)
Да погодуваме е многу интересна работа која ја правиме на блогов но тоа е нож со две остри страни т.е. ако погодиме е супер али ако промашиме тогаш сме разочарани и некогаш и веруваме во т.н. лоша карма.Како и да е тоа нема да не спречи нели? :)
Ако утре би бил на местото на Лео би играл вака:

Abbiati
Oddo,Nesta,TS,Jankulovski
Ambro,Pirlo,Flamini
Mancini,Borriello,Ronaldinho

Но бидејќи нема да бидам би требало да се игра вака:

Dida
Abate,Nesta,TS,Jankulovski
Ambro,Pirlo,Gattuso
Beckham,Borriello,Ronaldinho

Можно е да има измени зависи како ќе помине загревањето затоа што многу знаеле и да се повредат тогаш (не дај боже).Значи како што се зборува по медиумите поради штедење на силата за у вторник Хунтелар може да стартува или Пато да поигра малце исто така и Одо но ќе видиме утре.
Ништо не е променето во однос на оној период кога газевме освен борбеноста и крвта во очите на играчите.Се додека тоа не се врати пак ќе играме анемично и збунето.Значи не е до физичката спремност туку психичката.Изгубивме од мерда изгубивме ама ако ги тепаме Манчестер секој ќе рече браво Милан.Тоа е тоа што треба да ги мотивира и секако малку Лео да го повиши тонот и да створи малце тензија а не да играме "мирољубиво"
И пак ќе кажам дај боже Бране да ни заврши работа за утре :)

FORZA MILAN SIEMPRE CON TE !!!

CurvaSud_Milan said...

Пред да погодуваш прочитај кои се повикани. ;)

Anonymous said...

Хахахаха добро моја грешка - во 3 саат го пишуев коментаров така да се праат грешки :D
да се поправам: секаде кај што пишува Бориело треба да пишува Хунтелар

FORZA MILAN

Navigator said...

Borriello нема да игра сигурно, како што и кажува списокот :)
јас не сум баш добар во прогнозирањето на составите со оглед на различните мислења межу мене и последниве двајца тренери на Milan, ама затоа па можам да кажам како јас би излегол на терен вечерва..

Dida
Abate--Bonera--TS--Janko
Becks--Pirlo--Ambro
Mancini--Dinho
Hunter

А Бранко уште чекам да ми врати!

FORZA MILAN!!!

kiko_pato said...

би се сложил со Навигатор само место абате да игра оддо...

ReBorned said...

"поправете ме ако грешам, но оваа сезона ниеднаш не прочитав дека пак на прво место го ставаме европскиот, наместо домашниот трон..дури и напротив.."

Ај да те поправам :) Галијани изјави уште пред почетокот на сезоната дека сака место во првите 3 во Калчо и што е можно подалеку во ЛШ, значи така гледано всушност ти и не си грешка... никаде не се спомна дека се дава предност на ЛШ но со самото тоа „ТОП 3 + што е можно подалеку“ Галијани уште на почетокот даде до знаење дека и тој е свесен дека овој ростер тешко има сили за нешто повеќе и во себе си велеше „ќе видите догодина кога ќе ги донесам Џеко и Красич и некој јак дефанзивец“ :P
Тоа што не е повикан Камикаладзе ми е мелем на рана... никогаш не сум плукал по фудбалер на Милан, не плукам ни сега... едноставно сметам дека треба да си оди и тоа е тоа.
Околу Абате... знам дека ќе се контраме со Curva_Sud, можеби и со Навигатор ама... дечкото наполни 23 години пред 2 месеци! Колку светски добри бекови знаете на тие години?
Па и Маикон дојде повозрасен во комшиите... не сакам да кажам дека Абате ќе го стигне потенцијалот на Маикон, далеку од тоа! Но сметам дека за дете од нашата школа кој важи за еден од најбрзите фудбалери во лигата (незнам дали знаете но во стартот и во првите метри е побрз и од Пато), кој лани имаше најдобар процент на нафрлени топки во цела лига (како фудбалер на Торино), кој нема воопшто проблем на која позиција ќе игра (не м’рмка после секој натпревар на бек како Фламини) и кој најмногу од се... го сака овој дрес и знаеш дека секогаш ќе даде 100 % од своите можности на теренот, без разлика дали против Јуве или Ливорно... греота е да има фрази од стилот: „Да се врати во Торино или од каде го земавме“.
Тоа што тој го прави на теренот некогаш е доволно а некогаш не! Некогаш и се има изглупирано (против Милито). Но тој gatuso type of spirit + техника, брзина и дриблинг... многу го сакам!
Forza Abate, Favalinho, Onyewu :O
Forza Milan!!!

Anonymous said...

Така е.Galliani & Co. знаеја дека со оваа екипа неможе да се очекува премногу и плус фактот дека имаме нов и неискусен тренер несакаа да прават тензија.А за тоа што ќе видат другото лето ќе видат :D
Џеко Красич Видич Џо Кол....тоа се дел од имињата кои се поврзуваат сега најново и Бензема.Тоа што го прочитав за Џеко дека се откажуваат не ме израдува баш...Ама како и да е треба да се заврши во топ 3 и по можност да се оди што подалеку во ЛШ зошто без тоа не ти идат играчи.Само да не почнеме да тонеме :S
Навигатор има ли нешто ново од Бране или ќе гледаме сенки шарени на нет

FORZA MILAN FORZA ABATE

Navigator said...

Нема ништо од Бране уште, а и нема измена во програмата на Телма шо значи дека ќе ја гледаме на нет..јас би рекол, ако сака и најлошиот стрим да го фатам и само 5 мин да гледам чиста и течна слика, само момците да победат вечер..подобро би гледал highlights од победата, отколку 90 мин од неуспехот..
Ри, фала ти за информацијата..додуша јас никаде не сретнав таква изјава за топ 3, ама чим си процитал ти еве ќе ти верувам..а друга приказна е тоа што не верувам дека некој од управата би се задоволил со трето место..да не зборувам за навивачите...
И нема плукам по Abate, само сакам да знаеш дека тоа што сум пишувал порано за него го мислам уште..запознаен сум со неговите перформанси, стварно е талентиран и верувам дека ќе биди добар играч, ама сеуште се понаша малку незрело за тоа што го добива, стандардно место во Milan..мислам дека тоа е најдобриот збор што ги опишува неговите игри годинава..

FORZA IGNAZIO, FORZA MILAN!!!

Navigator said...

Formazioni ufficiali:

Dida
Abate--Nesta--TS--Janko
Rino--Pirlo--Ambro
Mancini--Dinho
Hunter

Опаа, Sandro се враќа во први 11!!
Се надевам дека е доволно спремен да помогни, ама претпазливо, оти несакам ни да помислам на некакви повторни компликации..и Becks го нема, а на негово место Mancini..незнам колку е паметен овај потег со оглед на првиот меч на новајлијата..во секој случај одиме на победа!

FORZA MILAN!!!

kiko_pato said...

Стајте стримови после...

Navigator said...

еве стрим...
http://www.justin.tv/fantifas3#r=iVzmLkE

Сепак Favallinho стартува пред Janko!

ANDIAMO RAGAZZI!!!

Navigator said...

Huntelaaaaaaaaaaaaaar!!! :)

Navigator said...

е ова веќе личи на Milan!! имаме одлична игра и создаваме доста шанси..2:1 е на полувреме и голема штета за примениот гол во буквално последната акција од првиот дел, ама што е тука е..со ваква игра не се плашам дека можиме да го прокоцкаме водството..и уште за повредите на Mancini и TS..незнам колку се сериозни оти ништо посебно не се случи и не изгледаа лошо, но во секој случај
ќе биди огромна штета ако пак го немаме најдобриот одбранбен тандем..одиме на второ полувреме!

FORZA CAMPIONI!!!

Anonymous said...

Патоооооооооооооооооооооооооооо браво вака се игра.Браво и за Клас тоа се очекува од него.Е за Дида незнам што да кажам.Среќа што играме убаво и резултатот беше во наша полза инаку....Незнам ТС дали е арен ама неможе уште да не газат повредиве едноставно не е можно.Се надеваме на уште 2-3 да им лупнеме у второ

FORZA MILAN

Navigator said...

Ех Hunter, Hunter... :)

Anonymous said...

Bravissimo ragazzi!
Тоа што се очекуваше се оствари.Мој доем е дека играа сталожено и ги чуваа силите.Евидентно беше дека не даваа се од себе но сепак беше доволно за победа вечерва.Со мала доза на среќа успеавме да славиме и што е најважно да нанижиме уште 3 бода на нашето конто.
Од некој аспект беше чудна утакмица.Многу повреди,измени во последна минута во составот,раното влегување на Пато во игра,шансата во која се најде Гатузо :P итн...
Се на се одличен перформанс на Клас кој конечно сфати како треба да игра напаѓач во сериа а.Магиите на Дињо се нешто на што навикнавме сезонава но најдоброто од се според мене е враќањето на Пато и тоа со погодок - многу важна работа за неговата самодоверба и за тешкиот меч кој ни предстои.
Но за жал не беше се розово вечерва...ах Тиаго од сите баш не очекував ти да се повредиш,зоштоооооо?Да се надеваме дека ќе биде овозможен за игра у вторник оти шрек е у топ форма - ТС веќе изјави дека се чувствува 50-50 така да би требало до вторник да биде 99-1 таака нешто.Од утре живееме за 16.02.

FORZA MILAN, MILAN CAMPIONE

koljo said...

Читајте го текстов, ама цел!!
Толку пофалби на едно место не сум видел:):)

FORZA IL GRANDE MILAN

koljo said...

http://goal.com/en/news/1717/editorial/2010/02/11/1786162/england-v-italy-rino-gattuso-is-loved-by-all-english-fans

Navigator said...

Што е работата што никој не коментира нешто за вчерашната утакмица? Само јас и Васе сме ја гледале, а? ццц... :)

ReBorned said...

Па право да ти кажам навистина не можев да ја гледам :(
Денес сум слободен а тие најдоа вчера да ја играат :(

CurvaSud_Milan said...

Ne samo sto ja gledav tuku ja imav i taa moznost da ja gledam na HD, taka da bese nesto slicno kako da imav karta za na stadion i kako da sum tamu. :)))


Za utakmicata ke kazam samo deka uste ednas se potvrdi deka koga na Dinho mu se igra fudbal, a ne mu se e*e, e eden od najdobrite igraci na svetot, a milan e druga ekipa. Se nadevam deka vo vtornik ke mu se igra, i isto taka mnogu sum sreken za Huntelar, se nadevam ke igra i vo vtornik.

Anonymous said...

FORZA THIAGO

ReBorned said...

Веројатно е Клаас да стартува во Вторник поради тоа што Бориело изгледа нема да се опорави... ама жално е што не се знае и за Тиаго :(

Navigator said...

можда е и подобро Klaas да стартува во вторник наместо Marco..верувам дека на крилја на двата гола од петокот би изиграл поквалитетно..нормално дека сакам што побрзо да се опорави Borriello, ама и кога би ги имал двата на располагање, јас би играл со Hunter..а за TS сум голем оптимист и скоро сум сигурен дека ќе биди меѓу први 11..
и уште би ве замолил за еден пост за во вторник оти нема да бидам во можност да пишувам, а баш имав идеја..ама ај за реваншот... :)

FORZA MILAN!!!

Anonymous said...

Па не е баш едноставна ситуација без Бориело меѓутоа Клас има квалитет да се носи со Манчестер.Нема да бидеме многу силни напред но кога Пато е тука сите сме спокојни.Како што пишува Тиаго не чувствувал никаква болка и денеска ќе направи 2 тренинга така да нема простор за секирање....
Ова што го прочитав многу интересно ми е и навистина може да излезе вака:
Crespo 2005 = Huntelaar 2010 :)))

FORZA MILAN

Anonymous said...

И уште нешто ме интересира-сакам дазнам господинот Бранко од Телма дали е за Милан или мерда ако може да дознаеме.....

Navigator said...

Вели дека бил неутрален :P

kiko_pato said...

Фергусон вика... АКО ИГРА ПАТО ИГРА И МИЛАН.... во целост се согласувам со него... за разлика од некои што мислам дека ако игра дињо дека игра и милан... мислам дека патката е the boss... :) и сиротиот фергусон се теши вика неможеме да го споредуваме овој натпревар со оние од 2007... :) хахаха.... демек други биле тимовите... ок така нека биде...

околу принтер... најдоа сега да сјебуваат резултати од кога ни го начукаа нас... и од коа изигравме 2 нерешени :S :S ... ама нема врска нека си продолжат со овоа темпо не ми смета мене :)

околу рома... значи раниери ги прероди... дечките играат мн убаво... респект... и газат ...

околу бориело и хунтелар... кој да игра со манчестер... ниту едниот ниту другиот... ја би со пипо :) сериозно... за ѕамброта ако можете нешто повеќе да ми кажете...

FORZA MILAN!

kiko_pato said...

А да... и да не заборавите да се прекрстите... јувентус тепаа...

kiko_pato said...

а да и уште нешто ќе заборавев... простете ако сум згрешил нешто...

ReBorned said...

Јувентус победија со сомнителен фаул кој беше надвор од 16-никот ама им свирнаа пенал.
Дечки и јас немам време за пост за МАН УТД па не е лошо некој да преземе (остануваат Curva_Sud и Ultra).
Жал ми е!
Околу тоа кој да игра против МАН УТД јас би сакал напред да биде Џеко!

kiko_pato said...

Еј мора да има пост... дај направете што можете... ако не тука у коментариве ќе направиме нешто слично на пост :) колку да не бидеме без ич.... ја васе или ниџо...

CurvaSud_Milan said...

Јас превземам. ...по долгата пауза. ;)

ReBorned said...

И кога сите очекуваа да преземе Curva_Sud.... се случи токму тоа! :P

kiko_pato said...

а може ли да ми кажете шо е со ѕамброта?

ReBorned said...

Епа се’ е на враќање а никако да се врати...

Anonymous said...

Нема да се врати утре ни Марко..ПУШТЕТЕ ЕДЕН ПОСТ

FORZA MILAN