По двата нерешени резултати со тимови каде што требаше да имаме две победи, и кога многумина мислеа дека Милан ја заврши прикаската во Serie A за годинава, токму тогаш Лео и момците остварија три победи против екипи од кои секогаш може да се очекува изненадување, Удинезе, Бари и Фиорентина и искористувајќи ги киксовите на комшиите се вративме на второто место на само -4. Во меѓувреме се случи оној несреќен пораз во ЛШ, но евидентно беше дека после тој натпревар играчите излегоа многу посилни и посамоуверни во своите можности, посебно тоа се забележа на дуелот против Бари, каде едноставно го владеевме натпреварот во секоја можна смисла! Против Фиорентина моја претпоставка е дека преовлада уморот и такви победи кога не оди ништо од рака се секогаш добредојдени! За среќа тоа не беше случај често оваа година.
Ни следи натпревар во кој се друго освен победа ќе биде рушење на се она што се градеше до сега. Верувам дека и играчите се свесни дека ова е натпревар кој мора да се добие и така ќе му пристапат уште од почетокот.
Замброта и Мансини се враќаат на списокот на Лео за понатамошните натпревари, Амбро денеска се враќа на тренинг со останатите, но нема информација дали утре ќе игра. Тиаго Силва изгледа сеуште не е до крај опоравен но сепак утре ќе игра покрај Неста. Со оглед на тоа што сеуште ги нема повиканите играчи на Лео за утре ќе одиме со претпоставки на 'слепо' :
--------------------Абијати----------------------
Абате------Неста-----------ТС------Јанкуловски
-----------Бекам----Пирло-----Гатузо-----------
----Пато------------Бориело----------------Дињо
Констатацијата дека Абате треба да игра против тимови од кои од почетокот ќе се бранат, стои, како што стои дека против тимови кои се за отворена игра Абате треба да биде замена и тоа не за бековската, туку за крилната позиција(иако сега и мансини го имаме таму). Мислам дека лево ќе почне Јанкуловски токму од истите причини наведени погоре. Бекам ќе го завземе местот на Амбро со оглед на тоа што Фламини е суспендиран, а и да не беше веројатно пак ќе почнеше Бекам.
Аталанта не измачија во Бергамо и едвај извлековме бод, но сега е друга ситуација, други околности и со право мора да очекуваме само победа и ништо друго!
FORZA MILAN! FORZA EDIN!
Ни следи натпревар во кој се друго освен победа ќе биде рушење на се она што се градеше до сега. Верувам дека и играчите се свесни дека ова е натпревар кој мора да се добие и така ќе му пристапат уште од почетокот.
Замброта и Мансини се враќаат на списокот на Лео за понатамошните натпревари, Амбро денеска се враќа на тренинг со останатите, но нема информација дали утре ќе игра. Тиаго Силва изгледа сеуште не е до крај опоравен но сепак утре ќе игра покрај Неста. Со оглед на тоа што сеуште ги нема повиканите играчи на Лео за утре ќе одиме со претпоставки на 'слепо' :
--------------------Абијати----------------------
Абате------Неста-----------ТС------Јанкуловски
-----------Бекам----Пирло-----Гатузо-----------
----Пато------------Бориело----------------Дињо
Констатацијата дека Абате треба да игра против тимови од кои од почетокот ќе се бранат, стои, како што стои дека против тимови кои се за отворена игра Абате треба да биде замена и тоа не за бековската, туку за крилната позиција(иако сега и мансини го имаме таму). Мислам дека лево ќе почне Јанкуловски токму од истите причини наведени погоре. Бекам ќе го завземе местот на Амбро со оглед на тоа што Фламини е суспендиран, а и да не беше веројатно пак ќе почнеше Бекам.
Аталанта не измачија во Бергамо и едвај извлековме бод, но сега е друга ситуација, други околности и со право мора да очекуваме само победа и ништо друго!
FORZA MILAN! FORZA EDIN!
18 comments:
Многу се плашам од една работа. Мислам (нека ми потврди некој) дека ТС е на еден жолт картон од суспензија а следно коло играме против Рома во гости! Да почнеше Бонера покрај Неста (знам дека е излишен муабетот ама ова се мои размислувања кои нема да доживеат реализација). Можно е да почне и Бонера пак на LB поради тоа што таму се вртка Дони, најсветлата точка во Аталанта. Средниот ред е тој, а во напад можно е да стартува Хунтелар ;)
Endiamo Ragazzi!!!
'Точен' си. :) ...Силва е еден картон од суспензија, но голем е ризикот, а и одговорноста да не се почне со Силва.
*Andiamo! ;)
Ако Лео почне без Силва и ако примиме гол и не победиме Берлу пак ќе се јави после...
Ситуацијата со Тиаго не е воопшто наивна.Се зависи од него.Нормално е да ни е страв затоа што некогаш делува неискусно а против вакви екипи коишто немаат што да изгубат ќе биде под голем притисок освен ако не биде 3-0 во 20 мин.Ова ќе биде голем тест за него.
Инаку за утакмицата треба без проблеми да ги згазиме но после дуелите со Ливорно и Болоња не сум баш убеден дека ќе си доеме на "лесен тренинг".Аталанта ни е незгоден противник и неможеме да се пофалиме на позитивен скор со нив.Но и ние си имаме адути...Дињо е ТОП Пато се врати Марко е солиден и цар за овакви утакмици Неста е животно назад и Лео си е Лео :)
Сите предвидуваат лесна победа но останува да видиме утре...
FORZA MILAN FORZA BOSANSKI DIJAMANTE :D
Ипак Бонера ќе почне,што може да се покаже погрешно накај 65тата мин и ќе резултатира со влегување на Јанко во случај резултатот да не е во наша полза.
Тиаго МОРА да се пази!Огромен ризик е да патуваме на Олимпико без него.
Хунтелар тешко дека ќе стартува,но мислам дека каков и да е резултатот накај 70та минута ќе си ги добие минутите за кои за жал е навикнат.
И ќе бе замолам да размислите добро,следниот пат кога ќе помислите нешто лошо за Клаас,би сакал да ни даде некој точна статистика со стартови голови,како замена и вкупно минути на терен.
А што се тиче пато...Пред нз колку време,летово ќе да беше праев муабет со кико на мсн и му го велев истото,дека Пато се однесува многу арогантно,многу е себичен на моменти,и ако не му е она срце кога дава голови ондак е Кристијано II дел.
Да се надеваме дека фамилијата Милан ќе му го промени понашањето,(на што сумљам)но сепак на крај останува тоа дека,ако дечкото си дава по 15-20 голови по сезона ќе си ја заврши работата.А да не зборуваме за фактот дека за едно 3 години ќе ја освои златната топка :)
И по незнам кој пат се извинувам,СЕУШТЕ немам интернет дома,моментално сум стаен од интернет кафе,а тоа изливот на емоции беше од кај другарче мобилен,запазете слушајќи ја утакмицата на радио :)
FORZA GRANDE MILAN!!!
Еве ги повиканите и неповиканите за утре од страна на Leo:
PORTIERI: Abbiati, Dida;
DIFENSORI: Abate, Bonera, Favalli, Jankulovski, Nesta, Oddo, Thiago Silva;
CENTROCAMPISTI: Ambrosini, Beckham, Gattuso, Pirlo;
ATTACCANTI: Borriello, Huntelaar, Inzaghi, Mancini, Pato, Ronaldinho.
Giocatori indisponibili: Antonini, Onyewu, Seedorf;
Giocatori non convocati: Adiyiah, Kaladze, Zambrotta;
Squalificato: Flamini.
Значи повредата на Ambro сепак не била толку озбилна и тој е пак назад во составот, кој изгледа сосема квалитетен за квалитетна претстава и секако нова победа..тоа ќе биди огромен импулс пред дербито на Olimpico, без оглед што ќе се случи ова коло во Неапол и Удине..
мене искрено ме убива ова издание на Milan сезонава со тоа што игра на бранови..таман кога ќе помислиш дека сега е моментот да го симнеме Printer од врвот се случува лоша серија и не оддалечува на десетина бода..тогаш па губиш надеж дека е можно враќање во живот, а баш тоа се случува..
во тоа име, овојпат ќе се возджам од предвидување, иако сум длабоко убеден дека оваа шанса дечките ќе знаат како да ја искористат..по секоја логика би требало ние да славиме утре, ама ај да не си го прекршувам тоа што си го ветив :)
јас сепка би играл со TS во први 11 оти знам дека е паметен дечко и нема да си дозволи да пропушти да игра на Olimpico..еве ги моите 11мина:
Abbiati
Abate--Nesta--TS--Janko
Becks--Pirlo--Rino
Pato--Dinho
Hunter
FORZA MILAN!!!
Еве ја статистиката за минутажата и ефикасноста на Хунтелар која ја побара Ultra red .
Најефектните напаѓачи во Сериа А
1 – Huntelaar (Milan) 6 gol in 631 minuti: media 105,17
2 - Di Natale (Udinese) 18 gol in 1989 minuti: media 110,50
3 – Trezeguet (Juventus) 7 gol in 852 minuti: media 121,71
4 – Totti (Roma) 10 gol in 1300 minuti: media 130
5 – Milito (Inter) 14 gol in 1968 minuti: media 140,57
6 – Nenè (Cagliari) 7 gol in 1010 minuti: media 144,29
7 – Crespo (Parma) 5 gol in 731 minuti: media 146,20
8 – Barreto (Bari) 11 gol in 1625 minuti: media 147,73
9 – Matri (Cagliari) 11 gol in 1676 minuti: media 152,36
10 – Balotelli (Inter) 6 gol in 940 minuti: media 156,67
Што значи дека според минутажата на игра Хунтелар е најефикасниот играч со Сериа А .
Го гледав и јас ова... тоа е проклетството на Хунтелар, истото се случуваше и во Реал. Во Реал Хунтелар го имаше најдобриот goal ratio во историјата на Примера дивизион, мислам на 90 и нешто минути, помалку од 100 по еден гол. Тоа е извонреден просек, како што реков најдобар во историјата на Примера а пак не добиваше константно шанса (нешто слично како тука). Спорт 1 направи и специјална емисија околу тоа...
Бонера на десен а Јанкуловски на лев. Бори напред а Амбро стартер заедно со Пирло и Бекс.
Неможам да најдам солиден стрим :@
И јас се донервирав...
Водиме кажаа на Телма ама немам поим кој го дал голот
Е најдов баш за голот!! :)
papellino, papellino, papellino... што би рекол Tiziano Crudeli :D
FORZA CAMPIONI!!!
http://www.justin.tv/tettete#r=zT5RqVY~
да не испаднам себичен :)
И уште еднаш проработи врската Dinho-Pato! Перфектна асистенција!!
Vaiii Dinho!!!
Многу лоша слика :@:@:@:@:@:@
ајде наздравје бричење:(:( Сериозна повреда за Пато и подолго време отсуство.. Дали има поголем малер??
Со Рома дефинитивно во аут, со Ман УТД ептен тешко да се врати...
Post a Comment